Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Володимир Зеленски изјави дека е задоволен од резултатите на 40-дневната операција замислена да ја принуди Русија да ја заврши војната, сугерирајќи дека украинските сили ќе продолжат да ја напаѓаат руската логистика. Зеленски ја задолжи Службата за безбедност (СБУ) да ја започне операцијата кон крајот на јуни, при што беа погодени рафинерии, десетици руски танкери што го снабдуваа окупираниот Крим и бројни магацини на „Вајлдберис“, ...
Во тек е потрага по М. М., 71-годишен скопјанец, кој вчера (8 август) скокнал во Преспанското Езеро кај Сливница, Ресенско, по паднати весла од чамецот и не излегол од водата. Во СВР Битола околу 12:30 часот било пријавено дека на брегот на езерото во село Сливница излегле двајца рибари, кои информирале дека во чамецот останале двајца други. Според пријавеното, околу 12:20 часот, едниот од нив, М. М. од Скопје, скокнал во езерото по веслата ...
Во Тетовскиот Регион ова лето немаше пожари од голем размер, но тоа не значи дека тетовските пожарникари немаа работа. Напротив, дневно гаснат и десетина пожари, а од почетокот на оваа година се регистрирани 628 интервенции, од кои најголемиот дел се пожари на отворено или на објекти. „Состојбата моментално е многу критична. Се знае дека имаме високи температури и тоа предизвикува многу пожари. Дневно, во просек, имаме 11 пожари, но имаше ...
Десетмина тинејџери на возраст од 14 до 17 години се уапсени во врска со убиството на 37-годишен маж во Пловдив, објави Канцеларијата на регионалното обвинителство на Пловдив. Обвиненија ќе бидат покренати против петмина од нив – три момчиња и две девојки, за кои ќе се бара траен притвор. Истражителите велат дека тие имитирале група на ловци на педофили. Убиството се случило на 4 август. Жртвата била пронајдена околу 17:20 часот во подножјето ...
На 2.218 метри надморска височина, Големото Езеро на Пелистер деновиве привлекува посетители од цела Европа кои храброста ја мерат со температурата на водата. Наместо жежок песок – планински камен. Наместо топла – свежа вода, која и во август со максимални 12 Целзиусови степени знае сериозно да го испитува прагот на издржливост. За туристите од Франција, Холандија, Италија и Македонија кои деновиве ги затекнавме таму, тоа беше начин да го ...
Поранешниот американски претседател Џо Бајден се наоѓа во тешка состојба откако ракот на простата се проширил на други делови од телото и му предизвикува болка, изјави неговиот син Хантер. Тој ја опиша состојбата на татко му како многу тажна за гледање. „Ракот се проширил, метастазирал на неговите коски и подалеку. Многу е болен и сето тоа е многу исцрпувачки“, кажа Хантер Бајден во интервјуто за Би-Би-Си. Џо Бајден (83) беше најстариот ...
Готова е изградбата на монтажната катна гаража кај зградата „Промаја“ во Штип. Ова е трета катна гаража во централното градско подрачје и е на три нивоа, за разлика од првите две, кои имаат две нивоа. Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, вели дека како и претходните две катни гаражи, така и со третата е искористен напуштен простор кој беше една мала депонија. Самата конфигурација на теренот овозможи на овој напуштен простор да има катна ...
Иран изнесе драматични нови барања за повторно отворање на Ормускиот Теснец, велејќи дека тоа ќе се случи само ако САД го коригираат своето однесување. Објавата на Врховниот совет за национална безбедност на Иран би можела да ги усложни разговорите за постигнување договор за управување со клучниот воден пат за извоз на нафта и гас. Според секретарот на Советот, Мохамед Багер Золкадр, кој е и командант во моќната Револуционерна гарда, САД ...
Велешка брачна двојка е уапсена откако е констатирано дека нејзините пет мали деца се запустени и живеат во екстремно лоши услови, поради што биле пренесени во СОС Детско село. Полицијата против родителите најави кривична пријава за запуштање и малтретирање дете. „На 7 август во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Ѓ. Ш. (33) и 29-годишната С. Ш., двајцата од Велес, постапувајќи по претходна пријава за ...
Додека Корејскиот Полуостров се соочува со топлотен бран, севернокорејските државни медиуми промовираа сè, од супа од кучешко месо до пилешка чорба, како начини за справување со жештините, додека Ким Џонг Ун го прикажуваа како лидер кој трпи сурови услови заедно со својот народ. Државната телевизија во четвртокот објави дека температурата достигнала 36,7 Целзиусови степени во Пјонгјанг, најмногу откако се вршат метеоролошките мерења во ...
