Повеќе од 300 менаџери, директори, сметководители и претставници на македонски компании учествуваа на конференцијата „PANTHEON еФактура“, која се одржа во Скопје во организација на Даталаб Македонија. Главниот фокус на настанот беше насочен кон дигитализацијата на деловните процеси, автоматизацијата и подготвеноста на стопанството за воведување на системот за електронско фактурирање преку практични решенија и искуства од регионот. На ...

Владиниот тим за одговор на безбедносни инциденти MKD-GOV-CSIRT влезе во завршната фаза од процесот за стекнување полноправно членство во меѓународната мрежа FIRST (Forum of Incident Response and Security Teams). Како дел од реформската агенда за исполнување на европските безбедносни барања, двајца претставници на американскиот Software Engineering Institute (SEI) вчера беа во официјална работна посета на тимот во Скопје. Оваа посета, позната ...

Осудените на доживотен затвор: Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, за грабнувања и убиства на детето Вања Ѓорчевска и пред неа, на 70-годишниот Панче Жежовски од Велес, со затворски комбиња беа спроведени денеска во Апелациониот суд Скопје, на јавна седница по нивните поднесени жалби. Тие бараат пресудите да се укинат, судењето да се врати одново во Основниот кривичен суд Скопје. Жалба има поднесено и ...

Славниот француски диџеј, продуцент и хитмејкер Дејвид Гета ќе биде главната музичка ѕвезда на прославата на 35 години независност на Македонија, објави Бобан Милошески од „Авалон“, кој ќе го реализира настанот во соработка со Владата. Настаните од прославата ќе се одржуваат од 8 август до 8 септември, кога на стадионот „Тоше Проески“ во Скопје ќе настапи Дејвид Гета. „Мојата основна идеја беше дека ако славиме, треба да славиме. Ако е бал, ...

Од јавните површини на територијата на Општина Центар отстранети се билбордите. Тие се тргнати откако на фирмата „Медиа центар маркетинг“ на 15 март ѝ истече 10-годишниот договорот. Согласно одредбите по завршување на договорот фирмата што стопанисуваше со билбордите е должна да ги отстрани, со оглед дека се нејзина сопственост. Дали повторно ќе се стават билборди на јавните површини од Општината уште не знаат. „По истекот на договорот ќе се ...

Нови научни истражувања потврдуваат дека Охридскиот Регион ги крие најстарите наколни населби во Европа, велат од Центарот за истражување на предисторијата, откако во научното списание „Патримониум“ беше објавен трудот со најновите сознанија за предисториската наколна населба Пенелопа-Охридати на Охридското Езеро. Во трудот за првпат детално се обработуваат стратиграфијата, хронологијата, архитектурата, исхраната, материјалната култура и ...

Британскиот премиер Кир Стармер се наоѓа под силен притисок да поднесе оставка откако повеќе од 80 пратеници од неговата Лабуристичка партија го побараа тоа од него по слабиот настап на неодамнешните локални избори. Дури и дел од неговата влада се сврте против него и министерката за заедници и домување Мијата Фанбулех е првата која поднесе оставка утрово. Според весникот „Дејли телеграф“, шестмина министри ќе побараат оставка од Стармер на ...

Запрена е истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино за време на енергетската криза, бидејќи не се потврдија наводите од кривичната пријава, кажа Обвинителството за организиран криминал и корупција. Така, од денеска од кривично гонење се ослободени сопственикот на РКМ Ратко Капушевски (поранешен директор во време на ВМРО-ДПМНЕ), Исмаил Јахоски сопственик на „Пуцко петрол (син на пратеникот Јахоски од ДУИ), натаму избеганиот Васко ...

Евакуирани се сите патници од крузерот „Хондиус“, на кој се прошири хантавирус за време на крстосувањето, при што властите потврдија уште три позитивни случаи. Бродот замина од Тенерифе за Холандија, откако се симнаа последните патници и некои членови на екипажот. Тројца патници починаа, од кои кај двајца е потврден хантавирус, Според Светската здравствена организавија (СЗО), потврдени се седум случаи на зараза поврзани со бродот и има уште ...

Украинските антикорупциски власти официјално го обвинија бившиот шеф на кабинетот на Володимир Зеленски, Андриј Јермак, за корупција и перење пари. „Националната канцеларија против корупција и Специјалното обвинителство против корупција покренаа обвиненија против бившиот шеф на кабинетот на претседателот на Украина, член на организирана криминална група, за вмешаност во перење пари од 8,9 милиони долари преку елитни градби близу Киев“, ...

