Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Светскиот рекет број 3, Александар Зверев, го заврши својот настап на Ју-ес опен. Германецот, кој сезонава игра во променлива форма, по речиси четири часа борба загуби од Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим. Финалистот од 2020 година беше елиминиран во третото коло, Оже-Алијасим беше подобар од него по четири сета (3:1), по сетови 4:6, 7:6(7), 6:4, 6:4 по речиси четири часа игра (3:49). Зверев имаше предност од еден сет и ја пропушти можноста ...
Капитенот на кошаркарската репрезентација на Србија, Богдан Богдановиќ го заврши своето учество на Европското првенство, тврдат медиумите во оваа земја. Како што пишува „Меридијан Спорт“, повикувајќи се на неименувани извори од Соединетите Американски Држави, Богдановиќ поради повреда нема да може да и помогне на својата репрезентација. Му била дијагностицирана руптура на мускулот на тетивата, тврди претходно споменатиот извор, поради што ...
Додека навивачите на Галатасарај, доцна синоќа, ја славеа победата над Ризерспор, од другата страна на Босфорот дојде шокантната вест: „Едерсон е наш!“ Водечкиот европски трансфер инсајдер Фабрицио Романо, објави дека дека голманот на Манчестер сити го избрал Фенербахче пред најголемиот ривал Галатасарај. Италијанецот тврди дека Фенер влегол во преговори со Сити откако во Истанбул се проширила веста дека понудата на Галата од десет милиони ...
УЕФА го потврди распоредот и термините за натпреварите во главната фаза во Конференциската лига. Сезонава, во имто на Шкендија, за прв пат во историјата Македонија ќе има репрезент во ова натпреварување. Шкендија ќе одигра шест натпревари во Конференциската лига. Првиот во Мадрид против Рајо Ваљекано на 2 октомври (18.54 часот). Потоа Шкендија ќе одигра два натпревари на домашен терен, против Шелбурн на 23 октомври и Јагиелонија на 6 ...
Србија ја победи Летонија, во дербито во А групата со 84:80. Србите го забележаа третиот триумф, Летонија има победа и два порази. Блескаше Никола Јокиќ со 39 поени. Рекордерот на српскиот тим, Никола Јокиќ не дозволи инзненадување во Рига. Со исклучок на првите четири минути, Србија констатнтно имаше предност, најчесто од осум поени. Србија имаше 82:75 на нецели 120 секунди до крајот, Летонците се вратија со две тројки на само минус од два ...
По Полска, репрезентативците на Словенија беа поразени и од Франција во второто коло од Европското првенство. Франција во еден возбудлив и неизвесен натпревар победи 103:95. Натпреварот го одбележаа Лука Дончиќ од едната страна и Силван Франциско од другата страна, кој на крајот речиси предизвика голем инцидент. Во моментот кога ја прифати раката на Дончиќ како знак на честитка за победата, се упати кон кошот и поентираше за конечни 103:95. ...
Манчестер јунајтед и Рубен Аморим ја забележаа првата победа во сезоната. Јунајтед го победи Барнли со 3:2, со гол од пенал во 97.минута. Два пати водеше Манчестер Јунајтед, но залудно. Прво по автоголот на Кулен, а потоа и преку Ембумо, сепак, тоа не беше доволно. Прво Фостер го израмни резултатот, а потоа и Антони. Сепак, токму Антони беше тој што непотребно го повлече Диало на почетокот од судиското продолжение, а откако ја прегледа ВАР ...
Оскар Пјастри, лидерот во генералниот пласман во шампионатот на Формула 1, ја освои пол-позицијата пред трката за Големата награда на Холандија. Австралиецот во борбата за пол-позицијата го победи тимскиот колега Ландо Норис, кој доминираше на тренинзите и во првите два квалификациски сесии. Пјастри ја освои пол-позицијата со најбрзиот круг во историјата на Зандворт, 1:08.662. Норис задоцни 12 илјадити делови од секундата зад тимскиот ...
Денот во Премиер лигата започна со победата на Челзи против Фулам, 2:0 (1:0). Ќе се анализира судењето на овој натпревар, впечаток е дека судијата два пати ги оштети Фулам. Не започна добро за „сините“, веќе во 14-та минута Мареска беше принуден да направи замена бидејќи Делап се повреди, а потоа само седум минути подоцна Фулам постигна гол. Марко Силва беше бесен. И со право, кога голот на Кинг беше поништен по долгата ВАР проверка поради ...
Германската кошаркарска репрезентација ја декласираше Литванија со 107:88 во првиот меч од третата рунда на Европското првенство. Со три победи во првите три рунди, Германија веќе обезбеди пласман во осминафиналето. Натпреварот во „Дек Арена“ во Тампере мина во апсолутна доминација на актуелниот светски шампион. По Шведска и Црна Гора, Германците и против Литванија постигнаа преку 100 поени. Ова најдобро го отсликува офанзивниот потенцијал ...
