Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Португалската влада наскоро ќе претстави мерки со кои планира да ја намали зависноста на земјата од фосилни горива за 50 отсто во следните десет години. Иако Португалија веќе е меѓу лидерите во Европа со 80 отсто производство на струја од обновливи извори, нафтата и гасот сè уште сочинуваат над 60 отсто од вкупната потрошувачка на енергија, каде се вклучени транспортот, индустријата и греењето. Министерката за животна средина и енергија, ...
Медицински тим на британската војска со падобрани се спушти на Тристан да Куња, најодалечениот населен остров во светот, за да му пружи помош на локален жител за кој постои сомнеж дека е заразен со хантавирус. Мажот бил патник на крузерот МВ Хондиус, каде што претходно беше регистрирано жариште на овој вирус. Пациентот ги почувствувал првите симптоми две недели по напуштањето на бродот во средината на април и во моментов е во стабилна ...
Претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче на денешната прес-конференција го обвини премиерот Христијан Мицкоски за ширење невистини во врска со статусот на македонскиот јазик во евроинтегративните процеси. Филипче изјави дека премиерот го користи јазикот и идентитетот како изговор за сопствените политики и вели дека претходно давал неточни тврдења за почетокот на преговорите и за наводни фусноти во меѓународните договори. Лидерот на ...
Полошкиот Регион во март 2026 година предничи според бројот на издадени одобренија за градење на ниво на цела држава, според податоците објавени од Државниот завод за статистика. Од вкупно 245 дозволи издадени во Македонија, 62 се регистрирани во овој регион, што го позиционира како најактивен во градежниот сектор за овој месец. Како инвеститори во овој дел од земјата доминантно се јавуваат физичките лица. Од вкупниот број одобренија, 54 се ...
Во Конгресната библиотека во Вашингтон, САД се чуваат многу документи поврзани со историјата на Македонија. Меѓу нив има и документи за Илинденското востание, како и за страдањето на македонскиот народ од страна на османлиската власт по задушувањето на востанието. Меѓу тие документи се и писмата на Клара Бартон од 1903-1904 година во кои ја споменува Македонија во контекст на хуманитарни активности на Американскиот Црвен крст, поврзани со ...
Иранската Револуционерна гарда соопшти дека ќе ги нападне американските центри на Блискиот Исток доколку нејзините танкери бидат цел на оган, пренесоа иранските медиуми. Ова предупредување доаѓа во период кога Вашингтон очекува одговор од Техеран на последниот предлог за преговори. Од гардата изјавија дека секој напад врз ирански танкери и трговски бродови ќе резултира со тежок удар врз американските позиции во регионот и врз непријателските ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека конфликтот во Украина се приближува кон крајот. Тој зборуваше пред новинарите по воената парада во Москва со која се одбележа победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна. Путин рече дека работите завршуваат кога станува збор за специјалната воена операција, додека истовремено ја критикуваше поддршката што Западот ја дава за владата во Киев. Годинашната парада во Москва помина без ...
Коалицијата Вреди на Конгрес во Скопје, во присуство на 850 делегати, синоќа донесе одлука за обединување во еден политички субјект. Со овој чин, партиите и организациите кои беа дел од оваа коалиција продолжуваат со заедничко дејствување како една политичка партија. Копретседателот на Вреди и градоначалник на Чаир, Изет Меџити, во изјава за медиумите кажа дека овој чекор е одговор на долгогодишните барања на гласачите за промени во ...
Авион на американската компанија „Фронтиер ерлајнс“ удри и усмрти човек на пистата на меѓународниот аеродром во Денвер за време на полетување, по што изби пожар во еден од моторите и патниците мораа итно да се евакуираат. Летот 4345 беше за Лос Анџелес, а според официјалните информации од аеродромот, пилотот пријавил дека удрил во пешак во петокот околу 23:20 часот по локално време. Од аеродромот во Денвер соопштија дека лицето кое го загуби ...