САД одржуваат редовни преговори со Данска за проширување на своето воено присуство на Гренланд, при што разговорите напредувале во изминатите месеци, изјавија добро упатени извори. Вашингтон сакал да отвори три нови бази на југот на полуавтономната данска територија, додека се обидува да ја реши дипломатската криза предизвикана од заканите на Доналд Трамп дека ќе го преземе Гренланд. Трамп во јануари кажа дека САД би требало да го поседуваат ...

Доналд Трамп изјави дека „примирјето со Иран е на апарати за одржување во живот“, откако тој го отфрли иранскиот одговор на аамериканските предлози за завршување на војната како целосно неприфатливи. Запрашан на настан во Белата куќа дали прекинот на огнот и натаму е во сила, Трамп одговори дека е неверојатно слаб. „Би го нарекол најслаб во моментов откако го прочитав тоа ѓубре што ни го испратија. Дури и не го дочитав до крај“, кажа Трамп. ...

Седумнаесетгодишник со сириско потекло е уапсен во Хамбург поради планови да изврши терористички напад, објавија властите. Јавното обвинителство на Хамбург кажа дека тој веројатно бил инспириран од Исламска држава. Тинејџерот беше уапсен од специјалните сили, по истрагите водени од неколку сојузни агенции и локалната полиција. Обвинителите кажаа дека тој планирал „да убива неверници“ и дека меѓу неговите мети биле трговски центар, бар и ...

Жителите на Водно денеска ја блокираа улицата Питу Гули и протестираа бидејќи Општина Центар не презема ништо за безбедно движење на пешаците. Како што рекоа жителите, тие секој ден стравуваат дали нивните деца безбедно ќе отидат и ќе се вратат од училиште бидејќи тротоарите се блокирани со коли па мораат да се движат по улица. „Водно се третира како елитна населба и огромни цени по метар квадратен, а нема основни услови за безбедно движење. ...

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија ги завршија првите 4 месеци од 2026 година, со силен, рекорден пораст на бројот на патници од 32,4%, опслужувајќи вкупно 1,2 милиони патници, соопшти концесионерот на двата македонски аеродроми. . Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома опслужија вкупно 8.123 летови, што е годишно зголемување од 10,7%. „ТАВ Македонија ...

Никој нема да биде отпуштен од работа, современата реорганизација и оптимизирањето на националните културни установи подразбира фузирање на одредени институции, рече денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, образложувајќи сегмент од Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026-2030, кој се однесува на автономијата во културата и предвиденото преобликување на мрежата на установите. Има манифестации, рече Љутков, ...

ВМРО-ДПМНЕ го стави Сотир Лукровски во домашен притвор, вели ексградоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски. Градоначалникот Лукровски официјално од минатата недела е на боледување, а со Општината раководи членот на Советот на Општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ Неделчо Крстевски. Тој денеска дошол во Општината и одржал и состанок со раководителите на секторите. Крстевски со овластување од Лукровски е назначен за в.д. градоначалник. Според ...

Уписот на идните првачиња започна од 4 мај и ќе трае до крајот на месецов. Во велешко треба да се запишат 511 деца. Тоа е за 45 деца помалку од лани. Нивните родители во меѓувреме се иселени, дали внатрешно, дали во странство. И од тие што требаше лани да тргнат на училиште 556 ученици, учебната година 2025/26 година ја започнаа 476 ученици, 80 помалку од родените. Во Велешко основци се запишуваат во прво одделение во седум основни училишта, ...

Делегација на Британската амбасада во Скопје, предводена од Н.Е. Амбасадорот Метју Лосон, денска ја посети компанијата „Алкалоид“ АД Скопје, на која домаќин беше генералниот директор и претседател на УО, Живко Мукаетов. За време на посетата беа презентирани развојот на компанијата, нејзините пласмани и производственото портфолио, а делегацијата ги посети и Музејот на „Алкалоид“, производствените капацитети на ПЦ Фармација и Институтот за ...

Грчките власти ја засилуваат истрагата откако дрон наполнет со експлозиви беше пронајден покрај популарниот јонски остров Лефкада. Истрагата, во која учествуваат специјализирани воени тимови, беше проширена викендов, откако пиротехничари го детонираа дронот на море. Грчкиот министер за одбрана Никос Дендијас кажа дека поморскиот дрон, за кој се верува дека е од украинско потекло, сигурно дошол од друга држава, без да ја идентификува. „Знаеме ...

