Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро денес беше опериран во болница во главниот град Бразилија, соопшти неговото семејство. Болсонаро беше опериран поради хернија, а интервенцијата траеше три и пол часа и помина без компликации, објави АП. Поранешниот претседател, кој беше хоспитализиран вчера, од ноември отслужува 27-годишна затворска казна за обид за државен удар по изборите што ги загуби, потсети агенцијата. Болсонаро доби ...
Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски денеска на средба со новинарите изјави дека повеќе од 10 години е одлучено да се зголемат цените за основниот специјалистички пакет, и за интернистички пакет. Клековски појасни дека специјалистичкиот преглед досега беше 380 денари. „Зголемувањето сега е на 720 денари“, изјави Клековски, и додава: „Нето ефектот на оваа одлука за здравствените установи ќе биде околу ...
Со блокада на крстосницата на булеварот „Борис Трајковски“ и булевар „Србија“ во Скопје, вечерва се одржа протест во организација на Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“. Учесниците на протестот бараа надлежните да најдат решение со проблемот со загадувањето во Скопје, како што велат, предизвикано од Цементара Усје. Бараат дислокација на фабриката надвор од градот. На блокадата беа истакнати и неколку пароли „Воздухот наш за профитот ваш“, ...
Хеликоптер се урна на планината Килиманџаро во Танзанија, при што загинаа пет лица , соопшти денес цивилната воздухопловна управа, додека локалните медиуми објавија дека леталото било на мисија за медицинско спасување. Водич и лекар, двајцата од Танзанија, пилот од Зимбабве и двајца туристи од Чешка загинаа, соопштија Националните паркови на Танзанија. Хеликоптерот се урна вчера во близина на кампот Барафу на планината, соопшти Управата за ...
Полицијата во малата држава Лихтенштајн, истражува мистериозен случај откако вчера биле пронајдени безживотни тела на четири члена од исто семејство. Шокантниот инцидент што го потресе малото кнежество, започна со откривање на бреговите на Рајна, а потоа доведе до уште пострашно откритие во стан во Вадуц. Се започнало во средата наутро, околу 10:30 часот кога тело на маж на 41 година било пронајдена на швајцарската страна од реката Рајна, ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека Советот на Град Скопје едногласно го усвои Буџетот за 2026 година. Напомена дека буџетот е донесен без ниту еден глас против. „Буџетот за 2026 година е доказ дека кога има ред, визија и работа, ќе има и резултати. Сакам искрено и од срце да се заблагодарам на сите советници кои го поддржаа. Основниот Буџет на Град Скопје изнесува 5.201.600.000 денари, што претставува зголемување ...
Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши заедно со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, оствариja работна средба со министерот за правда, г. Игор Филков, на која се разговараше за Изборниот законик. Договорено е до втората половина на јануари, Министерството за правда да формира работна група која ќе пристапи кон подготовка на Изборен законик, а во која ќе бидат вклучени по двајца Претседателот на Собранието, г. Африм ...
Денеска, претставници на Единицата за интервентна полиција ги посетија дечињата кои се лекуваат на Одделот за детска хирургија при Клиничкиот центар, при што им беа врачени новогодишни пакетчиња со желба да им се внесе барем малку радост и насмевка во овие празнични денови. Со оваа хумана активност, Единицата за интервентна полиција уште еднаш ја покажа својата грижа и човечност, докажувајќи дека полицијата е тука не само за безбедноста, туку ...
Продолжуваат обвинувањата на Коалицијата ВЛЕН за, како што велат, манипулации со цената за изградба на салата на Општинскиот совет во Гостивар. Според нив, поранешниот градоначалник Арбен Таравари и поранешниот вршител на должноста Валбон Лимани го злоупотребиле општинскиот буџет. -Салата на Општинскиот совет, која технички и функционално можела да се изгради со максимален трошок од 50 илјади евра, е изградена со скандалозна цена од околу 750 ...
Пред судницата роднините на загинатите изјавија дека се сомневаат во начинот на кој целиот случај го водел Јавното обвинителство откако во јавноста се појавија информација дека причина за смртта не е само задушување со јаглерод моноксид. Тие прашуваат дали Јавното обвинителство ги истражило точните причини поради кои настапила смртта кај нивните деца по наодите од Институтот за хемија за постоење на цијанидни гасови. -Фактот што државните ...
