Грција кажа дека новиот систем за биометриско скенирање на граѓаните кои не се од Европска Унија е целосно оперативен и ги отфрли извештаите дека тој летово нема да важи за британските патници. Сепак, на прометните аеродроми ќе им биде дозволено да ги исклучат скенерите ова лето кога ќе биде потребно, изјавија грчки функционери. „Не добивме никакви дополнителни информации или појаснувања за тоа дали одредени националности се привремено ...

Вечерва во 19 часот, во чест на Меѓународниот ден на музеите, во Археолошкиот музеј после седум години се враќа постојаната поставка на Нумизматичката збирка. Од Музејот велат дека поставката е сведоштво за економијата, моќта, уметноста и секојдневниот живот низ повеќе од два и пол милениуми. Во новата поставка се изложени околу 2.500 примероци на монети, хронолошки распоредени од 6. век пред нашата ера, односно од околу 530 година пред ...

Медиумската империја изградена од владата на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, клучен столб на неговото 16-годишно владеење, брзо се распаѓа по изборите минатиот месец. Во рок од неколку недели од гласањето, на кое централно-десничарската опозиција предводена од Петер Маѓар убедливо победи, високи личности во некои од најистакнатите медиуми наклонети на Орбан беа избркани, а водечката информативна програма беше укината. Тонот на ...

Жените во менопауза мислат дека веќе не треба да одат на гинеколог, меѓутоа тоа е периодот на најчесто појавување на карциномите на гениталниот тракт и затоа треба сериозно да се сфатат таа превенција и рана детекција, вели д-р Глигор Тофоски, претседател на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО). Асоцијацијата со дводневен симпозиум ја одбележа 5. Недела на женско здравје и меѓу темите се и различните фази на женското ...

Маја Сивагнанам е назначена за амбасадорка на Неговата екселенција Кралот на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска во земјава, соопшти амбасадата. Сивагнанам ќе ја преземе должноста во текот на август 2026 година. Таа на амбасадорското место ќе го замени сегашниот амбасадор Метју Лосон, кој е на оваа должност од 2022 година. Според биографијата на Сивагнанам објавена на официјалната веб страница на британската Влада, таа е ...

Доналд Трамп предупреди дека на Иран му истекува времето, додека мировните разговори се во застој веќе некое време. „Подобро да се движат брзо или нема да остане ништо од нив. Времето е од суштинско значење“, кажа Трамп, кој синоќа разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Иранските медиуми објавија дека САД не направиле никакви отстапки во својот одговор на последните предлози на Техеран за завршување на војната. „Недостатокот на ...

Раководители на фирми од Доброште и Жеровјане пријавиле во СВР Тетово дека нивни работници, државјани на Бангладеш, кои имале регулиран престој во Македонија, заминале без да кажат каде и без да ги известат работодавачите. „На 16.05.2026 во Полициската станица во Тетово, Б. Р. од село Доброште пријави дека три лица, државјани на Бангладеш, се оддалечиле во непознат правец. Тие биле вработени во приватна фирма во Тетово и имале регулиран ...

Европската комисија предложи нови правила за поедноставување на патувањето со воз, дозволувајќи резервација на еден билет низ цела Европа како дел од новиот патнички пакет. Ова би овозможило патување низ различни европски земји и железнички линии со еден билет, овозможувајќи им на патниците полесно да ги споредуваат цените помеѓу конкурентите и воедно да ги заштитат своите потрошувачки права во случаи на пропуштени врски на патувања со повеќе ...

Изборот на новиот Џејмс Бонд официјално започна, по години исчекување и шпекулации кој ќе го наследи Даниел Крег како 007. „Потрагата по следниот Џејмс Бонд е во тек“, соопшти студиото „Амазон МГМ“. Аудициите се одржуваат во последните недели, според холивудскиот медиум „Вараети“. „Иако не планираме да коментираме специфични детали за време на процесот на кастинг, возбудени сме што ќе споделиме повеќе вести со фановите штом ќе дојде ...

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска кажа дека нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ бара невозможни услови за да почне да лета во земјава. Одговарајќи на новинарско прашање, тој кажа дека тоа што го бара „Рајанер“ не е добро за македонскиот пазар, „Во моментов, ние даваме субвенции од девет евра за аеродромот во Скопје и 12 евра за аеродромот во Охрид, што се меѓу највисоките субвенции што може да се ...