Новата сезона во Лигата на шампионите започнува на 16 септември, а првото коло ќе се игра на 17 и 18 септември. Првите натпревари на 16 септември во 18:45 часот ќе ги играат Атлетик Билбао и Арсенал, односно ПСВ и Унион Сен Жилоа. Среда е резервирана за две дерби средби: баерн-Челзи и Ливерпул-Атлетико. Првиот ден на 16 септември ќе играат: Реал Мадрид – Марсеј, Јувентус – Борусија Дортмунд, Тотенхем – Виљареал и Бенфика – Карабах. Овие ...
Фудбалерот на Кремонезе, Романо Мусолини (22), го имаше дебито од сништата во Серија А. Правнукот на фашистичкиот диктатор Бенито „Дуче“ Мусолини даде клучен придонес во вториот триумф на повратникот во Серија А. Кремонезе го победи Сасуоло со 3:2. Мусолини влезе во натпреварот седум минути пред крајот, тоа беше негово деби во елитниот ранг на италијанскиот фудбал, а за кратко време успеа директно да влијае на резултатот. Прво, му ...
Португалецот Жоао Феликс блескаше во првото коло од саудиското првенство, во кое Ал-Наср беше убедлив против Ал-Тавун, славеше со 5:0. Феликс постигна хет-трик. Фудбалерот чија кариера не отиде во очекуваниот правец од моментот кога се пресели од Бенфика во Атлетико Мадрид за 126 милиони евра, се чини се пронајде во Саудиска Арабија. Првиот гол го постигна во 7-та, вториот, во 67-та минута и третиот во 87-та минута, со што стави тошка на ...
Симоне Инзаги, новиот тренер на Ал Хилал, на почетокот на својот мандат го отпиша од тимот најдобриот стрелец Александар Митровиќ. Ал Хилал ќе му ја исплати последната година од договорот, а Митровиќ е слободен играч и може да бида каде ќе ја продолжи кариерата. Милан и Рома се заинтересирани за најдобриот стрелец во историјата на српската репрезентација, тврди инсајдерот Николо Шира. Митровиќ нема ништо против враќањето во Европа. ...
Манчестер јунајтед објави дека ја прифаќа понудата на Бетис за Антони, во исто време кога од Бетис објавја дека ја повлекле понудата. Конфузијата настанала наводно поради четири милиони евра. Цело лето, Бетис се обидуваше да го реализира овој трансфер. Антони имаше добра полусезона на позајмица во Бетис, постигна девет гола. За време на предсезоната, Антони беше еден од играчите што Рубен Аморим целосно ги отстрани од тимот, поради што ...
Николас Џексон, во финишот на преодниот рок го напушти Челзи. Сенегалецот кариерата ќе ја продолжи во Минхен, дресот на Баерн ќе го носи барем една сезона. Баерн го позајми Џексон од Челзи, заемот ќе го плати со големи 15 милиони евра. Баварците имаат опција да го откупат по завршувањето на сезоната за нереални 80 милиони евра. Сенегалецот не играше добро минатата сезона за Челзи и покрај тоа што редовно беше прва опција во нападот. Јасно ...
Спортскиот директор на Арсенал беше исклучително активен во преодниот рок. Резултатот на таа активност е рекордно трошење за засилувања, што беше заокружено со договорот за трансфер на Пјер Инкапие од Баер Леверкузен. Постигнат е договор помеѓу Арсенал и Баер Леверкузен. Според него, Арсенал ќе му плати на Баер 52 милиони евра со бонуси. Со овој трансфер, бројката што „топџиите“ ја потрошија за трансфери ова лето е 345 милиони евра, што е ...
Најголемиот фаворит за златниот медал на Евроското првенство во кошарка, Србија, потешко од очекувањата ја победи Португалија во второто коло со 80:69. Србите не беа на ниво, селекторот Пешиќ реше дека со „главите биле на некое друго место“, до победата ги предводеа Никола Јокиќ со 23 поен и 10 скока, односно Никола Јовиќ со 18 поени. Покрај лошата игра Србите се соочија со неколку проблеми по овој натпревар. На почетокот на мечот поради ...
Милан ја оствари својата прва победа во Серија А оваа сезона, откако го победи Лече со 2:0 во второто коло. Исклучително важна победа за Милан. Не само поради поразот во првото коло на „Сан Сиро“ против Кремонезе, туку и поради значителни персонални проблем. Сепак, Масимилијано Алегри ја забележа првата победа во својот повратнички мандат. Рубен Лофтус-Чик го отвори резултатот во Лече во 66-та минута. Со асистенција на најголемото ...
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се враќа во Шкотска. Џирона и Глазгов Ренџерс го договориле трансферот. Миовски ќе гоо стави потписот на договорот со „полицајците“ кога ќе ги мине лекарските прегледи, кои се најавени до крајот на денот. Бојан Миовски две сезони блескаше во дресот на Абердин, во кои постигна 44 гола. Минатото лето реши да се пресели во Шпанија, за да игра во Лигата на шампионите. Џирона за него на Абердин му плати ...
