Фудбалскиот клуб Фенербахче и легендарниот Зинедин Зидан преговараат за соработка откако Жозе Мурињо ја напушти клупата на турскиот гигант по отказот што му беше врачен. Некои турски медиуми пишуваат дека Зидан и челниците на Фенербахче веќе постигнале договор францускиот ас да го преземе тимот, кој, да потсетиме, не успеа да се квалификува во Лигата на шампионите под водство на Мурињо. Зидан е без работа откако го напушти Реал во 2021 ...

Мундијалот во 2026 година во САД, Мексико и Канада ќе биде првиот на кој ќе учествуваат 48 репрезентации. Во финишот на квалификациите една третина од учесниците е позната. Уругвај, Колумбија и Парагвај се последните три репрезентации, тие во четврток обезбедија место на следниот светски фудбалски турнир. Во претходните месеци, уште десет репрезентации успеаја да го сторат тоа, што заедно со трите домаќини, кои директно го добија правото на ...

Луис Енрике мора итно да се оперира откако вчера доживеа тешка несреќа возејќи велосипед. Шпанскиот стручњак одлучи да ја искористи репрезентативната пауза за да одмори неколку дена пред новите предизвици што го очекуваат на клупата на ПСЖ. Минатата сезона, Енрике успеа да направи она што никој пред него не го направил на клупата на Парижаните, ја освои титулата во Лигата на шампионите со ПСЖ. ПСЖ ја отвори новата сезона доста добро во ...

Славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо грубо турна еден навивач во хотел во Ереван. Инцидентот е снимен и споделен на социјалните мрежи со бројни коментари од разочарани фанови. На видеото се гледа како еден навивач му се приближува на фудбалерот за да направи селфи со него, но Португалецот грубо го турна младиот човек. По инцидентот, обезбедувањето брзо реагираше и ги оддалечи другите навивачи од познатиот фудбалер. Во сабота, на ...

Уругвајецот Луис Суарез е суспендиран шест натпревари поради грубо однесување на финалето на Лига купот против Сиетл Саундерс. Суарез, да потсетиме, плукна во лицето на тренерот на противничкиот тим за време на вербалните навреди и клевети кон играчите на натпреварот. Камерите го снимија испадот на уругвајскиот фудбалер, па дисциплинската комисија на натпреварувањето имаше лесна работа да ги утврди фактите. Напаѓачот на Интер на тој начин ...

Карлос Алкараз го елиминира Новак Ѓоковиќ во три сета (6:4, 7:6, 6:2), и се пласира во финалето на Ју-ес опен. Првиот гем одреди во кој оравец ќе оди мечот на „Артур Еш“ стадионот. Алракарз направи бреј во првиот гем, пота Ѓоковиќ имаше шанса, а откако Алкараз не дозволи брејк, до крајот двајцата не ги испуптија своите сервиси. Брејк на Ѓоковиќ на стартото на вториот сет, кој му даде надеж дека може да изедначи. Сепак Алкараз се врати за ...

Легендарниот Бразилец Нејмар неочекувано стана единствен наследник на богатство вредно речиси 1.000.000.000 долари, од човек кого никогаш не го запознал, објавуваат бразилските медиуми. Бизнисменот од Рио Гранде до Сул, кој почина во јуни 2025 година, остави тестамент во кој му го довери целиот свој имот на 33-годишниот напаѓач. Имотот беше проценет на околу 1.000.000.000 долари, а тестаментот беше заверен во нотарската канцеларија во Порто ...

Легендарниот дански голман Петер Шмајхел отворено зборува за клучните моменти од неговата кариера и моменталната состојба на Манчестер јунајтед во вториот дел од ексклузивното интервју за видео серијалот „ A Guest and a Half “ на Софаскор. Зборувајќи за почетоците на својата кариера, Шмајхел се присети како неговиот трансфер во Манчестер јунајтед речиси пропаднал поради Брондби и како тоа го мотивирало да стане уште подобар. „Брондби не ...

Во салата Јане Сандански во Скопје започна меѓународниот пинг понг натпревар World Table Tennis (WTT) Youth Star Contender Skopje 2025. Претставниците на Македонија настапија во поединечна категорија и во мешани двојки, додека натпреварот пречека околу 100 учесници. Се играат две возрасни категории – до 15 и до 19 години. Натпреварите ќе се одвиваат до недела од 9:30 до 21:00 ч. Влезот е слободен. Претседателот на Пинг погнарската ...

Австралискиот возач Даниел Рикардо го објави своето пензионирање. Она што практично беше најавено пред една година, сега е официјализирано. Легендарниот Австралиец Даниел Рикардо се пензионира. Тој беше дел од караванот на Формула 1 од 2011 до 2024 година. Во својата кариера возеше за ХРТ, Торо Росо, Ред Бул, Рено, Мекларен, Алфа Таури и Рејсинг Булс. Возеше 257 трки, забележа осум победи (седум во Ред Бул, една во Мекларен), 32 подиуми и ...

