Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Одбојкарите на Штип УГД после огромниот успех со освојувањето на двојната круна денес беа на прием кај ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, проф. д-р Дејан Мираковски. Како што посочи Мираковски, за него ова е голем чест и задоволство што се дел од оваа успешна приказна на одбојкарите, со освојување на Купот и шампионатот и обединување на двете круни за првпат во историјата на клупскиот спорт во Штип. „Ми претставува огромна денес ...
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски денеска информираше дека реконструкцијата на улицата „1558“ во населбата Радишани ќе продолжи. „Не дозволив неквалитетна изведба на улицата и првиот изведувач беше стопиран и отстранет од работа поради тоа“, вели Костовски во објава на Фејсбук, додавајќи дека повеќе од 40 години оваа сообраќајница никој не ја реконструирал. Тој истакна дека ова било уште една потврда на ветеното и уште еден ...
Владимир Путин го сменил шефот на руските воздухопловни сили, во чија надлежност е и противвоздушната одбрана, по серија уништувачки украински напади со дронови врз Русија. Генералот Виктор Афзалов, кој ја презеде должноста во 2023, ќе биде заменет од генерал-полковникот Александар Чалко, објави рускиот сервис на Би-Би-Си, кој се повика на добро упатени извори. Чалко е искусен заповедник кој ги предводеше руските сили во Сирија од 2019 до ...
Советодавниот панел на експерти при Советот на Европа оценил дека државата соодветно ја спровела процедурата за избор на судија за Стразбур, но и дека еден од тројцата утврдени кандидати не ги исполнувал условите „360 степени“ дознава дека станува збор за адвокатот Јордан Апостолски Стразбур нема забелешки за националната постапка за избор на судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), но Советодавниот панел на експерти смета дека еден ...
Европската интеграција во Западен Балкан сè повеќе го губи својот трансформативен потенцијал и се претвора во продолжен и неизвесен процес, покажуваат најновите анализи подготвени во рамките на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија, соопшти Европското движење во Република Македонија. Според експертите, клучниот проблем не е недостигот на стратегии, туку недостигот на политичка волја за нивна доследна ...
По неколкуте студени утра и појавата на мраз и слана во делови од земјата во изминатиот период, Македонија влегува во значително потопол период. Во следните денови температурите постепено ќе растат, а за време на викендот во делови од земјата ќе се почувствува речиси летно време. Најтопло се очекува да биде во централните и југоисточните предели, каде дневните температури може да се искачат и до 30 степени. Потопло ќе биде и во утринските ...
Пред аудиториумот на денешната свеченост, Јованова-Грујовска потсети дека оваа година институтот одбележува 100 години од смртта на Крсте Мисирков, патрон и како што рече најзначајниот Македонец на 20 век и првиот кодификатор на македонскиот јазик. „Одбележуваме 105 години од раѓањето на единствениот Блаже Конески, конечниот кодификатор на македонскиот јазик, 85 години од погибијата на Коле Неделковски, 20 години од смртта на великиот Петре ...
Шилегов со остра критика: СДСМ е заробена партија и политички импотентна Поранешниот градоначалник на Скопје и екс потпретседател на СДСМ, Петре Шилегов, во интервју за неделникот „Фокус“ зборува за состојбите во партијата, за обидите за смена на актуелното раководство и за, како што вели, „распадот“ на СДСМ. Шилегов: Раководството мора да понесе одговорност Шилегов вели дека јавно побарал оставка откако претходно имал неколку средби со ...
Лидерот на СДСМ Венко Филипче „гарант ги нема слушнато изјавите на поранешните министерки за надворешни работи на Бугарија Екатиерина Захариева и Теодора Генчовска дека Бугарија не го признава „нивниот“, т.е нашиот јазик и дека македонска нација не постои. Ова го коментира авторот на ТВ Колумната 5 минути со Чавез“ која ќе биде објавена утре. Лидерот на СДСМ Венко Филипче „гарант ги нема слушнато изјавите на поранешните министерки за ...
