Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Врз основа член 51 од Законот за студентски стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 15/13, 120/13, 41/14, 146/15, 30/16, 178/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Македонија” бр. 124/19,248/20, 302/20 и 235/24), Одлука за доделување на стипендии на странски државјани од интерес за Република Северна Македонија бр. 57-2587/5 од 14.04.2026 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.80/26), Министерството за ...
Најниска температура изутринава е измерена на Попова Шапка – два степени, а највисоката во Струмица 12 степени. Според податоците на УХМР изутрината се измерени два степени на Попова Шапка, три во Маврови Анови, шест во Охрид, Битола и Kрушево, седум во Скопје-Петровец, Тетово и Претор, осум во Штип и Демир Капија, девет во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Куманово, Прилеп, Виница, Кавадарци и Берово, десет во Велес и Гевгелија и 12 во ...
Во законодавниот дом денеска ќе се одржи 101. пленарна седница, на која централна точка на дневниот ред е поставувањето на пратенички прашања. Како што е вообичаено за секој последен четврток во месецот, членовите на Владата ќе одговараат на прашањата на народните избраници. Според воспоставената деловничка процедура, првиот збор за поставување прашања до премиерот и министрите го имаат пратениците од опозициските партии. Оваа седница ...
Македонија падна за 3 места, од 42 на 45, во Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници (РСФ), и сега е во групата земји каде ситуацијата е „проблематична“. Од регионот, во групата земји со „задоволителна“ состојба се само Словенија (36) и Црна Гора (41), Хрватска (53) е во групата со „проблематична“, како и Бугарија (71), Албанија (83) и Грција (86), а Босна и Херцеговина (90) и Србија (104) се во категоријата „тешка“ ...
Во Кривичниот суд Скопје закажано рочиште со завршни зборови за тројцата полициски службеници од Кочани за постапувањето при контроли поврзани со дискотеката „Пулс“. На почетокот на судењето тројцата обвинети пред судот изјавија дека не се чувствуваат виновни. На обвинетите им се става на товар дека при извршување акциски контроли во угостителскиот објект „Пулс“ не постапиле во согласност со пропишаните правила. Биле констатирани прекршоци за ...
Мирче Јовановски, Љупчо Поповски Една недела во ноември 2025 година и неколкудневна посета во јули 2024 година на Тајван по сѐ изгледа ги нарушија односите меѓу Македонија и Кина и ги вратија сеќавањата на милијардата на Васил Тупурковски од 1999. Овој пат односите меѓу Македонија и Кина не се прекинати, но изгледа дека се замрзнати. Неодамнешното објавување на вицепремиерот Александар Николоски и премиерот Христијан Мицкоски дека побарале ...
Вчера се обележаа 50 години од постоење на Кинотеката на Македонија која како институција, пред половина век, е формирана со цел да прибира, обработува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од особено уметничко, културно, научно и историско значење. По тој повод, раководството на Кинотеката, на градоначалникот Сотир Лукровски, му врачи Благодарница за долгогодишната соработка и поддршка која Општина Карпош и Кинотеката ја ...
Времето ќе го расипе Првомајскиот излет оваа година. Метеоролозите најавуваат дожд и максимални температури од околу десет степени, што е речиси двојно под сезонскиот просек за овој период. Во петок, на Први мај, Скопје ќе забележи максимална температура од 14 степени со дваесет проценти шанси за дожд. Велес е речиси идентичен, со 13 степени. Четврток е поризичен со 45 проценти шанси за дожд, па оние што планираат да излезат на Први мај нека ...
Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Високи црковни гости од Романија, предводени од архиепископ на Јаши и митрополит на Молдавија и Буковина, Теофан и неговиот викарен епископ, Никофор се во посета на МПЦ-ОА и на Република Македонија, во рамките на која ќе ги посетат и манастирите во Охрид и Струга. Четиридневната посета на Македонија романската делегација почнала од Струмичката епархија со посета на манастирите Свети Леонтиј и Покров на ...
„Вчера добивме официјално известување од Брисел дека се продолжува со процесот на искористување на средствата од ИПАРД-програмата, односно ќе продолжи исплатата на сите квартали коишто се доспеани, во наредниот период ќе има и нови објави“, изјави министерот Трипуновски. Порача дека нема простор за загриженост кај корисниците на овие средства. „Ова значи дека земјоделците не треба да бидат загрижени, ние направивме се што е во рамки на ...
