Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатото деноноќие биле евидентирани шест случаи на семејно насилство, при што едно лице е лишено од слобода. Во Тетово, полициски службеници го привеле 37-годишниот Б.А., постапувајќи по пријава од неговата поранешна партнерка. Според пријавеното, по прекинот на нивната врска во април годинава, тој континуирано ја следел, телефонски ја вознемирувал од различни броеви и упатувал ...
На почетокот на јули, еврокомесарката за проширување Марта Кос, доаѓа во Скопје, на средба со премиерот Христијан Мицкоски. Тоа, како што рече премиерот, е една од редовните посети на сите европски политичари на земјава. -Според опозицијата Владата била изолирана, а како таква изолирана јас во рок од два месеци остварив билатерлна средба со турскиот претседател, со франциускиот претседател и со германскиот канцелар. На билатерална посета беше ...
Се потврди дека се невистина тврдењата на СДСМ, затоа што нема мигранти во државава, но ќе има брза пруга, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање до каде се проектите за финансирање со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Студиите за брзата пруга на Коридор 10, како што рече, треба да бидат готови најдоцна до јули, по што следува постапка за закон во Собранието и од есен и на терен да се почне ...
Дожд, сонце, 30 па 18 степени. И сето за 24 часа. Здравјето е во уште поголема опасност пред климатските промени. За околу 30 проценти се зголемиле лекарските интервенции, а се јавуваат и некои нови алергии. Може и поради стресот и хормоналните промени. Не е пресудна возраста за да се почувствуваат здравствените проблеми. Сонцето не жежи како порано. Зголемена е и опасноста од канцер на кожата. Климатските промени се многу побрзи од ...
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за време на својот говор на Изборното собрание на огранокот на ДУИ во Желино, нагласил дека политичкиот легитимитет произлегува само од резултатите од изборите. „Оној што ќе ги добие изборите е легитимен претставник. Оној што ќе ги изгуби изборите треба да работи на победа на следните избори. Зошто тогаш Албанците да одат на избори? Кога Христијан може да избере кого сака, кого има за пријател и кого може да ...
Слушај ја веста Загадениот воздух, дивите депонии, ниската стапка на рециклирање и непречистените отпадни води остануваат меѓу најголемите еколошки предизвици со кои се соочува Македонија. Иако јавноста најчесто е фокусирана на аерозагадувањето, статистиката покажува дека најголемиот број прекршочни постапки и инспекциски интервенции се поврзани со неправилно управување со отпадот. Во интервју за „Слободен печат“ директорката на Државниот ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска најави дека по одбележувањето на партискиот роденден на 17 јуни во Струмица, ќе започнат официјалните разговори со коалициските партнери за реконструкција на Владата. „Следната недела после роденденот којшто ќе биде на 17 јуни во Струмица со почеток од 20 часот на стадионот, после тоа почнуваме разговори со владините коалициони партнери околу реконструкцијата на Владата“, ...
Љупка Вртева, добитничка на признанието „Инженерка на годината 2023“ во Словенија, е избрана меѓу 12-те инженерки во светот кои треба да ги познавате во 2026 година, во рамките на престижниот меѓународен избор Women Engineers You Should Know – 2026, организиран од Society of Women Engineers (SWE) – најголемата светска организација за поддршка и поврзување на жените во инженерството. Во образложението за изборот, SWE особено го истакнува ...
Во повеќе делови на Гостивар во тек се инфраструктурни активности, а локалната самоуправа најавува засилена динамика на работа со цел најголем дел од проектите да бидат завршени пред летниот период, кога во градот традиционално печалбарите се враќаат во родниот крај и има поголема раздвиженост низ улиците. Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани денеска излезе на увид на реконструкцијата на улицата „Никола Парапунов“, која го поврзува ...
Денеска сме овде да го одбележиме отворањето на овој прекрасен објект, приватна инвестиција целосно. Наша цел и задача како Влада е да поддржуваме приватни иницијативи, посебно кога тие иницијативи имаат цел да го олеснат животот, да бидат додадена вредност и да го зголемат квалитетот на животот на нашите сограѓани, така што ние како Влада апсолутно поддржуваме ваков претприемачки дух, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Јас му честитам и на ...
