Талентираниот голман, со спрско потекло, Миле Свилар вложува максимални напори за да добие можност да игра за белгиската репрезентација, а во врска со тоа, ангажираше тим адвокати кои ќе работат на тоа ФИФА да му излезе во пресрет и да му дозволи да брани за Блегија, земја во која е роден. Голманот на Рома игра во животна форма, минатата сезона беше прогласен за најдобра во Серија А. Сега сака да игра за земјата во која е роден и од каде ...

Кошаркарите на Финска се пласираа во полуфиналето на Европското првенство. Избраниците на Ласе Туови убедливо ја победија грузиската репрезентација во четвртфиналето (93:79). Финците на тој начин го постигнаа својот најдобар резултат на Европските првенства, а во борбата за финалето ќе играат против подобриот од вечерашниот натпревар меѓу Словенија и Германија. Грузија како да го достигна својот максимум, не одиграа онака како што се ...

Кошаркарот на Макаби Тел Авив, Роман Соркин, би можел да ја продолжи кариерата во НБА откако неколку тима покажаа интерес за него. Соркин импресионираше на Евробаскетот за Израел, со просек од 16,5 поени и 6 скока по натпревар. Израел го заврши учеството во осминафиналето, со поразот од Грција. Интерес за Соркин покажале Мајами Хит, Њујорк Никс и Портланд Треил Блејзерс, тврди новинарот Иан Бегли. Инаку, Соркин се пријави на драфтото во ...

Лоши вести пристигнаа на „Етихад“ од Африка бидејќи Омар Мармуш ги повреди лигаментите на коленото. Сериозноста на повредата на египетскиот напаѓач ќе ја утврдат специјалистите во Каиро, а потоа и лекарите и специјалистите од Манчестер Сити на прегледот кога ќе се врати во Англија. Во четвртата минута од дуелот против Буркина Фасо, Мармуш доби силен удар во коленото. По помошта, тој остана на теренот уште неколку минути и побара измена. ...

Екипите од Евролигата одлучија завршниот турнир во 2026 година да се одржи во Атина, објавуваат грчките медиуми. Со осум гласа „за“ и три „против“, екипите во натпреварувањето одлучија полуфиналната фаза и финалето да се одржат во Атина. Главниот град на Грција беше голем фаворит, и покрај обидот на Србите да го организираат настанот во Белград. На крајот, беше донесена одлука завршниот турнир да се одржи од 22 до 24 мај наредната година. ...

Кошаркарот на Монако, Џордан Лојд, постигна договор со Реал Мадрид. За да биде реализиран трансферот, Реал покрај со Монако, ќе треба да се договори и со поранешниот клуб на Лојд, Валенсија. Лојд импресионираше со своите настапи во дресот на Европското првенство, каде што заедно со Матеуш Понитка даде клучен придонес во пласманот на селекцијата на Игор Миличиќ во четвртфиналето. Поранешниот кошаркар на Валенсија, Црвена звезда и Зенит имаше ...

Србија дожевеа дебакл во квалификациите за Светското првенство. Англија победи со 5:0 на „Маракана“ во Белград со головите на Хари Кејн, Нони Мадуеке, Езри Конса, Марк Гуеи и Маркус Рашфорд. Најостри критики трпи српскиот тренер Драган Стојковиќ Пикси, навивачите го исвиркаа пред почетокот на натпреварот и на полувремето. Пикси изјави дека нема да поднесе оставка, а доколку во Сојузот решат да го отпуштат ќе ја прифати одлуката. До ...

Двајца играчи на Арсенал, Бразилецот Габриел Жесус (28) и Белгиецот Леандро Тросард (30), ќе бидат на трансфер листата во зимскиот преоден рок, објавија британските медиуми. Тренерот Микел Артета во голема мера се потпираше на Жесус и Тросард во текот на изминатите три сезони, но со доаѓањето на шведскиот голгетер Виктор Ѓекерес, двајцата станаа вишок. „Топџиите“ потрошија близу 300 милиони евра за засилувања ова лето. Поголемиот дел од ...

Зеленортските острови (Капе Верде) го победи Камерун со 1:0 и се искачи на челната позација во групата Д од квалификациите за Светското првенство. Со овој триумф малата островска земја направи огромен чекор првиот пласман на најголемата фудбалска смотра. Во последните две кола, Зеленортските острови играат против Либија и Есватини, потрбна им е една победа за да го прослават историскиот успех. Херој во победата над Камерун беше Даилон Роча ...

Јужноамериканските великани Бразил и Аргентина доживеаја порази во последното коло, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Натпреварите во Еквадор и Боливија немаа никакво значење за двете селекции, но дуелот во Боливија им значеше на домаќините, кои со „помош“ на Колумбија, дојдоа до седмата позиција и место во Интерконтиненталниот бараж. Карло Анчелоти го доживеа првиот пораз како селектор на Бразил. „Селесао“ одигра лош ...

