Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) тврди дека авансната исплата на целата сума за евакуациските летови била неопходна поради исклучителните околности во кои се организирала евакуацијата на македонските државјани од кризното подрачје на Блискиот Исток. Иако вообичаено законските одредби предвидуваат авансно плаќање до 20 проценти од вредноста на договорот, од Министерството велат дека во овој случај станувало збор ...
Тимот од 15 обвинители кои го застапуваат големиот судски процес за катастрофалниот пожар во незаконската дискотека „Пулс” на 16 март 2025, со презентацијата на докази стигна до обвинетите членови на обезбедувањето од агенцијата „Рубикон“, како и до нејзиниот директор и до сопственикот Александар Нацев, кој тврди дека не е сопственик. Во катастрофата предизвикана поради неисполнувањето на обврските, меѓу другите и на членовите на ...
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во новото истражување на јавна набавка утврди незаконитости од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) и укажува на можно местење на тендерот за избор на економски оператор за евакуација со авиони на македонските државјани за време на воените операции на Блискиот Исток во март, по почетокот на војната на САД и Израел со Иран. Според деталната анализа на ЦГК, евакуациските летови ...
Многу скоро ќе има парламентарни избори, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на салата „Расадник“ во скопска Кисела Вода. Прашан да прецизира дали мисли на предвремени парламентарни избори во 2027 или на редовните во 2028 година, тој повторно не даде конкретен одговор, велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори кога и да побара опозицијата. „Политички умно е кога ќе ...
Заврши комплетната реконстуркција на салата „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода. Салата се реконструираше со два милиона евра од Министерството за спорт. Салата е со капацитет за 1.000 гледачи и, како што кажаа градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и министерот за спорт Борко Ристевски, ќе биде дом на ракометниот клуб „Вардар“. Општина Кисела Вода ја доби во владение салата во 2023 година. Претходно, 20 години стоеше руинирана и ...
Дина Дума покажува сигурен режисерски глас и јасна контрола врз материјалот што го обработува, се вели во рецензијата на европскиот филмски протал „Синеуропа“ за филмот „Скетбордингот не е за девојчиња“, кој на 4 јуни имаше светска премиера на фестивалот Трајбека во Њујорк. Филмот се прикажа во Меѓународната конкуренција за награди. Македонската премиера се најавува за септември. Во „Синеуропа“ меѓудругото се вели дека овој филм сугерира оти ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски воведе нов принцип на одговарање на советнички прашања, прво ги слушаше сите прашања на советниците, а потоа ги одговараше сите наеднаш. Ова е првпат градоначалник на Град Скопје да воспостави ваква пракса, со што се оневозможува дебата и не се добиваат конкретни одговори на прашањата оти се одговара општо, а како што рекоа советниците, се укинува и можноста за реплика. На вчерашната седница на Советот на Град ...
Претседателот на САД Доналд Трамп вчера ги прифати податоците што покажуваат дека инфлацијата се зголемила за повеќе од 4%, изјави дека ја „сака“ инфлацијата и повтори дека цените ќе паднат штом ќе заврши војната со Иран. Прашан за податоците на американската влада што покажуваат дека во мај инфлацијата се зголемила со најбрзо темпо за три години и дали тоа би можело да биде пречка за неговите колеги републиканци само неколку месеци пред ...
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Драги Митковски вели дека има проблем со собирање на ѓубрето и со преполни контејнери поради големите контејнери од 3.200 литри. За нив од четири камиони кои ги има претпријатието, работи само еден. Овие контејнери не можат да се подигнуваат со другите возила, туку мора со специјални камиони. „Големите контејнери кои се поставени долж булеварите и главните улици го создаваат проблемот и се извор на диви ...
Територијалната противпожарна единица од Штип, заедно со Територијалното доброволно противпожарно друштво и месното население успеаја во текот на ноќта да го локализираат големиот пожар, кој вчера попладне се појави на ридовите кај викенд месноста Плуждино над градските гробишта кај Штип и кој во текот на ноќта почна да се шири и кон населбите Кадидере, Ридарска Чешма во штипско Ново Село и црквата „Свети Спас“. Според првичните информации, ...
Пратениците цел ден расправаат по интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кому СДСМ и Левица не само што му забележуваат за корупцијата во неговиот ресор и митото од бележани 50.000 евра фатено во гаражата на зградата кај што живее, туку и за катастрофалната состојба во земјоделието и останатите две области, шуми и вода. Пратеникот Димитар Апасиев од говорницата кажа дека Трипуновски не е ...
