СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.Т.(62) и А.Г.(56), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување службена исправа“ и „несовесно работење во службата“. Првопријавениот изготвил Уверение за извршена обука за безбедност и здравје при работа на лице кое според списоците за присутност воопшто не учествувало на обуката која била спроведена на истиот ден на вработените во Јавното ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(44), М.А.(39) и Г.Ш.(25), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „измама“. На 16.12.2024, пријавените се обиделе со лажно прикажување факти да измамат полициски службеници од сообраќајна полиција. Имено, тие се договориле и во круг на автоперална на ул.„Маршал Тито“ во Тетово фиктивно ги судриле возилата „бмв“ со швајцарски национални ознаки и „бмв“ со тетовски ...

Работиме за Македонска пошта како државна пошта конечно да ја издигнеме со квалитет и да обезбедува најквалитетни услуги на пазарот. Иако Македонија ја следи европската пракса за регулација на поштенскиот пазар, таквата работа создава главоболка во услови кога државната пошта како општествена компанија реализира услуги кога никој друг тоа не го прави. Затоа Владата ќе донира 100 нови возила за Пошта, а се размислува за законски измени со кои ...

Видеолотарија Касинос Австрија како членка на Европската и Светската Асоцијација на лотарии, и годинава безрезервно ја поддржа кампањата за одговорно дарување, со цел зголемување на јавната свест за ризиците од вклучување на лица под 18 години во игрите на среќа. Кампањата за одговорно дарување ја организираат Националниот совет за проблеми со коцкање (NCPG) и Meѓународниот центар за младински проблеми со компулсивно играње и проблематични ...

Во деновите кога светлата се палат порано, а надвор студот нè потсетува да забавиме, домот станува повеќе од простор. Тој станува прибежиште. Место каде времето тече побавно, каде се собираат мислите, плановите и најубавите празнични мигови што остануваат во сеќавање. Кога размислуваме за домот, најчесто се фокусираме на тоа како ќе изгледа животот во него. Помалку на самиот процес што води до таа цел. Токму таму, често се појавуваат трошоци ...

Министерството за финансии продолжува со редовна исплата и реализација на доставените налози од буџетските корисници, кои што согласно насоките ги доставуваа налозите до 15 декември 2025 година. Преку трезорот во изминатите неколку денови се реализирани исплати за субвенции за зелена нафта, субвенции за овчарство, средства за коридорите 8 и 10 д, исплата на две транши кон Развојната банка за домашните компании, средства за примарна ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на форумот на повратници во државата што се одржува во Владата, порача дека нивното враќање е порака дека Македонија не е заборавена, корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува. Во продолжение целата изјава: „Денес зборувам пред луѓе кои носат посебна тежина во ова општество. Луѓе кои ја знаат татковината и одвнатре и однадвор. Луѓе кои заминале, не затоа што сакале да ја напуштат ...

Поранешниот министер за внатрешни работи и екс-директор на Агенцијата за разузнавање, Наќе Чулев преку својот Фејсбук профил соопшти дека по долга судска битка успеал да докаже дека неговиот прогон бил политички мотивиран. Како што вели, судовите во Македонија донеле пресуди со кои се утврдува дека одземањето на неговиот безбедносен сертификат и неговото отстранување од работа биле незаконски. Чулев истакна дека по 25 години чесна служба во ...

Откако минатата учебна година беше зголемен бројот на ромски образовни медијатори во основното образование од 40 на 50 лица кои им помагаат на младите Роми да се вклучат во воспитно – образовниот процес и да нема осип на ученици од училиштата, оваа година за прв пат, Министерството за образование и наука воведе ромски образовни медијатори и во средното образование. Преку јавен повик беа одбрани 20 лица кои ќе работат со средношколци од ...

На 23.12.2025 во 14:20 часот на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.З.(52) од Тетово. При извршена контрола во неговиот продажен објект, биле пронајдени и одземени разновидни пиротехнички средства, за кои не поседувал никакви документи. Исто така, во 16:30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар, кај Градскиот пазар во Гостивар, го лишија од слобода Ј.М.(64) од Тетово затоа што бил затекнат ...

