Меѓу 20-те најплатени фудбалери во Примера, има дури 18 играчи се од двата најголеми клуба, Реал и Барселона, 11 од кралскиот клуб и седум од каталонскиот клуб, плус по еден од Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао. Најголема плата во Шпанија има напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе. Неделно заработува околу 600.000 евра, што на месечно ниво изнесува речиси два и пол милиони евра. Покрај францускиот ас, Реал е застапен со: Давид Алаба, ...

Партизан го доживеа третиот последователен пораз во Евролигата, втор во низа на домашен терен. По поразот од Париз во Белград и Хапоел во Софија, црно-белите на домашен терен загубија од Барселона 76:78. Долго време ќе се прашуваат во црно-белиот табор како успеаја да загубат и покрај тоа што имаа апослутна контрола врз она што се случуваше на теренот. Победникот го реши неверојатниот кош на Вил Клајбурн. Американецот погоди тројка од ...

Европската фудбалска унија (УЕФА), триумфално ги објави промените во форматот на своите натпреварувања, новите формати што беа лансирани минатата сезона и пофалени пред почетокот на оваа сезона беа помпезно најавени. Но дали идејата за новите формати е на УЕФА или тоа е плагијат. УЕФА се соочува со тужба бидејки го „го украла концептот“. Наместо 32 екипи, во новиот формат од минатата сеозна се натпреваруваат 36. Наместо осум групи, има една ...

Никола Јокиќ не успеа да влезе во историјата на НБА лигата, како играч со пет трипл-дабл натпревари во првите пет дуели од стартот на сезоната. Денвер загуби во Портланд 109:107, а на српскиот центар асистенција му недостигаше за трипл-дабл. Лука Дончиќ со 44 поени ги предводеше Лејкерси до победата во Мемфис (117:112), а Чикаго Булс го бележат најдобриот старт во сезоната во последните 30 години. Лука Дончиќ одигра маестрално во Мемфис, ...

Вардар и по 11-то коло остана лидер на табелата во Првата македонска фудбалска лига и единствен е без пораз во досегашнуот тек од сезоната. Вардар во дербито на колот го обеди Силекс со 2.1. Со оваа победа, „црвено-црните“, се лидери на табелата со 27 поени, еден повеќе од Струга, три во однос на Шкендија и шест во однос на Силекс. Жестоко и во добро темпо започна дербито во Скопје. Во првите 15 минути беа постигнати два гола. Омерагиќ ...

Најдоверливиот кошаркарски новинар Шамс Чаранија зборуваше за можноста некои НБА суперѕвезди да заминат од своите клубови. Сезоната започна, преговорите за разменiи се во тек и ќе траат до февруари. Чаранија беше гостин во емисијата „Флагрант подкаст“ и беше замолен да коментира кои играчи би можеле да го сменат тимот до следното лето. Тој започна со Јанис Адетокумбо и Тре Јанг, пред да ја елаборира ситуацијата со плејмејкерот на Атланта. ...

Овогодишниот вицешампион во Супербајк, Николо Булега ќе го замени Марко Маркез на последните две трки од сезоната, во Портимао и Валенсија. Макез, деветкраен светски шампион ја заврши сезоната по инцидентот на Големата награда на Индонезија, во кој се здоби со фрактура на клучната коска и оштетување на лигаментите. Дукати минатата недела потврди дека Маркез ќе го пропушти не само финалето на сезоната, туку и предсезонските тестови во ...

Реал Мадрид ја победи Барселона со 2:1 дома во неодамнешното „Ел Класико“. Со триумфот, се издвои на врвот со пет бода предност пред својот голем ривал и актуелниот шампион на Шпанија. Едно од најголемите дербија беше бурно за време и по натпреварот, а по жестокиот натпревар најмногу се зборуваше за Винисиус. Крилниот напаѓач на Реал полуде во 72-та минута кога тренерот Чаби Алонсо реши да го замени со Родриго. Тој, како што е вообичаено, ...

