Поранешниот градоначалник на скопската Општина Карпош Стевчо Јакимовски вели дека актуелниот градоначалник Сотир Лукровски боледува од неработење и неодговорност и оти се шета низ трговскиот центар „Сити мол“ додека му трае боледувањето. Лукровски е на боледување повеќе од две недели и го овласти општинскиот советник од ВМРО-ДПМНЕ Неделчо Крстевски за заменик-градоначалник. Одлуката на 7 мај беше објавена во Службен гласник на Општината. ...

Неколкумина луѓе загинаа во судир на воз и школски минибус во Бугенхут во Белгија, изјави министерот за образование на Фландрија, Зухал Демир. Фламанската телевизија „ВРТ“ извести дека во автобусот имало седум деца и двајца возрасни кога бил удрен од воз на железнички премин во градот. Портпаролката на федералната полиција Ан Бергер кажа дека несреќата се случила набргу по осум часот, кога бариерите на преминот биле спуштени. Деталите за ...

На 77 години почина новинарот, дипломат и министер во првата македонска влада Мартин Треневски, објави неговото семејство. Роден во Скопје во 1949, Треневски дипломирал англиски јазик на Филолошкиот факултет во Скопје и потоа магистрирал политички науки, а кариерата ја почнал во новинарството. Во 1980-тите бил именуван за дописник на „Танјуг“ од Австралија и Јужен Пацифик и во тој период се поврзал со македонската заедница во Австралија и ...

Израелската војска започна со нов бран напади низ Либан, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху објави дека Израел ќе ги засили нападите против Хезболах. Израелските одбранбени сили кажаа дека го нападнале Хезболах во долината Бека на истокот и во други делови од Либан. Хезболах објави дека се одмаздил со десетици напади врз израелски воени мети. Порано овој месец, Либан и Израел го продолжија прекинот на огнот, но Нетанјаху синоќа објави дека ...

Русија се закани со нови „систематски напади“ врз Киев, неколку дена откако го изведе еден од најголемите напади врз главниот град на Украина од почетокот на војната. Руското министерството за надворешни работи кажа дека мети на новите напади ќе бидат центри за донесување одлуки, заповедни центри и локации за производство на дронови, при што ги повика странските државјани и дипломати да го напуштат градот најбрзо што можат, а жителите да ...

Македонија се наоѓа на листата на најлоши здравствени системи во светот, објави Хелткер (Healthcare), користејќи го Индексот за здравствена заштита на Намбео (Numbeo) за 2026 година, базиран на анкети со јавноста кои го оценуваат квалитетот на медицинските услуги, инфраструктурата, персоналот, времето на чекање и трошоците. Ова не е официјално мерење на Светската здравствена организација (СЗО), туку индекс базиран на искуства и мислења на ...

Сопственичката на возилото, врз кое падна бандера откако по свлечиште од градилиштето на улицата Теодосиј Гологанов во скопската Општина Центар пропадна тротоарот, вели дека со жителите на околните згради се чувствуваат несигурни и надлежните треба да направат испитувања за безбедноста. „По свлечиштето кое се случи, оштетено е моето возило од пад на бандерата која беше во непосредна близина до возилото. Со свлечиштето е срушен и тротоарот во ...

САД кажаа дека извеле нови напади врз Иран, погодувајќи ракетни лансери и бродови што поставувале мини. Централната команда на американската војска соопшти дека нападите во јужниот дел на земјата биле самоодбрана и имале за цел да ги заштитат американските трупи од закани од иранските сили. Иран досега не одговорил на овие напади и нејасно е дали тие ќе имаат влијание врз мировните разговори. Портпаролот на Централната команда, Тим Хокинс, ...

Над 1.900 деца моментално се водат како исчезнати во Германија, нешто повеќе од пред една година, според бројките од Федералната канцеларија на кривичната полиција (БКА). На 1 мај, канцеларијата евидентирала 1.933 отворени случаи на исчезнати деца низ целата земја, во споредба со 1.810 нерешени случаи една година претходно, изјави агенцијата пред Меѓународниот ден на исчезнати деца на 25 мај. Бројките вклучуваат и неодамнешни исчезнувања и ...

