Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
„Ако веруваш во себеси и во своите соништа, со труд и работа од гасеница можеш да станеш пеперутка“, е лајтмотивот на мјузиклот „Као какао“, инспириран од музиката на Влатко Стефановски, чија премиера беше синоќа во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје. Насловот на музиклот е според истоимениот девети студиски албум на легендарната група „Леб и сол“ од 1987, кој се смета за еден од најуспешните во историјата на југословенската рок ...
Седум луѓе загинаа, а 11 се повредени откако дрон погоди патнички автобус во окупираниот дел на Доњецк. Денис Пушилин, шефот на Доњецк поставен од Кремљ, изјави дека автобусот бил погоден во раните утрински часови во градот Јенакиеве додека патувал од Москва до Симферопол на Крим. „Според првичните извештаи, седуммина луѓе загинаа“, изјави Пушилин, додека руските државни медиуми објавија фотографија од целосно изгорениот автобус. Ова се случи ...
Базенот во Спортскиот центар (СЦ) „Борис Трајковски“ во Скопје наесен комплетно ќе се реновира, поради што ќе треба да биде затворен подолг период. Директорот Даниел Апостоловски вели дека во моментов се прави проектот за реконструкција, по што ќе треба да се распише тендер за изведувач. Тоа значи дека летово базенот ќе работи, а градежните работи би почнале најрано во септември. „На базенот му е потребна целосна реконструкција и затоа ќе ...
Русија објави дека соборила 50 дронови над Ленинградскиот регион и продолжува да одбива украински напади, непосредно пред почетокот на голема годишна економска конференција. Снимки објавени на Телеграм покажаа голем чад од правецот на нафтениот терминал во пристаништето во Санкт Петербург. Во Санкт Петербург од вчера се одржува таканаречениот „руски Давос“, чиј домаќин е Владимир Путин. Форумот беше отворен неколку часа откако Русија изведе ...
Американската војска кажа дека извела нови самоодбранбени напади врз Иран и соборила балистички проектили и дронови испукани кон бродови и заливските земји. Централната команда (Центком) на војската објави дека нападите врз островот Кешм во Ормускиот Теснец биле одговор на иранските напади низ Блиски Исток. Иран кажа дека се одмаздил така што нападнал американски бази и хеликоптери во една регионална земја. Според Центком, Иран лансирал два ...
Раперот Марко Маринковиќ-Слаткаристика на Фејсбук објави дека со екипата се откажуваат од поддршката доделена од Агенцијата за филм за биографскиот музички документарец на режисерот Радован Петровиќ и „ОХО продукција“. Проектот доби 1,5 милиони денари (24.000 евра) на Конкурсот на Агенцијата за филм за 2026 во прв рок, чии резултати беа објавени на 29 мај. Режисерот Петровиќ, исто така на Фејсбук, објави дека целосно ја поддржува одлуката на ...
Министерството за транспорт и врски донесе одлука според која се забранува возење скутери во Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро од 1 јули до 31 август. Забраната ќе важи од 11 до 19 часот, заради поголема безбедност на капачите, велат од Министерството. Со новата одлука на Министерството се забранува и пловидба на чамци навечер. Односно, од 3 јуни до 31 август забраната ќе биде од 21 до 5 часот, од 1 септември од 20 до 6 часот и од ...
Во полициската станица Кисела Вода од вечерва е приведен Стефан Богоев, поранешен директор на Царинската управа на Македонија и поранешен потпретседател на СДСМ. Неофицијално, приведен е под сомневање за влијание за избор на фирма за чистење за време на мандатот од една година. Од Финансиската полиција велат дека во акцијата се опфатени и други лица, како и други кривични дела, а и дека во неа учествува не само обвинител, туку и судија на ...
Во ситуација кога има одлив на обвинители и на обвинителска служба, оспорен закон пред Уставниот суд кој може дополнително да им ги намали платите на обвинителите кои се меѓу најниските во регионот, Државниот обвинител Ненад Савески денеска повторно упати апел до Владата и до Собранието дека сиромашно обвинителство пред богатиот криминал постои бадијала. „Сиромашно јавно обвинителство не може да му се спротивстави на богатиот криминалитет. ...
Унгарија сигнализираше дека ќе се откаже од долгогодишното противење на кандидатурата на Украина за членство во ЕУ, што ќе ѝ овозможи на неа и на Молдавија да започнат формални преговори за приклучување кон блокот во наредните денови, изјавија четворица дипломати за „Политико“. Отворањето на првиот преговарачки кластер треба да се случи за време на меѓувладината конференција во Луксембург на 15 јуни, изјавија тројца од дипломатите. Двете ...