Педесет и шестгодишната Милена Витанова е убиена во италијанскиот град Пјаченца, а убиството го признал нејзиниот сопруг, 59-годишниот Хако. Трагедијата се случила во семејниот стан на шестиот кат во зграда на периферијата на градот, каде што Хако ја нападнал сопругата со нож. По извршеното дело, тој самиот се јавил во полиција и признал дека ја убил сопругата, по што ја заклучил вратата од станот и побегнал. Италијанските карабинери по ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, пристигна во Тенерифе за лично да ги смири граѓаните пред впловувањето на крузерот „МВ Хондиус“, на кој се појави епидемија на хантравирус. Тој изјави дека ризикот од инфекција за локалното население е многу низок и дека моменталната ситуација не е повторување на кризата со ковид-19. Бродот, кој патува од Јужна Америка, се очекува да вплови во пристаништето ...
Претседателот на Советот на Европската Унија, Антонио Кошта, упати честитка до граѓаните на Северна Македонија по повод 9 Мај, Денот на Европа, при што им се обрати како на идни членови на Унијата. Во обраќањето, тој рече дека на овој ден се слави заедничкиот европски потфат и моментот кога земјите основачки избраа единство и соработка наместо поделби и конфликти. Кошта вели дека на пепелта од Втората светска војна е изградена иднина која се ...
Петер Маѓар во саботата официјално стапи на функцијата премиер на Унгарија, со што заврши 16-годишното владеење на Виктор Орбан. На свечената церемонија во парламентот во Будимпешта, за првпат по десет години беше истакнато знамето на Европската Унија. Синото знаме со златни ѕвезди беше вратено по одлука на новиот спикер на Собранието, со што се поништи претходната одлука од ерата на Орбан за негово отстранување. Новиот премиер најави дека ...
Родителите на малолетните ученици од скопската Гимназија „Орце Николов“ останаа ноќеска будни и вознемирени, откако нивните деца не можеа да се вратат од екскурзија дома, зашто автобусот им се расипувал 4 пати. На крајот, по пријава на родител во МВР, сообраќајната полиција го запрела автобусот на патарина, му забранила движење и наредила транспортерот за децата да донесе нов и безбеден автобус за да се довозат до домa. САКАМДАКАЖАМ.МК рано ...
ЕСМ „Молика“, која управува со кујната во РЕК „Битола“, ќе поднесе кривична пријава против непознат сторител за точно да се утврдат причините за здравствените тегоби кои се појавија кај вработени во РЕК на 25 март, откако јаделе лазања со сос во работничката кујна. Од „Молика“ соопштија дека инспекциските надзори потврдиле дека бактеријата салмонела не е откриена во примероците од храна и работните површини во кујните на ТЕ и Рудници. Шест ...
1 Кој чека, ќе дочека. Владата половина мандат го помина чекајќи Бугарија да добие стабилна Влада за да може некако да го откочи процесот на пристапување кон ЕУ, и сега кога Румен Радев стана премиер, македонскиот премиер Христијан Мицкоски вели: „Не очекувам воопшто да се промени атмосферата, напротив очекувам истата таа атмосфера да се вжешти“. А министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски кажа дека во овој момент „Владата не е ...
Рускиот претседател Владимир Путин го искористи своето обраќање на традиционалната парада по повод Денот на победата во Москва за повторно да ја оправда воената инвазија врз Украина и да упати обвинувања кон НАТО алијансата. Пред стотици воени лица и неколку светски лидери собрани на Црвениот плоштад, тој изјави дека Русија води „праведна“ борба против Украина, која ја опиша како агресивна сила поддржана од целиот блок на НАТО. Годинешната ...
Судот во Осло го одби барањето на Мариус Борг Хејби, синот на норвешката престолонаследничка Мете-Марит, да биде преместен од притвор во кралската резиденција Скаугум додека ја чека пресудата за случајот со силување. 29-годишниот Хејби се соочува со обвинение во 32 точки, меѓу кои за силување, насилство во блиска врска, закани со смрт и сообраќајни прекршоци. Неговото судење заврши во март, а изрекувањето на пресудата е најавено за почетокот ...
Премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, кажа дека интеграцијата во Европската Унија претставува единствената иднина и шанса за успех на државата. „Ние верувавме во тоа и сè уште веруваме дека Европа е нашиот единствен пат. Нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија“, изјави Мицкоски. Тој смета дека европското обединување не ...