Охрид, 30. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17-ти април, денот кој православните верници ги одбележуваат во чест на Св. свештеномаченик Симеон, епископ Персиски. Свети Симеон беше епископ на Персија во четвртиот век, кога во оваа земја христријаните ги гонеше царот Сапор. Царот покрај Симеон погуби уште околу илјада персиски христијани. Свети Симеон беше погубен на крајот, откако самиот успеа ...
Во времето кога, заради гревовите човечки, Бог допушти Исмаилќаните да владеат со Балканските земји, една група од нивни арамии ја нападна славната Слепченска обител на чесниот Претеча, на Велики четврток, во 1780 година. Притоа, свирепо го мачеа игуменот Кипријан и го гореа по целото тело, а тој, пак, поткрепен од Христа, храбро застана како столб и поткрепа на доверената му обител, одбивајќи да отстапи пред заканите на иноверните. Оставајќи ...
Без вода денека ќе бидат корисниците на потегот од Поликлиника „Букурешт“ до „Сити Мол“, соопштуваат од ЈП „Водовод и Канализација“ Скопје. Прекинот на водоснабдувањето е поради промена на вентил во шахта на булевар Партизански Одреди бр.64 А во општина Карпош и ќе трае од 10:00 часот до завршување со активностите. Без вода денека ќе бидат корисниците на потегот од Поликлиника „Букурешт“ до „Сити Мол“, соопштуваат од ЈП „Водовод и ...
Летото 2026 може да донесе непријатни изненадувања за македонските возачи кои планираат да патуваат кон Грција. Јужниот сосед воведува радикални измени во сообраќајните правила, а непочитувањето ќе се казнува строго. Најголемата новост е задолжителниот комплет за прва помош според новиот европски стандард DIN 13164:2022. Ако вашиот сет не е усогласен со овој стандард, ќе платите казна од 30 евра. Новиот комплет мора да содржи 16 артикли – ...
Во организација на Интернационална полициска асоцијација – секција Охрид, од 12 до 14 јуни годинава во Охрид ќе се одржува јубилејниот 10. Меѓународен ИПА Вело-викенд „На точак, Охрид и Струга да видам“, со централна рекреативна велосипедска тура Охрид–Струга–Радожда закажана за 13 јуни. Стартот на турата ќе биде во 08:00 часот од Градското пристаниште во Охрид, по што учесниците ќе се движат по Кејот, низ градски улици, по стариот пат кон ...
Од петок до крајот на неделата ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Температурата ќе биде во опаѓање, а утринската наместа ќе се спушти и под нула. Од почетокот на наредната недела, односно од понеделник, се очекува постепено стабилизирање на временските услови, со повеќе сончеви периоди и пораст на дневната температура. Post Views: 0 април ...
По месеци на жестока кампања во која СДСМ нè обвинуваше дека сме „предавници“ и дека „продаваме идентитет“ само затоа што баравме уставни измени за продолжување на ЕУ преговорите, сега ВМРО-ОКГ самата најавува дека ќе ги внесе Бугарите во Уставот. Ова е врв на лицемерието и лагите на Мицкоски и ВМРО. Од предизборното ветување дека ќе го поништи Преспанскиот договор и ќе го врати името, преку „ќе чекаме децении“, до сегашното „ќе ги внесеме“ ...
Се укинува пржинската влада, без поддршка на опозициските партии. Со 70 гласа за, 11 против и нула воздржани, се донесоа измените на законот на предлог на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Ова значи дека 100 дена пред одржување на избори нема да има формирање на привремена влада. Измените нема да важат за следните избори, туку за вторите по ред парламентарни. Падна последната брана на демократијата, реагираат вечерва од СДСМ. Со овој потег, Мицкоски и ...
Валандово, 29 април 2026 (МИА) - Општина Валандово планира да го искористи искуството од проектот кој ќе се реализира во дел од струмичките општини за детекција на пожари на диви депонии и во шумски појаси преку поставување термална камера. Станува збор за проект кој ќе се реализира во неколку струмички општини преку Центарот за развој на југоисточниот плански регион. Првиот човек на Општината, Ѓоко Камчев, на денешната седница на општинскиот ...
Куманово, 29 април 2026 (МИА) - Министерството за локална самоуправа, како национален орган задолжен за Interreg програмите за прекугранична соработка, го започна процесот на консултации со локалните заедници за креирање на новите програмски документи за периодот 2028–2034 година, информираа денеска од општината. Консултативната средба во Куманово се одржа во Занаетчискиот дом, а фокусот беше ставен на идниот развој на Interreg IPA програмата ...
