Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Соопштение на Левица: Во декември градоначалникот Митевски најави асфалтирање на паркингот пред градинката „Црвенкапа”, проект претставен како решение за проблемите со кои секојдневно се соочуваат родителите и жителите од околината. Седум месеци подоцна, од ветениот паркинг нема ниту трага, а граѓаните и понатаму се соочуваат со кал и дупки. Во април беше посочено дека доцнењето е поради тоа што се чекало подобрување на временските услови ...
Директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов со стручна делегација од фондот учествуваше на 16-та средба на директорите на фондовите и заводите на пензиското и инвалидското осигурување од државите на просторот на поранешна Југославија и на Република Австрија, што се одржа во Марибор, Република Словенија. Годинава главни теми на конференцијата беа активностите за спречување на грешки, измами и злоупотреби на системите во фондовите и заводите за ...
„Наша примарна цел е да ги излечиме болните, но онаму каде што веќе медицината е немоќна, каде што настапува мозочна смрт, следен законски, медицински, хуман чин, е да се побараат органите за трансплантација“, порачува проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација во видео обраќање во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“ „Пред сѐ, ...
Дарко ЈАНЕВСКИ (текстот е преземен од ФБ профилот на авторот и не ги одразува нужно ставовите на Денешен.мк) Стефан Богоев си замина во домашен притвор. Дал гаранција од 55 илјади евра. За 55 илјади евра излегуваш на слобода. Дома, кај женичката која не колнеше по референдумот дека сега името Македонија ќе ни ги хранело децата, кога веќе не сме ја сакале Северна. Ете, после го сменија името и очигледно, Северна, ги нахрани и нејзините деца и ...
„Според опозицијата Владата била изолирана, а како таква изолирана јас во рок од два месеци остварив билатерлна средба со турскиот претседател, со франциускиот претседател и со германскиот канцелар“, изјави премиерот Христијан Мицкоски Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека еврокомесарката за добрососедска политика и проширување Марта Кос ќе престојува во Македонија во рамките на редовната обиколка на регионот. Мицкоски рече дека ...
Еден е поранешен шеф на кабинет на министер, на вториот му дале препораки поранешни политичари. Феузи Џафери и Артим Ислами се кандидатите за нов член на Судскиот совет, тело кое унапредува и разрешува судии. Двајцата се адвокати, Феузи Џафери во Гостивар додека Артим Ислами во Струга. И на двајцата биографиите им се јавно објавени на сајтот на Собранието. Во биографијата на Џафери меѓу другото пишува дека бил и шеф на кабинет на Министерот ...
Советот на Општина Богданци ја усвои Стратегијата за климатски промени на Општина Богданци која содржи сеопфатна и одржлива рамка за ублажување на последиците и прилагодување на климатските промени. Станува збор за документ изработен од Здружението Полимат 13 до Богданци кои даваат препораки но и предлози што да се превземе и да се имплеменитра во наредниот период со цел да се прилагоди животот на се поизразените климатски промени но и да се ...
Почетокот на работите за автопатот Скопје-Блаце е голема вест за сите граѓани на С. Македонија. Конечно, овој автопат станува реалност, по децении ветувања и празна демагогија. Само една група луѓе денес не може да ѝ се радува на оваа реализација на „Вреди“. Само раководството на ДУИ, наместо да слави заедно со сите Албанци, веќе два дена се правда и се чувствува непријатно. Затоа што тие не го направија за 24 години, а ние го правиме за 24 ...
Четири лица биле приведени, а уште неколку случаи се предмет на постапка по седум пријави за семејно насилство регистрирани во текот на последното деноноќие. Најдраматичниот случај бил пријавен во Гостивар, каде што 44-годишен маж по кратка расправија се заканувал на својата сопруга и се обидел физички да ја нападне. Според пријавата, нападот бил спречен од нивната малолетна ќерка. Полицијата го лишила од слобода осомничениот, а според ...
Во атмосфера исполнета со емоции, спортски дух и другарство, се одржа првиот меморијален баскет турнир посветен на прерано починатиот Кирил Слезенковски, а во организација на Црвена Младина, неговото семејството и другарите. Турнирот собра голем број негови блиски кои преку спортот му оддадоа почит на човекот кој зад себе остави неизбришлива трага во заедницата. Присутните се потсетија на ликот и делото на Кирил, кој беше препознатлив по ...