Судот одлучи во казната да биде пресметан и периодот од 5 ноември 2025 година, кога таа се наоѓала во домашен притвор, кој ѝ е продолжен. Барањето за поврат на 6.000 евра е одбиено, а со судска одлука ќе ѝ бидат конфискувани 8.000 евра запленети при претрес. Судијката Ленка Давиткова во образложението наведе дека злоупотребите во овој случај ја поткопуваат довербата во администрацијата и може да имаат сериозни последици врз распределбата на ...
Охрид, 5. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Амбасадорот на Кралството Шведска во Република Македонија Ола Солстром оствари посета на Општина Охрид, во рамките на која се сретна со градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков. – Главни теми на разговорот беа тековните еколошки проекти, како и стратегиите за зајакнување на туристичкиот потенцијал на Охрид на скандинавскиот пазар. Еден од клучните столбови на меѓусебната соработка останува проектот ...
Секој месец има реакции за исплатата на надоместоците за породилни отсуства, но тие се обработуваат рачно, изјави за „Локално“ Сашо Клековски, директор на Фондот за здравствено осигурување и им се извини на сите родилки за нлагодноста поради доцнење на исплатите. -Скоро секој месец имаше реакции, сите породилни се обработуваат рачно и независно едно од друго. Немаме систем како во пензискиот на први сите пензионери да примат пензија. Оти ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче е заслепен и не може да види што се случува од 2022 година наваму во односите со Бугарија, кога беше прифатена историска капитулација. Премиерот Мицкоски со жестоки обвинувања кон опозицијата дека не застанала рамо до рамо со власта во одбрана на националните интереси. Викторија Милевска известува. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче е заслепен и не може да види што се случува од 2022 година наваму ...
Утринава граѓанин фрли кабаст отпад до контејнер додека екипата на ЈП „Комунална хигиена“ го собираше ѓубрето. Каучот, натоварен на количка, беше прво внимателно довлечкан до контејнерите во Ново Лисиче, за потоа да биде и оставен во нивна непосредна близина. Не е дозволено фрлање кабаст отпад до контејнерите, кои се поставени на јавна површина. Општината преку свои инспектори во соработка со МВР го спроведува санкционирањето на овие ...
Како да се користи вештачката интелигенција во новинарството, како да се известува од судски спорови, како да се разграничи реклама од новинарски текст е впишано во новиот, изменет Кодекс на новинарите, кој изминатиот период го правеше работна група составена од претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Македонскиот институт за медиуми ((МИМ) и Советот за етика. Како што објаснуваат од ЗНМ, се работи за измена и ...
Поднесена кривична пријава против полициски службеник за сторено кривично дело „телесна повреда” Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава по итна постапка против Р.Р. (39), вработен како полициски службеник во ОЗОЛО- ЕОПРСМ при Министерството за внатрешни работи, поради основано сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда” по член 130 став 2 од КЗ, односно затоа што на 02.05.2026 физички ја ...
Фондот за здравствено осигурување ги претстави клучните резултати за 2025 година: пораст на буџетот за 6,13%, зголемување на капитациониот бод за матичните лекари за 33% и прво место во транспарентноста меѓу државните институции. ОСИГУРЕНИЦИ Фондот во 2025 година опфаќа вкупно 1.841.530 осигурени лица, зголемување за 1.993 нови лица. Структурата вклучува 558.469 активни работници, 358.716 пензионери и 630.914 членови на семејства. Трендот ...
Пресуда за корупција во Министерството за земјоделство Вработената во Министерството за земјоделство, Јасмина Костадинова, е осудена на казна затвор во траење од десет месеци откако го призна престапот за примање мито. Случајот е поврзан со незаконско посредување при доделувањето на финансиски средства од европската ИПАРД програма. Детали за казната и конфискацијата Според судската одлука, во казната на Костадинова ќе биде пресметано и ...
Со низа пригодни манифестации, Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид и Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ ќе го одбележат 7 Мај – Денот на македонската полиција. Програмата опфаќа активности за граѓаните, официјални приеми и едукативни средби со најмладите. Отворен ден со Езерската полиција (6 мај) Празничната програма започнува утре (6 мај), со настан наменет за сите граѓани. Во период од 13:00 до 19:00 часот на градското ...