Повеќе од две години по почетокот на реновирањето на „Камп Ноу“, фудбалерите на Барселона ќе се вратат на својот стадион на 7 ноември, но само за тренинг кој ќе биде отворен за јавноста, објави каталонскиот клуб во петокот на својата официјална веб-страница. „Првиот тим на ФК Барселона официјално ќе се врати на „Камп Ноу“ во петок, 7 ноември, за тренинг отворен за јавноста пред навивачите на Барса. Овој тренинг ќе служи како техничка и ...

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, изјави дека напаѓачот Винисиус Жуниор нема да биде казнет, по бурната реакција при напуштањето на теренот за време на „Ел Класико“ со Барселона. Бразилецот беше заменет во 72-та минута од натпреварот со Барселона (2:1) во неделата, по што следеше неговата лута реакција. „Јас? Мистер? Јас повторно? Оди по ѓаволите! Секогаш јас! Доста ми е, подобро да си одам!“, зборуваше Винисиус додека камерите снимаа, ...

Актуелниот европски првак, Фенербахче доживеа еден од најтешките порази во Евролигата, синоќа во Мадрид (84:59). Тренерот Шарунас Јасикевичиус се обиде да анализира што се случува со неговиот тим. „Денес не направивме ништо што сакавме на теренот. Бевме ужасни во првото полувреме“, рече Јасикевичиус на прес-конференцијата по натпреварот. „Искрено, не ми е гајле каква кошарка игравме бидејќи не бевме добри. Не изгледавме како професионални ...

Марио Вушковиќ, 23-годишен дефанзивец, се соочува со речиси четиригодишна суспензија поради позитивен допинг тест за еритропоетин (ЕПО), забранета супстанца што ги подобрува перформансите со зголемување на бројот на црвени крвни зрнца. Иако Вушковиќ веднаш побара анализа на примерокот Б, кој исто така потврди присуство на ЕПО, тој и неговиот правен тим тврдат дека е невин и се борат против одлуката, за која тврдат дека неправедно му ги ...

Холгер Руне претрпе сериозна повреда на Ахиловата тетива и ќе биде надвор од терените неколку месеци. Сепак, само неколку дена по операцијата, Данецот најде начин да тренира. Руне излезе на теренот и тренираше на стол. Ја крена оперираната нога на решетка и ги враќаше топките што доаѓаа од другата страна. Се уште нема точен датум кога Руне ќе се врати на тренинзите и турнирите, но оваа слика покажува дека закрепнувањето оди во вистинската ...

Управниот одбор на НБА едногласно ја одобри продажбата на мнозинскиот удел во Лос Анџелес Лејкерс на Марк Волтер. „Се очекува трансакцијата да се затвори наскоро“, се вели во соопштението на НБА. За една од најславните франшизи во НБА, Марк Волтер ќе плати приближно 10 милијарди долари, објави „ESPN“ во јуни. „Марк Волтер има долгогодишна врска со нашите лиги, бидејќи беше малцински сопственик на Лејкерс и главен сопственик на WNBA Спаркс ...

Американската асоцијација на играчи од МЛС (MLSPA) ја објави својата годишна листа на плати, а трета година по ред, Лионел Меси, ѕвездата на Интер Мајами, е на врвот. Аргентинскиот магионичар го држи првото место со годишна плата од 20,45 милиони долари. Оваа сума не го вклучува неговото неодамнешно продолжување на договорот. На второто место е Сон Хјеонг Мин, ас на Лос Анџелес, кој годишно заработува 11,15 милиони, додека клупскиот колега ...