Пожарот се појавил, вчера доцна попладне, откако А.С го предизвикал кога искрите од циркуларот, со кој што работел на нивата, зафатиле соседен овоштарник и сандаци со пчели во соседната нива. Пожарот го изгаснале пожарникари – спасители на Територијална против пожарна единица Велес. А.С бил повикан на службен разговор во Полициска станица Велес а увидна екипа на Сектор за внатрешни работи Велес (СВР) направила увид. Повредени нема и се ...
Во период кога политичката комуникација во Македонија сè повеќе се сведува на брзи пораки, конфликти и борба за доминација на дигиталниот простор, прашањето за тоа дали институциите навистина комуницираат со граѓаните станува поважно од кога било. Во новото интервју за „48 Часа“, разговараме со Марјан Забрчанец, поранешен координатор за стратешки комуникации во Владата, човек кој директно беше вклучен во креирањето на владините комуникациски ...
СДСМ денеска обвини дека Владата на премиерот Христијан Мицкоски создаде нов долг од 2,5 милијарди евра, а пари нема за граѓаните, нема за 600 евра минимална плата, нема за земјоделците. Според опозицијата, како што велат, пари има само за криминални тендери. -Сега снемува пари и за тендери штом му се брза со избори. СДСМ во Платформата „Твоја држава, твоја шанса“ нуди нов економски пристап, економијата да работи за луѓето, а не само за ...
Скопјани од 1 септември ќе можат да ја користат првата линија од проектот „Градски воз“, кој има за цел да обезбеди побрз и поефикасен јавен превоз и да придонесе за намалување на сообраќајниот метеж во главниот град. Според најавите од Македонски железници, прва ќе биде пуштена во употреба трасата Миладиновци – Транспортен центар Скопје. Возот ќе сообраќа преку Илинден и Маџари, а патувањето од почетната до крајната станица ќе трае околу 18 ...
Дали ја паметите Аркадија? За многу скопјани кои растеле во 90-тите и почетокот на новиот милениум, Аркадија не беше само сендвичара. Таа беше место на кое завршуваше вечерта, последна станица по диско, концерт или ноќно излегување, кога градот полека се смируваше, а гладот стануваше најважната работа на светот. Сместена на булеварот „Св. Климент Охридски“, тогашна ЈНА, Аркадија со години беше еден од најпрепознатливите локали во центарот на ...
Охрид, 14. јуни 2026 (ОХРИДПРЕС) – Со многу смеа, аплаузи и препознатливи животни ситуации, претставата „Жени се, сине!“ на Црвен крст Суботица го затвори годинешното, 11 по ред издание на фестивалот „Вдиши театар“ во Охрид. Станува збор за комедија која на духовит и сатиричен начин ја отсликува реалноста на современото балканско семејство, оптоварено со кредити, потрошувачки навики и постојаната трка по привиден успех. Низ приказната за едно ...
На обвинувањата од СДСМ дека евентуални парламентарни избори се алиби бидејќи Владата ги потрошила државните пари и дека државната каса е празна, премиерот Христијан Мицкоски вели дека тоа нема логика. Порача дека „политички кога влегувате во втората половина од мандатот, логично е да сте подготвени за избори без разлика дали се редовни или вонредни“. -Нашата опозиција не бара, нашата опозиција е сокриена, има 3-4 кои држат прес-конференции ...
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно сончево и топло со слаб до умерен променлив ветер. Утрото ќе биде свежо, особено во западните и источните предели, каде минималните температури ќе се движат околу 5 до 7 степени. Во јужните и централните делови утринските температури ќе бидат нешто повисоки, главно од 9 до 12 степени. Во текот на денот ќе биде ...
Скопје е град кој постојано се обновува и повторно се измислува себеси, оценува Euronews во својата репортажа посветена на македонската престолнина, објавена во пресрет на 2028 година кога градот ќе ја носи титулата Европска престолнина на културата. Авторката на текстот го опишува Скопје како „град на меѓународната солидарност“, потсетувајќи на катастрофалниот земјотрес од 1963 година, по кој помош за обновата пристигнала од 78 земји ширум ...
„Мене ми е искрено многу жал што само ЛДП како партија зборува за кратење на нерационалните трошења во државава затоа што треба да говориме со факти – дали имаме раст на инфлацијата? Имаме. Имаме ли раст на цени на ѓубрива? Имаме и тоа со извештај. Мислам дека во такви ситуации каде што економската состојба се влошува генерално заради глобалните кризи, мислам дека е многу неблагодарно пак да се зборува за трошења кои што се трошат директно од ...