Делото „Коста Солев смртопис“ на македонскиот режисер и театролог Наум Пановски го доби Рациновото признание за 2026. Ова е одлука која со мнозинство гласови ја донесе жирито со проф. д-р Елизабета Шелева, проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева и проф. д-р Марија Ѓорѓиева-Димова. Во емотивното обраќање на прес-конференцијата, Шелева кажа дека тоа не е книга за смртта на поетот, туку за животот на Рацин. Посебно ја радува што насловната ...
Во основното училиште „Коста Рацин“ во Општина Брвеница денеска е означен почетокот на втората фаза на проектот „Училишта на 21 век“, што го спроведуваат Министерството за дигитална трансформација, во партнерство со Британскиот совет и Македонски Телеком. Проектот има за цел унапредување на квалитетот на образованието преку развој на вештини за критичко размислување, решавање проблеми и основи на кодирање кај учениците, со што тие ќе се ...
По премиерата на 2 јуни во Скопје, мјузиклот „Као какао“ првото гостување ќе го има на 19 јуни, на отворањето на 18. Битолското културно лето „Битфест“, во 19:30 часот во Големата сала на Центарот за култура во Битола. Во режија на Дејан Пројковски, „Као какао“ е приватна продукција на „Баги комуникации“. Влатко Стефановски, од чија музика е инспириран мјузиклот и насловен по истоимениот албум на легендарната група „Леб и сол“ од 1987 година, ...
Собранието денеска го разреши вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој по два месеца недоаѓање на работа, на 1 јуни поднесе оставка. Фетаи не дојде во Собранието да ја образложи оставката. И покрај тоа што не доаѓаше на работа, а премиерот Христијан Мицкоски одби да одговори на секојдневните прашања од новинари и од пратеници – дали знае каде е неговиот заменик, кој на функцијата дојде како кадар на коалицијата „Вреди“, дали зема ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, денеска апелираше поранешни кадри на полицијата, Армијата и Пожарна или пензионирани лица летово да се вклучат во гасењето на пожарите. Како што рече Ангелов, тие ќе добиваат месечен надоместок од 44.000 денари или за три месеци можат да заработат 2.150 евра. „Нам ни се потребни возачи на специјалните противпожарни возила и тоа за 22 пинцгауери, за 5 хермелини и за 15 ...
„Ристе беше човек со големо срце и со искрена потреба да биде тука за другите“, рече оперскиот пејач Маријан Николовски на комеморацијата за колегата, баритонот Ристе Велков, кој со својот син и двајца негови другари загинаа во сообраќајка на обиколницата во Скопје на 21 мај. Комеморацијата во Операта започна со изведбата на „Хорот на Евреите“, најпознатиот хорски дел од операта „Набуко“. Во чест на колета, ја испеа дел од хорот на ...
Мостовите што се градат за пругата кон Бугарија на потегот Бељаковце-Крива Паланка претставуваат инженерско чудо, со столбови високи до 61 метар, рече вицепремиерот Александар Николоски кој денеска заедно со директорот на ЈП МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски и претставници од изведувачот „Ѓулермак“ извршија увид на градежните работи на трасата. „Се работи за исклучително предизвикувачки проект кој опфаќа изградба нови три станици, Кратово, ...
Намалени се цените на два два важни теста за рано откривање на рак на грлото на матката, кажа денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски. Едниот е Ликвид ПАП-тест, чија цена е намалена од 2.200 денари на 1.250 денари. Намалувањето е над 40 осто и тоа истовремено е намалување на партиципацијата за корисничките од 250 на 150 македонски денари. Вториот тест чија цена се намалува е ХПВ генотипизацијата, чија цена ...
Апелациониот суд Скопје се премисли и му забрани на Синдикатот на контролори на летање при М-НАВ да штрајкува без да му дозволи гранковиот синдикат, бидејќи овој е само негова подружница. За разлика од првиот пат, кога во декември 2025 Апелација ваквата првостепена одлука ја укина и ја врати на повторно судење, сега при исти услови ја потврди во корист на директорите на М-НАВ кои го тужат Синдикатот на контролори кој лани зимата се закани со ...
