15/12/2025 11:36 - МРТ

Фотографот Стив (Расел Кроу) и професорката Моника (Салма Хајек) се многу вљубени, а нивната врска е толку силна и интензивна што речиси се граничи со болест. Во еден момент тие се во целосен делириум, но во следниот стануваат фрустрирани, подготвени да раскинат. Поради ваквите ситуации, двојката се обидува сериозно да разговара и да ја анализира врската, но разговорите секој пат се претвораат во катастрофа. Тие едноставно не можат да останат ...

Вечерта на 16 декември 2025, од 19:00 часот, посетителите и пријателите на Македонскиот КИЦ во Софија ќе имаат можност да го проследат документарниот филм по повод 15 години „Македонска книжевна визита во Софија“, ќе биде претставен литературниот портрет на големиот македонски писател и издавач – Бранко Цветкоски, а основниот дел од литературната вечер ќе биде посветен на промоцијата на македонското издание на книгата „ВООБРАЗБИ – лирски ...

Волас Ричи (Бил Мареј) лета за Англија за да го прослави роденденот со својот брат Џејмс (Питер Галагер). Деловните партнери на Џејмс доаѓаат на посета и тој мора да го анимира својот брат со нешто за време на вечерата. На крајот, Волас станува учесник во „театарот на животот“ во кој луѓето ја доживуваат судбината на ликовите во криминалните драми. Проблемите почнуваат кога Волас е погрешно поистоветен со вистински шпион. Тој се вмешува со ...

15/12/2025 11:21 - МРТ

Безмилосниот криминалец Патрик Костер (Шон Бин) и неговиот партнер ја заробуваат младата Џеси Конрад (Скај Мекол Бартусијак) и ја држат за необичен откуп. Костер сака таткото на Џеси, терапевтот Натан (Мајкл Даглас), некако да ја наговори трауматизираната тинејџерка Елизабет (Британи Мерфи) да открие мистериозен код што ќе ги одведе криминалците до скриен скапоцен камен вреден богатство. За жал, можеби ќе биде невозможно да се убеди ...

15/12/2025 11:21 - МРТ

Престануваш да старееш кога ќе наполниш 25 години. Но, проблемот е што ти останува само уште една година живот, ако не можеш да си купиш повеќе време. Богатите се осигуруваат себеси уште децении, додека останатите просат, крадат и се снаоѓаат со секој час што можат да го добијат за да преживеат уште еден ден. Еден млад човек се наоѓа во ситуација каде што добива повеќе време отколку што може да замисли, но е принуден да бега од корумпираната ...

Поп-пејачот Зоран Илиев, кој во 2011 победи на Макфест, сними нова песна на српски јазик која е наменета за регионалниот пазар. Песната е со наслов „Не ме болат мене“ (Не боле мене). Музиката ја напиша Панче Касапски, текстот е на Давор Крстевски и Огнен Неделковски, а аранжманот е на Александар Софрониевиќ, со кој соработувале познати регионални пејачи, меѓу кои и Здравко Чолиќ. Мастерингот и продукцијата се на Иван Лековиќ. „Соработката со ...

Во празничниот декемвриски репертоар, Националната опера и балет најавува две изведби на оперетата „Лилјакот“ од Јохан Штраус II, кои ќе се одржат на 23 и 26 декември 2025 година со почеток во 19.30 часот. Ова ремек-дело, кое ја освои публиката уште со својата премиера, повторно ќе блесне на големата сцена на МОБ. Диригент на изведбите е Бисера Чадловска, режијата е на Љупка Јакимовска, сценографијата на Марија Ветероска, костимографијата на ...

Праизведбата на драмскиот текст „Анна“ е директен повод за средба со авторката Драгана Лукан Николоски, која е дипломиран драматург, магистер по филмско и телевизиско сценарио и цврст борец за слободата на изразувањето. Препорачано Драмската авторка Драгана Лукан Николоски ја има таа среќа некои од нејзините текстови да се поставени на театарската сцена и да се изведуваат во театрите во Македонија. Таков е случајот со „Анна“, поставен од ...

Со големо задоволство Ви ја испраќам мојата најнова песна и видео запис насловена како “Una signora”, вели Марковски во дописот до Публицитет.мк Особено сум среќен и задоволен затоа што и на оваа песна се потпишувам како автор на текстот и музиката во соработка со Иван Јованов Iwayo (продукција и аранжман). Режија на Даниел Јовески, а како директори на фотографија се потпишуваат Даниел Јовески и Дарко Митев. Модел: Марија Давчевска. ...

На 20 декември 2025 година, Скопје ќе биде сведок на музички спектакл посветен на 25-годишнината од уметничката кариера на еден од најголемите амбасадори на македонската култура во светот, маестро Симон Трпчески. Настан кој не се одбележува само со аплауз, туку со пиетет, восхит и неизмерна гордост. Во соработка со Националната опера и балет, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски, оваа вечер ќе биде спој на уметност, традиција, емоција ...

Вечерва во Градската библиотека „Браќа Миладиновци” со почеток од 19 часот ќе се одржи првиот фестивал на гајдата во Македонија. Фестивалот се одржува под мототот „Гласот на гајдата“, а иницијатор и организатор на фестивалот е Стефче Стојковски. Фестивалот е посветен исклучиво само на гајдата и гајдаџиите, а вечерва ќе настапат неколку генерации на гајдаџии (татковци и синови, дедовци и внуци ). Фестивалот има ревијален карактер, а влезот е ...

„Битолски оркестар Дива“ вечерва (15 декември) ќе одржи два новогодишни концерти во Центарот за култура во Битола, првиот од 19, а вториот од 21 часот. Оркестарот традиционално пред Нова година го одржува концертот „Виена во Битола“, еден од најпрепознатливите битолски музички настани. Новогодишниот концерт има долга историја во Битола и претставуваше важен дел од културниот идентитет на градот. По паузата што траеше неколку години, со ...

По неговите најдобри и воедно најтешки проекти — кои ја одбележаа неговата кариера —реализирани надвор, во големи и познати театарски куќи: Силентиум во славниот театар „Бољшој“ во Москва, Лебедово езеро и Оревокршачка во Операта во Лајпциг; Атмосфери во Балетот на Рајна во Дизелдорф; Калигула во Сент Гален, Швајцарија; големиот број балетски претстави во ХНК — Сплит и ХНК — Риека; Песни без зборови — дел од балетниот триптих во ХНК — Загреб, ...

Авторот Бранислав Светозаревиќ го обработува материјалот собран од архиви во 32 земји, прикажувајќи примери за тоа како населението од овие простори самостојно се идентификувало како Македонци, но и како странски автори, хроничари и официјални институции го бележеле македонското етничко име во различни историски и политички контексти. Во делото се опфатени периоди од античкото време, преку средниот век и новиот период, до современата ...

Јубилејното издание „Абецедарот – сто години потоа“ се состои од два дела. Во првиот дел, покрај предговорот, поместени се три авторски статии на проф. д-р Нада Јурукова, проф.д-р Виолета Ачкоска и на проф. д-р Елка Јачева Улчар, а во вториот дел целосно е пренесен „Абецедарот“ во неговата оригинална форма на левата страна од книгата и транскрибираните страници со кирилско писмо, од десната страна. Претседателот на Светскиот македонски ...

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ за 2025 година, кој ќе трае од 15 декември годинава до 15 јануари 2026 година. Право на учество имаат романите кои за првпат се објавени на македонски јазик во 2025 година. Kандидатите се обврзани да достават по пет примероци од романот кои не се враќаат, во просториите на Друштвото на писателите на ...

Игор Исаковски е роден во Скопје на 19 септември 1970 година. Тој беше истакнат македонски поет, прозаист, преведувач и уредник. Исаковски работел како радио и ТВ водител од 1991 до 1999 година и потоа од 2001 од 2003 година. Тој бил основач и директор на културната установа „Блесок“, а работел и како главен и одговорен уредник и веб-мастерот на истоименото списание. Исто така бил уредник на списанието на Независните писатели на Македонија, ...

Денешната прес-конференција на Калиопи беше вистински музички настан сама по себе – полна со харизма, искреност и енергија што ја прави нашата најголема дива омилена низ целиот регион. По минатогодишниот грандиозен концерт во арената „Борис Трајковски“, кој изобилуваше со страст, врвно пеење и заразна енергија, Калиопи и браќата Игор и Кристијан Стефановски подготвуваат ново музичко изненадување – три концерти во Македонската филхармонија, на ...

Во пресрет на скопските концерти во Филхармонија кои се закажани за 14 ноември и 6и 7 декември, Калиопи за денес го најави излегувањето на новата песна „Добра вечер и лека ноќ“. И’, се случи точно во 12 часот на нејзиниот канал на Јтјуб можевме да ја слушнеме „Добра вечер и лека ноќ“. Песна со многу моќен текст и мелодија која „влегува во уво“ и после второто слушање ќе почнете да ја потпевнувате. Песната освојува а сега останува да го ...

Фестивалот SCREAM 2025 — Голема рок посвета за Бора Чорба на 1 ноември во арената „Борис Трајковски“ На 1 ноември 2025 година, арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе стане центар на најголемото рокенрол славење на годината – фестивалот SCREAM, кој ќе обедини три легенди на балканската музичка сцена: Влатко Стефановски Трио, Рибља Чорба и Галија. Оваа година, настанот добива специјално значење – тој ќе биде свечена рок посвета на човекот кој ...

Синоќа во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, се одржа концерт на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ кој заврши со вистински инцидент. Според очевидци, за време на настапот пејачката во еден момент развила бугарско знаме, што предизвикало бурна реакција кај присутните. Се обидел да интервенира и Мики Секуловски но бадијала – штетата веќе била направена – публиката видела како српската пејачка го развива и бакнува бугарското знаме. Публиката ...

Тој откри дека, според него, жената која му помогнала претходниот ден во Велес – фанклуберка на Цеца – била изманипулирана и дека не верува дека пејачката го направила гестот намерно. „Жената која ми помогна да го отсонувам сонот вчера во Велес била изманипулирана и тоа од свој верен фан, девојка која доаѓа на сите нејзини концерти. Како и зошто, тоа е друго прашање,“ напиша Станишиќ. Тој апелираше јавноста да не ги меша уметниците со ...

Синоќа арената „Борис Трајковски“ беше исполнета до последното место — „Скрим фестивалот“ повторно ги собра љубителите на вистинскиот рок звук и ги обедини генерациите во четиричасовен музички спектакл. 🎤 Први на сцената излегоа „Рибља Чорба“, кои настапија со новиот вокал Јован Јефтиќ. Тој со многу емоција и енергија ги изведе најголемите хитови на легендарниот Бора Ѓорѓевиќ, а публиката возврати со громогласни аплаузи и заедничко пеење на ...

Дона Жан Годшо-Мекеј, мецосопранот позната по својата работа со рок-групата „Грејтфул Дед“ и по придружните вокали на песни како што се „Suspicious Minds“ на Елвис Присли и „When a Man Loves a Woman“ на Перси Слеџ, починала на 78-годишна возраст од рак, потврдил нејзиниот портпарол. Родена како Дона Жан Тачер во Флоренс, Алабама, таа ја започналасвојата кариера како студиска пејачка, пишува „Гардијан“. На почетокот на 1970-тите, заедно со ...

Младиот и сè попопуларен хрватски музичар Јаков Јозиновиќ ќе ја заврши годината со настап на едно од најатрактивните новогодишни места во регионот — Страдун во Дубровник. Иако главна ѕвезда на вечерта ќе биде Дино Мерлин, Јозиновиќ ќе ја загрее публиката со својот препознатлив настап, а на сцената ќе се појави и Хилсон Мандела, што ветува вечер исполнета со музика, енергија и забава до раните утрински часови. View this post on Instagram A ...

Синоќа, сцената на Националната опера и балет беше претворена во храм на сеќавањето и љубовта. Концертот „Летај галебе“, посветен на маестро Кире Костов, беше повеќе од вечер исполнета со музика – беше вечера со душата на еден човек што живее низ секој тон, секој стих, секој здив на публиката. Од првиот миг, кога музичарите се појавија на елегантната и топла сцена, во воздухот се почувствува нешто посебно. Како да ќе се случи чудо. И се ...

Само неколку дена по премиерата, новата песна „Najskuplja“ на Тијана Дапчевиќ веќе се вбројува меѓу најмоќните и најкоментираните регионални изданија. Со речиси 50.000 прегледи за рекордно кратко време, публиката ја прегрна како едно од најзрелите и најемоционалните поглавја во нејзината кариера. Баладата го носи препознатливиот печат на Тијана – силна вокална приказна, драматичен израз и доза на театрална сензуалност. Но овде таа оди чекор ...

Свечено и во присуство на претставници од книжевниот свет, читатели и медиуми, на 9 декември, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше доделена наградата „Пегаз“ за 2025 година на писателката Фросина Пармаковска за романот „Кривата Дијана“. Препорачано Ракописот „Кривата Дијана“ (со поднаслов „Роман за верижната вина“) е книга на актуелниот момент, кој трае повеќе од три децении во мерливо време, а многу подолго кога се мери со ...

На само два до три часа возење од Скопје, северозападно од Ниш, се наоѓа Хумска Чука – археолошко наоѓалиште со огромно историско и културно значење. Локалитетот, сместен кај селото Хум, претставува остатоци од праисториска населба што датира од неолитот, означувајќи го преминот од камено во метално доба. Поради природното возвишение и доминацијата над Нишката котлина, Хумска Чука била стратешки важна за контрола на регионот, од Сиќевачката ...

Скопје, 13 декември 2025 (МИА) - На сцената на Националната опера и балет вечер ќе биде изведено комичното оперско ремек-дело „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини кое со својата духовитост, динамика и незаборавни арии со децении ја плени домашната и светската публика. Изведбата е под диригентската палка на Џанлука Мартиненги (Италија), режијата е на Урсула Хорнер (Австрија), сценографијата на Марија Ветероска, а костимографијата на Марија ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
87%
1027
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
71%
1026
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1026
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.26
57%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.39
79%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 4ᴼ
0.42
73%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
71%
1025
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1026
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
3.6
76%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 0ᴼ
2.57
79%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.34
59%
1027
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 4ᴼ
5.66
70%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Сребро

2711.59

Бакар

11.73

Рутениум

47358.05

Калај

50.64

Алуминиум

3.42

Иридиум

231355.22

Цинк

3.24

Платина

68963.35

Кобалт

66.14

Родиум

372948.66

Злато

166253.76

Паладиум

51794.85