Зимската приказна оваа година добива посебен сјај во Кичево и Тетово, каде празничното украсување внесе топлина и радост меѓу граѓаните. За прв пат досега, Кичево блеска во волку раскошно предновогодишно руво. Централниот дел на градот е трансформиран во магичен амбиент исполнет со илјадници светла, кои создаваат атмосфера на заедништво и надеж. Градоначалникот Александар Јовановски ја сподели оваа радост со своите сограѓани, нагласувајќи ...

Фондацијата д-р Верица Механџиска и Зегин доделија 14 стипендии за студентите запишани во прв и втор интегриран циклус на студии на Фармацевтскиот факултет при универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Стипендиите се насочени кон поддршка и охрабрување на идните професионалци во фармацевтските науки. Фармацевтите играат витална улога во здравствената заштита. Тие обезбедуваат безбедна употреба на лекови, ги поддржуваат лекарите и ги ...

Зголемен е процентот на отчитување на броилата на 95% на три месечно ниво (на 90% на месечно ниво), таргетирани се 10.000 потрошувачи кои во последните две години имале приговори или поплаки во врска со фактури и со нив е почната етапна телефонска комуникација – ова се дел од сетот на активни мерки што по налог на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги презеде операторот на ...

На 75. седница на Собранието денеска на дневен ред е и изборот на новите министри за европски прашања и животна средина и просторно планирање. Прва точка на дневниот ред е разрешување на Орхан Муртезани од функцијата министер за европски прашања. За нов вицепремиер и министер за европски прашања е предложен сегашниот пратеник и поранешен министер за здравство, Беким Сали. Изборот на новите членови во Владата дојде по локалните избори, откако ...

На 23.12.2025 во 15:10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(24) од Скопје затоа што на крстосница на бул.„Никола Карев“ со ул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, регулирање на сообраќајот за време на протест. Полицискиот службеник е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му се ...

„ТОКИО Електрик Пауер“ (ТЕПКО) планира да ја рестартира првата единица од својата нуклеарна централа Кашивазаки-Карива, најголемата во светот, на 20 јануари следната година, изјави претседателот на компанијата Томиаки Кобајакава. Оваа недела, префектурното собрание во Ниигата, регионот каде што се наоѓа централата, даде зелено светло за делумно рестартирање на централата Кашивазаки-Карива. Ова ќе биде прв таков случај за ТЕПКО по топењето на ...

Црната кутија и снимачот на гласови беа пронајдени во среда наутро од пилотската кабина на остатоците од приватниот авион што се урна во близина на турската престолнина Анкара еден ден претходно, при што загинаа началникот на либиската армија и другите патници, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Јерликаја им изјави на новинарите дека остатоците од авионот покриваат приближно три квадратни километри (околу 1,16 ...

После студените утра во изминатите неколку денови, денеска немаше место со минусна температура низ земјава. Најстудено беше во Тетово, Крушево, Лазарополе и Маврови Анови, каде беа измерени два степени. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС): 2 Тетово, Kрушево, Лазарополе, Mаврови Анови, 3 Скопје-Зајчев Рид, 4 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Велес, 5 Струмица, Штип, Куманово, Берово, Виница, Кавадарци, 6 Прилеп, Охрид, Претор, 7 Битола, 8 Демир ...

Двајца полицајци и уште едно лице загинаа во експлозија на автомобил во Москва, соопшти рано утрово рускиот Истражен комитет, кој истражува сериозни кривични дела. Властите претходно соопштија дека експлозијата се случила во близина на местото каде што оваа недела беше убиен висок руски генерал, генерал-потполковник Фанил Сарваров , објави „Гардијан“ . Снимките емитувани на руската телевизија покажаа оградена област и десетици полициски ...

Овен На овој ден, вашиот фокус нагло се префрла од професионалните амбиции кон домашната удобност, иако внатрешната напнатост не стивнува веднаш. Важно е свесно да го „исклучите“ работниот режим пред попладневните часови. Бидете трпеливи со постарите членови на семејството; нивната бавност не е провокација, туку ритам што треба да го почитувате. Вечерта носи мир. Бик Вие сте во вашиот елемент кога станува збор за создавање убавина и ...

Облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а ...