Јавното претпријатие за државни патишта изминатиов период во неколку наврати ја информираше јавноста за измените во функционирањето на системот за наплата на наплатните станици (патарините) кои ноќеска од полноќ (15.06.2026 година) стартуваат и упатуваме последно предупредуваме дека лентите означени за MTAG ќе бидат наменети ИСКЛУЧИВО ЗА КОРИСТЕЊЕ ОД СТРАНА НА КОРИСНИЦИ СО ЕЛЕКТРОНСКИ ТАГОВИ. Во таа насока, упатуваме апел до корисниците на ...
Соопштение на СДСМ: Во ВМРО постојат двајца Мицкосски. Едниот, во опозиција, ветуваше дека ќе го врати името, дека ќе го поништи Преспанскиот договор, ќе обезбеди подобра преговарачка рамка. Другиот, на власт, го нарече Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“, а НАТО го прогласи за „најдобра работа за безбедноста и инвестициите“. Сега повторно имаме двајца Мицкоски. Едниот најавува реконструкција на владата и продолжување на ...
Овој викенд на олимпискиот базен „Так Дафа“ во Драч, Албанија, се одржа 5-тиот интернационален пливачки натпревар „Теута Куп 2026“, во одлична организација на Пливачкиот клуб Теута. Нашиот клуб имаше успешен настап, при што сите пливачи ги подобрија своите лични резултати. Честитки и за Лина, Христина, Кирил, Кален, Филип, Калин, Дамир, Филип и Мартин, кои го претставија клубот во одлично светло, а на Анастасија ѝ посакуваме уште многу ...
Зголемен раст, нови работни места, нови инвестиции, развој на трговијата. Премиерот Христијан Мицкоски по посетата на Турција е оптимист дека македонската економија ќе продолжи да се развива со засилено темпо. Во следните шест месеци се очекува влез на поголем турски капитал во државава и зголемување на трговската размена. Мицкоски вели дека Македонија има што да им понуди на инвеститорите -Па ние можеме да им понудиме истото тоа што го ...
Клучен институционален стандард, а не партиско средство за политички маркетинг – вака експертот за стратешки комуникации, Марјан Забрчанец, ја дефинираше транспарентноста во разговор за порталот „48 часа“. Тој вели дека отвореноста на институциите има многу повисока, државничка цел од едноставното собирање евтини поени кај гласачите. Забрчанец потсетува на огромниот напредок што Македонија го забележа во периодот од 2017 до 2022 година, кога ...
Осумнаесетгодишник од струмичко е приведен откако ноќеска се обидел да избега од полициска контрола, а потоа физички нападнал полициски службеници. Инцидентот се случил во Богданци, по потера што започнала откако возачот не застанал на даден знак за запирање. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, М.И.(18) од селото Василево управувал „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки и продолжил да се движи со голема брзина и ...
Во четвртокот попладне, Собранието на раб на потребниот цензус и на мнозинство, го избра Исмаил Синани за нов член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Владеачкото мнозинство го избра и покрај критиките на невладиниот селктор кој постојано се бори на терен против дискриминацијата бидејќи сметаат дека Синани кој е новинар по професија, а политиколог по образование, нема искуство, а има опасни ставови против феминизмот и ...
По речиси десет години од пуштањето во употреба, новиот водоснабдителен систем на Тетово сè уште е далеку од комплетно функционален и безбеден. Околу 500 метри од главниот цевковод остануваат изложени над земјата, директно изложени на свлечишта и надворешни влијанија, што претставува постојана закана од нов прекин во водоснабдувањето за градот. Иако проблемот е идентификуван уште од претходната локална власт, тој останува отворен и во вториот ...
Да се преправаме дека сонуваме: Хитлер, Чаушеску, Садам, Гадафи, Нориега, Чавез, како ги пакувале куферите, додека еден вид џелат им продавал опции за смрт: бесење на јаже, горење на клада, стрелање, гилотина, електрична столица итн. Се будиме, но не знаеме зошто сонуваме така?! Мерсел Биљали Масовните протести во Албанија против градењето елитен светски ресорт, поддржан од компанијата на зетот на Трамп, Џаред Кушнер, прераснаа во поширока ...
Националниот парк „Галичица“ на 21 јуни 2026 година (недела) ги кани заинтересираните да поминат незаборавен ден исполнет во природа, со рекреација и со автентичните вкусови од Преспа и од Охрид. Станува збор за настанот „Тур де Галичица 2026“, кој ќе се одржи на Липова Ливада, во рамките на НП „Галичица“. – Посетителите ќе имаат можност да уживаат и во саем на локални производи, каде што ќе бидат претставени традиционални и домашни производи ...