Австралискиот бек Џош Гиди ќе остане во Чикаго Булс, франшизата со него потпиша четиригодишен договор вреден 100 милиони долари. Договорот е загарантиран и нема опција за играч или тим во последната сезона. Гиди имаше најдобра сезона во кариерата со 14,6 поени по натпревар, осум асистенции и седум скока, а никој немал толку многу трипл-дабл во една сезона на Булс од 1980-тите и Мајкл Џордан. Австралиецот, кој игра на позицијата плејмејкер ...

Многу возбудувања во квалификациите за Светското првенство 2026. Португалците славеа против Унгарија во Будимпешта во исклучително драматичен натпревар, Французите по пресврт славеа над Исланд во Париз, а Австрија на гостински терен славеше победа над БиХ. Репрезентацијата на Босна и Херцеговина загуби дома од Австрија со 1:2. Един Џеко постигна гол за БиХ, додека Марсел Сабицер и Конрад Лајмер ги постигнаа головите за Австрија. Ова беше ...

Норвашката репрезентација оствари рекордна победа од 11:1 над Молдавија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Норвежаните продолжија со совршениот настап во првите пет кола и сега имаат 15 бода со гол разлика од +21. Натпреварот го одбележа феноменалниот Ерлинг Браут Халанд, кој постигна дури пет гола и додаде уште две асистенции, додека Мартин Одегард постигна еден гол со две асистенции. Блескаше и Тело Асгард, кој влезе ...

Фудбалската репрезентација на Англија ја декласира Србија среде Белград со 5:0, во натпревар одигран во К групата, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Како стојат работите во оваа група на Англија, која има пет победи во исто толку натпревари потребна и е уште една победа за да избори место на Мундијалот наредното лето. Србија со Албанија ќе се бори за втората позција и место во баражот. Од првата до последната минута ...

Кошаркарите на Грција се пласираа во полуфиналето на Европското првенство. Избраниците на Василис Спанулис ја победија Литванија со 87:76, во второто денешно четвртфинале. Грција по пауза од 16 години ќе се бори за медал на Евробаскетот. Последен пат во 2009 година играа во полуфиналето, на крајот го освоија бронзениот медал. Грците рутински ја победија Литванија, која пружи отпор само во првата и во финишот на втората четвртина. Грците ...

Foto/ EPA/GEORGI LICOVSKI Фудбалската репрезентација на Македонија, играчи до 21 година, загуби од Италија со 0:1, во квалификациите за пласман на Европското првенство. Младите македонски фудбалери не успеаја да го избегнат поразот во Битола и покрај тоа што 65 минути имаа играч повеќе на теренот. Италија остана со фудбалер помалку во 25.минута кога вториот жолт картон го доби Моруци. Десет минути подоцна, младите италијански фудбалери ...

Турската репрезентација ја победи Полска во првиот четвртфинален натпревар од Европското првенство во кошарка со 91:77. Во полуфиналето, Турција ќе игра против победникот од натпреварот помеѓу Литванија и Грција, кој е на програмата од 20:00 часот. Победничкиот тим го предводеше Алперен Шенгун. Центарот на Хјустон Рокетс постигна голем успех: го забележа шестиот трипл-дабл во историјата на Евробаскетот, го заврши натпреварот со 15 поени, 11 ...

Фудбалерот на Ливерпул, Александар Исак, изјави дека е среќен што го засилил шампионот на Англија по долгата сага, но дека медиумите и навивачите не знаат што се се случувало. За Швеѓанецот, сагата успешно заврши, откако го уцени клубот. Њукасл неволно, но сепак, ја послуша неговата желба да се пресели на Енфилд. Замените пристигнаа на „Сент Џејмс Парк“, тоа се Јоан Виса од Брентфорд и фудбалерот на Штутгарт, Ник Валтемаде, а Исак беше ...

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид и оваа година ќе ја бојкотира церемонијата на доделувањето на најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златна топка. Една година подцна, Флорентино Перез се уште е лут. „Марка“, медиуми блиско поврзан со Реал, тврди дека никој од клубот нема да писуствува на доделувањето на Златната топка на 22 септември. Првиот човек на Реал, се однесува како мало дете, лут е што минатата година престижната награда, ...

Џенаро Гатузо, селекторот на Италија, се осврна на натпреварот по лудиот триумф на неговите избраници. Аѕурите, во луд натпревар, во Дебрецен, славеа со 5:4 против Израел, а победија во судиското продолжение со голот на Сандро Тонали. Tonali with Cambiaso assist in the extra minutes scored to take Italy to victory against Israel Israel 4-5 Italy pic.twitter.com/a0pESXIAe4 — Arsenal Rep (@Arsenal_rep1) September 8, 2025 Гатузо беше видливо ...

Пред неколку дена, турските медиуми најавија дека Зинедин Зидан ќе го преземе Фенербахче. Турскиот великан е без тренер откако отказ доби Жозе Мурињо. Сепак, Зидан нема да биде наследникот на Мурињо, претпладнево медиумите во Турција открија дека Доминико Тедеско ќе биде новиот тренер на Фенер и дека тој наскоро ќе го потпише договорот. 39-годишниот италијански тренер, кариерата ја започна во Ауе, добрите резултати го однесоа во ...