Албанските обвинители против корупција истражуваат проект за луксузно одморалиште поврзан со зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, додека продолжуваат протестите на граѓаните и еколошките организации. Проектот ги опфаќа ненаселениот јадрански остров Сазан и неколку стотици хектари од заштитениот предел Вјоса-Нарта, крајбрежна мочуришна област каде што се гнездат фламинга, фоки и морски желки. Специјалното обвинителство против корупција на ...
Приемот и потрошувачката на вакцини не е евидентиран во деловните книги на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Тоа е само една од забелешките во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР), кој изврши ревизија на финансиските извештаи на Институт за 2024 година. Во тој период директор беше Шабан Мемети. „Изразивме неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеност на финансиските ...
Судењето за рушењето на зградата на Работничкиот универзитет во Велес продолжи со сослушување сведоци. Семир Шаботиќ, син и внук на инвеститорите, како сведок на одбраната одговараше на прашањата од адвокатата Павлина Зефиќ-Јакимовска. „‘Беровиќ транспорт‘ беше ангажиран за вршење на ископ на градежната јама. Тие копаа со багер, се товареше во камиони и се носеше. Ѕидот на зградата на Работничкиот универзитет не беше ископан како другите ...
Повеќе од половина од жените отсуствувале од училиште или работа поради менструални предизвици. Недостапноста на менструални производи и несоодветните санитарни услови остануваат сериозен предизвик за голем број жени, покажуваат резултатите од истражувањето за менструална хигиена, пристап и потребата од пакет за прва менструална помош (Menstrual First Aid Kit), спроведено на примерок од 2.700 испитанички. Наташа Доковска, програмска ...
Денеска е пуштен во употреба чилишен базен во Општина Карпош, до спортската сала „Партизан“. Станува збор за базен со длабочина од 0,80 до 1,20 метри, со ширина од 9 метри и должина од 25 метри. Базенот се градеше со средства од Агенцијата за млади и спорт и чини околу 760.000 евра. Денеска беше предаден во владение на Општина Карпош. На свеченоста за отварањето на базенот присуствуваа премиерот Христијан Мицскоски, директорот на Агенцијата ...
Руското министерство за одбрана кажа дека ноќешниот голем воздушен напад врз Украина бил одговор на „терористичките дејствија“ против цели во Русија, додавајќи дека биле погодени бројни украински воени мети. Украинските власти рекоа дека најмалку 18 луѓе загинале, а над 100 се повредени низ Украина, а Киев беше особено тешко нападнат со дронови и проектили. „Ноќеска, како одговор на терористичките дејствија на режимот во Киев, вооружените ...
Нефер и несериозно е да се очекува дека ќе дојде висок европски политичар и ние наеднаш ќе ја промениме позицијата, рече премиерот Христијан Мицскоски одговарајќи на новинарско прашање што очекува од денешната средба во Скопје со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Евроинтерграцијата на Македонија е блокирана од Бугарија која бара измени на Уставот за да бидат внесени околу 3.000 македонски граѓани кои се изјасниле како Бугари ...
Агенцијата за филм сѐ уште нема добиено официјално известување од продуцентската куќа „Револушн продакшн“ дека се откажува од доделените средства за проектот „Татко“ на режисерот Јани Бојаџи, ни изјави директорот на Агенцијата, Сашко Мицевски. „Татко“ доби 15 милиони денари (242.000 евра) од Агенцијата за филм на Конкурсот за финансирање на проекти во прв рок за 2026, а резултатите беа објавени на 29 мај. „Револушн продакшн“ на продуцентот ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека земјава во првите три месеци од 2026 година ќе биде меѓу трите земји во Европа според растот на Бруто-домашниот производ (БДП). „Што се однесува до бруто-домашниот производ, сите индикатори коишто ги следиме од првиот квартал којшто веќе измина, тоа се месеците јануари, февруари и март, велат дека ќе имаме, во услови на епска светска енергетска криза, солиден раст. Јас би очекувал растот да се движи меѓу ...
Неколку месеци по парламентарните избори во Данска, актуелната премиерка Мете Фредериксен објави дека постигнала договор за формирање малцинска влада на левиот центар. Дванаесет партии освоија пратенички места на изборите во март, најмногу Социјалдемократите на Фредериксен, но и покрај тоа, тоа беше нивниот најслаб изборен резултат од 1903 година. Фредериксен, која зад себе веќе има два мандата како премиерка, кажа дека ќе ја претстави ...