Два воза се судрија во Хрватска, при што шест лица се тешко повредени. Несреќата се случи близу градот Крижевци, а учествуваа товарен воз и патнички воз на Хрватски железници, во кој во тој момент имало 20-ина патници. Вицепремиерот Олег Бутковиќ изјави дека никој од повредените веќе не е во животна опасност. Уште 14 луѓе се здобиле со полесни повреди. Причината за несреќата засега не е позната. Благодарение на брзата интервенција на ...
Александар Вучиќ изјави дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина откако ја имаше првата средба со Володимир Зеленски во Белград, додавајќи дека двете земји меѓусебно ќе се поддржуваат на патот кон Европска Унија. Тој кажа дека го разбира ентузијазмот на Украина да влезе во ЕУ што е можно побрзо, но смета дека брз влез на Србија е малку реален поради бројни политички причини. „Во овој момент не гледам можност за брз влез ...
Земјоделците од Струмичкиот регион со трактори и земјоделска механизација го блокираа центарот на Струмица и повторно ги испорачаа барањата за повисоки откупни цени на пиперката-ајварка наменета за конзервно-преработувачките капацитети. Чекаат конкретни резултати од министерот за земјоделство Борче Серафимовски, со кого вчера имаа средба во Струмица. Како што кажаа, министерот изразил подготвеност да излезе во пресрет на барањата на ...
Беспилотно летало влегло во воздушниот простор на Бугарија, која е членка на НАТО и ЕУ и експлодирало во близина на границата со Романија, изјави премиерот Румен Радев. „Дронот експлодирал на бугарска територија, на околу 100 метри од романската граница“, изјави Радев по состанокот на владиниот совет за безбедност во Софија. Во инцидентот немало повредени, ниту материјална штета. „Тимови од бугарската гранична полиција и од министерството за ...
Во месноста Карпалак на автопатрот Тетово-Скопје се одбележа 25-годишнината од загинувањето на 10 бранители кои во армиски конвој се движеа кон Тетово. Конвојот беше нападнат од терористичките сили на УЧК, кои со ракетни фрлачи го погодија автобусот во кој беа бранителите од Прилеп. И денес, 25 години од овој трагичен настан, на местото каде што се случи сè уште не е изградено достоинствено спомен-обележје. На настанот потсетува само една ...
Апелациониот суд од Скопје ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци и ја зголеми затворската казна од 16 години затвор на 20 години за за кавадарчанецот Илија Панов (44), кој во јануари 2025 ја уби вонбрачната партнерка Сузана Серенакова (52), потврди кавадаречкото обвинителство. Панов во декември 2025 беше прогласен за виновен за убиство сторено при семејно насилство и осуден во Основниот суд Кавадарци. На висината ...
Шпанија воведе гранични контроли за сите воздушни и поморски патувања од Италија, додека се засилува спорот помеѓу двете членки на ЕУ. Мерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако Италија воведе слични ограничувања по приливот на околу 78.000 мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера побара од Италија да ги повлече контролите до недела. Италијанската премиерка Џорџа Мелони го одби ...
Најмалку тројца луѓе загинаа, вклучувајќи дете, во нов руски напад врз киевскиот регион. Во раните утрински часови, балистички проектили удриле источно од Киев, при што се слушнале моќни експлозии, неколку дена откако во киевскиот регион загинаа 17 луѓе, од кои осум на железничка станица. Властите кажаа дека се запалени станбени згради, автомобили и гаражи, а точниот број жртви се утврдува. Ова се случи откако украинскиот претседател ...
1 Пет илјади првачиња помалку. И пет илјади затруени од вода за пиење повеќе. Е, тоа е реалноста во која живееме денеска во Македонија. Најдобри сме по раст на бруто домашниот производ (БДП), најдобри сме во регионот, најдобри сме од сите кандидати за ЕУ на Западен Балкан, најбрзорастечка економија сме во Европа, најголем раст на туризмот имаме, најмали плати, ама најдобро распоредени… Во сѐ сме најдобри. И – најдобри сме и по помалку ...
Вештачката интелигенција (ВИ) е користена за дизајнирање сосема нови вируси кои се целосно функционални и можат да се реплицираат во лабораторија, велат американските истражувачи. Ова е првпат цели геноми да бидат успешно дизајнирани од ВИ. Шеснаесетте нови вируси се создадени за да инфицираат бактерии и да не претставуваат закана за луѓето. Ова е означено како многу значајна пресвртница во науката, што би можело да отвори нова ера во ...
