Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Кравите покажуваат визуелна склоност кон нови човечки лица во споредба со познати и можат да го поврзат гласот на познат старател со неговото лице, покажува студија објавена во отворено достапното списание „Плос Ван“ од францускиот институт ИНРАЕ, пишува „Физ.орг“. Домашните животни како кравите (Бос таурус таурус) живеат во блиска контактна средина со луѓето и истовремено се многу социјални животни. Со цел да се разбере дали кравите можат ...
Активисти што биле заробени од Израел, а претходно дел од флотилата што се обидуваше да достави помош во Газа, тврдат дека биле изложени на разни злоставувања, при што неколку лица биле хоспитализирани со повреди, а најмалку 15 пријавиле сексуални напади, вклучително и силување, пренесува Гардијан. Израелската затворска служба ги негираше обвинувањата, а досега медиумите не можат независно тоа да го потврдат. Германија соопшти дека некои од ...
Манчестер сити објави дека од недела северната трибина на стадионот „Етихад“ ќе го носи името на Пеп Гвардиола, кој истиот ден последен пат ќе го води тимот од клупата и така ќе стави крај на својата десетгодишна ера меѓу „граѓаните“. Новоизградената и проширена северна трибина, на иницијатива на претседателот на клубот Калдун Ал Мубарак, ќе го носи името „Трибина Пеп Гвардиола“, а раководството на клубот ја донело оваа одлука во чест на ...
Доналд Трамп помладиот и Бетина Андерсон официјално се венчани. Двојката тајно се венчала на граѓанска церемонија пред раскошната свадбена забава престојниот викенд на Бахамите. Според венчалниот лист до кој дојде „ТМЗ“, Доналд Трамп помладиот и Бетина Андерсон ги завршиле потребните законски формалности во четврток во округот Палм Бич. Документот бил потпишан од заменик-служник на округот, со што се комплетирани условите за церемонијата да ...
Објавено е видео од камера на полициски автомобил, на кое се забележани моментите кога Бритни Спирs беше уапсена за возење во пијана состојба во март. Снимката го открива нејзиното прво прашање до полицајците додека ѝ ставале лисици, пренесуваат светските медиуми. Сообраќајната полиција во Калифорнија ја запрела пејачката откако била забележана како преминува меѓу лентите на автопат 101. Потребни ѝ биле 15 секунди за да одговори на ...
Вчера во скопската населба Драчево, залутан куршум погодил дете кое одело на тренинг во училиште, соопшти полицијата. За среќа, детето било погодено во грбот и не е повредено. „Вчера во 19:45 часот во СВР Скопје, Д.М.(37) од Скопје пријави дека за време на тренинг во двор од основно училиште на подрачјето на Драчево, неговиот син почувствувал удар во грбот, по што до него забележал зрно од огнено оружје. Малолетникот не е повреден. Се ...
Стотици жители на Гренланд се собраа пред новиот американски конзулат во главниот град Нук, со цел да искажат незадоволство против амбициите на Доналд Трамп за поголемо влијание врз островот, пишува Би-би-си. „САД, одете си дома“ и „НЕ значи НЕ“, извикуваа демонстрантите. Демонстрантите, исто така, носеа натписи на кои пишуваше „Не ги сакаме вашите пари“, додека гостите во новоотворениот дипломатски објект во центарот на Нук присуствувале на ...
Кошаркарите на Олимпијакос обезбедија место во финалето на Евролигата, откако во полуфиналниот дуел во Атина убедливо го совладаа Фенербахче со 79-61. Грчкиот состав уште од самиот старт наметна силно темпо и со цврста одбрана отвори со серија од 8-0, додека турскиот тим тешко доаѓаше до организирани напади и лесни поени. Иако актуелниот европски шампион во продолжението успеа накратко да фати ритам и да намали дел од негативата, Олимпијакос ...
Објавена е листата на најдобрите земји во светот за 2026 година, а заедничката карактеристика на овогодишното рангирање е многу јасна — сите десет најдобро рангирани држави се наоѓаат во Европа. Првата земја надвор од европскиот простор, Австралија, е дури на 14. место. Листата ја објавува „У. С. Њуз енд Ворлд Рипорт“ (U.S. News & World Report), американска медиумска компанија позната по рангирања на универзитети, болници, градови и ...
Познатата манекенка Хајди Клум повторно ги привлече сите погледи на овогодинашната добротворна забава „амфАР“, одржана во рамките на 79. Кански филмски фестивал. Овој пат, таа блесна во смел фустан од модната куќа „Софи котур“, кој беше комбинација од готска романса и висок гламур. Централниот елемент на фустанот беше транспарентен корсет направен од црна цветна тантела, украсен со нежен вез и ситни светки кои дискретно ја рефлектираа ...
