Промоцијата на седмото дополнето издание на книгата „Вдахновенија“, со поднаслов „Ковчеже на мудрости“ од Атанас Конески, што се одржа на 18 мај во Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, помина во духот на содржината што ја носи ова вдахновено дело. Времето во кое живееме и брзиот развој на дигиталната технологија сѐ помалку оставаат простор да се нурнеме во морето на мудрости што ги оставиле генерациите што живееле пред нас. Сосема ...

Голем број граѓани денеска се собраа во Куманово, како што рекоа, во знак на поддршка за српскиот претседател Александар Вучиќ. Собирот го организира здружението „Мир, слога, стабилност“. Учесниците вееја македонски и српски знамиња, а дел од нив носеа транспаренти со пораки „Ние сме со Вучиќ“ и „Куманово со Вучиќ“ (на српски јазик). I u Kumanovu se zna ko je na čijoj strani, Šiptari na blokaderskoj a braća Makedonci uvek uz bratsku Srbiju! ...

Пензиониран, 93-годишниот германски државјанин Ханс-Јирген В. од Келн бил нападнат и мачен до смрт во својот дом. Случајот е шокантен не само поради бруталноста на злосторството, туку и поради минатото на неколку осомничени. Како што објави „Билд“, трагата води до мажи кои наводно им се познати на властите со години и кои требало да ја напуштат Германија одамна. Кога децата на Ханс-Јирген В. влегле во куќата на нивниот татко, го пронашле ...

На Светското првенство во кајак спуст на диви води на реката Врбас во Бања Лука, Босна и Херцеговина, македонскиот репрезентативец Љубомир Спасиќ се закити со бронзен медал. Во категоријата Мастерс+35, членот на Кајак Кану Клубот Арка-Борец дод Велес беше третопласиран со време од 17:01.64. На првото место се најде Шпанецот Гиљеромо Фидалго Де Леон, а на втората позиција се најде Давиде Макањан од Италија. – Горд сум што повторно ја ...

Многу луѓе ги фрлаат лушпите од овошјето и зеленчукот, но тие надворешни слоеви можат да бидат вистинско богатство од хранливи материи. Консумирањето намирници со лушпа може да ви помогне да внесете повеќе влакна, витамини, минерали и корисни растителни соединенија. Тоа може да го подобри варењето, да го продолжи чувството на ситост и да помогне во одржување постабилно ниво на шеќер во крвта, пишува „Хелт“. Јаболко Лушпата од јаболкото е ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар соопшти дека Будимпешта се откажува од претходната одлука за повлекување од Меѓународен кривичен суд (МКС), пренесуваат медиумите. „Владата се откажува од намерата за напуштање на МКС“, напиша Маѓар во објава на „Икс“, без да оди во детали. Меѓународен кривичен суд со седиште во Хаг од 2002 година ги процесира најтешките меѓународни злосторства, меѓу кои геноцид, воени злосторства и злосторства против ...

Спасувачки нуркачи, пожарникари и полицајци во Бугарија спасија 17-годишно момче што денеска влегло во надојдената река Јантра кај селото Шемшево, во областа Велико Трново, во момент кога регионот се справува со последиците од силното невреме, поројните дождови и со поплавите, јавуваат бугарските медиуми. Момчето влегло во реката, по што силната вода го понела. Во спасувачката акција биле вклучени екипи на пожарната, полицијата и ...

Кошаркарите на Оклахома го победија Сан Антонио (123:108) на гостински терен и поведоа со 2:1 во во финалето на Западната конференција во НБА лигата. Спарс го започнаа натпреварот со серија од 15:0, но бранителот на титулата го сврти натпреварот на почетокот на втората четвртина и го задржа тоа водство до полувремето. Предноста достигна двоцифрен број поени во третата четвртина, а победата на крајот беше убедлива. Оклахома играше без Џејлен ...

Битолските каратисти од карате клубот Заншин До се вратија од балканските турнири „Охрид опен 2026“ и „Солидарност опен 2026“ со два златни, четири сребрени и 11 бронзени медали. „Охрид опен 2026“ се одржа на 3 мај 2026 година во Охрид на кој настапи клубот со тројца натпреварувачи во седум категории и се врати со два сребрени и три бронзени медали. Николај Петковски се закити со сребро во категорија -45 кг. кумите 2016 со три победи, додека ...

Донскиот државен технички универзитет (ДСТУ) објави дека неговите научници развиле метод за проценка на анксиозноста што ќе им овозможи на сопствениците на домашни миленици да ја разликуваат анксиозноста кај кучињата од страв или агресија. Резултатите од студијата можат да се користат за идентификување знаци на анксиозност кај домашните миленици и кучињата водичи, објавува РИА Новости. Според резултатите од истражувањето, кученце кое не ...