Прилепската полиција поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат“. Пријавениот, лажно претставувајќи се како наставник по англиски јазик во основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерството за образование и наука (МОН). Иако таа му укажала дека разговорите со наставници не треба да се водат на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави тридневен прекин на огнот во војната меѓу Русија и Украина, кој ќе трае од 9 до 11 мај. Според неговата објава на социјалните мрежи, примирјето вклучува целосна суспензија на сите борбени дејствија и размена на по 1.000 заробеници од двете страни, што веќе е официјално потврдено од Киев и од Москва. Трамп вели дека ова е надеж за почеток на крајот на долгата и смртоносна војна и додаде дека има ...
Повеќе од 100 луѓе се разболеле од норовирус за време на патување со крузерот „Карибиан принсес“, соопшти американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Меѓу заразените се 102 патници и 13 членови на екипажот, кои веднаш биле изолирани од останатите патници за да се спречи понатамошно ширење на инфекцијата. Бродот, на кој се наоѓаат вкупно 3.116 патници и 1.131 член на екипажот, испловил од Форт Лодердејл на 28 април. Според ...
Жичницата на Водно нема да работи цело лето оти има ризик да падне гондола, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Тој вели дека 15 години откако е пуштена жичницата не бил направен сервис од производителот „Допелмаер“ и затоа има сериозни оштетувања кои може да доведат до трагедија. Жичницата беше затворена на 25 април, со најава од ЈСП „Скопје“ кое стопанисува со неа дека нема да работи два дена, но по проверките ...
Башино Село, синоним за најголемо производство на млад кромид во земјава, оваа пролет е далеку од интересот на откупувачите. Сè помалку градинари го одгледуваат овој ран зеленчук, поради што ги нема ниту камионите кои некогаш го разнесуваа овој производ по пазарите низ поранешна Југославија. Тогаш успеваа да снабдат пазар од десетици милиони купувачи, а сега бројките се далеку од тоа. „Во селото, од 200 семејства производители, останавме ...
Пентагон во петокот ја објави првата група на претходно тајни документи кои содржат извештаи за неидентификувани летечки објекти (НЛО), потег што со децении го бараа активистите и дел од јавноста. Министерот за одбрана Пит Хегсет во изјава објавена на социјалната мрежа „Икс“ изјави дека овие датотеки, скриени зад ознаки за класификација, долго време поттикнувале оправдани шпекулации и оти е време американскиот народ сам да ги види доказите. ...
Грчката влада се подготвува за воведување поригорозни контроли и построги правила за употреба на електрични тротинети по неколкуте сообраќајни несреќи со фатални последици во кои учествуваа малолетници. Меѓу последните трагични настани кои ја вознемирија грчката јавнос се смртта на 13-годишно дете во Илија и тешката сообраќајна незгода во Аспропиргос каде учествуваше 12-годишник. Министерството за транспорт разгледува законско решение за ...
Штипските средношколци први ја започнааа еколошката акција „Генералка викенд“, која трае од денеска до 10 мај низ целата држава, со презентација на еко-иновативни проекти. Проектите се реализираат со партнерство на УНИЦЕФ, а со финансика поддршка на Шведска, чии претставници денеска беа во Штип. . Седуммина ученици од Гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип пред шведскиот амбасадор Ола Солстром, Лесли Милер од Канцеларијата на УНИЦЕФ и ...
Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, не поднел оставка, туку е на боледување и затоа надлежностите ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски, велат од Општина Карпош. Крстевски, кој е член на Советот на Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и беше портпарол на Град Скопје во мандатот на Коце Трајановски, е назначен за в. д. градоначалник на Општината. „Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир ...
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања, поднесе обвинителен предлог против член на обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски, за нанесување телесна повреда при семејно насилство. Воедно, бара и продолжување на притворот против ова лице, кој ја тепал и давел сопругата пред малото дете. „По спроведена брза постапка, денеска ...
Основниот граѓански суд Скопје донесе пресуда со која утврди индиректна, продолжена и интерсекциска дискриминација врз индивидуалните земјоделки. Тие се дискриминирани во остварувањето на правото од областа на здравствено осигурување – право на надомест на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство и право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда преку Законот ...