Поразот на Ливерпул од 3:2 кај Брентфорд ги остави актуелните шампиони седум бода зад лидерот во Премиер лигата, Арсенал, што покренува сомнежи за нивниот успех во одбраната на титулата. Поранешниот играч од средниот ред на Челзи, Џон Оби Микел, верува дека проблемите на тимот се поврзани со емоционалните последици од трагичната смрт на Диого Жота во сообраќајна несреќа минатиот јули. Зборувајќи во подкастот „The Obi One“, Микел рече дека ...

Палмеирас и Фламенго ќе се борат за титулата во јужноамериканска Лига на шампиони, наречена Копа Либертадорес. Палмерира на спектакуларен начин избори пласман во финалето. Успеа да надомести минус од три гола против ЛДУ Кито. Бразилскиот тим победи со 4:0. ЛДУ Кито сензационално елиминира два бразилски тима во нокаут фазата – Ботафого и Сао Паоло, и беше на работ на третата сензација, но се случи „чудо“. Еквадорците направија големо ...

Сан Антонио и Оклахома запишаа нови победи во НБА лигата. Сан Антонио го бележи најдобриот страт на една сезона во историјата на франшизата, пет победи во исто толку натпревари. Шест победи во шест натпревари има актуелниот првак Оклахома. Сан Антонио Спарс славеа во суелот со Мајами Хит 107:101. Виктор Вембањама ги предводеше „Мамузите“ до нивната петта победа во исто толку натпревари со 27 поени, 18 скока, 6 асистенции и 5 блокади. По ...

Поранешниот македонски репрезентативец, Филип Талески, си замина од Вардар 1961. Левиот бек, минатото лето се врати во Вардар 1961, но овој пат неговиот престој заврши по само неколку месеци. Талески побарал од клубот договорот спогодбено да му биде раскинат и веќе се поздравил со соиграчите. Не бил задоволен од минутажата и улогата што ја има во тимот. Левиот бек имал намера да остане во Македонија, но не успеал да се договорои со ГРК ...

Поранешниот селектор на Италија, Лучано Спалети, официјално стана нов тренер на Јувентус. Харизматичниот тренер дополнително го збогати богатото портфолио кога станува збор за големи тренерски работни места. Претходно ги водеше Интер, Рома, Наполи и италијанската репрезентација, а во Јувентус доаѓа откако Игор Тудор беше отпуштен бидејќи „Старата Дама“ не постигна гол во лигата повеќе од еден месец и имаше серија од осум натпревари без ...

Никола Топиќ, плејмејкерот на српската репрезентација, се лекува од рак на тестисите со хемотерапија. Информацијата ја презентираше Сем Прести, генерален менаџер на Оклахома Сити Тандер. Важно е што лекарите се „исклучително позитивни“ за закрепнувањето на 20-годишниот кошаркар. На 6 октомври, Топиќ бил подложен на операција на тестисите, но до оваа изјава на Прести, причината за оваа хируршка процедура не беше позната. Во меѓувреме, Тандер ...

Вељко Пауновиќ е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија. Ќе го има своето деби на клупата на 13 ноември, во Англија. Одлуката за назначување на селекторот ќе ја потпишат членовите на Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), на состанокот следната недела. По серија исцрпни преговори, синоќа беа дефинирани клучните детали за соработката меѓу ФСС и новиот селектор. Оставено е време двете страни, да го обликуваат ...

Скандалот со нелегално обложување што ја потресе НБА лигата во последните недели би можел да влијае и на една од најголемите ѕвезди, Леброн Џејмс. Претприемачот Патрик Бет-Дејвид предупреди на оваа можност, истакнувајќи дека долгогодишниот деловен партнер на Џејмс, Маверик Картер, им признал на федералните агенти во 2021 година дека нелегално се обложувал на натпревари. Според извештаите на „Вашингтон пост“, Картер признал дека во текот на ...

Еден ден по отворањето на скијачката сезона со велеслалом во женска конкуренција, во истат дисциплина се натпреваруваа и мажите во Зелден. Марко Одермат доминираше во првата трка од сезоната. Швајцарецот беше прв по првото возење, но со само една стотинка предност пред Шварц, а тоа го потврди и во второто возење. Тој ја оствари победата и првите 100 бода во сезоната ги освои со вкупно време од 1:56,03. Четирикратниот последователен ...