Аргентинскиот клуб Индепендиенте е дисквалификуван од Купот Судамерикана, по насилните инциденѕи меѓу навивачите за време на натпреварот против Универсидад де Чиле пред две недели во близина на Буенос Аирес, објави во четврток Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ). 19 лица беа повредени во тепчките меѓу навивачите на Индепендиенте и Универсидад де Чиле, во кои беа употребени палки и пиротехника. Аргентинскиот клуб, исто ...

Германската фудбалска репрезентација загуби со 2:0 од Словачка во Братислава во натпреварот од првото коло од квалификациите во Групата А за Светското првенство во 2026 година. Домашниот тим поведе со голот на Давид Ханцко во 42-та минута, а потоа асистентото за првиот гол, Давид Стрелец во 55-та минута го постигна вториот гол. Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман не го криеше своето разочарување, ги критикуваше своите избраници. ...

Лионел Меси даде изјава што изненади многумина по победата против Венецуела (3:0), во претпоследното коло од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство.. Дуелот со Венецуела беше последен за Меси во дресот на Аргентина пред домашната публика, а по натпреварот, ја загрижи домашната јавност. Имено, Меси сè уште не е сигурен дали ќе настапи на претстојното Светско првенство. „Со години ја имав наклонетоста на Барселона, ...

Покрај Аргетнина, Бразил и Еквадор, пласман на Светското првенство во 2026 година во текот на ноќта, а во пресрет на последното коло во јужноамериканските квалификации изборија Уругвај, Колумбија и Парагвај. Уругвај го победи Перу со 3:0 со головите на Агире во 14., односно Де Араскаета во 58. и Вињас во 80.минута. Со ист резултат Колумбија забележа триумф во дуелот со Боливија. Џејмс Родригез во првото, односно Кордоба и Кинтеро 83 во ...

Најтрофејниот хрватски клуб, Динамо Загреб, на спектакуларен начин го заврши преодниот рок. Трансфер периодот во Хрватска заврши синоќа на полноќ, а Динамо објави дека во клуботќе пристигне Исмаел Бенасер. „Модрите“ останаа без титулата минатата сезона, поради тоа решија да направат силен тим. Динамо го обезбеди потписот на поранешниот фудбалер на Милан, Исмаел Бенасер. Алжирскиот репрезентативец доаѓа на „Максимир“ на позајмица со опција ...

Арина Сабаленка и Аманда Анисимова ќе играат во финалето на Отвореното првенство на САД. Американската тенисерка, чии родители емигрираа од Русија, беше подобра од Наоми Осака во полуфиналето, откако претходно и се одмазди на Иги Швонтек за убедливиот пораз во финалето на Вимблдон. Анисимова ја доби Јапонката по три часа игра и пресврти со резултат 6:7(4), 7:6(3), 6:3. Најинтересниот дел од натпреварот беше вториот сет, во кој Анисимова ...

Лионел Меси се збогуваше со аргентинската публика во националниот дрес со триумф. Еден од најдобрите играчи на сите времиња го одигра својот последен натпревар пред домашна публика за „Гаучосите“ и се потруди да остави впечаток. На „Монументал“ во Буенос Аирес, Аргентина рутински ја победи Венецуела со 3:0, а малиот волшебник постигна два гола. Меси покажа и емотивна нота, бидејќи се расплака за време на пеењето на аргентинската химна. No ...

Германија загуби од Словачка со 2:0 во Братислава во првото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико. Ова беше трет последователен пораз на германската репрезентација откако, претходно во јуни загуби од Португалија (1:2) во полуфиналето на Лигата на нации, а потоа и од Франција (0:2) во натпреварот за третото место. Стрелци за победата беа Давид Ханцко во 42-та минута и Давид Стрелец во 55-та ...

Австралиецот Ангелос Постекоглу е најсериозен кандидат за нов тренер на Баер Леверкузен, тврдат германските медиуми. Германскиот вицешампион моментално е без тренер, откако клупските челници пред два дена го отпуштија Ерик тен Хаг. Холанѓанецот го водеше Баер во три натпревари, а во клубот се задржа само 62 дена. Постекоглу ја освои Лигата на Европа минатата сезона со Тотенхем, што му обезбеди на лондонскиот клуб место во Лигата на ...

Првото коло во А групата во квалификациите за пласман на Светското првенство започна со вистинска сензација. Словачка во Братислава ја победи Германија со 2:0. Изненадување се случи и во Г групата, Полска успеа да остане непоразена во Амстердам во дуелот со Холандија. Словаците целосно го надиграа тимот на Јулијан Нагелсман и ја истакнаа својата кандидатура за прво место во А групата. Германците одиграа лош натпревар, оправдување не смее да ...

Актуелниот европски првак Шпанија го заврши учеството на Европското првенство. Во драматичен натпревар, во Лимасол, Грција ја победи Шпанија со 90:86. Шпанците два пати се враќаа во натпреварот откако Грција имаше 16 и 15 поени предност, водеа со два поени два пати во финишот на крајот се самоуништија од линијата за слободни фрлања. Грците предноста ја стекнаа во првата четвртина благодарение на неверојатниот шут за три поени, погодија осум ...