Постојано расте бројот на заболени од рак на кожа (меланом) и е еден од туморите со најголема експанзија во последно време, вели Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Годишното зголемување на бројот на заболени е за 4-5%, што значи дека бројот на заболени двојно се зголемува на секои 10-15 години. Во Македонија во 2023 вкупниот бројот на новозаболени од меланом е 49 со стапка на инциденца од 2.7/100 000 жители, додека бројот на новозаболени мажи ...

Се излизга земјиштето на градилиште на булеварот Теодосиј Гологанов во близина на Католичка црква во Скопје, по што цел тротоар пропадна и бандера падна врз кола. Според граѓани кои се јавија во нашата редакција, земјата се срушила додека багер работел во внатрешноста на ископот, при што пропаднал дел од улицата покрај градилиштето. Од МВР ни рекоа дека ќе извршат проверка на местото. Жителите од околните згради велат дека уште од стартот ...

Папата Лав Четиринаесетти се извини за улогата на Католичката црква за време на ерата на ропството. Во својата прва енциклика, објавена денеска, поглаварот на 1,4 милијарди католици во светот призна дека неговата Црква не ја осудила решително трговијата со робови – која траела со векови – сè до 19 век. Енциклика е официјално писмо или послание што го издава папата, најчесто упатено до бискупи, свештеници и верници, а понекогаш и до сите луѓе. ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во Белград во населбата Дорќол, кога трамвај излета од шините и се заби во зграда покрај улицата. Во несреќата се повредени повеќе од 10 лица. „Трамвајот удри во блиска зграда, при што, за жал, се повредени повеќе патници, како и возачката на трамвајот. Најголемиот број повреди, според досегашните сознанија, се од полесна природа, додека кај двајца патници се констатирани потешки телесни повреди во ...

Авион на „Изиџет“ на лет кон Велика Британија беше пренасочен кон Рим откако беше откриено дека во багажот на еден патник се полни полнач односно надворешна батерија (power bank). Летот од Хургада во Египет до Лондон Лутон слета во Рим на 20 мај како мерка за претпазливост. Авиокомпанијата соопшти дека капетанот одлучил да го пренасочи летот „во согласност со безбедносните прописи“ откако патник го информирал екипажот за време на летот дека ...

Здружението на Србите во Македонија „Мир, слога и стабилност“, кое на 23 мај во Куманово го организираше собирот за поддршка на на српскиот претседател Александар Вучиќ непосредно пред голем студентски антивладин протест во Белград, е финансирано од Министерството за надворешни работи (МНР) на Србија, објави порталот НОВАЕКОНОМИЈА.РС. Според јавно достапните податоци, на ова здружение во април годинава му биле доделени пари на конкурс на ...

Над 5.800 артефакти кои биле пронајдени за време на капиталните истражувања на Калето во Скопје ќе бидат дел од поставката во Музејот на праисторијата и Музејот на отоманското наследство. Во 2011 почнаа да се градат три музеи – за праисторија, за османлиски и за средновековен период, но на нив не се работеше до пред 2 години. Калето во моментов е уредено и чисто, но не нуди никаква содржина за бројните домашни и странски посетители. ...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи денеска изјави дека се постигнати заклучоци за многу теми дискутирани за потенцијален меморандум за разбирање со САД, но тоа не значи дека Техеран е блиску до потпишување договор. Портпаролот Есмаил Багаи додаде дека Иран преговара за крај на војната и во моментов не разговара за нуклеарни прашања и повтори оти промените во ставовите на американските претставници создаваат проблеми за ...

Сексуално преносливите инфекции (СПИ), меѓу кои и гонореја и сифилис, достигнаа рекордни нивоа во Европа, според новите податоци. Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) соопшти дека обете болести ги достигнале своите највисоки нивоа во последните 10 години во 2024. Гонорејата достигна 106.331 случаи – зголемување од 303% од 2015 – додека сифилисот се зголеми повеќе од двојно во истиот период на 45.557. Здравствената ...

Повеќе од 200 илјади евра потрошила Општина Велес за обесштетување граѓани каснати од бездомни кучиња во 2025 . Тоа е за над 25 илјади евра повеќе во споредба со претходната година. Најниска исплата имало во 2023, кога за оваа намена биле издвоени еден милион денари. Градоначалникот Колев вли дека две години чека решение по кривичната пријава што ја поднесе до Основното јавно обвинителство Велес против непознат сторител за оштетување на ...

