Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Екипата на Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во составот на охриѓани е јапонскиот репрезентативец Шуичи Јошида. Станува збор за 25-годишен кружен напаѓач, кој потпиша едногодишен договор со можност соработката да биде продолжена и за дополнителна сезона. Во Охрид ќе настапува со дресот број 11. Јошида во македонскиот клуб пристигнува со богато интернационално искуство. Во изминатите две сезони беше дел од ...
Македонскиот репрезентативец и капитен Енис Барди нема по добро да го памети финалето од турскиот Куп, откако неговиот Коњаспор беше поразен од Трабзонспор со 2-1, а токму Барди не успеа да реализира пенал во клучен момент од натпреварот. По израмнувањето на Коњаспор на стартот од второто полувреме, македонскиот играч во 58. минута доби можност од белата точка да му донесе предност на својот тим, но неговиот удар заврши во стативата од голот ...
Во Србија утрово целосно е запрен железничкиот сообраќај, само неколку часа пред големиот студентски и граѓански антивладин протест што денеска треба да се одржи на плоштадот „Славија“ во Белград. Државната компанија „Србијавоз“ соопшти дека од 4:15 часот е прекинат сообраќајот на сите возови во земјата, без да понуди какво било објаснување за причините за ова. Според дел од српските медиуми, илјадници граѓани и студенти од сите српски ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествува на министерскиот состанок на НАТО што се одржува во Хелсингборг, Шведска, а пред почетокот на самитот, тој оцени дека оваа средба претставува „клучна дестинација за евалуација на досегашните воено-политички постигнувања и подготовка за следните стратешки чекори на Алијансата“. Шефот на македонската дипломатија вели дека главните теми на сојузниците ќе бидат ...
Стопанственикот Горан Рафајловски во синоќешното издание на емисијата „Бизнис 21“ на телевизијата „21“ изнесе мислење за висината на платите на функционерите. Тој рече дека министерските плати треба да бидат многу повисоки, и со тоа да се сопре со темата колкави се платите на политичарите. „Мора да се сопре со тоа колкави се платите со политичарите. Ако сакате да нема крадење, тогаш треба да се платат. И да има награда ако донесе некоја ...
Во ново интервју, принцот Вилијам отворено зборуваше колку е горд на неговата сопруга Кејт Мидлтон по закрепнувањето од рак, како и за нејзиното неодамнешно официјално патување во Италија, пишуваат странските медиуми. За време на гостувањето во радио емисијата „Појадок со срце“ што ја водеа Џејми Тикстон и Аманда Холден, принцот од Велс не штедеше пофални зборови за својата сопруга. – Таа е неверојатна мајка и неверојатна сопруга. Буквално, ...
Вонредна состојба е прогласена во бугарскиот град Велико Трново, откако поројни дождови синоќа ги претворија улиците во реки, поплавија десетици домови и однесоа автомобили. Состојбата во градот и општината останува критична откако реката Јантра се излеа од коритото, а водостојот достигна речиси седум метри, на критични 6 метри, јавија бугарските медиуми. Автомобили биле одвлечени во клисура или однесени од водите на реката Се евакуираат ...
Шест години по филмот „Болка и слава“, прославениот шпански режисер Педро Алмодовар се враќа во главната натпреварувачка програма на Канскиот филмски фестивал со своето ново дело „Горчлив Божиќ“ (Amarga Navidad), кое ќе стигне до домашната публика по светската премиера во Кан. Премиерата на филмот во Скопје е закажана за 28 мај во киното „Синеплекс“. По „Соседната соба“, неговиот прв долгометражен филм на англиски јазик, Алмодовар се враќа ...
Гризволд „Гриз“ Чепмен, американски актер најпознат по улогата во популарната комична серија „30 Rock“ (30 карпа), почина на 52-годишна возраст. Како што потврди неговиот долгогодишен агент Саиде Браун за Ти-ем-зет, Чепмен починал вчера. Зад себе ги остави сопругата и двете деца. Иако причината за смртта не е соопштена на почетокот, познато е дека актерот со години се бореше со сериозни здравствени проблеми. Во 2010 година, беше подложен на ...
„До кога треба да чекаат граѓаните на Македонија за Мицкоски и Филков да ги пратат документите за екстрадиција на Никола Груевски?“, прашува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) во соопштение утрово. „Помина повеќе од еден месец, патуваа документите со денови, Министерството ги собираше документите, сега молчат за едно од најважните прашања поврзани со правдата и владеењето на правото. Зошто се кочи постапката? Или вистината е ...