Скопје, 29 април 2026 (МИА) - Собранието ја продолжи 98. седница по измените на Законот за Владата со којшто се предвидува укинување на техничката влада со одложено дејство, но таа беше повторно одложена за половина час за дополнителни консултации од страна на пратеничката група на СДСМ откако Рина Ајдари, координаторка на пратеничката група на Европскиот фронт побара измените да бидат разгледани на Комитетот за односи меѓу заедниците. ...
Во време кога многу бизниси се врзуваат за локација, ресурси и пазари, постојат приказни што го докажуваат спротивното. Дека за успех не секогаш е потребно да бидете во голем град – туку да го препознаете вистинскиот момент за промена. За време на глобалната неизвесност и корона кризата, еден млад претприемач од Струмица одлучи да не чека подобри услови – туку да создаде нови. Глигор Ризов ја трансформираше SMX Academy од локална иницијатива ...
Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека без консензус и по скратена постапка ја укинува техничката влада, иако додека беше во опозиција инсистираше таа да постои сè до влегувањето на државата во Европската Унија. Таа алармираше дека доколку власта продолжи на сила да ја турка оваа законска измена денеска во Собранието, опозицијата целосно ќе се повлече од работата за новиот ...
Мостот на „Љубљанска“ конечно ќе биде ставен во функција!, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „По години застој, продолжи финалната фаза од реализацијата на проектот за поврзување на улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“, со што овој важен мост на реката Вардар конечно ќе биде ставен во функција на скопјани. Довербата што ја добив од вас, мојот народ, за мене е најголема обврска. Зборот е збор!“, напиша Ѓорѓиевски. ...
Денес, точно напладне, дворот на нашата елитна Гимназија се претвори во жив мозаик од знаење, креативност и радосна енергија 🌟📚🎨. Просторот пулсираше од големо присуство, преполн до последно катче со насмевки 😊, гласови 🎶 и инспирација што се прелеваше меѓу генерациите. Голем број ученици од сите основни училишта не беа само гости, туку и вистински носители на духот на настанот 👩🎓👨🎓. Со свои музички изведби на повеќе јазици 🎤🌍 тие ...
Месец мај 2026 година е најактивен во календарот на неработни денови. Доколку ги планирате своите обврски, важно е да знаете дека бројот на слободни денови варира во зависност од верската припадност на граѓаните. За сите граѓани: Месецот носи два државни празника кои се неработни денови за сите: 1 мај (петок) и 25 мај (понеделник). Бидејќи обата празника се поврзани со викендот, тие формираат два продолжени викенди. За верниците: ...
Актерката и поранешна функционерка на СДСМ, Софија Куновска, на социјалните мрежи коментира дека актуелното раководство на СДСМ секојдневно ја потонува партијата се повеќе и повеќе. Секојдневно се прашувам, можно ли е ова раководство уште подолу и подолу да го тоне Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. За жал уште и уште имало…“, коментира Куновска. Актерката и поранешна функционерка на СДСМ, Софија Куновска, на социјалните мрежи ...
Центристичката коалиција во Бугарија „Продолжуваме со промената и Демократска Бугарија“ ќе регистрираат две парламентарни групи во новото собрание. Барањето за ова го поднесе ПП, а партиите на ДБ ја опишаа одлуката на своите колеги како „сериозна политичка грешка“. „Она што стана јасно е дека очигледно ќе бидат регистрирани две парламентарни групи. Она што им го предложивме на нашите колеги и тие рекоа дека ќе разговараат е парламентарен ...
Даријан Сотировски објави на социјалните мрежи дека на денешната седница Уставниот суд конечно одлучувајќи по неговата иницијатива поднесена пред една година, донесе Одлука со која ја укина како неуставна и незаконска Одлуката за утврдување правила во урбанистичкото планирање и спроведување на параметри во рамки на дефинирана градежна парцела за реализација и спроведување на урбанистички план бр.08- 7099/17 од 12.06.2024 година, донесена од ...
Митко ЧАВКОВ ПОВИК ЗА ПРАВО, ПРАВДА и ПРАВИЧНОСТ! Заев и СДСс на 28 април 2017 година за настаните во Собранието од 27 април на прес конференција соопштија дека поднесуваат обвинение за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата”. На 03 мај 2017 година Хелсиншки комитет го потврди обвинението; На 28 ноември рано сабајле другарски координирано, по налог на “другарката” Рускоска 33 лица бевме лишени од слобода и ...