Во денот кога Фенербахче му врачи отказ на тренерот Жозе Мурињо, турските медиуми објавија дека клубот го договорил трансферот на поранешниот играч на Галатасарај, Керем Актуркоглу. Бенфика ќе добие фиксни 22.500.000 и низ бонусите уште 2.500.000 евра. Интересно, Актуркоглу на некој начин му го потпиша отказот на Жозе Мурињо. Во средата, тој го постигна единствениот гол во плејоф двомечот меѓу Бенфика и Фенербахче. Овој гол и овозможи на ...
Манчестер јунајтед, во средата доживеа шокантна елиминација од Лига купот од членот на Четвртата лига Гримзби. Поразот во медиумите беше означен како најголем срам во клупската историја. Логично е дека елиминацијата предизвика потреси во клубот. Рубен Аморим не успева да ги спроведе своите идеи, а за време на репрезентативната пауза се очекува да разговара со клупските челници, објавува „Дејли меил“. Португалецот истакна дека нешто мора да ...
Македонскиот шампион Шкендија ги дозна противниците во главната фаза во Конференциската лига. Софтверот на УЕФА одреди Шкендија да игра дома со Слован Братислава, Јагиелонија и Шелбурн, а клубот од Тетово ќе гостува кај Рајо Ваљекано, Дрита, АЕК Ларнака. Распоредот на натпреварите и станицата УЕФА ќе го објави во недела. Првото коло е закажано за 2 октомври, а шестото коло ќе се игра на 18 декември. Првите осум екипи на крајот од лигашката ...
Регионалните великани, Црвенз звезда и Динамо Загреб се избегнаа во главната фаза во Лига Европа. Ждрепката за Лига Европа се одржа попладнево. Црвенз звезда и Динамо добија четири исти противници, ќе играат против Лил, Малме, Селта и ФЦСБ. Противници на Црвена звезда: Лил. Порто, Селтик, Брага, Штурм, ФЦСБ, Штурм, Малме Противници на Динамо Загреб: Бетис, Лил, Фенербахче, Макаби Тел Авив, ФЦСБ, Митјиланд, Целта, Малме. Првите натпревари од ...
Вест Хем официјално го потврди можеби најскапото засилување во историјата на клубот. Бразилскиот играч од средниот ред Матеус Фернандес пристигна од Саутемптон за фиксна сума од 44.000.000 евра. Но, со бонуси, трансферот би можел да порасне на 51.000.000 евра, што би бил нов клупски рекорд. Најскапиот трансфер на Вест Хем досега беше Себастијан Але од Ајнтрахт за 50.000.000 евра. Тој одигра 46 натпревари, постигна четири гола и забележа ...
Тотенхем му го направи на Челзи она што го доживеа на своја кожа од Арсенал, кога соседите им го украдоа Ечебери Езе. Чави Симонс, кој неколку недели се поврзуваше со Челзи и се чинеше дека работата е завршена кариерата ќе ја продолжи во Тотенхем. „Чави Симонс, холандскиот офанзивен играч од средниот ред, ги помина медицинските прегледи пред да потпише за Тотенхем. Англискиот клуб ќе му плати 60 милиони евра на Лајпциг за 22-годишникот“, ...
Жозе Мурињо повеќе не е тренер на Фенербахче, потврди клубот. Одлуката е донесена откако турскиот гигант не успеа да се пробие во Лигата на шампионите, по што соработката беше прекината. Фенер се збогува со португалскиот стручњак на социјалните мрежи и му се заблагодари за соработката. Мурињо пристигна во Фенербахче во јули минатата година и го водеше клубот во вкупно 62 натпревари со сооднос од 37 победи, 14 нерешени и 11 порази. Тој не ...
Реал Мадрид, вечера ги дозна противниците со кои ќе се соочи во првата фаза во Лигата на шампионите. Најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите нема да има лесна задача, во првата фаза ќе се сретне со: Манчестер сити, Ливерпул, Јувентус, Бенфика, Олимпијакос, Каират, Монако и Марсеј. Јасно е дека вистински блокбастери се соочувањата со Сити, Ливерпул, Јувентус па и Бенфика, но најтешко на Реал ќе му биде против Каират. Дебитантот во Лигата ...
Манчестер јунајтед успеа да се ослободи од уште еден непожелен играч. По Маркус Рашфорд (замина на позајмица во Барселона), клубот го напушта и Алехандро Гарначо. Младиот Аргентинец, кој не беше во добри односи со менаџерот Рубен Аморим, договорил седумгодишна соработка со Челзи, пишуваат британските медиуми. Откако Аморим го информирал на крајот од претходната сезона дека не смета на него, Аргентинецот форсираше трансфер во Челзи, на ...
Словенија со пораз го отвори Европското првенство во кошарка. И покрај врвната партија на Лука Дончиќ, Словенија, во Катовице, загуби од Полска со 95:105. Ѕвездата на ЛА Лејкерс, го заврши натпреварот со 34 поени, четири скока, девет асистенции и пет украдени топки. Дончиќ со тоа стана првиот играч во историјата на Евробаскетот со 30+ поени, 5+ асистенции и 5+ освоени топки, откако се евидентира статистиката, истакна ФИБА на официјалната ...