Поранешниот менаџер на Тотенхем и Селтик, Ангелос Постекоглу, ќе стане нов менаџер на Нотингем Форест, тврдат сите релевантни британски медиуми. Откако Нуно Еспирито Санто беше отпуштен доцна во понеделникот, сопственикот на Нотингем Форест, Евангелос Маринакис, брзо пронајде замена. Се чини дека ќе може многу подобро да соработува со новиот менаџер бидејќи ангажираше сонародник. Новиот менаџер на Форест ќе биде Грк од Австралија, Ангелос ...

Британскиот тенисер Џек Дрејпер ја заврши сезоната поради повреда на левата рака. Седмиот играч на планетата, кој блескаше на Индијан Велс, каде што ја освои титулата, ќе мора да паузира до крајот на годината. Во еден момент Дрејпер беше четврти на АТП листата, но неодамна доживеа пад, токму поради повредата. Доживеа разочарување на Вимблдон каде што беше елиминиран од Марин Чилиќ во второто коло, а на Отвореното првенство на САД мораше да ...

Аргентинците немаа време ниту да ги избришат солзите од збогувањето на Меси на домашна почва кога станува збор за репрезентацијата, а ги дочека нов шок. Лионел Меси, најголемиот фудбалски син на нацијата, по натпреварот со Венецуела пред некој ден изјави дека не знае дали ќе игра на Светското првенство и дека целата логика налага дека нема да биде таму. Аргентинците се обидоа да добијат неколку утешни зборови од селекторот Лионел Скалони, ...

Фудбалскиот сојуз на Португалија објави дека 22-годишниот Франциско Консеисао морал да го напушти репрезентативниот камп по повреда на мускулот. Консеисао нема да ѝ помогне на Португалија во квалификацискиот натпревар овој вторник, на гостински терен против Унгарија во Будимпешта. Португалија досега одигра еден натпревар во квалификациската група и победи во Ерменија со убедливи 5:0. Консеисао, фудбалер кој во кариерата одиграл 11 ...

Нуно Еспирито Санто повеќе не е менаџер на Нотингем Форест. Португалскиот стручњак доби отказ по 21 месец на клупата и само три натпревари во новата сезона. Неговата позиција беше неизвесна во последните две недели, откако јавно призна дека неговиот однос со сопственикот Евангелос Маринакис се влошува. Шпекулациите за неговиот наследник веќе се во тек во клубот, а одлуката наскоро ќе биде донесена. Поранешниот тренер на Тотенхем, Ангелос ...

Каспер Хјулманд е промовиран во нов тренер на Баер Леверкузен. Ерик тен Хаг имаше кратка епизода на клупата на Баер, а германскиот шампион од 2024 година ја искористи репрезентативната пауза за да му врачи отказ. Холанѓанецот во Леверкузен за задржа само 62 дена, тимот го водеше во три натпревари. Каспер Хјулманд, поранешен селектор на Данска, кој ја напушти репрезентацијата во јули минатата година по Европското првенство дојде на местото ...

Данска, Швајцарија, Косово и Хрватска забележаа победи во квалификациите за пласман на Светското првенство. Косово, велерва го направи најголемото изнеандување, лесно ја победи Шведска со 2:0. Избраниците на Франк Фода го решија победникот во првото полувреме со головите на Рексбечај и Муричи. Во вториот натпревар од оваа група, Швајцарија рутински ја победи Словенија – 3:0. За првиот гол, Елведи го искористи киксот на Дркушиќ и го совлада ...

Италија го победи Израел со 5:4 (1:1) во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, во Група И. По нерешениот резултат во првото полувреме, Италијанците губеа со 2:1 до 52-та минута, на крајот од натпреварот беа на работ на нерешен резултат, а потоа направија пресврт и успеаја да ги освојат бодовите во Дебрецен со гол во 91-та минута. Италијанците не започнаа добро од 16-та минута, Локатели му донесе водство на Израел со автогол. ...

Поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Џикиќ, откако со Грузија се пласира во четвртфиналето на Европското првенство го доби Орденот на честа по предлог на премиерот и претседателот на Парламентот на Грузија. Селекторот и играчите се наградени со 1.000.000 евра. Премиерот на Грузија, Иракли Кобахидзе, објави дека владата ќе издвои три милиони лари (околу еден милион евра) за моменталниот резултат, а ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
64%
1026
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
77%
1022
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
81%
1021
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
2.06
68%
1025
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
1.27
98%
1022
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
2.57
91%
1023
weather icon

Атина

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
62%
1024
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
70%
1026
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1027
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -3ᴼ
3.13
78%
1018
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -4ᴼ
2.06
84%
1021
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
3.6
52%
1025
Currency

61.555

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.4461

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.22372

Currency

0.58452

Цинк

3.15

Рутениум

44946.74

Алуминиум

3.17

Бакар

12.02

Злато

147673.55

Платина

74245.83

Сребро

2756.60

Калај

48.40

Кобалт

59.52

Паладиум

57839.19

Иридиум

174307.10

Родиум

318292.39