Музејот Лувр во Париз постави метални решетки на прозорците на галеријата Аполо, каде што крадци провалија и украдоа накит од колекцијата на Наполеон во октомври. Службеникот на музејот, Франсис Штајнбок, рече дека тоа е една од итните мерки усвоени по грабежот, објави списанието „Баронс“. Тој додаде дека раководството на музејот се обврзало да ја спроведе мерката до крајот на оваа година. Според службеникот, се разгледува и обезбедување на ...

Остатоците од приватниот авион што леташе за Триполи, во кој се наоѓаше началникот на Генералштабот на либиската армија, кој го изгуби контактот кратко по полетувањето од Анкара, се пронајдени јужно од турската престолнина, изјави во вторник турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Остатоци од деловниот авион „Фалкон 50“, кој полета од аеродромот Есенбога во Анкара на пат кон Триполи, беа пронајдени од страна на жандармериски ...

На популарната страна Flightradar каде може да се следат авионските летови, сега може да го следите и движењето на санката на Дедо Мраз, а се чини дека светот со големо внимание го следи најважниот лет во годината. Според податоците, летот со ознака SANTA1 е активен и во моментов се наоѓа во воздушниот простор над Гренланд. Овој несекојдневен лет привлече огромен интерес кај интернет-корисниците, при што над 39.000 луѓе во живо ја следат ...

Познатиот португалски фудбалер Кристијано Роналдо се почасти себеси и своето семејство со раскошен божиќен и новогодишен подарок. Според светските медиуми, Кристијано Роналдо и неговата партнерка Џорџина Родригез купиле две вили на изолирани острови во Црвеното Море, откако наводно се заљубиле во природната убавина на областа, која често ја посетувале во минатото. 🚨 Cristiano Ronaldo and Georgina have bought two properties at the ...

Во рамките на новогодишните празници, во име на Собранието, претседателот Африм Гаши, денеска, донираше средства за училиштата „Златан Сремец“ – Скопје, „Иднина“ – Скопје и „Лирија“ – Тетово. „Оваа симболична акција е израз на нашата институционална посветеност кон децата кои заслужуваат континуирана поддршка и најдобри можни услови за развој и образование. “- рече Гаши. Тој изрази надеж дека оваа донација ќе придонесе за подобрување на ...

Македонскиот фудбал денеска ја изгуби една од своите најсветли фигури. На 70-годишна возраст, по кратко боледување, почина Васил Рингов – легендата на Вардар и име кое со златни букви е запишано во историјата на југословенскиот и македонскиот фудбал. Роден во Струмица, Рингов својот фудбалски пат го започна во младинските категории на Беласица, но неговата судбина беше нераскинливо поврзана со скопски Вардар. Во дресот на најтрофејниот ...

Веќе два дена жителите на населбата Серава во Чаир се без струја. Од револт, излегоа и ја блокираа улицата „Пластичарска“, бидејќи дефектот во мрежата не се санира. Тие велат дека ќе протестираат секој ден во најфреквентниот период од денот. „Веќе три часа блокирана е најфреквентната улица во Скопје, позната како улицата на Пластичарска, поради тоа што жителите излегоа да протестираат и велат дека нема да отстапат додека не се реши проблемот ...

Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) објави дека обдукциските наоди и сведоштвата од терен отвораат сериозни дилеми за причината за смртта на жртвите во пожарот во кочанскиот ноќен клуб „Пулс“. Иако кај 50 лица официјално е наведено труење со јаглерод моноксид, кај ниту едно од нив не биле утврдени фатални концентрации на овој гас. Според ИРЛ, хемиското и градежното вештачење, како и исказите на преживеаните, укажуваат дека при ...

Владата на денешната редовна 138 владина седница, на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електричната енергија на целата територија на државата во рок од 7 дена од денот на влегување во сила на оваа одлука. Како што информиравме во текот на претходните денови, оваа одлука произлегува поради неможноста за набавка на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
8.75
62%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
1.03
74%
1026
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
86%
1031
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
3.15
88%
1033
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
0.28
79%
1027
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
6.69
60%
1026
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1025
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
81%
1025
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
2.57
81%
1034
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.68
63%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
8.75
61%
1031
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Злато

166253.76

Кобалт

66.14

Рутениум

47358.05

Сребро

2711.59

Родиум

372948.66

Бакар

11.73

Иридиум

231355.22

Калај

50.64

Платина

68963.35

Цинк

3.24

Паладиум

51794.85

Алуминиум

3.42