Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал. Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2. Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег ...

Елена Рибакина е победничка на Завршниот мастерс во Ријад. Во финалето беше подобра од Арина Сабаленка со 6:3, 7:6. Рибакина стигна до својата нова титула во кариерата, а особено сега добива на вредност, бидејќи во финалето ја победи тенисерката број еден во светот, Арина Сабаленка. Еден брејк го одлучи исходот од првиот сет. Додека во вториот сет, воопшто не немаше брејк, па конечниот исход дојде по тај-брејк, во кој Рибакина ги освои сите ...

Фудбалерите на Евертон и Вест Хем забележаа победи во натпреварите, во Премиер лигата, кои започнаа во 16 часот. Евертон го победи Фулам со 2:0 во натпреварот од 11-то коло од Премиер лигата на стадионот „Фил Дикинсон“. Интересен меч одиграа „карамелите“ против гостите од Лондон, Славеа со головите на Идриза Гана Геј во првото и Мајкл Кин во второот полувреме. На овој натпревар ВАР-от му поништи три гола на Евертон. Вест Хем се врти во ...

Ниту еден од водечките три тима во Бундес лигата не успеа да победи во 10-то коло. Најголемото изненадување се случи во Берлин, каде Баерн во 93-та минуа се спаси од пораз пртотив Унион. Перфектната серија од 16 победи во исто толку натпревари, во сите натпреварувања, на Баерн Минхен заврши во Берлин. Во 10-то коло, Унион и Баерн одиграа 2:2. Данило Дуки е апсолутен херој на Унион, ги постигна двата гола за својот тим. Погоди во 16-та ...

Возачот на Мекларен Ландо Норис е поденик во спринт трката која се возеше во рамките на Големата награда на Бразил. На патеката Интерлагос во Сао Паоло, Норис победи пред возачите на Мерцедес, Андреа Кими Антонели и Џорџ Расел. Катастрофа доживеа Оскар Пјастри, кој излета од патеката во шестиот круг и остана без бодови. Нов триумф за Ландо Норис, нов неуспех за Оскар Пјастри и зголемување на предноста во бодовите. И тоа за огромни осум ...

Фудбалерите на Тотенхем и Манчестер Јунајтед ремизираа 2:2 во Лондон, во рамките на 11-то коло од Премиер лигата. Јунајтед беше подобар во првото полувреме, поведе, но падна во вториот дел од натпреварот, Тотенхем ја презеде иницијативата и дојде до пресврт, на крајот во последните секунди Јунајтед сепак дојдоа до еден бод. Домашниот тим немаше ниту еден шут кон голот во првиот дел од играта, а Јунајтед ја искористи единствената вистинска ...

Фудбалерот на Престон, Милутин Осмајиќ, е суспендиран на девет натпревари, бидејќи како што утврди ФА, на расна основа го навредил играчот од средниот ред на Барнли, Ханибал Межбри. Инцидентот се случил за време на натпреварот без голови помеѓу Престон и Барнли во февруари, во Чемпионшип. Осмајиќ ќе ја отслужи казната до 29 декември, кога неговиот Престон ќе гостува кај Рексам. Напаѓачот е казнет и со парична казна од 21.000 фунти. ...

Игор Тудор пред десет дена доби отказ во Јувентус, а веќе добил понуда за нова работа. Според медиумите на Англија, Тудор добил повик од Вулверхемптон, кој неодамна го отпушти Витор Переира. Главен ривал на Тудор за работата ќе биде уште еден поранешен тренер на Јувентус, Тијаго Мота. Интересно е што двајцата се уште прмаат плата во Јувентус. Тоа ќе биде така се додека не најдат клуб. Мота има договор до 30 јуни 2027 година, вреден околу ...

Пеп Гвардиола се подготвува за својот 1000-ти натпревар во тренерската кариера, а судбината сакаше противник да биде Ливерпул, клубот на неговиот најголем ривал Јирген Клоп. Во пресрет на неделното дерби, стратегот на Манчестер Сити призна колку му недостигаат дуелите со германскиот тренер, кој минатата година го напушти „Енфилд“ и тренерската работа. Гвардиола со Клоп водеше некои од најжестоките битки за титулата, а тие дуели ги вбројува ...

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, даде интересна изјава зборувајќи за стадионот „Диего Армандо Марадона“, каде што игра актуелниот шампион на Италија. Де Лаурентис го нарече стадионот „депонија“, тврдејќи дека на Неапол му е потребен нов и модерен стадион, но дека градските власти го блокираат тоа. Тој ги спореди приходите од натпреварите на Наполи со оние на клубовите од Милано, велејќи дека Милан и Интер би можеле да ...

