Училиштето за театар „ОД ИГРА ДО ПРЕТСТАВА“, заедно со Македонски железници Инфраструктура и Македонски железници А.Д. Транспорт и оваа година ја продолжуваат успешната приказна што предизвика позитивни реакции кај илјадници посетители. Интерактивната претстава ќе се одржува секој ден од 20 до 30 декември 2025 на Железничката станица во Скопје, со почеток од 19 часот. Публиката го следи големото доаѓање на Дедо Мраз од Лапонија, со неговиот ...

Филмот „Југо Флорида“ во режија на Владимир Тагиќ ја освои наградата за најдобар филм на 24. Фестивал на европски филм „Синедејс“. Наградите беа врачени синоќа, со што беше затворено ова издание на фестивалот. „Југо Флорида“ е реалистичен филм кој тивко бара зрно надеж во сивиот секојдневен живот. Гради свет кој понекогаш се чини дека постои на границата помеѓу сонот и реалноста – без потреба да ги раздвојува двата – оставајќи суптилна трага ...

Дуото „Коктел“, кое беше популарно во 1990-тите, се враќа со нова песна, „Каде ти, таму јас“. Тие станаа популарни со хитот „Слуга и цар“, во чиј спот главната улога ја имаше моделот и мис Марија Радуловиќ. За новата песна, пејачот Блаже Темелков и гитаристот Стевче Грозданов велат дека е спој на старата и новата поп-рок музика. Темелков ги напиша музиката и текстот, аранжманот е на Грозданов, кој ја снимаше со Златко Симеонски-Зеко. ...

Во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар вчеравечер беше отворена изложба на Валентина Тасеска со ракотворби кои раскажуваат за традицијата пренесувана од генерација на генерација, за идентитетот, обичаите, древното. Под наслов „Традиционални вредности“ пред публиката беа претставени триесетина автентични рачни изработки, филиграни со срма, орнаменти за носии, накит. „По професија сум сметководител, но во рачните изработки си го наоѓам својот ...

Со многу неизвесност и очекување, пред полна сала, а меѓу публиката и дел од директните учесници на наградените филмови со кои се доделени наградите на 24 CINEDAYS Фестивал на европски филм, се вели во соопштението од МКЦ, што МИА го објавува интегрално. „Нашата одлука не беше лесна и би сакал да ја изразам нашата благодарност до сите неверојатни филмски режисери чии дела имавме чест да ги гледаме. Секој филм носи силен авторски глас и се ...

Дуодрамата „За нас почнува живот“ и стендап шоуто на Сашко Коцев „Широк дијафазон“ гостуваат во Прилеп по повод одбележувањето на јубилејот 75 години од постоењето на театарот „Војдан Чернодрински“. „За нас почнува живот“ е современа трагикомедија за човекот кој сонува…што ќе биде изведена в понеделник од 20.00 часот на сцена 105. „За нас почнува живот“ не се занимава со големите наслови на светот – туку со тишината меѓу двајца, со зборовите ...

Ќе се модернизира и дигитално збогатува Природнонаучниот музеј во Скопје, најави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Министерот денеска заедно со Ивица Заркадов, директор на Природнонаучниот музеј, со Хрисула Кутуди, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на „Стопанска банка АД“ Скопје, потпишаа ново тригодишно стратешко партнерство. „Посебна благодарност упатувам до ‘Стопанска банка’, која ја препозна ...

Во годината кога Македонскиот народен театар слави осумдесет години постоење, од печат излегува монографијата „Македонски народен театар 1945 – 2025 драма: приказни поголеми од времето“. Тоа е издание кое ги слави овие изминати години поминати во креативна работа, развој и успеси. Низ фотографии, плакати и скици и приказните на дел од личностите кои биле и се дел од МНТ се раскажува историјата на театарот и сите оние чинители кои го направија ...

Со многу неизвесност и очекување, пред полна сала, а меѓу публиката и дел од директните учесници на наградените филмови, синоќа, се доделени наградите на 24 CINEDAYS, Фестивал на европски филм. „Нашата одлука не беше лесна и би сакал да ја изразам нашата благодарност до сите неверојатни филмски режисери чии дела имавме чест да ги гледаме. Секој филм носи силен авторски глас и се занимава со локални теми, давајќи им универзална димензија, ...

Вечерва (11 декември) од 19:30 часот во скопското кино Синеплекс ќе се одржи премиера на српскиот филм „Враќање на Жикина династија“, продолжување на популарниот серијал од 1980-тите. Филмот ќе биде на редовен репертоар од утре. Во главната улога е Никола Којо, кој го играше виолинистот Миша Павловиќ, внукот на Жика Павловиќ и Милан Тодоровиќ. Во приказната овојпат се и неговите синови, правнуците на легендарните Жика и Милан, кои ги носат ...