Законот за правична и соодветна застапеност, со неколку мали доработки предложени од Венецијанската комисија, го подготвува Владата пред да биде доставен до Собранието во 2026 година. Но, на пратеничките прашања во последниот четврток од годината, ова прашање стана тема на дебата меѓу власта и опозицијата. Пратеничката од ДУИ, Рина Ајдари, му постави прашање на премиерот зошто Балансерот бил укинат уште во првите денови од мандатот на ...
Веќе неколку дена кружат гласини дека Фатмир Лимани е незадоволен од развојот на настаните во Движењето БЕСА. Пред неколку дена, претседателот на БЕСА, Билал Касами, заедно со пратеничката Валбона Адили Емини, одржа состанок со партискиот огранок во Кичево, на кој Фатмир Лимани не присуствуваше. Но Касами вели дека тоа не претставува никаква загриженост. -Ние сме во комуникација со сите министри и сите функционери кои се во рамки на ВЛЕН и ...
Преку ова писмо упатено до Собранието, вработените и двајцата преостанати заменици на Народниот правобранител апелираат за итно решение за, како што го нарекуваат, безизлезната ситуација во која се наоѓаат од јули месец. Претходно веќе доставувале известувања до Собранието, но не добиле одговор. „Вработените во институцијата на Народен правобранител во моментов не се во можност да ги остварат поголемиот дел од правата кои произлегуваат од ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) најави нови мерки за контрола на препишувањето на лекови, со посебен акцент на антибиотици и анксиолитици. Генералниот директор на ФЗО, Сашо Клековски, истакна дека минатата година вреднувањето на матичните лекари било зголемено, а сега се очекува и поголема одговорност од нивна страна, вклучувајќи придржување до казнената политика доколку се надминат квотите за пропишување на овие лекови. „Имаме ...
Лука Модриќ, Јошко Гвардиол и селекторот на Хрватска, Златко Далиќ испратија видео порака со честитки до Гоце Седлоски кој е назначен за селектор на Македонија. Како што е познато Седлоски остави длабока трага во Динамо Загреб како играч и тренер, но воопшто и во Хрватска важи за големо фудбалско име. Гоце Седлоски пред неколку дена е назначен за селектор на Македонија, а својот прв меч ќе го има во март против Данска, во полуфиналето во ...
Граѓаните побарале дислокација на цементарницата „Усје“, и институциите меѓу кои и Градот Скопје, се должни да им овозможат здрав живот, изјави советникот Марјан Калевски од иницијативата „Зелен и хуман град“ на денешната седница на Советот. – Градот Скопје е институција и има обврска тоа да им го овозможи на граѓаните. Ве молам уште еднаш, оваа точка да се стави на дневен ред, бидејќи има итна потреба. Загадувањето е сега, не треба да биде ...
Во изминатите година и половина наставниците ја добиваат потребната грижа од државата. Владата и Министерството за образование и наука обезбедија повисоки плати за 12% и тие ќе продолжат да растат во процент кој ќе зависи од степенот на инфлација. Договорот кој го потпишавме со СОНК предвидува во следните три години да има покачување помеѓу 7,5 до 10% годишно, додека во четвртата година покачување ќе биде помеѓу 10 и 12%. Ова го истакна ...
Енергетската криза и зголемувањето на цената на струјата беа темите со кои започнаа пратеничките прашања на денешната собраниска седница. Претседателот на СДСМ, пратеникот Венко Филипче, го праша премиерот зошто и по речиси две години владеење не е направено ништо за зајакнување на енергетскиот сектор за производство на струја, зошто не се произведува со максимални капацитети, поради што сега увезуваме скапа струја и прогласуваме кризна ...
Денеска Муамет Хоџа стапи на функцијата министер за животна средина и просторно планирање, со што ги презеде надлежностите и одговорностите за раководење со ресорот задолжен за заштита на животната средина, одржливиот развој и просторното планирање во државата. На првиот работен ден, министерот Хоџа оддржа работна средба со заменик министерката, Ане Лашкоска, со раководниот тим во Министерството, при што беше информиран за тековните состојби, ...