Одговорните во дом за згрижување деца во центарот на Скопје пријавиле во полиција дека 15-годишно момче, нивен штитеник, се обидело да силува една година помладо дете во домот, соопшти МВР. „На 22.05.2026 во 11:30 часот во СВР Скопје, од јавна установа за зргижување на деца на подрачјето на Центар во Скопје е пријавено дека на 21.05.2026 околу 23:00 часот, 15-годишен штитеник се обидел да изврши обљуба врз 14-годишен штитеник, а откако тоа ...

Гордана Јовиќ-Стојковска е единствениот кандидат за претседател на Друштвото на писателите на Македонија на претстојното редовно изборно Собрание на ДПМ. Средбата е закажана за 30 мај. ДПМ соопшти дека изборот на новото раководство оваа година „за првпат ќе се одржи со гласање во живо, но и со онлајн-гласање“, што е во контраст со ретро-духот од времето на социјализмот што го наметнува одржувањето избори на кои се гласа за само еден кандидат. ...

Поранешниот вицепремиер Артан Груби сè уште не бил повикан на распит во надлежното обвинителство како осомничен за случајот „Лотарија“, откри републичкиот јавен обвинител Ненад Савески во интервју за неделникот „Фокус“. На прашањето дали Груби е повикан на распит и дали, освен за случајот „Лотарија“, зборувал за други случаи, бидејќи во јавноста се шпекулира дека тој има докази што би отвориле нови истраги, Савески одговара: „Истрагата е во ...

Во несреќа која се случила во Беровско, 12-годишно дете, кое возело електричен тротинет, удрило во петгодишно дете, кое е тешко повредено, соопшти МВР. „На 22.05.2026 околу 11:00 часот во ОВР Берово е пријавено дека во с.Црник, пехчевско, 12-годишен малолетник од с.Црник управувајќи електричен тротинет, удрил во петгодишно дете од истото село. Во несреќата петгодишното дете се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во Итната ...

Еден човек загина, а триесетина, главно пожарникари, се повредени во експлозија која се случила по пожар на бродоградилиште во Њујорк, јавија американските медиуми. Пожарникарите веќе биле на местото на настанот кога се случила експлозијата. Тие одговориле на пријава за пожар во подрум во кој биле заробени двајца работници. Експлозијата се случила додека се бореле со пожарот и се обидувале да извлечат луѓе Двајца пожарникари биле ...

Во последниот натпревар во сезоната, фудбалерите на Вардар денеска од 18.00 часот пред своите навивачи ја пречекуваат Шкендија, екипа во текот на сезоната беше најсериозниот конкурент на „црвено црните“ во битката за шампионскиот трофеј. Токму поради тоа нема поубав момент за затворање на натпреварувањето во кое Вардар на крајот ќе го прослави освојувањето на пехарот и враќањето на тронот во македонскиот фудбал по пауза од шест години. ...

Кога станува збор за реставрација на класични автомобили, повеќето ентузијасти се држат до совршениот фабрички изглед. Но, она што го направи познатиот тату-артист @kozo_tattoo во соработка со екипата од @cartdept, ги надминува сите стандардни очекувања и ги брише границите помеѓу автомобилизмот и класичната уметност. Потребни биле повеќе од 500 часа неверојатно прецизна работа за култниот Форд Мустанг (Ford Mustang) од 1965 година да се ...

Откако на средината на оваа седмица машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија се комплетираше со доаѓањето на интернационалците Александар Љафтов и Филип Савовски, подготовките влегуваат во завршната фаза. Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб започнуваат и со поставување на тактичките варијанти во пресрет на учеството во Европската лига 2026. Како загревање за првиот турнир на кој Македонија е домаќин од 5 до ...

Двајца крадци вчера рано утрото со алат откорнале и однеле сеф со пари од фирма за брз трансфер на пари во центарот на Скопје, набргу потоа биле фатени, соопшти полицијата. „Вчера околу 04:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода П.П.(29) и Р.Ѓ.(20), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека претходно со употреба на физичка сила и погоден алат одзеле сеф со пари од простории на правно лице за брз трансфер на ...

Европа има над 400 национални паркови, што нуди огромна разновидност на пејзажи, од планините обраснати со шуми на север до крајбрежните мочуришта на југ. Во тој опсег, има огромен број изненадувања и паркови кои нудат целосно уникатни искуства во рамките на нивните граници, пишува „Нешнл џиографик“. Без разлика дали сакате да пловите со кану помеѓу островите на најголемото езеро во Финска, да талкате по огромни песочни дини во средината на ...

