Владимир Путин го сменил шефот на руските воздухопловни сили, во чија надлежност е и противвоздушната одбрана, по серија уништувачки украински напади со дронови врз Русија. Генералот Виктор Афзалов, кој ја презеде должноста во 2023, ќе биде заменет од генерал-полковникот Александар Чалко, објави рускиот сервис на Би-Би-Си, кој се повика на добро упатени извори. Чалко е искусен заповедник кој ги предводеше руските сили во Сирија од 2019 до ...

Украинските сили синоќа нападнаа цели во Русија. Серија експлозии ги потресоа Јарослав, Москва и Ростов на Дон, а најтешко погодена беше голема рафинерија за нафта која се запали по ударот, објави „Украинска правда“. Сè започна синоќа, кога првите беспилотни летала беа забележани недалеку од руската престолнина. Руската агенција за воздухопловство (Росавијација) реагираше и воведе привремени ограничувања за летови на московските аеродроми ...