Најмалку пет луѓе се убиени во пукање на главниот плоштад во полскиот град Краков, а десетина се повредени, вклучувајќи полицајци. Полициската управа соопшти дека околу 15 часот маж почнал да пука кон луѓе од својот автомобил со кој влегол на плоштадот. Напаѓачот бил застрелан од полицијата и префрлен во болница. Градските власти ги повикаа жителите да ја избегнуваат областа. „Полицијата ги истражува позадината и сите околности на нападот“, ...

Со годинашните нови девет доктори на науки, Штип заокружува бројка од 279 доктори на науки, од кои 167 докторирале во изминатите 25 години, додека во претходните 100 години докторски титули стекнале само 112 научни работници. Во текот на 125 години, откако постојат високото образование и научно-истражувачката дејност на личности родени во Штип, кои потекнуваат од градот или се школувале во него, докторски титули стекнале вкупно 279 лица. ...

Венецуелски државјанин бил уапсен во близина на Белата куќа откако полицајците го пронашле во украдено возило со три огнени оружја и купишта муниција. „Кога се соочија со осомничениот, тој рекол дека слушнал гласови во главата кои му кажуваат да дојде во Вашингтон и да го убие претседателот Трамп“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешна безбедност на САД. Осомничениот, идентификуван како Рони Јордрикс Гуанипа Кринос, бил ...

Македонија бележи „добар напредок“ во Поглавјето 10 – Дигитална трансформација и медиуми, а нивото на подготвеност е оценето како „меѓу умерено и добро“, рече министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на денешната прес-конференција. Министерот ги презентираше клучните наоди од Извештајот на Европската комисија за 2026 година и резултатите во пет области од дигиталната трансформација. По оценките „ограничен напредок“ во периодот ...

Светот влезе во опасна зона на екстремни временски услови бидејќи влијанијата на Ел Нињо почнуваат да се чувствуваат глобално, предупреди генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Светската метеоролошка организација (СМО) ги објави најновите податоци за природниот временски феномен, кои покажуваат дека може да биде најсилниот во последните 70-ина години и да трае барем до февруари 2027. Ел Нињо ги менува временските обрасци ...

Македонското еколошко друштво (МЕД), во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање, започна со генетскиот мониторинг на кафеавата мечка, што за првпат се спроведува на национално ниво. Активноста е дел од петгодишниот меѓународен проект „Зачувување на популацијата на кафеава мечка во Динарско-пиндскиот масив“. Генетското пребројување ќе ја опфати целата динарско-пиндска популација на кафеавата мечка, од Алпите до ...

Климатските промени енормно ги намалија приносите на мед во Кумановскиот Регион, а го уништуваат и квалитетот на пчелната заедница. Пчеларите се жалат дека оваа година била најлоша во последните 20 години, поради што и количините на мед се на најниско можно ниво. Ако обично од едно пчелно семејство добивале од 10 до 15 килограми мед, сега просекот е до еден килограм, што значи до една тегла, а некои не добиле ни толку. „Климатските промени го ...

Лековите „оземпик“ и „вегови“ претставуваат револуција во третманот на дијабетесот и на дебелината, но во ниту еден случај не смее да се земаат без консултација со доктор, вели професорката д-р Искра Битоска, интернист-ендокринолог на Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички заболувања во подкастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК. Овие лекови кои се достапни и кај нас, станаа едни од најспоменуваните кога станува збор за ...

Жителка на скопска населба, поздравувајќи ја акцијата за чистење на Град Скопје за која градоначалникот Орце Ѓорѓиевски објавил на официјалната фејсбук страна, била блокирана од него само поради коментар кој не содржел навредлива содржина или говор на омраза. Имено, таа објавила фотографија од депонија пред нејзината зграда и поставила прашање: „Дали е можно и тој дел да биде опфатен со акцијата за чистење, со оглед на тоа што подолг ...

Мартина Младеновски од скопско Нерези, мајка на две првачиња, близначки со попреченост, бара државата да им го обезбеди законското право на образовен асистент, зашто вели – нема за нејзините деца кои имаат аутизам и треба да одат во редовното (инклузивно) образование. Од први септември Младеновска оди во основното училиште „Братство“ и седи со нејзините две девојчиња на час. Но, вели дека проблемот е масовен, образовни асистенти нема за сите ...