Времето на СДС, сточарите го паметат и по 17 месеци неисплатени субвенции за предадено млеко. Напредокот во делот на сточарството го потврдуваат и статистичките податоци на Државниот завод за статистика, велат од ВМРО-ДПМНЕ. За прв пат по 10 години во 2025-та година бележиме зголемување на произведените количини на кравјото млеко за 2,7% во споредба со 2024-та година. Зголемување имаме и во производство на овчото млеко за 4% повеќе во однос ...
Многу е важно Македонија да не се фрустира од перцепцијата дека е „мала држава“, ниту да се однесува како мала држава, субмисивно, на европскиот пат, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова во интервју за МИА. Македонија, истакнува претседателката, мора да ги изнесе националните интереси и ставови во преговорите во една нова ера на политика на докази и европски вредности, кои, како што вели, не се само европски, туку и македонски ...
Во време кога трошоците за живот се зголемуваат, а платите остануваат статични, секојдневното управување со финансиите може да биде вистински предизвик, особено ако сте човек кој не знае да ги задржи своите пари подолго време во џебот. Сепак, со внимателно планирање и со неколку стратегии, може значително да ја зголемите ефикасноста на вашата плата. Економистите експерти на оваа тема велат дека клучот за подолготрајност на платата е во ...
Автопатот Скопје–Блаце влегува во фаза на конкретна реализација, соопштуваат од ВЛЕН на својата официјална Фејсбук-страница. Со завршувањето на постапката за избор на изведувач, еден од најважните инфраструктурни и стратешки проекти за земјата конечно го добива вистинскиот правец. „Во изминатите 24 години, на граѓаните постојано им се ветуваше овој автопат, но тој остана само на хартија. Денес, со ВЛЕН во Владата и со ангажманот на нашите ...
Уставниот суд од денеска ја пушта во употреба новата комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“, наменета за навремено, точно и официјално информирање на граѓаните, медиумите и пошироката јавност. Платформата е создадена како дел од заложбите на Судот за поголема транспарентност, отвореност и достапност на информациите од јавен интерес. Нејзината цел е да обезбеди проверени факти и појаснувања за работата на Судот, постапките, ...
Неговиот пост го пренесуваме во целост: „Можеби ќе се јавев порано, но какофонијата што ја слушам и читам, а која доаѓа од македонските политички и други кругови, во врска со бугарските тенденции во однос оспорувањето на влезот на Македонија во ЕУ, едноставно ме блокира. Кому да верувам, се прашувам себеси и на крајот заклучувам – на самиот себеси и на своето четириесетгодишно искуство и знаење што ги имам за Македонија. Лично, никогаш не би ...
Со санкционирање, одговорност, важење на правдата и за оние на највисоки позиции, а не со нејзино избегнување и со сериозно преиспитување на потеклото на имот може да се надминат проблемите, смета претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. – Секој кога ќе стапи не само на определена функција, на определена работа, лесно е да се провери со што влегол, како излегол и дали е тоа можно. Не се чудам јас на огромните пари на некои ликови во ...
Не смееме да ги заборавиме граѓаните. Ние сме привремени, ние не сме совршени. Денес политиката е во голема криза бидејќи главно се занимава со тоа кој, кога, како и каде ќе добие, но граѓаните се изворот на нашиот легитимитет и тие се носителите на суверенитетот, вели претседателката Гордана Сиљановска – Давкова во вториот дел од мега интервјуто за МИА. Во однос на прашањето како ќе спречиме граѓаните да не ја изгубат вербата во европската ...
Во светот на модерните политички комуникации, границите помеѓу теоретските идеали и практичното дејствување на терен честопати бараат разбирање на реал-политиката. Во интервјуто за онлајн порталот 48часа.мк, долгогодишниот стратег за односи со јавноста, Марјан Забрчанец, нуди демистифицирачка анализа за два концепта кои јавноста честопати погрешно ги доживува како дијаметрално спротивни: транспарентноста и популизмот. Според Забрчанец, во ...
Вообичаена работа е, особено во младите демократии како македонската, Собранието годишно да менува или носи стотици закони. Ако на тоа се додадат и другите одлуки, станува збор за илјадници избори, именувања, измени, дополнувања… Во таква динамична атмосфера многу нешта минуваат под радарот на јавноста, освен ако опозицијата не крене глас за некое прашање. Повремено, има и теми за кои власта најавила дека каде и да е ќе поминат, но тие ...