Од утре, 23 април, па сè до 29-ти, во арената „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи Саемот на книгата, на кој годинава се очекува да учествуваат околу 65 издавачки куќи од земјата и од странство. Според организаторите, саемот ќе понуди нови наслови, автори, како и професионални активности и панел-дискусии. На настанот ќе учествуваат и меѓународни претставници од Велика Британија, Грција и регионот. Настанот се одржува под мотото „Отвори ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека потврдите за платените санкции од сообраќајниот систем „Безбеден град“ кои ги платиле во банка или електронски, нема потреба да ги носат во полициска станица. Системот на МВР автоматски е поврзан со системот на Министерството за финансии, а притоа граѓаните се должни при уплатата да ја пополнат уплатницата како во правната поука на записникот, а тоа значи дека треба точно да се ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, учествуваше на симулациска вежба за кандидати за полицајци од генерацијата 2025/2026 во Центарот за обука во Идризово. За време на вежбата, кандидатите демонстрираа тактички дејствија како што се одговор на аларм, формации на движење и интервенции за воспоставување јавен ред. Според Министерството за внатрешни работи, двонеделната обука има за цел зајакнување на практичните вештини и целосна ...

Скопјанката Ирена Нелковски, на социјалната мрежа „Фејсбук“ објави видео како била нападната од глутница кучиња на кејот на реката Вардар. „Вака почна, навидум безбедно, со селфиња и клипчиња за на инста, тик ток и фб, со уживање во природа на кеј, урбана средина, милина. Среда 22 април 2026 година, околу 7 часот наутро, реон велосипедска патека по кеј на потег од адреналински парк во Карпош 4 до Александар Палас. Со велосипед одам на работа ...

Иако нацрт-законот за фер и соодветна застапеност не предвидува казнени мерки, вицепремиерот Беким Сали вели дека тој ќе биде почитуван, објави ТВ21. Сали рече дека гарант е Владата. „Ние сме гаранти за ова, што значи дека Законот ќе се почитува и дека ќе се спроведува фер и соодветна застапеност во административниот систем на оваа држава. Секако, Законот предвидува формирање или креирање на подзаконски акти, кои по потреба можат да се ...

Со 67 гласа за и 13 против сите од опозицијата Собранието ја утврди потребата од донесување на измени на законот за Влада со што се предлага укинување на Пржинската односно техничката влада. Од СДСМ бараат измените да бидат донесени со консензус исто како и кога претходно беше усвоени, а не како што сега е предложено по скратена постапка. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски рече дека токму по барање на Христијан ...

На 21.04.2026 во 12:30 часот во ОВР Прилеп, осуденик од Kазнено– поправната установа Затвор Прилеп пријави дека бил измамен од К.К. за сума од 890.000 денари. Според пријавеното, пред околу два месеци, K.K. го довел во заблуда дека ќе му помогне да му се намали затворската казна, a за возврат од него ги побарал и добил парите во неколку наврати. Но, откако сфатил дека бил измамен, настанот го пријавил во полиција. Се преземаат мерки за ...

Во секоја четврта компанија низ земјава, каде што влегле Пазарните инспектори, откриле неправилности и незаконско работење. За една недела при 509 надзори, биле издадени 124 казни вредни над 58.000 евра. Најмногу се прекршувале Законот за трговија и тој за Финансиска дисциплина. „Најмногу надзори се спроведени по Закон за трговија, извршени се 166 надзори, издадени се 47 прекршочни платни налози. За Закон за заштита од пушење, извршени се 21 ...

Во рамки на вежбата „Блесок 26“, на армискиот полигон „Криволак“, тактичките активности на единиците на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) продолжуваат со зголемен интезитет, при што на терен се реализираат сложени сценарија кои бараат брза адаптација и координирана реакција од страна на учесниците на вежбата. „ЛПБГ спроведува активности во услови на различни симулирани тактички дејствија, со што се оценува нивната способност за ...

Управа за јавни приходи ги потсетува сите даночни обврзници кои имаат обврска да поднесат даночна пријава за данок на додадена вредност – образец „ДДВ-04“, дека законскиот рок за поднесување на пријавите за даночните периоди 01.01.2026 – 31.03.2026 година и 01.03.2026 – 31.03.2026 година е 25 април 2026 година. Со оглед на тоа што 25 април 2026 година е неработен ден, крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите се поместува на 27 април ...