Рускиот претседател Владимир Путин сака да ја заврши инвазијата врз Украина до крајот на тековната година, но под услови што самиот би ги сметал за „победнички“ за Русија, пишува „Блумберг“, повикувајќи се на извори блиски до Кремљ. Причината за ваквиот став на рускиот претседател се, како што наведуваат, растечките внатрешни проблеми кои се директна последица од инвазијата, која, во очите на руските сили што стојат зад Путин, требало да ...
Директорката на националното разузнавање на САД, Талси Габард, на социјалните мрежи потврди дека поднела оставка од функцијата, наведувајќи ја како причина болеста на нејзиниот сопруг, јавува „Ен-би-си њуз“. Директор на националното разузнавање е функција на ниво на член на владиниот кабинет, а личноста која е на неа практично е највисокиот разузнавачки раководител во САД. Во оставката, Габард му кажува на претседателот дека е „длабоко ...
Македонскиот фудбалер Георг Стојановски имаше блескав финиш на сезоната во бугарскиот шампионат и со хет-трик му обезбеди опстанок на Спартак Варна. Во последното коло од првенството, тимот од Варна славеше убедлива победа од 3-0 против Локомотив Софија, а сите три погодоци беа дело на 22-годишниот македонски напаѓач. Поранешниот фудбалер на Вардар, Тетекс, Хата, Работнички и Шкупи првиот гол го постигна уште во осмата минута, вториот ...
Ана Костадиновска сподели срцепарателна објава за своите пријатели од „ДНК“, кои ги нарекуваше своето второ семејство. Помина повеќе од една година од кобниот 16 март, денот кога Македонија занеме пред страшната трагедија во кочанската дискотека „Пулс“, каде згаснаа 63 животи. Меѓу нив беше и речиси целиот состав на култната група „ДНК“ – луѓе кои беа синоним за пријателство, хуманост и врвна музика. Пејачката Ана Костадиновска, која со ...
Филмот „Црната топка“ (La bola negra) со Пенелопе Круз во главната улога беше премиерно прикажан во четврток навечер на Филмскиот фестивал во Кан и доби 16-минутни овации, речиси достигнувајќи го еден од најимпресивните реакции на публиката во историјата на фестивалот, пишува „Вараети“. Los Javis’s Spanish film ‘La Bola Negra’ received a 20-minute standing ovation at the 2026 Cannes Film Festival. The longest of the year. ...
Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи, информира Министерството за транспорт. „Министерството за транспорт согласно своите надлежности, предметната јавна набавка повторно ќе ја објави согласно законските прописи во најбрз можен рок“, соопшти Министерството за транспорт. Министерствoто за транспорт преку овој тендер објавен ...
Американскиот автомобилист и возач на НАСКАР Кајл Буш, почина на 42-годишна возраст откако ја загубил битката со болеста. Неговиот тим претходно во четвртокот ја информираше јавноста дека Буш е хоспитализиран во тешка состојба, а за жал сега ја потврди трагичната вест. Буш беше во својата 22. целосна сезона во најсилната дивизија на НАСКАР шампионатот, каде што зад себе има и две титули во Куп серијата (2015 и 2019) и забележа 63 победи. Со ...
Претседателот на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом, Џејмс Комер, изјави дека долгогодишната помошничка на Џефри Епстин им дала на конгресните истражители три нови имиња на наводни злоставувачи, дел од мрежата на покојниот сексуален претстапник, оценувајќи го тоа како клучен напредок во истрагата, пренесува Си-ен-ен. Комер истакна дека Сара Келен, долгогодишна помошничка на Епстин, им открила на истражителите на Претставничкиот дом ...
Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ денеска има голема причина за славење. Новак слави роденден, а малкумина знаат дека денеска полни 39 години. Додека на теренот секојдневно демонстрира неверојатна сила и кондиција, тајната на неговата издржливост се крие во многу едноставни намирници. Новак на прес-конференцијата до солзи ги насмеал присутните новинари кога истакнал дека неговиот ултимативен избор во текот на паузите на натпреварите се ...
Министерството за финансии и Владата си ја префрлаат одговорноста за тоа кој треба да каже дали вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој повеќе од два месеци не се појавил на владина седница, и натаму ја прима државната плата за функцијата, пишува „СДК.мк“. Фетаи и покрај непојавувањето на работното место, и натаму не е разрешен и формално ја врши вицепремиерската функција. Тој со неодењето на работа ги повредува сите закони (Закон ...