Ландо Норис го освои првото место во квалификациите за спринт на Големата награда на Бразил во Сао Паоло. Британецот во Мекларен блескаше во квалификациите, првото место го избори со резултат 1:09.243. Норис моментално е лидер во шампионатот. Второто место изненадувачки го освои Андреа Кими Антонели зад воланот на Мерцедес, додека Австралиецот Оскар Пјастри, колегата на Норис заврши на третото место. До него ќе стартува возачот на мерцедес ...

Паоло Ваноли официјално стана шеф на стручниот штаб на Фиорентина. Ваноли потпиша договор до крајот на оваа сезона, а постои можност договорот да се продолжи за уште една година доколку раководството биде задоволно од работата на тренерот. Ваноли е човек кој веќе бил на стадионот „Артемио Франки“, играл како фудбалер за Фиорентина од 2000 до 2002 година, одиграл 61 натпревар, постигнал три гола. Овој стручњак нема клуб откако го напушти ...

Челниците на НБА Европа ги открија првите работи поврзани со ова натпреварување. Џорџ Ајвазоглу, директор на НБА Европа, во интервју за „Газета дело Спорт“ откри дека овој проект ќе започне во октомври 2027 година. Во првата година, лигата ќе има 12 тима од: Рим, Милано, Лондон, Манчестер, Париз, Лион, Мадрид, Барселона, Берлин, Минхен, Атина и Истанбул. Грција и Турција би дале по еден клуб, а Италија, Англија, Франција, Шпанија и ...

УЕФА планира промени во квалификацискиот систем за Светското првенство и Европското првенство, а новиот формат треба да биде претставен во следните шест месеци, објави претседателот на европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин. Сепак, на Фудбалскиот бизнис форум во Милано, Чеферин категорично ја отфрли можноста за примена на сличен систем како во Лигата на шампионите за репрезентативни квалификации. „Не“, рече отсечно Чеферин. На ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стигна до финалето на турнирот во Атина, од серијата 250. За Ѓоковиќ ова е 144-то финале во кариерата, досега има освоено 100 титули. Во третиот меѓусебен натпревар, Ѓоковиќ беше подобар од 117-от играч на планетата, Јаник Ханфман со 6:3, 6:4. Новак ќе се бори за 101-от трофеј во сабота од 16:00 часот, а неговиот ривал ќе биде подобар од средбата меѓу Лоренцо Мусети и Себастијан Корда. Српскиот ас рутински ...

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Ив Бисума, наводно е жртва на голема измама во која изгубил повеќе од 800.000 фунти (околу 950.000 евра), а средствата биле префрлени од неговата банкарска сметка без негово знаење. Загубата, како што е наведено, се случила помеѓу септември 2022 и јуни 2024 година, а осомничениот бил уапсен пред повеќе од една година и се соочува со затворска казна, пишува „Goal.com“. Според „Сан“, Бисума претрпел ...

Интервјуто што Кристијано Роналдо му го даде на Пирс Морган предизвика големо внимание, и иако сè уште не е објавено во целост, се појави и интересен сегмент поврзан со неговото непојавување на погребот на Диого Жота. Диого Жота загина во сообраќајна несреќа на 3 јули 2025 година заедно со неговиот помлад брат Андре. На погребот пристигнаа голем број соиграчи од Ливерпул и португалската репрезентација, но не и Роналдо. Во тоа време, тој ...

Ждрепката за интерконтиненталниот и европскиот плејоф за пласман на Светското првенство ќе се одржи на 20 ноември во Цирих, со почеток во 13 часот. Како што објави ФИФА, 22 селекции ќе имаат дополнителна шанса да стигнат до Светското првенство преку плејофот, 16 од Европа и шест преку Интерконтиненталниот бараж, во натпревари што ќе се играат од 23 до 31 март следната година. 16 репрезентации поделени во четири секции ќе играат во ...

Панатинаикос не игра добро на почетокот на сеозната во Евролигата. Зелените се на скор од пет победи и четири порази. Покрај тоа тимот остана без класичен центар, Лесор се уште е на рехабилитација, а во меѓувреме се повредија Хомс и Јурцевен. Дека не може да игра без класичен центар, Ергин Атаман најдобро виде во средата, кога Панатинаикос доживеа тежок пораз во Белград од Црвена звезда (86:68). Сопственикот на тимот Димитрис Јанакопулос ...