„Д Фестивал“ е избран меѓу 10-те најдобри фестивали во Европа за претстојните Европски фестивалски награди (European Festival Awards 2025), најпрестижното признание на европската фестивалска индустрија, соопшти „Пасворд продукција“. За номинираните фестивали гласаше публиката од цела Европа. – Ова е историски успех и огромно признание за македонската независна фестивалска сцена. Според европските стандарди за музички фестивали, „Д Фестивал“ е ...

Мадлен Викам, најпозната по својот бестселер „Исповедите на една купохоличарка“ и под псевдонимот Софи Кинсела, почина на 55-годишна возраст. Викам, која романописецот Џоџо Мојес ја нарече „кралица на романтичната комедија“, напиша повеќе од 30 книги за возрасни, деца и тинејџери, кои се продадени во повеќе од 45 милиони примероци. Во април 2024 година, Викам објави дека кон крајот на 2022 година ѝ е дијагностициран глиобластом, агресивен вид ...

Во петок, 12 декември, со почеток во 19 часот, во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Белград, на адресата Кнез Михаилова 53, ќе биде отворена изложбата „Нишки / Threads“, најновиот резултат од соработката меѓу Факултетот за ликовни уметности во Скопје и Факултетот за ликовни уметности во Белград. Изложбата ќе биде достапна за посетителите до понеделник, 29 декември 2025 година. „Нишки“ претставува мултимедиумска поставка со дела ...

Во сончевиот и навидум обичен петок, на 13 јануари 2006 година, инструктор за боречки вештини, Фернандо Араухо, и неговата лично избрана четиричлена екипа упаднаа во филијалата на Банко Рио во богатата населба Акасусо во Буенос Аирес. Додека крадците работат брзо, празнејќи десетици сефови преполни со милиони долари, скапоцен накит и тешки златни шипки, главниот преговарач Мигел Силео и неговите до заби вооружени луѓе ја опкружуваат ...

Зорица Поп-Панкова доби голем аплауз за премиерата на новата песна „Поминува сѐ“ вчера (10 декември) во малата сала на Филхармонијата, на промоцијата на мултимедијалната книга „Три лица на љубовта“ од авторот Митко Чешларов, издание на „Сигмапрес“. Претходно, Поп-Панкова ни рече дека е среќна што по 25 години некој се сетил на неа, а Чешларов ѝ напишал вистинска песна, затоа што ѝ ја знаел приказната во изминатите 30 години. Легендарната ...

Проекцијата на филмот во рамките на редовниот репертоар на Синеплекс ќе се одржува од 11 до 18 декември. „Луда љубов”, на Жил Лелуш, со Адел Егзаркопулос, Франсоа Сивил и Малори Ванек во главните улоги, е моќна романса која ги следи Жаки и Клотер, двајца млади луѓе од Северна Франција во осумдесетите години, чии животни патишта се испреплетуваат во љубовна приказна што ги надминува сите пречки. Филмот беше претставен на фестивалот во Кан, во ...

По фантастично успешната премиера во Скопје и меѓународната премиера во Париз, Франција, делото „Дон Кихот во Скопје“ ќе ја има и својата битолска премиера. В недела, на 14 декември, во Офицерскиот дом во Битола, со почеток во 20 часот, овој разновиден проект инспириран од култната приказна за славниот витез Дон Кихот на Мигел де Сервантес ќе биде претставен и пред битолската публика. Делото е создадено по повод Националниот ден на Шпанија – ...

На 13 декември 2025 година, во 20 ч., на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе комичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини – опера која со својата духовитост, динамика и незаборавни арии со децении ја плени домашната и светската публика. Изведбата е под диригентската палка на Џанлука Мартиненги (Италија), режијата е на Урсула Хорнер (Австрија), сценографијата на Марија Ветероска, а костимографијата на ...

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, откупен за глобална дистрибуција од National Geographic Documentary Films, продолжува да го зацврстува својот меѓународен успех. Филмот, во режија и продукција на Тамара Котевска заедно со директорот на фотографија и продуцентот Жан Дакар (Jean Dakar), доби уште едно од најзначајните признанија во документарниот свет, номинација за PGA Awards (Producers Guild of America) во категоријата Outstanding ...

„Силјан“ на Тамара Котевска, кој е македонски кандидат за Оскар за Најдобар странски филм за 2026, а иствремено е во конкуренција и за Оскар во категоријата Најдобар документарец, доби номинација за награда на Здружението на продуценти на Америја (Producers Guild of America -PGA). Котевска и кинематограферот Жан Дакар, кои се продуценти на филмот, се номинирани во категоријата Најдобар продуцент на документарен филм, за наградите кои се ...

Охрид и Република Македонија на 11 и 12 декември 2025 година се домаќини на министерската конференција на „Советот на министри за култура од ЈИЕ – јакнење на културата во функција на одржливиот развој“. Конференцијата официјално ќе биде отворена на 12 декември во 10:00 часот во х. „Јуник“ во Охрид, со воведно обраќање на министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Свои обраќања ќе имаат и директорката на Регионалното биро на УНЕСКО за наука ...