Поранешниот економски директор на тетовската болница, Артан Етеми, ќе поднесе жалба до Врховниот суд, додека поранешниот медицински директор Флорин Бесими ќе ги искористи сите правни средства за да ја докаже неправдата. Двајцата осудени за пожарот во модуларната болница во Тетово се решија на ваков чекор откако Апелациониот суд во Гостивар им ги одби жалбите на пресудите од по 1 година и 6 месеци затвор и, по жалбата на Обвинителството и ...
На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговараше на прашање посветено на изборот на в.д. државен јавен обвинител и очекувањата од сферата на обвинителството во идниот период. Мицкоски посочи дека од информациите кои ги има, процедурата за избор на државниот обвинител во Собранието треба да заврши за 2 месеци. Критериумите за избор, според Мицкоски, се донесени ...
На 24.12.2025 во 08:35 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, ги лишија од слобода Н.Р.(41) и И.Р.(41), двајцата од Скопје. При контрола во товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р., а сопатник бил И.Р.-полициски службеник во ...
По повод новогодишните и божиќните празници, компанијата Мастербет реализираше хуманитарна донација од близу 400 новогодишни пакетчиња, наменети за поддршка на хуманитарните активности на Црвениот крст. Меѓу активностите кои се спроведоа со поддршка на Мастербет беше активноста на Клиниката за детските болести каде беа поделени новогодишни пакетчиња на децата кои се лекуваат во оваа здравствена установа. „Со оваа донација, даваме конкретен ...
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против против А.С.(64) од с.Ростуше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на службената положба и овластување“. Во периодот од 2024 до 2025 година, пријавениот како директор во основно училиште во с.Ростуше, ја злоупотребил службената положба и овластување на тој начин што овозможил вработување на несоодветен кадар, односно нестручни наставници кои ...
Кумановци, кои во изминатите години работеле во Авганистан и Ирак, за утре на Мал плоштад најавија неколкучасовен протест. Собирот ќе се одржи од 13 до 15 часот, но како што велат ќе биде без блокирање на улици. Велат дека ова не е протест против државата, туку за правда. Причината за нивното незадоволство е најавеното оданочување на приходите од странство, односно од 2020-та година. Тие тврдат дека за приходите кои ги добиле, веќе бил платен ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна граѓаните треба да ја знаат вистината дека владата на ДУИ и СДСМ каде прв вицепремиерот беше Артан Груби препорача да се укине балансерот и за тоа ДУИ им должи извинување пред сè на граѓаните Албанци, а Законот за правична застапеност кој го изготви оваа влада доби позитивна препорака од Венецијанска комисија, а одлуките на комисијата се ...
На 24.12.2025 во 15:30 часот во ОВР Гостивар, 52-годишник од гостиварско село пријавил дека во периодот од 25.10.2025 до 31.10.2025 бил измамен од едно лице за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, тој на социјална мрежа забележал реклама од странска банка, по што преку линк аплицирал за кредит, а по извесно време преку социјални мрежи започнал комуникација со лице кое се претставил како претставник на банката и кој му побарал документација ...
ЈСП ги потсетува корисниците на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз дека неопходно е да го продолжат/заверат билетот за 2026 година. Продолжувањето/заверувањето на билетот започнува од денес (25.12.25), и се врши во било кој центар за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот кој треба да достави потврда за редовен студент издадена од акредитирана високообразовна установа, оригинал индекс со ...
Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ алармира за сериозен јаз меѓу институционалните тврдења и обдукциската документација, што отвора прашања дали вистинската причина за смртта на жртвите во клубот е соодветно утврдена. Иако Основното јавно обвинителство (ОЈО) се повикува на анализи од Институтот за хемија и МВР кои ја потврдуваат веројатноста за присуство на цијанидни гасови при согорувањето на материјалите, семејствата тврдат дека ...
На 24.12.2025, со брза размена на информации преку SELEC Центарот со Бугарската генерална дирекција за борба против организираниот криминал и Царинската агенција на Бугарија, Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција спречи случај на нелегален транспорт на оружје од Република Турција преку Република Бугарија за Македонија. Имено, во текот на ноќта ...