Додека нас нè држат будни, институциите спијат, велат жителите на скопската населбата Капиштец кои утре во 19 часот ќе протестираат против бучавата од кафулето „Интермецо“. Организатори на протестот се граѓанската иницијатива „За пристоен Капиштец“, од каде ги повикуваат граѓаните да им се придружат на мирниот протест кај кошаркарското игралиште во паркот во Капиштец. „Постојано сме изложени на прекумерна бучава од околните угостителските ...
На Универзитетот во Павија, Италија, се одржа промоција на нова книга на режисерот Милчо Манчевски со наслов „Манчевски: Белетристика и небелетристика“ (Manchevski: Fiction and Non-Fiction). Издавач е римската куќа „Кју прес“ (Cue press), во едиција со томови од и за Самјуел Бекет, Федерико Фелини, Марко Ферери… Уредник на изданието е младиот италијански писател и публицист Лудовико Кантисани, а уводот го напиша легендарниот директор на ...
Државниот архив, одбележувајќи го 9 Јуни, Меѓународниот ден на архивите, во Тетово одржа промоција на најновото издание „Османлиски документи за историјата на Македонија – Попис на христијанското население од Скопскиот санџак, Тетовска каза 1838/39 година“ (Том II, книга 3), во превод и редакција на доц. д-р Аднан Шериф. Делото е превод од османлиско-турски на македонски јазик на архивски документи од спроведен попис од тогашната османлиска ...
САД кажаа дека извршиле серија напади врз ирански воени и надзорни објекти како одговор на соборувањето на американски хеликоптер во Заливот. Централната команда на американската војска (Центком) соопшти дека системите за воздушна одбрана, копнените контролни станици и радарските локации биле цел во близина на Ормускиот Теснец. Како одговор, Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран соопшти дека започнал напади врз 21 цел во ...
И покрај растот на водостојот, Преспа сè уште е ранлива. Обилните врнежи во изминатите месеци донесоа подобрување на Преспанското Езеро, но само на површината. Привремено подобрија некои показатели за квалитетот на водата, но долгорочните предизвици останаа, се наведува во трудот „Кога повеќе вода не е доволно?“ на д-р Орхидеја Талевска од Хидробиолошкиот институт во Охрид, м-р Драко Црвенковски и д-р Маријана Милевска од Програмата за развој ...
За деловен објект во кој 17 години работеле над 110 работници во две штипски конфекции на странска компанија од Германија со менаџери од Бугарија, веќе подолго време се врти оглас за продажба во износ од 2 милиони евра. Невладината „Гласен текстилец“ како синдикално здружение за заштита правата на вработените, заедно со поранешните вработени во овие две странски фирми организираа заеднички протест затоа што цела година од лани чекаат исплата ...
НАСА ги објави имињата на четворицата астронаути кои ќе учествуваат во следната мисија „Артемис 3“, клучен двонеделен лет чија цел е тестирање на различни технологии што се сметаат за неопходни за враќање на астронаути на површината на Месечината за првпат по повеќе од 50 години. Екипажот, чије лансирање е планирано најрано кон крајот на 2027, го сочинуваат тројца астронаути на НАСА: Андре Даглас, кој првпат ќе лета во вселената, рекордерот ...
Откако денеска Кривичен суд соопшти дека со пресуда на Апелација ексградоначалникот на скопската Општина Карпош Стевчо Јакимовски правосилно е осуден на една година затвор, тој вели дека ова е политичка одлука за да не може да се кандидира за градоначалник на вонредните избори. Јакимовски е осуден за изградба на бараките во скопското основно училиште „Лазо Трповски“ каде беше сместена општинската администрација до пуштањето на употреба на ...
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба со понудена гаранција на осомничениот ексдиректор на Царинската управа Стефан Богоев, изјавена против решение на судија на претходна постапка од 4 јуни годинава со кое, по предлог на надлежниот јавен обвинител му беше определена мерка притвор во траење од 30 дена, донесе решение со кое ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот. Определената ...
Професорката Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик, соопшти Министерството за култура и туризам, откако претходната претседателка, Симона Груевска-Маџоска поднесе неотповиклива оставка на 12 мај. „Владата на денешната седница го усвои Предлогот и ја именува д-р Веселинка Лаброска, дописен член на МАНУ и редовен професор на Институтот за македонски јазик ‘Крсте Петков Мисирков’ Скопје за нова претседателка на ...