Утре, 12 декември, со почеток во 18 часот, во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“, книгоиздавателството „Матица македонска“ ќе ја промовира монографијата „Професорот Петре Т. Георгиевски: Социологијата како професија и како вокација“, објавена по повод 85 години живот и 60 години научно-истражувачка работа на истакнатиот професор. Автори на монографијата се научните работници Златко Жоглев и и Ружица Цацаноска. Промотори на изданието ...

Во понеделник, на 15 декември, во 20 часот во Кинотека ќе се одржи специјална проекција на вознемирувачкиот и исклучителен шпански трилер „Пиги“. Филм што ѝ го отвори патот на режисерката Карлота Переда кон меѓународната сцена и ја утврди како едно од најзначајните имиња во современиот хорор. Настанот се реализира како соработка на Кинотеката на Македонија и Амбасадата на Шпанија во нашата земја. Во задушливото лето на рурална Екстремадура, ...

Документарниот филм „Приказната за Силјан“, откупен за глобална дистрибуција од National Geographic Documentary Films, продолжува да го зацврстува својот меѓународен успех. Филмот, во режија и продукција на Тамара Котевска заедно со директорот на фотографија и продуцентот Жан Дакар (Jean Dakar), доби уште едно од најзначајните признанија во документарниот свет, номинација за PGA Awards (Producers Guild of America) во категоријата Outstanding ...

„Лили и Снешкото“ е новогодишен цртан филм кој нè потсетува дека секогаш треба да одвојуваме време за работите што ги сакаме. Во животот на едно девојче се случило чудо – нејзиниот Снешко оживеа и со помош на магијата со сенка и раскажуваше величествени бајки и приказни. За да го заштити својот пријател Снешко во топлата сезона, таа го „смести“ во стар фрижидер. Но, времето минува, а девојката повеќе не е заинтересирана за бајки – работата и ...

Оркестарот на Македонската филхармонија в петок во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Музика. Сега!“ на кој како солист ќе настапи виолистот Александар Земцов од Германија. Диригент е маестро Емил Табаков, а на програмата се Концертот за виола и оркестар од Алфред Шнитке и суита од операта „Кавалер со ружа“ оп.59 од Рихард Штраус. Маестро Александар Земцов зад себе има навистина богата кариера како виолист, но во последниве години тој е ...

Настанот го отвори директорката Кристина Ѓорѓиевска Атанасова, а делото го претстави Магдалена Кочовска Салтирова, библиотекар од „Искра“. „Систематското и аналитичкото работење во областа на семејното насилство од страна на авторките резултирало со стручен материјал со богата теоретска основа базирана на научни истражувања, надополнета и со студии на случаи. Освен опис и структура на проблематиката на семејното насилство, во книгата ‘Азбука ...

Крива Паланка, 10 декември 2025 (МИА) - Во галерискиот простор на Националната установа Центар за култура Крива Паланка денеска беше отворена изложбата на дела од уметницата Биљана Јовчевска, насловена "Вода". Изложени се вкупно 31 дело работени во техника акрил на платно. - Секој бран има своја личност. Ако го разбереш бранот, ќе го разбереш морето. Оваа јапонска поговорка можеби најдобро ја сублимира ликовно- изразната порака од колекцијата ...

Есма Реџепова е родена во Скопје на 8 август 1943 година. Таа беше позната македонска пејачка и хуманитарка. Нарекувана е Кралица на Ромската музика во светски рамки. Во 2013 година ја доби престижната титула Национален уметник на Република Македонија. Реџепова е петто од шесте деца на Чанија и Ибраим Реџепови, во мала куќичка во центарот на Скопје. Таткото Ибраим во бомбардирањето на Скопје во април 1941 година ја изгубил едната нога. Се ...

Горан Кукиќ е роден на 11 декември 1970 година во Струмица. Тој е познат фолк пејач, истакнат македонски музичар и долгогодишен член на групата Јупитер, еден од најпрепознатливите бендови од струмичкиот регион. Музиката ја носи во себе од најмала возраст. Опкружен со музичари во семејството – неговите вујковци имале бенд – уште во основно училиште сонувал да има своја група. Желбата му се остварила во осмо одделение, кога ја формирал групата ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
62%
1026
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
52%
1027
weather icon

Загреб

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
51%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
55%
1027
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
3.94
54%
1029
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
0.45
67%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.26
57%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
36%
1025
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
48%
1026
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
3.58
56%
1031
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
39%
1028
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
48%
1029
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Сребро

2711.59

Кобалт

66.14

Калај

50.64

Злато

166253.76

Родиум

372948.66

Платина

68963.35

Иридиум

231355.22

Цинк

3.24

Бакар

11.73

Алуминиум

3.42

Паладиум

51794.85

Рутениум

47358.05