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, се обиде да ја оправда одлуката да ги одмори повеќето главни играчи за натпреварот со Кристал Палас. Епилогот од овој експеримент беше катастрофален за „црвените“ е дебаклот против Кристал Палас на „Енфилд“ во натпреварот од 4-то коло од Лига Купот (0:3). Верувале или не, тоа беше шестиот пораз на Ливерпул во последните седум натпревари во сите натпреварувања. А вистинските предизвици допрва им следат на ...

Играчот од средниот ред на Барселона, Педри, претрпе многу посериозна повреда отколку што првично се предвидуваше. Вчера пристигна веста дека Педри претрпел повреда на мускулот и дека ќе отсуствува околу еден месец, но се покажа дека ситуацијата е многу посериозна. Според извештаите, Педри ќе отсуствува сигурно шест до осум недели, што значи дека ќе пропушти десетина натпревари на Барселона. Каталонскиот клуб не го прецизираше периодот на ...

Започна судската битка на Фелипе Маса, тешка 73 милиони евра, поради наводниот заговор што го чинеше титулата светски шампион во Формула 1 во 2008 година. Тоа е титула што Луис Хамилтон ја освои со само еден бод предност пред Маса. Поранешниот возач на Ферари е убеден дека тој е вистинскиот шампион таа сезона, а сето тоа поради контроверзниот судир на Нелсон Пике помладиот на Големата награда на Сингапур, пишува „Дејли Мејл“. Скандалот ...

Душан Влаховиќ, по долго време доби овации од навивачите на Јувентус. По триумфот над Удинезе (3:1), српскиот репрезентативец им се забчагодари на навивачите и на поранешниот тренер Игор Тудор. Душан Влаховиќ беше еден од најдобрите играчи на Јувентус во синоќешната победа, постојано влегуваше во гол шанси, но погоди само еднаш, од пенал во петтата минута. Привремениот тренер, Масимо Брамбиља го извади од теренот во 89-та минута, очигледно ...

Реал Мадрид објави дека ќе бара „значајна отштета“ од Европската фудбалска унија (УЕФА) откако на оваа организација и пропадна жалбата против пропаднатата Европска суперлига. Во средата, Окружниот суд во Мадрид ја потврди пресудата од мај 2024 година, во која се утврдува дека УЕФА, Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) и Ла Лига применувале антиконкурентски практики и злоупотребиле доминантна позиција со тоа што им забраниле на клубовите да ...

Во 10-то коло од француското првенство, против аутсајдерот Лориен, ПСЖ остана без очекуваната победа (1:1), но и без клучен играч. Дезире Дуе (20), крилниот напаѓач на францускиот и европскиот шампион, во 63-та минута и остана да лежи плачејќи од болка. Дуе го напушти теренот на носилки, а подоцна го напушти стадионот со помош на патерици. Се чини дека го повредил бутниот мускул на десната нога, но повеќе детали ќе бидат познати во ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1017
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.57
63%
1019
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
54%
1021
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
71%
1016
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.15
80%
1017
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
74%
1021
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
63%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
63%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
44%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
65%
1017
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
5.14
37%
1020
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 10ᴼ
6.69
85%
1014
Currency

61.645

Currency

52.4687

Currency

70.884

Currency

37.5414

Currency

38.4236

Currency

67.2068

Currency

7.6959

Currency

0.69846

Currency

0.32902

Currency

0.52513

Currency

1.16927

Currency

0.56091

Злато

166450.52

Бакар

12.11

Сребро

2840.84

Рутениум

54591.97

Платина

66680.65

Калај

50.46

Паладиум

49675.57

Родиум

326330.08

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.56

Кобалт

45.39

Цинк

3.43