По зимскиот период, откриени се мозаиците во археолошкиот локалитет Стоби. После неколкумесечна пауза, тие се достапни за посетителите, откако беа прекриени со песок заради заштита од ниските температури и временските непогоди. Од НУ Стоби велат дека мозаикот се буди од својот зимски сон, повторно откривајќи ја својата убавина и нè враќа во доцноантичко Стоби, каде уметноста и секојдневието се испреплетуваат во камен и боја. Тоа што е ...

„Лидл Северна Македонија“ продолжува со својата кампања за вработување за позиции во логистичкиот центар во Куманово, како и во маркетите ширум земјата, испраќајќи јасна порака за својата долгорочна посветеност на македонскиот пазар, инвестициите, развојот на локалната економија и отворањето нови можности за вработување. Кампањата „Добра игра. Фер плеј“ има за цел да ги доближи можностите што „Лидл“ ги нуди како работодавач и да охрабри што ...

Минатата година во македонските кина имало помалку прикажани филмови, помалку проекции и помал број на гледачи. Иако вкупниот број гледачи е помал, просекот на гледачи по филм е повисок од 2024 година. Ова го покажуваат бројките што ги објави Државниот завод за статистика, кој ги користел податоците од 17 киносали, една повеќе од 2024 година. Лани се прикажани 992 филмови, наспроти 1.042 во 2024, а се одржале 12.057 кинопроекции (во 2024 ...

По скоро 15 години, мрежата Еуропа Синемас (Europa Cinemas) ги суспендираше членствата на кината Милениум и Фросина во Скопје, бидејќи Милениум е затворено од април 2024, a Фросина нема континуирана филмска програма поради акумулираниот долг кон дистрибутерите на филмови. Поддршката од мрежата во минатите години изнесуваше меѓу 6.000 и 10.000 евра на годишно ниво, кои се исплаќаа како субвенции по секој продаден билет. Кината се под ...

Тројца луѓе загинаа во ноќешниот голем украински напад со дронови врз московскиот регион, објавија руските власти. Една жена загина во куќа во Химки северно од главниот град, а маж и жена загинаа во селото Погорелки, кажа регионалниот гувернер Андреј Вороблев. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека 12 луѓе биле повредени во напад врз градска нафтена рафинерија и дека остатоци од дронови паднале на територијата на аеродромот ...

До крајот на месецов треба да завршат градежните работи за проширување и воведување нов сообраќаен режим на улиците за приклучок кон подземната улица под зградите на „Лимак“. Според проектот на Град Скопје и новиот сообраќаен режим, од Јужен булевар кон Кисела Вода ќе се оди по улицата која минува кај кафеаната „Ив“, која ќе биде еднонасочна. На улицата ќе има семафор за вртење лево и приклучување на улицата Есенинова и движење кон Општина ...

Бугарија е изненадувачкиот победник на 70. издание на Евровизија, што се одржа во Виена и следната година ќе биде домаќин. Победничката песна „Бангаранга“ на 27-годишната Дара освои големи 516 поени, откако беше прва по двете гласања, и на жирито и на публиката. На второто место заврши Израел со 343 поени, а трета беше Романија со 296. Бугарија, која се врати по три години пауза, беше далеку од фаворит пред почетокот на раскошното европско ...

Осум луѓе се повредени откако автомобил влета меѓу пешаци во италијанскиот град Модена. Локалните медиуми објавија дека на една жена ѝ се згмечени двете нозе. Возачот, кој е во 30-ти години, бил бркан и фатен од минувачи, кои го предале на полицијата. Италијанската премиерка Џорџа Мелони го опиша инцидентот како крајно сериозен, а градоначалникот на Модена, Масимо Мецети, рече дека ќе биде уште посериозен ако бил планиран напад. Тој додаде ...

Попладневно се запалил автобус после наплатната рампа Отовица на автопатот Велес-Скопје. Автобусот сообраќал на релацијата Прилеп-Скопје и ја напуштил автобуската станица во Велес околу 16 часот. Патниците избегале од автобусот, кој потоа за кратко време пламнал. „На автопатот Велес-Скопје, кај наплатната станица Отовица, се запалил автобус со прилепски регистарски ознаки. Сите патници навремено го напуштиле автобусот и нема повредени“, ...

Локален воен нуркач го загуби животот трагајќи по телата на петтемина Италијанци кои загинаа во несреќа при нуркање на Малдиви. Мохамед Махди бил превезен во болница во критична состојба, каде што починал. „Операцијата е прекината. Се чека доаѓањето на тројца фински нуркачи, кои се специјализирани за нуркање во длабоки пештери“, кажа портпаролот на владата на Малдиви, Мохамед Хусаин Шариф. Петмина Италијанци загинаа во четвртокот додека се ...