Најдобрите тенисери и тенисерки го кренаа гласот против намалувањето на нивниот удел од приходите на Ролан Гарос, кој започнува следната недела во Париз. Најновиот вид протест беше виден денеска, кога најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка својата прес-конференција, по што ја напушти просторијата со новинарите. Како што објасни, не станува збор за неа и за тоа колку заработува, туку за борба за правата на послабо рангираните тенисери и ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар донесе одлука со која се забранува увозот на земјоделски производи од Украина, објави тој на „Икс“, а пренесоа украинските медиуми. Министерот за земјоделство и храна, Соболч Бона, на социјалните мрежи појасни дека претходната власт го оставила ова прашање во состојба на правна неодреденост. Според него, ограничувањата донесени од владата на Фидес биле поврзани со вонредната состојба, па по нејзиното ...
Реал Мадрид ќе се бори за европската титула, откако во полуфиналето на Фајнал форот во Евролигата убедливо ја совлада Валенсија со 105-90. За разлика од првото полуфинале меѓу Олимпијакос и Фенербахче, каде доминираше цврстата и дефанзивна игра, вториот натпревар донесе вистински нападaчки спектакл и голем број поени. Валенсија подобро го отвори натпреварот и ја доби првата четвртина со 28-26, но „кралевите“ брзо возвратија. Во вториот ...
Омега-3 масните киселини, здрави масти што телото не може само да ги произведе, се познати по нивните придобивки за срцето и мозокот, но тие сè повеќе се рекламираат и како средства за подобрување на расположението. Некои докази сугерираат дека тие можат да помогнат во ублажување на симптомите на депресија, но лекарите предупредуваат дека нивната ефикасност е ограничена на специфични околности, пишува „Хелт“. Истражувањата сугерираат дека ...
Пратеникот и поранешен министер Оливер Спасовски оцени дека застојот на Македонија на патот кон Европската Унија не е последица на „францускиот предлог“, туку на, како што рече, недостигот на политичка волја кај актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Спасовски порача дека владејачкото мнозинство треба да понуди конкретен излез од актуелната состојба, наместо да продолжува со политички популизам, објави ...
Променливо облачно и нестабилно време се очекува денес. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер со брзина над 50 km/h. На повеќе места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната од 20 до 28 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно, во ...
Експлозија на гас во рудник за јаглен во северна Кина одзеде најмалку 90 животи, според државните медиуми, пренесе „Еуроњуз“. „Спасувачките напори се уште се во тек. Бројот на жртвите сè уште се пресметува“, објавиja кинеските медиуми, додавајќи дека девет лица сè уште се водат како исчезнати. Не е јасно колку луѓе останале заробени во рудникот во покраината Шанкси. Претходно, државната новинска агенција Ксинхуа објави дека нивоата на ...
Матурската вечер во градот Цазин во Босна и Херцеговина минатата недела донесе и непријатен инцидент – за време на прославата дојде до жестока расправија, а потоа и физичка пресметка меѓу две мајки на матурантки, пренесоа босанските портали. Според присутните, конфликтот се случил поради туркање за најдобра можна позиција покрај црвениот тепих за да се фотографираат матурантите. Очевидците велат дека ситуацијата брзо ескалирала од вербален ...
Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 23 мај, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска. Овен Во текот на овој ден ве очекуваат многу позитивни настани, па логично е енергично да се движите кон реализација на зацртаните планови. Овој најверојатно ќе доживеете промена на вашите планови во љубовната сфера. Можна чувствителност на уринарниот тракт. Бик Иако комуникацијата со соработниците нема да биде толку лоша, доколку е можно, ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска навести дека крајот на американско-израелската војна против Иран можеби е на повидок, пренесува Анадолу. „Ги запревме. Никогаш нема да имаат нуклеарно оружје. Никогаш нема да имаат нуклеарно оружје. И наскоро ќе завршиме со тоа. Наскоро ќе биде готово“, рече тој. Американскиот претседател денес беше меѓу своите поддржувачи во државата Њујорк. „Ќе видите бројки какви што никогаш не сте виделе, и во ...