Кошаркарите на Словенија ја остварија третата последователна победа во Групата Д на Евробаскетот. Словенците го победија Израел со 106:96. Со победата Словенија се здоби со подобра позиција пред нокаут фазата со скор 3-2, но сè уште не знаат против кого ќе играат во осминафиналето. Со победа, Израел ќе беше прв во групата, поразот ги однесе на четвртата позиција. Натпреварот во Катовице, Полска, го обележа пресметката меѓу НБА ѕвездите, ...

Фудбалскиот клуб Тотенхем објави дека Даниел Леви денес се повлече од функцијата извршен претседател по речиси 25 години на таа позиција. „Тотенхем Хотспур помина долг пат во последниот четврт век. Клубот се натпреваруваше во европски натпреварувања во 18 од последните 20 сезони, станувајќи еден од најпрепознатливите фудбалски клубови во светот. Континуирано инвестираше во својата академија, играчи и инфраструктура, вклучувајќи нов, светски ...

Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Саудиска Арабија (2:1), во пријателски натпревар одигран на стадионот на Викторија Жишков во Прага. Саудијците славеа со пресврт откако Македонија дојде до предност со спектакуларниот гол на Алесандар Трајковски. Напаѓачот на Македонија погоди со ножички во 40.минута. Предноста ја анулира Ал Брикан во финишот на првото полувреме. Нерешениот резултат на семафорот стоеше до 78.минута, ...

Кошаркарите на Босна и Херцеговина ја победија Грузија во Лимасол (84:76) и со тоа обезбедија осминафинале на Европското првенство. Босанците, кои во најголеиот дел го контролираа натпреварот, малку се коцкаа во во последната четвртина, но на крајот заслужѓено славеа. Грузијците успеаја да анулираат предноста на Босанците од 15 поени, на седум минути до крајот резултатот беше 71:71 и тука застанаа. Во наредните нешто повеќе од пет минути, ...

На 5 септември (петок), во Кристалната сала на Собранието, во 10 часот, Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“ ќе врачи награди за највисоко признание за животно дело и признание за спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2025 година. Јошко Миленковски е овогодишниот добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на ...

Преодниот период во Европа заврши, но сè уште трае во арапскиот свет, иако веќе е познато дека Саудијците нема да ги остварат плановите. Ал Хилал и Ал Наср, клубови со неограничени финансиски можности и големи навивачки бази, се обидоа да го реализираат трансферот на Роберт Левандовски. За разлика од повеќето играчи, кои привлечени од богатите винансиски договори се селат во Саудиска Арабија, Полјакот рекол : Не. „Мундо Депортиво“, ...

Курт Зума стана нов фудбалер на Клуж, објави романскиот клуб. Искусниот дефанзивец потпиша двегодишен договор со Романците, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Тој пристигнува во Клуж како слободен агент, откако се раздели со Вест Хем ова лето. Може да се каже дека ова е еден од најголемите трансфери во оваа земја во последните години. Во текот на својата кариера, Зума ги носеше дресовите на Евертон, Стоук, Сент ...

Пред пријателскиот натпревар во Прага, Саудиска Арабија – Македонија на стадионот на Викторија Жижков, свој коментар даде и Ељиф Елмас. Нашиот репрезентативец истакна дека натпреварот ќе биде важен тест за селекцијата и увертира за квалификацискиот меч со Лихтенштајн. “За нас пријателски натпревари не постојат. Овој дуел ќе ни даде многу, затоа што сите ќе видиме до каде сме и какви подготовки имавме. Играме против сериозен ривал, гледавме ...

Аргентина, актуелниот светски шампион, ќе одигра историски натпревар против Венецуела во квалификациите за Светското првенство во ноќта од четврток кон петок, по македонско време. На „Монументал“ во Буенос Аирес, Лионел Меси ќе игра за Аргентина за последен пат на домашна почва. Неговиот 193-ти натпревар за Аргентина ќе биде и последен во Аргентина, за која постигна 112 гола, освои две јужноамерикански титули и една светска титула во ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
64%
1026
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
2.57
77%
1022
weather icon

Загреб

3ᴼ / 3ᴼ
2.57
81%
1021
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
2.06
68%
1025
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
1.27
98%
1022
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
2.57
91%
1023
weather icon

Атина

9ᴼ / 6ᴼ
2.06
62%
1024
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
70%
1026
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
70%
1027
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -3ᴼ
3.13
78%
1018
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -4ᴼ
2.06
84%
1021
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
3.6
52%
1025
Currency

61.555

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.4461

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.22372

Currency

0.58452

Алуминиум

3.17

Сребро

2756.60

Паладиум

57839.19

Кобалт

59.52

Родиум

318292.39

Бакар

12.02

Злато

147673.55

Рутениум

44946.74

Платина

74245.83

Калај

48.40

Иридиум

174307.10

Цинк

3.15