Футуристичкиот систем за ракетна одбрана „Златна купола“ на Доналд Трамп ќе чини околу 1,2 трилиони долари за развој, распоредување и работа во текот на две децении, проценува непартиската Канцеларија за буџет на американскиот Конгрес. Оваа бројка е значително повисока од почетната сума од 175 милијарди долари што беше наменета. Системот дизајниран да ги заштити САД од балистички и крстосувачки ракети можеби и нема да функционира како што се ...

Обвинителството бара притвор за 45-годишник од скопската населба Кисела Вода кој ја претепал неговата поранешна партнерка. „Осомничениот ја извлекол на сила од домот во кој живеела жртвата, ја влечел и туркал до неговиот дом во близина, ја внел внатре и физички ја нападнал, удирајќи ја со шлаканици, клоци и со мобилен телефон. На жената ѝ нанел телесни повреди – рани и хематоми по главата и телото“, велат од Обвинителството. На осомничениот ...

По апсењето на началникот на белградската полиција Веселин Милиќ, кој е обвинет за прикривање убиство, српскиот претседател Александар Вучиќ најави донесување закон со кој од работа ќе бидат избркани сите полицајци и војници кои штитат тајкуни или криминалци. Милиќ беше уапсен вчера во врска со исчезнувањето на Александар Нешовиќ-Баја од еден ресторан во Белград на 12 мај. Според српските медиуми, Нешовиќ седел во друштвото на Милиќ кога бил ...

Владимир Путин ќе биде во официјална посета на Кина на 19 и 20, потврди Кремљ, само неколку дена откако Шји Џинпинг го нагости Доналд Трамп. Патувањето на рускиот претседател со совпаѓа со 25-годишнината на Договорот за добрососедство и пријателска соработка помеѓу Русија и Кина, кој служи како основа за односите помеѓу двете земји. „Путин и Шји ќе разговараат за актуелни билатерални прашања и начини за понатамошно зајакнување на сеопфатното ...

Џон Траволта беше изненаден со почесна Златна палма на Канскиот филмски фестивал, додека неговиот прв филм како режисер имаше светска премиера. Седумдесет и двегодишниот Траволта дојде во Кан за премиерата на „Propeller One-Way Night Coach“, кога му беше врачена награда за животно дело. „Ова е повеќе од Оскар. Целосно изненадување. Не ми се верува, ова е последното нешто што го очекував“, рече видно емотивниот Траволта, кој двапати беше ...

Германските градови бараат решение за злоупотребата на социјалните бенефиции од мигранти од Бугарија и Романија и бараат построги правила. Многу граѓани од овие земји доаѓаат во Германија само заради социјална помош, пишува „Дојче веле“. Германската телевизија „АРД“ направи репортажа од Хаген, град со 200.000 жители, во кој живеат околу 7.000 Бугари и Романци, од кои повеќе од половина користат социјална помош, вклучително и за покривање на ...

Пробиена е речиси целата траса на булеварот Борис Трајковски од Пинтија до Драчево, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој кажа дека на терен се работи со засилено темпо. Булеварот ќе биде со четири ленти и со велосипедска патека. „Решена е експропријацијата и за две недели пробиена е речиси целата траса. Оние 850 метри од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево ќе бидат минато. На оваа делница ќе се постави ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека не би им советувал на своите деца да живеат или студираат во САД во моментов, наведувајќи дека општествената клима брзо се менува и има ограничени можности дури и за високообразованите. Мерц ги повика Германците да бидат поомистични околу потенцијалот на својата земја. „Цврсто верувам дека има малку земји во светот кои нудат толку одлични можности, особено за младите луѓе, како Германија. Денес не ...

Швајцарската федерална разузнавачка служба кажа дека ќе ги отвори долго време запечатените досиеја за озлогласениот нацистички воен злосторник Јозеф Менгеле. Тој избегал од Европа по Втората светска војна, но со години постоеле гласини дека некое време престојувал во Швајцарија, иако имало меѓународен налог за негово апсење. Историчарите постојано бараа пристап до досиејата, но швајцарските власти одбиваа. Менгеле бил лекар кој служел во ...

Иран нема доверба во САД и е заинтересиран да преговара со нив само ако се сериозни, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, додека разговорите за завршување на војната остануваат во мирување. Арагчи изјави во Њу Делхи дека сите бродови можат да поминат низ Ормускиот Теснец, освен на оние држави кои се во војна со Иран, ако се координираат со иранската морнарица. „Ситуацијата околу теснецот останува многу комплицирана, но ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59