Професорка од Средното техничко училиште во хрватскиот град Задар денеска доби несекојдневно емотивно изненадување во дворот на училиштето, кога матурантите ѝ го открија автомобилот кој ѝ го подариле, во знак на благодарност за четиригодишниот труд, трпението и воспитувањето кое го добиле од класната раководителка, јавуваат локалните медиуми. Матурантите кои се школувале за воздухопловни техничари заеднички го организирале големото ...
Под мотото „MAKE IT EPIC“, Шпаркасе Банка во рамките на својата VIBE ON платформа за млади ја проширува понудата на финансиски производи за млади до 28 години, и тоа со нови потрошувачки, станбен и хипотекарен кредит за млади, можност за дозволено пречекорување, како и нов VIBE ON+ пакет за млади. Како банка со едно од најголемите семејства на млади клиенти во земјата, Шпаркасе Банка континуирано ги следи нивните потреби, го слуша нивниот ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова уверува дека безбедноста е на највисоко ниво и ја отфрли можноста од нејзиниот кабинет да се извлекувале доверливи податоци. Таа вели дека сите дописи што ги добива од НАТО, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и од Генералштабот се во печатена форма и оти никој освен неа ги нема видено. Во анонимна кривична пријава, потпишана од „група вработени во МВР“, за која објави ...
Три хороскопски знаци влегуваат во десет дена кои целосно го менуваат изгледот на нивната банкарска сметка. По месеци борба со стари обврски, Бикот, Вагата и Рибите добиваат конкретна причина конечно да престанат да бројат на прсти до први во месецот. Не станува збор за ненадејна добивка, туку за финансиски ставки кои долго време чекале потпис, задоцнето враќање на парите или деловен разговор кој постојано се одложувал. Бик: Враќање на стар ...
По секој циклус, оставете ја вратата на машината за перење малку отворена за да овозможите циркулација на воздухот низ барабанот и да го намалите задржувањето на влагата. Мувлата во машината за перење алишта настанува затоа што внатрешноста на апаратот останува влажна долго време, а таквите услови се поволни за раст на мувла. Ако проблемот се игнорира, наслагите можат да го затнат одводот и на крајот да доведат до неправилно функционирање на ...
Интимните моменти честопати зборуваат погласно од зборовите – и откриваат што не е кажано на глас. Во врските честопати се поставува истото прашање: дали партнерот е навистина емотивно вклучен или е тука само на поминување? И додека многумина бараат одговори во однесувањето надвор од спалната соба, психолозите и терапевтите истакнуваат дека токму интимните моменти можат да откријат најмногу за вистинските емоции и нивото на приврзаност. Еден ...
Актерката Ен Хатавеј и нејзиниот сопруг Адам Шулман, ретко се појавуваат заедно во јавноста, но овој пат направија исклучок појавувајќи се на настан во Њујорк по повод презентацијата на колекцијата „Круз“ 2027 на модната куќа „Луј Витон“ во музејот „Фрик колекшн“. Хатавеј привлече внимание со елегантно модно издание во сиво-бел фустан, со чевли на високи потпетици и чанта „Луј Витон“, додека нејзиниот сопруг избра многу порелаксиран, лежерен ...
Фрагмент од Ајфеловата кула што некогаш директно ги поврзувал вториот и третиот кат, се продаде на аукција за 450.160 евра, трипати поголема цена од онаа на која беше проценета – од 120.000 до 150.000 евра, пренесуваат странските медиуми. Делот има 14 скалила, високи 2,75 метри и дијаметар од 1,75 метри и се направени од челик. Историскиот артефакт поминал повеќе од четириесет години во истата приватна колекција откако бил демонтиран во 1983 ...
Ален Исламовиќ објави емотивна снимка од Скопје, за време на неговиот концерт кој се одржа во Филхармонијата минатата недела. Музичарот кој беше фронтмен на групите „Бијело Дугме“ и „Дивље јагоде“ објави видео од скопскиoт хотел каде што беше сместен, како ја пее песната „Sanjao sam noćas da te nemam“ само во придружба на пијано. Исламовиќ и пијанистот звучат одлично во оваа акустична изведба, во песната која ја пееше Жељко Бебек, на ...
Поранешниот пратеник и советник на премиерот, Рубин Земон, вечерва соопшти дека поднел оставка на местото член на Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), откако на оваа функција беше избран пред само два месеца. Потегот на Земон доаѓа откако тој предизвика негативни реакции во јавноста со коментарите за Гоце Делчев, дадени во поткаст, кога меѓу другото рече дека „Гоце Делчев ништо не напишал во животот, ниедна ...