Властите се подготвуваат за можноста оштетениот резервоар за хемикалии во Јужна Калифорнија да протече или да експлодира, бидејќи за 50.000 жители наредбата за евакуација продолжи и во викендот, без временска рамка кога можат да се вратат дома. Пожарникарите ја прскаат надворешноста на резервоарот со црева за вода во обид да ги оладат хемикалиите што се загреваат внатре, и да спречат експлозија. Ли Зелдин, раководител на Агенцијата за заштита ...

Мостот Пон Неф на реката Сена доби нов изглед, 40 години откако уметникот Кристо за првпат го обвитка со ткаенина најстариот мост во Париз. Францускиот фотограф и уметник Џеј-Ар создаде спектакуларно дело насловено „Пештерата на Пон Неф“ (La Caverne du Pont Neuf) , кое го претвора мостот во пештера низ која посетителите можат да поминуваат. Инсталацијата е долга 120 метри, широка 20 метри и достигнува максимална височина од 18 метри. За ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против скопјанец кој истепал 13-годишник поради кавга со син му во школскиот двор. Осомничен е за кривично дело Насилство врз дете според член 201-а од Кривичниот законик. „Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете родено 2013 година. Во училишниот двор, синот на осомничениот имал недоразбирање со свој ...

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец кој грабнал, истепал и повредил 18-годишна девојка која се враќала од матурска прослава. Осомничен е за кривичното дело Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. „Осомничениот, на 23 мај во раните утрински часови, противправно ја затворил, ја ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против скопјанец кој истепал 13-годишник поради кавга со син му во школскиот двор. Осомничен е за кривично дело Насилство врз дете според член 201-а од Кривичниот законик. „Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете родено 2013 година. Во училишниот двор, синот на осомничениот имал недоразбирање со свој ...

Борбата против корупцијата, Обвинителството, патот кон ЕУ, образованието, протестите на студентите Албанци да полагаат правосуден испит на албански јазик беа дел од темите во денешниот говор на премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија „Од слово до вечност“ на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј , 24 Мај, во црквата „Света Софија“ во Охрид. Премиерот рече дека го разбира незадоволството и ...

Кина ќе испрати астронаут на својата вселенска станица во недела за една година, рекордно времетраење за земјата, овозможувајќи проучување на долгорочната човечка физиологија во вселената, додека Пекинг работи на својата амбиција за слетување на Месечината со екипаж до 2030 година. Планот „Шенжоу-23“ е закажан да се лансира во попладнево по 16 часот по средноевропско време користејќи ја ракетата-носач „лонг марш-2Ф Y23“ од Центарот за ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја користела моќната хиперсонична балистичка ракета „орешник“ за време на ноќешниот масовен напад со беспилотни летала и ракети врз Киев, во кој загинаа најмалку четири лица, што е трет пат ова оружјето да се користи во четиригодишната војна. Интензивниот воздушен напад оштети згради низ украинскиот главен град, меѓу кои и во близина на владини канцеларии, станбени згради и ...

Зголемен е бројот на деца во ризик во Велешко во 2025, споредено со 2024, покажуваат податоците од Годишниот извештај на Општинскиот совет за превенција на малолетничко престапништво, тело при Советот на Општина Велес. Според извештајот, бројот на деца во ризик е зголемен за 69 случаи, односно за 21 процент. Во 2024 биле евидентирани 327 деца во ризик, а лани 396. Од нив, 87 проценти се машки деца. Според Законот, како деца во ризик се ...

Едно лице почина откако отвори оган во близина на безбедносниот пункт во Белата куќа и беше застрелано од полицајци, соопшти Тајната служба. „Кратко по 18 часот во саботата (по локално време) едно лице во областа на 17-та улица и авенијата Пенсилванија извади оружје од својата чанта и почна да пука“, соопшти Канцеларијата за комуникации на Тајната служба на САД во соопштението на Икс. „Полицијата на Тајната служба возврати на оган погодувајќи ...

Десетици илјади луѓе синоќа демонстрираа во центарот на Белград барајќи предвремени избори. Собирот организиран од студентското движење беше дел од протестното движење предизвикано од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад во ноември 2024 при што загинаа 16 лица. Клучната порака – и покрај серијата говори на почитувани експерти од областите на науката, здравството, уметноста, правдата – веројатно беше упатена уште на ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Цинк

0.00

Калај

53.60

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09