Со мнозинство гласови, Собранието денеска ја помина првата фаза од законодавната постапка за изменување на Законот за Владата на Република Македонија, при што беше утврдена потребата предлог-законот да се носи по скратена постапка. За одлуката гласаа 67 пратеници „за“, 13 беа „против“, а немаше воздржани, со што предлогот ја доби потребната поддршка за натамошна собраниска процедура. Со предложените измени се предвидува создавање услови за ...

Пред повеќе од една година, на македонскиот пазар се појави нов играч со јасна визија: да докаже дека наплатата на побарувања може да биде истовремено ефикасна, професионална и етичка. Денес, Националната агенција за наплата (НАН), горда членка на Flex Group, со гордост ги слави резултатите одбележани со петкратен раст на сите полиња. Раст заснован на доверба: Како НАН за 18 месеци петкратно ги зголеми своите оперативни капацитети . Кога НАН ...

Во гостиварскиот регион е регистрирана тешка работна несреќа во која животот го загуби 48-годишен маж од Тетово, за време на изведување градежни работи на приватен објект. Како што информираат надлежните, инцидентот бил пријавен на 21 април 2026 година во Полициското одделение Галате, по што интервенирале полициски и други служби. Според податоците од СВР Тетово, несреќата се случила во селото Градец, при изведување работи на кран на приватна ...

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во западните и јужните делови. Поради продор на постуден воздух на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со повремени врнежи од ...

Во врска со информациите што се појавија за повлекување на одреден производ за бебиња во неколку европски земји, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира за состојбата на домашниот пазар. АХВ соопштува дека засега нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF) дека во Северна Македонија е пласиран небезбеден производ храна за бебиња од брендот HiPP, во стаклено ...

Во тешка сообраќајна несреќа во близина на Малко Трново, недалеку од границата со Турција, животот го загубија две лица, а 16 се повредени, јавуваат бугарските медиуми. Според првичните информации, станува збор за украински автобус кој се движел со 37 патници и двајца возачи. Возилото наводно застанало на патот откако останало без гориво, по што патниците биле изведени надвор и се наоѓале во близина на автобусот. Во еден момент, автобусот ...

Европските берзански индекси денеска бележат претежно благ раст, откако американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи двонеделното примирје меѓу САД и Иран. Во меѓувреме, цената на нафтата Брент се движи околу 98 долари за барел. Трамп во објава на својата социјална мрежа Truth Social наведе дека примирјето, кое претходно требало да заврши во среда, ќе трае сè додека иранските лидери не достават заеднички предлог за завршување на војната ...

На 21.04.2026 во 11:00 часот во парк во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода Б.Х.(51) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Подоцна, со наредба од Основен суд Охрид, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка со рамка со 20 куршуми, пиштол ...

Игор Стефановски Иџе викендов од Австрија ја стартува новата сезона во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC), најпрестижното натпреварување во оваа дисциплина. Стартот е на легендарната патека Рекберг, каде македонскиот ас влегува со дополнителен мотив, одбележува 25 години тркачка кариера. Трикратниот европски шампион продолжува да испишува историја, овојпат поради јубилејот, со нова енергија, брзина и амбиција. „Летечкиот ...

Жителите на дел од општина Центар денеска ќе останат без вода поради планирани интервенции на водоводната мрежа, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје. Како што појаснуваат од претпријатието, санацијата на дефектот на улицата „Црвена Вода“, која претходно беше одложена, ќе се реализира денеска. Прекинот во водоснабдувањето на оваа локација започнува од 09:00 часот и ќе трае сè до завршување на интервенцијата, при што без вода ќе ...

Граѓаните кои имаат неплатени сметки за комунален отпад ќе можат во наредниот период да ги подмират своите обврски под поволни услови, без дополнителни трошоци за камата. Како што соопштува ЈП Комунална хигиена-Скопје, станува збор за акција наменета за корисниците со заостанати долгови евидентирани преку ЈП Водовод и канализација-Скопје, по основ на неплатени сметки за собирање и транспортирање на комунален отпад. Со оваа мерка, на граѓаните ...