Нова фаза од природниот временски настан Ел Нињо би можела да започне за неколку недели, предупредија Обединетите нации, што би можело да ги зголеми температурите на планетата која веќе е под притисок од климатските промени. Светската метеоролошка организација соопшти дека овој Ел Нињо веројатно ќе зајакне во остатокот од 2026 година, предизвикувајќи поекстремни временски услови низ поголемиот дел од светот. Прогнози од неколку национални ...
Либан објави дека Хезболах прифатил американски план за запирање на нападите врз Израел, кој, пак, се согласил дека нема да го напаѓа Бејрут. Либанската амбасада во САД кажа дека примила потврда дека Хезболах го прифаќа планот за заемно запирање на нападите. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја потврди спогодбата, но предупреди дека Бејрут ќе биде нападнат ако Хезболах не запре со нападите врз израелските градови и цивили. Ова следува ...
Поминаа пет години откако градоначалникот Тони Коњановски пред првиот мандат, на локалните избори во 2021 година, вети изградба на ново училиште во населбата Буковски Ливади во Битола. Ова е негов втор мандат кој почна во октомври 2025, а училиштето досега не е изградено. Наместо градба на нов училишен објект пред повеќе од една година и пред изборот за втор мандат, Коњановски најави реконструкција на постоечки руиниран објект во близина на ...
Најмалку десет луѓе загинаа, а над 100 се повредени откако Русија изведе голем воздушен напад врз Украина. Погодени се и станбени згради во Киев, при што итните служби брзаат да спасат луѓе затрупани под урнатините. Сирени за воздушна тревога ноќеска се огласија во речиси целата Украина. Ова следува откако Русија минатата недела предупреди дека ќе лансира систематски напади врз Украина како одмазда за украинскиот напад врз студентски дом во ...
Доналд Трамп изјави дека преку посредници разговарал со либанската милиција Хезболах и дека обезбедил ветување дека нема да го напаѓа Израел. Тој рече дека разговарал и со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, тврдејќи дека Израел се согласил да ги повлече сите трупи што се подготвуваат да го нападнат јужен Либан. Ова следува откако иранските медиуми објавија дека прекинот на огнот склучен помеѓу САД и Иран во април веројатно ќе заврши ако ...
Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој околу два месеца не доаѓаше на работа, денеска со писмо до премиерот Христијан Мицкоски кое го објави и на Фејсбук го извести дека си поднесува оставка од функцијата. Фетаи му пишува на премиерот дека во овој момент не постојат неопходните услови за да ја извршува функцијата вицепремиер во полна ефикасност. Друго како причина не наведува во писмената коресподенција. Откако му се заблагодарува ...
Иран ги прекинува индиректните преговори со САД откако Израел ѝ нареди на војската да навлезе подлабоко во Либан за да се бори против Хезболах, објави иранската новинска агенција „Тасним“, што ги комплицира дипломатските напори за ставање крај на тримесечната војна. „Тасним“ соопшти дека преговарачкиот тим на Иран престанува да разменува пораки со Вашингтон преку посредници. Доналд Трамп претходно повтори на социјалните мрежи дека верува оти ...
Полицаецот од Шестата управа Р. Р. (39), кој беше член на претходницата на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, без јавност денеска за насилство врз сопругата добил условна казна од година и шест месеци затвор. Веста ја соопшти Кривичниот суд Скопје. Насилникот признал вина. Тој останува и натаму оддалечен од МВР, веќе нема да работи како службено лице. Според пресудата, тој не смее во следните 3 години да направи ниту едно ...
Со настапите на Пајак, Слаткаристика и групата „Зијан“, синоќа во Гевгелија заврши четиридневната програма по повод официјалното отворање на „Мега шопинг парк“. Овој настан во текот на изминатите четири дена привлече над 40.000 посетители од земјата и регионот, со што и официјално почна со работа овој трговски парк. Четиридневната забава за отворањето почна со настапи на Тамара Тодевска и грчката пејачка Иви Адаму, продолжи со Кирил Џајковски ...
Вангелица Илиевска (36) од Кратово, жртва на над 10-годишно семејно насилство, денеска во Основниот суд во Куманово е осудена на единствена казна затвор од седум и пол години за извршено двојно убиство. Според обвинението, таа на 13 јуни 2024 во семејната куќа во Кратово кога била нападната, со умисла ги убила нејзиниот сопруг Јован и свекорот Стојан. На Илиевска ѝ се продолжува куќниот притвор до правосилноста на пресудата. Денеска на ...