МЛС тимот Атланта го ангажираше повторно Херардо „Тата“ Мартино за тренер, а договорот е потпишан до 2027 година, објави клубот. Мартино се враќа во клубот што го водеше до титулата шампион на МЛС во 2018 година и беше прогласен за тренер на годината. „Овој момент не е враќање во минатото, туку можност да се изгради нова основа и да се продолжи да се развива во согласност со барањата на редовната борба за врвот на МЛС“, рече сопственикот на ...

Откако минатата недела беше откриено дека голем број турски фудбалски судии биле вмешани во обложување на фудбалски натпревари, обвинителите побараа апсење на 21 лице, вклучувајќи 17 судии и неименуван претседател на клуб од премиер лигата. Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул објави дека 17 судии се осомничени за занемарување на своите должности и манипулирање со резултатите од натпреварите, а претседателот на клуб од првата ...

Феникс Санс забележаа победа над ЛА Клиперс 115:112, во единствениот натпревар одигран изминатата ноќ во НБА лигата. Клиперси добро се држеа во текот на целото прво полувреме, во кое се играше „кош за кош“, но нивната игра се распадна во третиот период. Играчите на Феникс ја добија третата четвртина со 40:23 и со тоа повеќе или помалку го решија прашањето за победникот, бидејќи имаа +14 кога влегуваа во последната четвртина, а +22 не долго ...

Карло Анчелоти е легенда на Лигата на шампионите и европскиот фудбал. Елитното натпреварување го освои со Милан и Реал Мадрид. Од минатото лето тој е селектор на фудбалската репрезентација на Бразил. Во разговор со италијанските медиуми, тој беше доста остар кон челниците на Лигата на шампионите и европскиот фудбал, смета дека проширувањето на Лигата на шампионите влијаело на недостатокот на квалитет во самото натпреварување. „Гледајќи ја ...

Јаник Синер е најдобриот тенисер во светот, тој е идол за многумина поради начинот на кој игра тенис, но и победува. Италијанецот е вистинска машина за успех, изненадувањата се речиси невозможни во неговата кариера. Вистинска статистичка грешка. Синер се наоѓа во Торино, каде се подготвува за последниот турнир во годината, а на новинарот на „Скај Спорт Италија“ му откри кои се неговите идоли. „Прво беше Андреас Сепи“ – го посочува ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) излезе со оригинална идеја да постави нов Гинисов рекорд, организираше фудбалски натпревар со најголем број играчи од различни националности! Настанот беше организиран во среда во Мароко во спортскиот комплекс „Фудбалски комплекс Мохамед VI“, во близина на градот Сале, веднаш до Рабат. ФИФА ги ангажираше своите вработени за потребите на овој рекорд, точно 69 од нив од исто толку различни земји. И мажи и ...

По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга. Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. . По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство. Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите ...

FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата. Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство. Шкнедија беше на чекор до ...

Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето. Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3. Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута. Ромео Вермант ...

Фудбалерите на Ноа и Сигма Оломоуц се сретнаа во третото коло, во Конференциската лига. Чешкиот тим во Ереван победи со 2:1, благодарение на головите на Филип Славичек и Абдулае Сила, додека Нардин Мулахусејновиќ постигна гол за Ерменците. И покрај фактот дека во првото полувреме беа постигнати дури три гола, овој период од натпреварот го обележа тепачката меѓу навивачките групи на двата тима. Инцидентите се случија и покрај оградата што ги ...

Регионалните велика Црвена звезда и Динамо Загреб играа на домашен терен во рамките на четвртото коло во Лига Европа. Црвена звезда го победи Лил со 1:0, а Динамо доживеа шокантен пораз од Селта (0:3). На „Маракана“ во Белград, Црвена звезда успеа да ја забележи првата победа сезонава во Лига Европа. По нерешениот резултат со Селтик и поразите во Португалија од Порто и Брага, спрскиот првак минимално славеше над Лил. Решавачкиот момент се ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
81%
1016
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
72%
1018
weather icon

Загреб

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
54%
1021
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
93%
1015
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.13
85%
1017
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.89
95%
1021
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
0.89
70%
1011
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
82%
1013
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
76%
1014
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
73%
1016
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
3.6
46%
1019
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
5.14
86%
1014
Currency

61.645

Currency

52.4687

Currency

70.884

Currency

37.5414

Currency

38.4236

Currency

67.2068

Currency

7.6959

Currency

0.69846

Currency

0.32902

Currency

0.52513

Currency

1.16927

Currency

0.56091

Бакар

12.11

Родиум

326330.08

Сребро

2840.84

Цинк

3.43

Злато

166450.52

Паладиум

49675.57

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.56

Рутениум

54591.97

Калај

50.46

Платина

66680.65