Средношколците од дрвопреработувачката струка во Државното средно училиште Никола Карев од Струмица започнаа со обнова на оштетените и демолирани клупи во градскиот парк. Акцијата произлезе од иницијатива на учениците и нивните професори, со цел да се подобри изгледот и функционалноста на јавниот простор и да се подигне свеста за заедничка грижа за урбаната опрема. Во рамки на активностите, мапирани се вкупно 190 оштетени клупи, од кои околу ...
Гинекологот Мухамед Асани правосилно е осуден на казна затвор од три години, за тешки дела против здравјето на луѓето и пет години забрана да врши професија, дејност или должност лекар. Другите двајца гинеколози што беа обвинети во овој предмет, синот на Мухамед Асани Блертон Асани и гинекологот Лилјана Јовановска, ќе бидат повторно судени на 6 мај, бидејќи Апелација го врати предметот за нив на повторно одлучување откако првостепениот суд ги ...
На 5 мај 2026 година се одржа редовната седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. На оваа седница, Извршниот одбор донесе одлука за задржување на основната каматна стапка на ...
Македонската радиотелевизија ѝ исплатила 150.000 евра плус ДДВ од 18% на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) според копродукциски договор, тврди колумнистот Виктор Грозданов во колумна на Нетпрес. Грозданов вели дека договорот со кој се трошат народни пари го добил од свиркачи. Според договорот, склучен во ноември 2023 година помеѓу Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија, застапувано од директорот Марјан ...
Охрид, 5. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Македонската квиз асоцијација (МКА), во недела, на 10 мај 2026 година, со почеток во 11:00 часот, во просториите на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид ќе се одржи завршниот Мастерс квиз за оваа сезона. – Овој настан, кој прерасна во традиција, по четврти пат го носи елитниот квизерски дух на македонската сцена токму во Охрид. Најдобрите квизаџии од земјата ќе имаат можност да ги ...
Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска присуствуваше на поставувањето на камен темелникот на новата трибина и административно техничките простории на фудбалскиот стадион. Трибината ќе биде со капацитет од 1100 гледачи, а во склоп на проектот што го спроведува локалната самоуправа е предвидено и изградба на нови административно технички простории, соблекувални и ...
Најновите податоци од U.S. Census Bureau покажуваат дека македонската дијаспора во САД е најконцентрирана во сојузната држава Мичиген, каде што живеат 12.390 лица кои се изјасниле дека имаат македонско потекло. Веднаш зад неа е Њујорк со 11.214 Македонци, додека на третото место се наоѓа Илиноис со 6.648. Значајни заедници има и во Њу Џерси (6.138), Охајо (4.986) и Индијана (3.898). Податоците, кои се базираат на петгодишните проценки (ACS ...
Министерството за образование и наука Ве поканува да присуствувате на последната панел-дискусија во рамки на кампањата „Магијата е во знаењето“, на тема „Училницата на иднината: Вештачка интелигенција, знаење и новата улога на наставникот“. Панел-дискусијата ќе се одржи утре, среда (06.05.2026 година) со почеток во 11:00 часот во Клубот на пратеници. На настанот ќе учествуваат министерката за образование и наука Весна Јаневска, Сашо Коцески, ...
По случајот што ја потресе јавноста и предизвика бурни реакции, МВР поднесе шест кривични пријави против родителите на малолетничките поврзани со нападот врз 13-годишно девојче во скопската населба Ѓорче Петров. Од МВР информираат дека пријавите се поднесени до Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „запуштање и малтретирање дете“, бидејќи нивните малолетни деца учествувале во физичкиот напад врз девојчето. Настанот се случил ...
Тројцата обвинети полицајци за случајот поврзан со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ се осудени на условни казни. Кире Богатинов и Горан Лазаров добија условна казна од една година која нема да се изврши доколку не направат кривично дело во рок од три години. Нивниот колега Александар Темелков, пак, доби условна казна од две години која нема да се изврши доколку во рок од четири години не изврши друго кривично дело. Тие се обвинети зашто ...
Во населбата „Бањешница“ во Гостивар, на 04.05.2026 година во 21:10 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле 35-годишниот Ѓ.Ш. од Гостивар. Постапувајќи по претходна поплака за агресивно однесување кон неговата мајка, полициските службеници излегле на терен, при што лицето, според информациите, се однесувало агресивно и кон нив и упатувало навреди. — реклама — Лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање ...