Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Утре нè очекува најголемото дерби на шпанскиот фудбал, дуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид на “Камп Ноу“, кој со децении ги собира најголемите ѕвезди на светскиот фудбал и го привлекува вниманието на милиони фанови ширум светот. „Ел Класико“, сепак, не е само судир на големи ривали на теренот, туку и споредба за огромни договори и милионски плати. Реал Мадрид и Барселона денес имаат едни од најскапите играчи во своите редови, а податоците што ...
Според раководителот на локалната агенција за спасување, Иван Рамдани, во потрагата учествувале најмалку 100 спасувачи, војска и полиција, како и два дрона, објави Ројтерс. Двајца Сингапурци и еден Индонезиец се водат како исчезнати. Началникот на локалната полиција, Ерлихсон Пасарибу, изјави дека преживеаните им кажале на истражителите дека три лица загинале во ерупцијата во петокот, но дека спасувачите сè уште официјално не ги потврдиле ...
HMS Dragon, разорувач за воздушна одбрана, беше испратен во источниот Медитеран во март, кратко по почетокот на војната со Иран, за да помогне во одбраната на Кипар. Неговото преместување на Блискиот Исток следи по потегот на Франција да ја распореди својата ударна група на носачи на авиони во јужниот дел на Црвеното Море, додека двете земји работат заедно на одбранбен план насочен кон враќање на довербата во трговската рута. Можни дејствија ...
Министерството за енергетика на САД соопшти дека 13,5 килограми ураниум се отстранети од Венецуела благодарение на „одлучното водство на претседателот Трамп“. Ураниумот бил складиран во истражувачки реактор во близина на главниот град Каракас, објавува Гардијан. Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека материјалот бил „безбедно транспортиран по копно и море од Јужна до Северна Америка“ по она што го нарече „сложена и ...
Утре од 21 часот се игра веројатно најголемото клупско дерби во светот на фудбалот, меѓу Барселона и Реал Мадрид. Не е тајна дека односите меѓу двата клуба се затегнати. Уште еден доказ за тоа е откажувањето на заедничкиот ручек на претставниците на Барса и Реал, поточно на претседателите Хоан Лапорта и Флорентино Перез, во пресрет на „Ел Класико“. Истиот нема да се одржи, така пренесуваат медиумите во Шпанија и тоа на барање на двајцата. Ова ...
Авион на „Фронтиер ерлајнс“ удрил и убил пешак на пистата на Меѓународниот аеродром во Денвер додека се подготвувал за полетување доцна во петокот навечер, потврдија властите. Инцидентот предизвикал краткотраен пожар во моторот, а сите 224 патници и членови на екипажот биле евакуирани од авионот, јавува Би-Би-Си. Според соопштението на аеродромот, лицето скокнало преку надворешната ограда и само две минути подоцна се нашло на пистата, каде ...
Ливерпул – Челзи 1:1 е исходот од попладневниот меч од 36.коло во Премиерлигата кој се одигра на „Енфилд“. Па така со ова реми “сините“ од Лондон конечно ја прекинаа црната серија од шест порази во низа во Премиерлигата. Иако е освоен само бод, сепак не е седми пораз, ако е за утеха на сите во Челзи. Инаку “Редси“ поведоа со голот на Гравенберг во 6.минута. Во тие моменти се чинеше дека составот на Арне Слот нема да има проблем да ја продолжи ...
Статуата висока речиси 23 стапки го прикажува Трамп со крената тупаница, во позата што ја зазел по обидот за атентат врз него во Батлер, Пенсилванија. На церемонијата на откривање во среда, скулптурата, поставена на пиедестал меѓу палми, беше облечена во бело-сина ткаенина што потсетува на грчка тога. На настанот присуствуваа неколку десетици гости, а од подиумот се обрати пасторот Марк Бернс, член на организацијата „Пастори за Трамп“, објави ...
Познатата комичарка (44) објави серија фотографии од својот новореновиран стан на Инстаграм на 7 мај, откривајќи мирен и воздушен простор со поглед на легендарниот резервоар во Централ Парк. Заедно со фотографиите, Ејми размислуваше за емотивната страна на преселбата. „Благодарна сум секој ден. Прекрасно е и полно со љубов. Знам, знам, но навистина е. Никогаш не сонував дека ќе живеам на вакво место“, напиша таа. Поглед што ви го одзема ...
Раководството на францускиот фудбалски клуб ПСЖ и шпанскиот главен тренер Луис Енрике се блиску до потпишување на нов договор, тврди новинарот Бен Џејкобс на социјалните мрежи. Новиот договор веројатно ќе биде на четири години. Се забележува дека договорот би можел да биде потпишан по завршувањето на сезоната, бидејќи Шпанецот во моментов е фокусиран на своите тековни задачи, вклучувајќи го француското првенство и Лигата на шампионите. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би можел да премести американски трупи од Германија во Полска, бидејќи Пентагон се подготвува да повлече околу 5.000 американски трупи од Германија во текот на следната година. „Полска би сакала да го стори тоа“, им рече Трамп на новинарите кога беше прашан за можноста. „Имаме одлични односи со Полска. Имам одлични односи со претседателот. Го почитувам многу, па затоа е можно“, додаде тој. ...
Според Orbital EOS, компанија која ги следи излевањата на нафта, дамката се проширила на површина од повеќе од 50 квадратни километри до четврток. Извештаите покажуваат дека нафтената дамка се движи кон југ и се приближува кон територијалните води на Саудиска Арабија. Сè уште не е познато што го предизвикало излевањето, кое е регистрирано покрај западниот брег на островот Харг. Експертите предупредуваат дека понатамошното ширење може да има ...
Позната е конечната одлука за тоа дали Иран ќе игра на Мундијалот. Имено Иранската фудбалска федерација денеска потврди дека националниот тим ќе учествува на Светското првенство во 2026 година, но во исто време побара од земјите домаќини – САД, Мексико и Канада – да ги прифатат нивните услови во контекст на војната на Блискиот Исток. Ова барање дојде откако Канада му забрани на претседателот на иранската федерација да влезе на Конгресот на ...
Неверојатно е тоа што се случува во БиХ, поточно во Сараево во врска со сликичките Панини. Од раните утрински часови, улиците на Сараево се преплавени со колекционери, кои во потрага по нови сликички ги „преплавија“ продажните места. Вработените во трафиките известуваат за неверојатни сцени, наведувајќи дека поединци купиле по 100 пакетчиња одеднаш, додека залихите од 500 пакетчиња исчезнале за помалку од еден час. Пребарувањето станало ...
Иако сеуште е далеку од тоа дека и официјално се враќа во Мадрид, сепак според медиумите во Шпанија, Жозе Мурињо има план како да ја среди ситуацијата во Реал Мадрид. Имено неговиот прв чекор бил „шут – карта“ за Винисиус. Се шпекулира дека „Специјалниот“ не можел да го смисли Бразилецот и дека тоа било еден од условите тој повторнио да го преземе најголемиот клуб во светот. И јасно е, кога веќе искочија вакви информации, веднаш почнаа да се ...
Досега, 102 патници и 13 членови на екипажот пријавиле симптоми на инфекцијата. Заразените најчесто се жалеле на стомачни проблеми, вклучувајќи дијареја и повраќање. Појавата се случила за време на крстарење кое трае од 28 април до 11 мај. Бродот моментално плови низ северозападниот Атлантски Океан до Пуерто Плата во Доминиканската Република и треба да пристигне во Порт Канаверал, Флорида, на 11 мај. На бродот има вкупно 3.116 патници и 1.131 ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, на прес-конференцијата пред гостувањето против Барселона зборуваше за моменталната ситуација во клубот како сè да е во ред, и ја опиша атмосферата во соблекувалната како – нормална. Арбелоа првично се обиде да го оправда судирот меѓу Валверде и Чуамени споредувајќи го со Крег Белами и Арне Рис. Ако се сеќавате, имаше судир во 2007 година во кој Белами го удри Рис со палка за голф. „Имав соиграч кој ...
Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, уште еднаш ја демонстрираше својата дарежливост со гест достоен за восхит. Тој одлучи да ја повтори својата иницијатива од минатата година и да награди 500 вработени во клубот со целосно финансирано патување на финалето на Лигата на шампионите против Арсенал во Будимпешта. Катарскиот бизнисмен има за цел да им обезбеди незаборавно искуство на луѓето кои работат во клубот и да ги награди за ...
Снимките што ги сподели Јужната команда на социјалните мрежи покажуваат темен објект сличен на брод пред да експлодира, проследен со столб од оган што се издига од океанот. Американската војска соопшти дека „веднаш ја известила крајбрежната стража на САД да активира систем за пребарување и спасување за преживеаниот“. Кампањата се спроведува од почетокот на септември Белата куќа во среда објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ...
Капитенот на Аргентина, освојувачот на Светското првенство, Лионел Меси откри кои други тимови ги смета за фаворити за освојување на Светското првенство во 2026 година, признавајќи дека некои од нив се во подобра форма. „Мора да разбереме дека има други фаворити кои се пред нас и ќе пристигнат во подобра форма. Франција повторно изгледа многу силно и има толку многу играчи од врвно ниво. Исто така и Шпанија и Бразил, кои не се во најдобра ...
Според анализа на ЦИА, Иран нема да почувствува сериозен економски притисок поради блокадата на неговите пристаништа од страна на САД до крајот на летото. Проценката, првично објавена од „Вашингтон пост“, сугерира дека притисокот на САД врз Техеран е ограничен бидејќи разговорите за прекин на конфликтот продолжуваат. На 13 април, САД воведоа поморска блокада на иранските пристаништа откако преговорите меѓу двете земји за прекин на војната, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп на совјата социјална мрежа „Truth Social“објави нова карикатура генерирана од вештачка интелигенција . Со сликата Трамп и се потсмева на администрацијата на неговиот претходник, Џо Бајден. Сликата го прикажува Бајден во пижами како спие на своето биро во Овалната соба, со стопен сад со сладолед пред него, честа референца на Трамп за омилениот десерт на поранешниот претседател. Трамп напиша со објавата: ...
Според неа, авионот што превезувал 442 килограми кокаин бил пресретнат на полиња во близина на градот Парахе, во северната покраина Вера. Пилотот и копилотот, двајцата боливиски државјани, се уапсени, како и уште шест лица поврзани со операцијата за трговија со дрога, објавува „Ла Насион“. Според извори од аргентинската федерална полиција (ПФА), припадниците на Одделот за борба против наркотици го пресретнале авионот „Цесна 210“ на ранчот ...
Ако до вчера имаше “само“ 31 милиони потписи на онлајн петицијата да Килијан Мбапе си оди од Реал Мадрид или “кралевите“ да се “ослободат“ од него, вечерва таа бројка достигна до повеќе од 52 милиони потписи. Ова говори многу за тоа што мислат фановите, посебно оние на Реал Мадрид за тоа како игра и како се однесува мега – ѕвездата посебно во последно време. Имено на Мбапе ова сезона која завршува му е втора меѓу “кралевите“ и сеуште нема ...
„Бомба“ од Мадрид. Реал Мадрид и дефинитивно тргнува по Жозе Мурињо. Тоа вечерва го пренесваат медиумите во Шпанија, како и добро упатените инсајдери во светот на фудбалот. Имено првиот човек на “кралевите“ веќе ги започнал преговорите со „Специјалниот“. Тоа значи само едно. Мурињо после 13 години се враќа на „Сантијаго Бернабеу“ и дека Бенфика ќе остане без еден од најдобрите тренери во историјата, барем според многумина. Во текот на ...
Борусија Дортмунд го потврди второто место во Бундеслигата откако славеше во воведниот натпревар од претпоследното 33. коло на домашен терен против Ајнтрахт Франкфурт со 3:2, продлабочувајќи ја серијата лоши резултати на овој тим на „Сигнал Идуна Парк“. Иако традиционално лошо се снаоѓаат во Дортмунд, гостите од Франкфурт поведоа во втората минута, бидејќи Јилмаз Џан Узун постигна гол во втората минута. Секако дека тоа беше шок за домашните ...
Снимките и фотографиите од ерупцијата на островот Северни Молуки покажуваат дека вулканот исфрла столб од пепел што се протега до 10 километри. Трите жртви биле дел од група од 20 сингапурски и индонезиски државјани кои пешачеле и покрај забраните. Спасувачите на крајот ги лоцирале останатите од групата и ги евакуирале од планината. Вулканот еруптирал повеќе од 200 пати од март минатата година. Службите претходно издале предупредувања против ...
Откако дозна дека е драконски казнет со 500.000 евра по тепачката со Федерико Валверде, се огласи и Аурелион Чуамени. Имено е познато дека во средата и четвртокот овие двајца биле вклучени во тепачки на тренинзите на Реал, по што Уругваецот заврши во болница на шиење. Еве што во јавното извинување кажа Французунот: „Она што се случи оваа недела на тренинг е неприфатливо. Го кажувам ова со пример што мора да им го дадеме на младите луѓе, без ...
Серијата се занимава со американската историја на комичен начин преку серија скечеви, пишува Just Jared. Обама за соработката со Дејвид Во најавата за серијата, поранешниот претседател Обама хумористично опиша како е да се работи со Дејвид. „Седев спроти масата на некои од најпребирливите светски лидери и се справував со некои од најтешките глобални проблеми“, вели Обама. „Но, ништо не можеше да ме подготви за работа со Лари Дејвид“. Скечеви ...
Централната команда на Соединетите Американски Држави (CENTCOM) денес објави дека американските сили онеспособиле три танкери под иранско знаме во Оманскиот Залив, велејќи дека бродовите се обиделе да влезат во иранските пристаништа и покрај блокадата на САД. Според соопштението на CENTCOM на социјалната мрежа X, американската морнарица ги онеспособила танкерите „M/T Sea Star III“ и „M/T Sevda“ пред да влезат во иранско пристаниште во ...