Странците кои се во САД со визи за привремен престој, а сакаат во исто време да аплицираат за американска „зелена карта“, отсега во најголем дел од случаите ќе мораат да се вратат во своите држави и да ја продолжат процедурата во некои од американските конзуларни претставништва, јавува „Ројтерс“. Новата политика на администрацијата на претседателот Доналд Трамп предвидува барањата за постојан престој главно да се обработуваат преку ...

Обвинителството соопшти дека 76-годишниот возач од Косово, кој со камион премина преку банкината на скопската обиколница и предизвика директен судир во кој загинаа четворица луѓе, ќе одговара „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. „Осомничениот 76-годишник управувал товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од запад кон исток. ...

Руските истражни органи распишаа меѓународна потерница по поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров, под обвинение за јавно оправдување на тероризмот и за два случаи на кршење на правилата за дејствување на странски агенти. Каспаров, кој веќе е прогласен за странски агент во својата татковина и внесен во официјалниот регистар на терористи, претходно се соочи со одлука на Окружен суд во Москва, кој на 22 декември 2025 година му одреди ...

Фудбалерите на Струга Трим Лум со гостувањето денеска од 16.00 часот на Градскиот стадион во Гостивар кај Арсими и официјално ќе ја затворат сезоната 2025/26 во Првата македонска лига. Со освоеното трето место, стружани го повторија успехот од сезоната 2020/21, но не успеаја да изборат пласман на европска сцена. Играчот на Струга Трим Лум, Бесмир Бојку истакна дека тој и соиграчите планираат да стигнат до трите бода и сезоната да ја завршат ...

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 333, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (23-25.5.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со Оливер Белопета за јубилејниот 25. ОФФест: Сечиј успех најнапред се должи на многу работа – разговор со актерот Владимир Петровиќ за неговиот лик во мјузиклот „Као какао“: Романтичар со скршено срце и бунтовник со причина – во ...

Во последното издание на емисијата „Бизнис 21“, стопанственикот Горан Рафајловски даде своја анализа за работата на актуелната влада и за економските политики во државата. Рафајловски, кој по подолга пауза од јавноста гостуваше во емисијата на ТВ „21“, оцени дека кај премиерот Христијан Мицкоски препознава „силна и искрена желба за напредок на државата“, но истовремено изрази сериозен сомнеж во капацитетот на владините кадри. Според него, ...

Ѕвездата на „Очајни домаќинки“, Ева Лонгорија, го красеше црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал во бел фустан налик на венчаница. Причината за нејзиното доаѓање беше премиерата на филмот „Ноќни приказни“ (Histoires de la Nuit) што го затвори официјалното натпреварување на 79-тото издание на фестивалот, пишуваат странските медиуми. Лонгорија се појави во издание кое потсетува на свадбена естетика, облечена во фустан од Тамара Ралф ...

Германскиот економист Јоаким Клемент, чиј модел точно ги предвиде победниците на последните три светски фудбалски првенства, објави нова прогноза за претстојниот Мундијал што ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. Според неговата формула, Холандија би требало годинава да ја освои титулата. Моделот на Клемент претходно го предвиде триумфот на Германија во 2014 година, Франција во 2018 година и Аргентина во 2022 година, а ...

Над 44.000 луѓе се евакуирани од повеќе места во јужна Калиорнија поради опасност од можна експлозија на резервоар со токсична хемикалија во воздухопловен погон во округот Оринџ, јавува Би-би-си. Властите предупредуваат дека оштетениот резервоар би можел да попушти, што, пак, мое да доведе до голема и опасна експлозија. Командирот на противпожарната служба на округот Оринџ изјави дека во индустрискиот резервоар во погонот се наоѓаат околу ...

Наставник од Битола цела година одел на работа, пред да дознае дека уште во јануари 2025 година добил отказ. Тој до неодамна редовно држел часови, имал пристап до е-дневникот, пишувал оценки, одел на Наставнички совет, се потпишувал за присуство, водел евиденција – сѐ што прават и редовно вработените наставници, пишува порталот „Апла“. Наставникот по ликовно образование Стефан Поповски предавал во три училишта за да оформи полн фонд на ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
0.7
37%
1013
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
4.5
83%
1016
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.92
82%
1015
weather icon

Софија

26ᴼ / 22ᴼ
2.3
33%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
6.93
46%
1013
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.89
84%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
1.34
51%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
2.24
39%
1014
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.24
48%
1014
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
4.92
63%
1012
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
2.68
47%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
3.44
49%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Сребро

2269.46

Алуминиум

3.46

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Паладиум

42535.44

Платина

57324.78

Рутениум

48965.59

Бакар

13.10

Иридиум

253540.09

Злато

139690.59

Цинк

0.00

Калај

53.60