На 25 август ќе почне снимањето на „Трета смена“, долгометражното деби на Ана Опачиќ, соопшти Агенцијата за филм, која овој филм на „Пик продукција“ го поддржа со 230.000 евра конкурсот за 2022 во прв рок на одлучување. Летово во земејава се снимаат долгометражните играни филмови „Мравки“ на Марјан Гавриловски, „Голиот рид“ на Игор Алексов и „Ајал“ на Арбен Тачи. „Мравки“ на „Тајм лапс“ продукција доби 15 милиони денари (околу 243,000 евра) ...
Вилијам Орбит, музичар, продуцент и добитник на Греми, најпознат по својата работа со Мадона и „Блур“, почина на 69 години. Неговото семејство објави денеска дека Орбит починал уште на 23 јули. Во текот на кариерата, Орбит изгради значителна дискографија како соло музичар, продуцент и ремиксер. Самиот постигна успех на топ-листите во неговата родна Велика Британија со „Barber’s Adagio for Strings“ како ремикс на Фери Корстен и со „Feel Good ...
Саудиска Арабија, Турција и Пакистан потпишаа договор за заедничка одбрана, велејќи дека нападот врз една од нив би се сметал за напад врз сите три држави. Пактот беше објавен на состанокот помеѓу саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во саудискиот град Мека. Трите земји се стремат да ги зајакнат безбедносните врски бидејќи војната помеѓу САД и Иран ја ...
Тимот на „Лидл“ во Македонија продолжува да расте. Од почетокот на август, 17 нови вработени го стартуваа својот професионален пат во Логистичкиот центар на компанијата во Куманово, откако успешно го поминаа процесот на селекција. „Лидл“ активно продолжува со вработувања во логистичкиот центар и маркетите низ целата држава, соопшти компанијата. „Веруваме дека долгорочниот успех на компанијата зависи од луѓето и затоа наша цел е да изградиме ...
Повисоки откупни цени на пиперката куртовска капија, исплата на ланските субвенции за ајварката и навремена исплата на предадените количини пиперка кај откупувачите и преработувачите побараа струмичките земјоделци на денешниот протест на крстосницата кај Робово. Тие два дена бараат средба со министерот за земјоделство Борче Серафимовски за да ги дефинираат цените во соработка со откупувачите и преработувачите. „Бараме зголемени и фиксно ...
Министерството за култура и туризам бара дел од просториите во Спомен-домот на Браќата Миладиновци во Струга, да бидат пренаменети во административни канцеларии за вработените во струшкото Одделение за поддршка на туризмот. Двете национални установи Музејот „Д-р Никола Незлобински“ и Фестивалот Струшки вечери на поезијата (СВП) кои користат дел од овие простори не се согласуваат со ваквата одлука, оценувајќи дека со пренамената ќе се наруши ...
Со мултимедијален настан и концерти во 11 градови низ Македонија, на 9 август од стадионот „Билјанини извори“ во Охрид започнува музичкиот караван по повод 35 години од независноста на Македонија. Настанот е насловен „Силно светнал ден“. „Преку музика, глума и танц ќе биде раскажана приказната за трите и пол децении независност, со осврт на најзначајните историски моменти, предизвици и достигнувања на државата“, објавија од продукцијата ...
Одлуката на Уставниот суд да се повтори граѓанската парница на новинарката Наташа Стојановска поради повреда на нејзините уставни права на 27 април 2017 година, судија од Граѓанскиот суд Скопје не ја признал и ја отфрлил, поради што највисокиот суд го пријави во Обвинителството. Согласно со член 112 став 3 од Уставот, одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни. Според член 81 од Актот на Уставниот суд, тие се и правно обврзувачки за сите ...
Повеќе од 150 патници останаа заглавени на аеродромот „Македониjа“ во Солун синоќа откако летот за Германија беше откажан поради пронајдена птица во еден од моторите на авионот. Летот беше закажан за раните вечерни часови, но патниците чекаа неколку часа пред да бидат информирани од авиокомпанијата дека е одложен од безбедносни причини. Инцидентот ги активираше стандардните безбедносни процедури, при што авиокомпанијата ги презеде потребните ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди специјални операции против руската воена индустрија за време на состанокот со военото и политичкото раководство на земјата. „Операциите се наменети против специфични компании што веќе ги идентификувавме. На сите присутни на состанокот им беа дадени јасни задачи. Очекувам тие да бидат целосно извршени“, рече Зеленски. Украина во изминатиот период им нанесе тежок удар на руските нафтени компании ...