Стручната комисија за давање оцена, наод и мислење за потребата од помош и нега од друго лице во една здравствена установа во Скопје, терала целосно слепо лице да го прегледува повеќепати, иако станува збор за трајна состојба. Покрај тоа што го малтретирале да доаѓа кај нив повеќепати на прегледи, му ја намалиле и паричната помош од 6.342 на 5.610 денари. Измалтретираното слепо лице случајот го пријавил во Комисијата за спречување и заштита ...

Комисијата за заштита од дискриминација утврди директна дискриминација врз гостиварчанец Македонец врз основа на етничка припадност, пристап до вработување и пол, при обид да се вработи во Национална установа Центар за култура АСНОМ, каде од 34 вработени 26 се Албанци, 4 Македонци и по двајца Турци и Роми. Во секторот уметност и култура каде конкурирал одбиениот граѓанин, од 15 вработени сите се од албанска етничка припадност. Граѓанинот ...

Скопска информатичко-технолошка (ИТ) компанија која се претставува како водечка во Македонија, од 2021 година дискриминира и виктимизира вработен со аутизам преку емоционално и вербално насилство кое вклучува: исмевање, понижување, омаловажување, навредување, озборување, клевета и закани, од страна на повеќе негови колеги и колешки, според одлуката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД). Одлуките на Комисијата за ...

На официјалната страна на Град Скопје се објавуваат партиски соопштенија, што е недозволиво, рекоа советниците од СДСМ на денашната седница на Советот на Град Скопје. Советничката Катерина Цаневска рече дека на 20 октомври на официјалната фејсбук страна е објавено партиско соопштение против СДСМ и лидерот Венко Филипче. „Официјалната страна на Градот не смее да биде место каде се објавуваат партиски соопштенија, за тоа ги имате партиската ...

Со тешка механизација бесправно се ископувал песок од коритото на Вардар во близина на тетовското село Сиричино, при што се предизвикани големи штети на речното корито и на околината. За случајот алармираат од риболовниот клуб „Риболовец-Вардар“, кој како концесионер има обврска да го штити рибниот фонд во овој дел од реката. „По пријава од граѓанин излегов на самото место и забележав нелегален ископ со два багери и три камиони од засега ...

Млади брачни парови и самохрани родители се ослободуваат од плаќање комуналии на Град Скопје за изградба на куќа. Оваа одлука е точка на дневен ред на денешната седница на Советот на Град Скопје, а, како што кажа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, целта е да им се помогне на младите брачни парови во создавањето дом. Одлуката се однесува на делот од вкупниот надоместок за уредување на градежното земјиште што му припаѓа на Град Скопје, односно 60 ...

Шест од осумте јавни претпријатија во Битола се депоненти во „Алта банка“ АД Битола, односно парите со кои располагаат ги чуваат и управуваат со нив преку сметки во банката. Како што соопшти градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, шесте јавни претпријатија со сметки во „Алта банка“ на нивните салда до крајот на месецот имало 13.380.169 денари или над 219.000 евра. Независната граѓанска иницијатива „Поинаку“ вчера поднесе барање за ...

Кафеаните во Скопје ќе може да го фрлаат ѓубрето до 1 часот по полноќ. Град Скопје донесе измени на Одлуката за времето на фрлање на ѓубре во контејнерите, со која на угостителите им се даваат три часа повеќе. Според одлуката донесена во ноември лани, граѓаните можат ѓубре да фрлаат од 6 до 22 часот, а за непочитување следи парична казна од 50 евра. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека ЈП „Комунална хигиена“ веќе почнала да склучува ...

На локацијата на поранешните подземни контејнери во Охрид ќе се изгради „Зелена соба“, наменски простор за собирање и селекција на комунален отпад и рециклирачки материјали. За реализација на проектот од буџетот на Општина Охрид се издвоени 1.463.200 денари (23.600 евра). Од Општина Охрид велат дека објектот ќе биде наменет за одлагање комунален отпад, пластика, хартија и стакло. „’Зелена соба’ претставува централно место за собирање мешан ...

Почна исплатата на социјалната помош во ,,Алта банка” во Битола. Пред банката денеска се намалија гужвите. Доаѓаат претежно граѓани приматели на социјалната помош и оние кои немаат платежни картички, па подигаат по 20 000 денари од шалтерите. Обезбедувањето на банката воведе ред и лицата кои чекаат ги симна под скалите. Дозволува влез само на оние кои примиле СМС-пораки. Со проблем се соочуваат фирмите кои имаат сметки во „Алта банка“ и не ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои сомнение дека биле дел од злосторничко здружение, а вршеле и дејствија на перење пари и изнуда. За тројца од нив во текот на денов до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор, додека четвртиот веќе одреден период е надвор ...

Новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост во Скопје синоќа беше пуштено во употреба. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук објави дека проектот произлегува од Протоколот за пријателство и соработка помеѓу Град Скопје и Општина Есенлер од Турција. „Новото осветлување ја истакнува убавината на неговите сводови и му дава посебна величественост во срцето на градот. Дополнително, осветлени се и другите два моста кои ...

Пред експозитурата на „Алта банка“ во Битола денеска пристигнаа автобуси со пензионери и приматели на социјална помош од Прилеп, кои дојдоа да си ги подигнат парите. Меѓу нив имаше и граѓани кои се движеа со бастун. Откако Народната банка воведе привремена администрација, експозитурата на „Алта банка“ во Прилеп не работи, па граѓаните се принудени да патуваат повеќе од еден час до Битола за да ги добијат своите средства. „Наместо вечерва да ...

Комичарот Расел Бренд, некогаш еден од најпознатите британски водители и ѕвезда на холивудски филмови, се соочува со долга затворска казна откако лондонски суд го прогласи за виновен за силување жена и за сексуален напад врз уште три лица. Обвинителите изјавија дека 51-годишниот Бренд бил опседнат со секс и ги користел жените за да ги задоволи сопствените желби. Една жртва рекла дека тој се однесувал кон неа „како кон животно“. „Забавен и ...

Доналд Трамп изјави дека наскоро ќе одлучи дали да ја продолжи војната против Иран. Наведената цел на конфликтот, започнат заедно со Израел во февруари, е да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје. „Дали сакаме да продолжиме со нападите за да се осигуриме дека нуклеарната програма на Иран е мртва и дека тоа никогаш повеќе нема да се случи? Повеќе би сакал да не го уништам остатокот од земјата доколку е можно, но можеби ќе морам. Ќе знаете ...

Демократската социјалистка Нитја Раман е избрана за нова градоначалничка на Лос Анџелес. Победата на 45-годишната Раман ги шокираше политичките набљудувачи во Калифорнија откако влезе во трката како кандидатка со мали шанси против актуелната градоначалничка Карен Бас, која претходно служеше во Конгресот и никогаш не изгубила избори за политичка функција. Раман често ја споредувааат со градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани. И двајцата се ...

Доналд Трамп потпиша извршна наредба за која вели дека ќе им забрани на идните претседатели да прават промени во Овалната соба во Белата куќа, што тој ја реновираше. Извршната наредба ја прогласува официјалната канцеларија на претседателот за национален споменик. „Ја правиме национален споменик и нема да биде дозволено никој да ја допира, уништува и урива, со цел да изгради нешто во малку поинаква форма“, изјави Трамп. Не е јасно дали оваа ...

Мнозинството израелски пратеници го поддржаа поранешниот шеф на војската Гади Ајзенкот да добие мандат за формирање влада, додека продолжуваат консултациите со претседателот Исак Херцог. Вкупно 67 од 120-те членови на Кнесетот го поддржаа лидерот на центристичката партија Јашар да започне коалициски разговори, што ги вклучи и пратениците од проарапската Заедничка листа. Сепак, тоа не гарантира дека Ајзенкот, најголемиот ривал на премиерот ...

Томас Маркл, таткото на Меган Маркл, е уапсен за чување детска порнографија, вклучувајќи фотографии од него со малолетни девојчиња, во изнајмени складишта во Калифорнија, соопштија американските власти. Директорот на ФБИ, Каш Пател, изјави дека федералните агенти го уапсиле Маркл во Флорида. „Маркл таргетирал невини деца и се обидел да ја одзеде нивната невиност преку своите криминални дејствија. ФБИ ќе ги искористи сите ресурси што му се на ...

Шефицата на кабинетот на Доналд Трамп, Сузан Вајлс, поднесе оставка, станувајќи прва голема жртва на тешкиот пораз на републиканците на меѓуизборите во САД. На едно од најмоќните работни места во Вашингтон дојде Стивен Милер, архитектот на некои од најстрогите домашни политики, вклучувајќи ја имиграцијата. Во објава на социјалните мрежи, Трамп го нарече Милер „еден од моите најдоверливи советници“ и ја пофали Вајлс за извонредната работа. ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Калај

46.54