Кристијан Шмит поднесе оставка од функцијата висок претставник за Босна и Херцеговина, на која што помина речиси пет години, во текот на кои го надгледуваше спроведувањето на мирот во земјата, но и се судираше со лидерот на босанските Срби, Милорад Додик. За заминувањето на 68-годишниот Шмит прв извести германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, кој објави дека тој лично одлучил да се повлече. Според весникот, Шмит ќе остане на ...

Првата група патници евакуирани од крузерот „МС Хондиус“, на кој се појави зараза со хантавирус, пристигнаа во Мадрид. Четиринаесет шпански државјани со чартер-лет од Тенерифе беа пренесени во главниот град, каде што ќе бидат сместени во задолжителен карантин во воена болница. Пред качувањето во авионот во Тенерифе, персоналот ангажиран во операцијата им облече на евакуираните бели заштитни одела и ги прскаше со средства за дезинфеција на ...

Американски државјанин имал позитивен тест за хантавирус, додека друг бил со благи симптоми, откако се вратиле од патувањето со крузерот погоден со смртоносниот вирус, објави американското министерство за здравство. Тие се меѓу 17-те мина патници кои се вратиле во САД со владиниот чартер-лет, кои дополнително ќе бидат проверени во здравствена установа во Небраска. Повеќе од 90 патници од холандскиот крузер „Хондиус“, кој сега е закотвен на ...

Жителите на Општина Центар ќе плаќаат 500 денари за паркирање надвор од зоната во која живеат. Ова е предвидено со новиот ценовник на ЈП „Паркинзи Општина Центар“, кој беше усвоен на последната седница на Советот. Досега жителите на Центар можеа да се паркираат бесплатно на сите паркинзи со кои стопанисува претпријатието, односно и во другите зони, не само во онаа каде што живеат. Тоа значи дека сега жителите на Капиштец нема да може да се ...

Бившиот полски министер за правда Збигњев Зиобро, кој се бара во неговата татковина за неколку кривични дела, избега од Унгарија во САД, откако владата на Виктор Орбан му одобри азил минатата година. „Јас сум во САД. Пристигнав вчера“, потврди Зиобро за полската десничарска телевизија „Република“. Зиобро се соочува со 25 години затвор ако биде осуден за сите обвиненија. Тие вклучуваат злоупотреба на службената положба, водење на организирана ...

Доналд Трамп го отфрли иранскиот одговор на американските предлози за завршување на војната како целосно неприфатливи. Иранската новинска агенција „Тасним“ соопшти дека одговорот на Иран, испратен преку посредникот Пакистан, вклучува моментален крај на војната на сите фронтови, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и гаранции дека нема да има нови напади. Минатата недела, Трамп кажа дека војната во Иран ќе заврши ...

Шпанија започна со операција за евакуација на патниците од крузерот „МС Хондиус“, кој се наоѓа во близина на Тенерифе на Канарските Острови поради појава на хантавирус. Шпанската министерка за здравство Моника Гарсија вели дека процесот тече во најдобар ред и оти во моментов кај ниту еден од патниците не се забележани симптоми на болеста. Патниците се префрлаат до брегот во мали групи со помош на чамци, по што се транспортираат до локалниот ...

Иран го испрати својот одговор на предлозите на САД за прекинување на војната преку медијатори во Пакистан, јавуваат иранските државни медиуми. Иако деталите од одговорот не се објавени, се верува дека американските предлози се фокусирани на меморандум од 14 точки кој би можел да отвори пат за преговори околу нуклеарните амбиции на Техеран. Според извештаите на американските медиуми, документот предвидува суспензија на збогатувањето нуклеарно ...

Во 86-тата година од животот почина Македонка Јанчевска, објави нејзиното семејство. Таа беше истакната македонска поетеса, авторка на 13 дела за деца. Напиша повеќе збирки поезија за најмладите, како и текстови за песни изведени на детски фестивали. Долги години беше дел од организацијата на „Детските Рацинови средби“ во Велес и директорка на Пионерскиот дом „Ѓоре Органџиев“. Добитничка е на општинската награда „9 Ноември“ и на наградата ...

Добитничката на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, во своите сведоштва тајно изнесени од затвор во Иран, ја опишува тортурата на самицата и систематското здравствено занемарување со кое се соочува во затворскиот систем. Мохамади во моментов се наоѓа во критична состојба во болница во градот Занџан. Нејзините записи, кои наскоро ќе бидат објавени во форма на мемоари, откриваат детали за тепања, постојани испрашувања и долги периоди ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Алуминиум

3.54