Германскиот авиопревозник Луфтханза најави значително кратење на летови во текот на летната сезона, при што ќе бидат укинати околу 20.000 летови на кратки релации. Одлуката доаѓа како дел од мерките за намалување на трошоците, во услови на нагло поскапување на авионското гориво. Авиокомпанијата се соочува со зголемен финансиски притисок, кој не е изолиран случај. Имено, голем дел од европските авиопревозници бележат раст на оперативните ...

Овен Овој ден ви носи топлина во домот и во односите со блиските луѓе. Може да почувствувате поддршка или да ја најдете во семејството. Позитивниот пристап ви помага да се смирите. Бик Комуникацијата е полесна и попријатна. Разговор со блиска личност може да донесе олеснување или нова перспектива. Денот носи убави моменти преку зборови. Близнаци Фокусот е на стабилноста и на практичните работи. Денес може да се појави можност што ќе ви ...

Еден ден по известувањето на ТВ21 дека возилата остануваат блокирани на паркинзите на приватните шпедиции низ целата земја, Царинската управа се враќа на стариот метод за проценка при царинење. Иако веќе пет дена не функционира онлајн системот на германскиот оператор „Шваке“ за Македонија, според надлежните, овој проблем се очекува да продолжи до крајот на неделата. Затоа, Царината потврдува за ТВ21 дека од денеска проценката на вредноста на ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека Соединетите Американски Држави ќе го продолжат примирјето со Иран, но и дека ќе продолжи блокадата на иранските пристаништа. Одлуката за одложување на евентуален напад е донесена на барање на пакистански претставници, додека се чека единствен предлог од иранското раководство за трајно решавање на конфликтот. Иако претходно имаше нејаснотии околу точниот рок на истекување на примирјето, Трамп ...

Тројно убиство ја потресе Подгорица, откако синоќа во населбата Стари Аеродром беа пронајдени три тела на возрасни мажи. Полицијата потврди дека станува збор за насилен чин извршен со ладно оружје и започна интензивна потрага по осомничениот. Според официјалните информации, идентитетот на жртвите е познат, а првичните наоди укажуваат дека мотивот не е поврзан со криминални групи, туку со лични расправии. Неофицијално, дел од медиумите ...

Грчките власти одлучија да ги ослободат британските туристи од примената на новиот систем на Европската унија за регистрација на влез и излез (EES), со цел да се намалат толпите и да се олесни пристигнувањето на посетителите пред летната туристичка сезона, објавија денес британските медиуми. Според Грчката национална туристичка организација, мерката има за цел да обезбеди „побрз и поефикасен влез“ за британските државјани, значително ...

Десетина студенти со незавршени соодветни додипломски студии биле незаконски запишани на магистерски и докторски студии на Филозофскиот факултет. Скандалот го откри Просветниот инспекторат кој донел решенија за поништување на уписите поради неисполнување на законските услови. А го потврди и министерката за образование Јаневска. Таа го чека извештајот на Факултетот за да донесе конечно решение. А студентите, поради прекинот во студиите се ...

Поранешниот член на работната група за Законот за правична и соодветна застапеност, Мерсим Максути, во синоќешното издание на „Click Plus“ изјави дека законот има сериозни недостатоци, што го натерало и да се повлече од оваа работна група. Забелешките на Максути се дека законот не предвидува санкции, не ги организира јасно институциите и не нуди сигурни механизми за практична примена. Според него, предвиденото координативно тело има повеќе ...

Владата на Република Северна Македонија, на предлог на Министерството за економија и труд, во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, донесе пакет одлуки со цел стабилизирање на пазарот на ѓубрива, заштита на земјоделците и обезбедување континуирано снабдување во пресрет на земјоделската сезона. Овие одлуки се донесени согласно Законот за трговија, а врз основа на претходно направена анализа од страна на ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.66
34%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.34
81%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
82%
1015
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.54
43%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.56
37%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
79%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.92
49%
1014
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.78
36%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.49
47%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.58
49%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.61
54%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Бакар

13.10

Паладиум

42535.44

Платина

57324.78

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.46

Калај

53.60

Сребро

2269.46

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Злато

139690.59