Федерико Димарко испиша историја во италијанскиот фудбал, откако стана првиот дефанзивец што ја освоил наградата за МВП на сезоната во Серија А. Фудбалерот на Интер зад себе има извонредна сезона во која директно учествуваше во 24 погодоци, постигнувајќи осум гола и запишувајќи 16 асистенции пред последното коло од шампионатот. Левиот бек беше еден од клучните играчи на „нераѕурите“ во освојувањето на титулата, а неговата креативност, ...
Мис на Венецуела за минатата година, Андреа дел Вал, на социјалните мрежи објави вознемирувачко видео во кое се гледа со крв на лицето, тврдејќи дека била физички нападната од својот стилист Џовани Лагуна во хотелска соба во Кан, за време на Филмскиот фестивал во францускиот град, пренесува „Њујорк пост“. Во видеото, таа сама се снима веднаш по наводниот инцидент и директно го обвинува Лагуна. Таа вели: „Погледнете, ова ми го направи Џовани ...
Податоците на десетици илјади пациенти се украдени во сајбер напад насочен кон надворешен провајдер, чии услуги ги користат голем број болници во Германија, објави германскиот медиум СВР. Универзитетската болница во Келн соопшти дека биле опфатени 30.000 луѓе. Според извештаите, нападот се случил на средината на април. Бидејќи нападот бил насочен кон надворешен давател на услуги, а не кон болницата, клиничките системи и грижата за пациентите ...
Црвена звезда донесе одлука да ја прекине соработката со тренерот Саша Обрадовиќ по елиминацијата од Партизан во полуфиналето на АБА лигата. Според српските медиуми, иницијативата за смена на Обрадовиќ започнала по силниот притисок од навивачите, а раководството на клубот на утрински состанок го потврдило неговото заминување. Како главни причини се посочуваат разочарувачкото 10. место во Евролигата, како и новиот неуспех во регионалното ...
Ако некогаш постоела градба направена да му пркоси на времето, тогаш тоа сигурно е Големата пирамида во Гиза, величествен споменик на човечката имагинација и амбиција. Откако била изградена во периодот на Старото Кралство на древен Египет, таа цврсто стои додека времето минува, а цивилизации се раѓаат и исчезнуваат, пишува „Дејли мејл“. Научниците сега открија една од причините за нејзината неверојатна долговечност — била проектирана и ...
Белгискиот Врховен суд ја потврди пресудата со која белгиската држава е прогласена за одговорна за злосторства против човештвото извршени за време на колонијалниот период во Конго. Како последица на тоа, Белгија мора финансиски да обештети пет жени-жртви на политики на расна сегрегација и на киднапирање, пишува Демократа. Одговорноста на Белгија во овој случај веќе беше утврдена со пресуда донесена во декември 2024 година, но владата одлучи ...
Во најновото издание на поткастот „Со Ана на ТИ“ гостува Лина Ѓорчева, македонска композиторка, вокалистка, продуцентка и магистер по комуникации, која со својот талент, амбиција и професионализам ги освојува светските сцени и филмската индустрија во Холивуд. Разговорот започнува од нејзиното детство во Скопје и првите музички чекори со виолината и пијаното, па сè до студиите и животот во Грац, Виена, Грција и Италија. Лина зборува за патот ...
„Глупавaта опструкција на патот на Северна Македонија кон ЕУ од страна на Бугарија е неодговорна и мора да престане“, напиша на „Икс“ поранешниот министер за Европа на Германија, Михаел Рот. Според него, оваа опструкција од Бугарија „ја ослабува ЕУ, го дестабилизира Западен Балкан и им користи само на Русија, Кина и други авторитарни актери“. „Новата бугарска влада треба да се засрами“, порача Рот. Неговата реакција уследи откако бугарското ...
Легендата на шпанскиот фудбал, Андрес Иниеста и официјално започна ново поглавје по завршувањето на играчката кариера. Прославениот поранешен фудбалер на Барселона влезе во тренерските води и го доби првиот посериозен ангажман, откако потпиша договор со Гулф јунајтед од Обединетите Арапски Емирати. Иниеста во изминатиот период беше дел од активностите и тренинзите на клубот, кој работи на амбициозен проект за развој на млади фудбалери, а ...
Пакистанскиот министер за внатрешни работи, Мохсин Накви, одржа уште една средба со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, за да ги разгледаат предлозите насочени кон ставање крај на војната меѓу САД и Иран, објавија иранските медиуми, пренесува Анадолу. На состанокот главно се разгледувале предлози за тоа како Иран и Америка да продолжат да преговараат индиректно преку посредници. Доцна синоќа, полудржавната иранска новинска ...