На 14.06.2026 во 03:35 часoт во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа 45-годишната М.П. од Скопје затоа што околу 03:15 часот телефонски, а потоа и во Полициската станица Ѓорче Петров се однесувала агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Од нашата мрежа BMW го најави електричниот M3 на иднината – M Concept… 33 минути avtoplus.mk ...
Тибетскиот медицински систем е еден од најстарите во светот. Се развивал во текот на многу векови, но за неговиот подем најзаслужен е будизмот. Буда открил дека страдањето произлегува од копнежот и незнаењето. Тој укажал дека со практикување мудрост, етика и медитација може да го надминеме страдањето. Според тибетскиот будизам, Буда е врховен исцелител, а заблудите и поврзаноста за нештата се коренот на сите наши болести и психофизички ...
Во одредени ситуации, царскиот рез е најбезбедниот начин за породување. Што треба да знаат мајките кои планираат царски рез? Царскиот рез е хируршка процедура при која фетусот се раѓа преку инцизија на долниот дел од стомакот и инцизија на матката. Постојат одредени состојби во кои ризикот од компликации од вагинално породување е (пре)висок, па затоа царскиот рез се изведува само кога ризикот од компликации од вагинално породување е поголем ...
На крајот од нејзиниот мандат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова би сакала да ја види Македонија во Европската унија. Во интервјуто за МИА таа вели дека ако Украина и Молдавија „технички многу бргу напредуваат ние можеме многу побзо“. На прашањето каква Македонија би сакале да види до крајот на нејзиниот мандата, Сиљановска вели: „Да речам дека сакам да ја видам внатре во ЕУ, тоа е сега – 2026. Меѓутоа, ако не внатре – кога мислам ...
Полицијата во текот на вчерашниот ден приведе две лица во одделни случаи на семејно насилство во Македонска Каменица и Кочани, по претходно поднесени пријави за психичко и физичко малтретирање, како и закани кон членови на семејствата. Во првиот случај, на 13 јуни околу 13:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица го лишиле од слобода 45-годишниот С.М. од Виница. Според пријавата поднесена од неговиот ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Апликацијата „Мој ДДВ” пет дена по ред е нефункционална. Иако се најавува дека денеска била ставена во функција граѓаните и натаму се соочуваат со низа на проблеми. Со денови граѓаните не можат да скенираат фискални сметки и да си ги вратат дел од парите од ДДВ токму во периодот кога тоа најмногу го прават. Ова не е случајно. Ова е директна последица од празната државна каса. Кога нема пари во буџетот, ...
-Со полагање букети свежи цвеќиња пред бистите на адвокатите, Коле Канински и Јосиф Христовски -Звончарот, пред судот во Битола битолските адвокати го одбележаа, 16 јуни, денот на битолската и македонската адвокатура, една убава традиција на адвокатите од Битола, во знак на сеќавања на нивните претходници, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Токму на 16 јуни 1945 година во Битола ...
Полицијата во текот на изминатото деноноќие евидентирала два одделни случаи поврзани со агресивно однесување и закани кон полициски службеници во Радовиш и Пробиштип. Во Радовиш, ноќеска околу 1:20 часот, полициски службеници го привеле М.Б. (19) од Радовиш, откако десетина минути претходно, во близина на угостителски објект во градот, агресивно се однесувал кон полицајци кои извршувале службени задачи. Од МВР информираат дека по целосно ...
„Ние две години дискутираме во Собранието за одредени алтернативни решенија по пат на широко толкување на заклучоците на Советот на Европа, каде што никаде не се налага дека уставните измени треба да стапат во сила веднаш. Говориме нели за да се бара одложено дејствие, ајде сите да лобираме за тоа одложено дејство” вели во изјава за Тема на денот претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника ...
Денес се претставува почетокот на работите на преостанатиот дел од автопатот Скопје-Блаце. Ова е добра вест за граѓаните и за стратешкото поврзување со Косово. Но јавноста заслужува да ја знае вистината: ова е проект што беше осмислен, проектиран, финансиран и заштитен од владата предводена од ДУИ, се вели во соопштението на ДУИ што МИА го пренесува интегрално. Во време кога првичните студии оценуваа дека изградбата на автопатот не е ...