Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ на 29 мај доставила барање за итна привремена заштита на куќа на улицата Димитар Влахов изградена во 1927, која се наоѓа во непосредна близина на охридското старо градско јадро. Барањето поднесено до Министерството за култура и туризам, Управата за заштита на културното наследство и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид. Според „Охрид СОС“, објектот претставува исклучително вреден ...

Градежната компанија која отпушти градежен инженер зашто Државниот инспекторат за труд пријавил дека не плаќа за прекувремена работа и му остана должна, по 7 дена откако за неговиот проблемот беше објавен текст во САКАМДАКАЖАМ.МК, му го исплати целиот долг. Инженерот Игор Димовски, кој го пријави својот случај и на платформата „Пријави корупција“ на САКАМДАКАЖАМ.МК, тогаш кажа и дека газдата не дозволувал ни користење годишен одмор и ...

Бугарија ќе им дозволи на американските воени авиони да останат во земјата-членка на НАТО само до крајот на јуни, откако САД не успеаја да одобрат систем за безвизен режим за бугарските посетители, изјави премиерот Румен Радев. „Целосно ја разбирам сложеноста на регулаторните процедури и потребата од време, но и ние имаме свои приоритети и процедури и не можеме позитивно да одговориме на барањето за долг престој на авиони и тенкови на ...

Министерството за правда, кое досега не знаеше дека избеганиот осуден, обвинет и осомничен експремиер Никола Груевски уште во 2022 добил унгарско државјанство, за САКАМДАКАЖАМ.МК денеска изјави дека внимателно ги следи информациите објавени во јавноста во врска со наводите дека Груевски го стекнал државјанството. Од Министерството ни рекоа дека дека Груевски сè уште е државјанин на Македонија и сè уште ќе се бара екстрадиција. Повикувајќи се ...

Британските туристи треба да пристигнат на европските аеродроми три часа пред полетувањето на нивниот лет поради долгите редици предизвикани од новите гранични проверки со новиот систем за биометриско скенирање на граѓаните кои не се од Европска Унија, предупреди британската директорка на нискобуџетната авиокомпанија „Визер“. Ивон Мојнихан изјави дека долгите доцнења при поминување на пасошката контрола на некои европски аеродроми ...

Во преговорите за договор за прекин на војната со Иран уште нема пробив. Средбата за разгледување на ситуацијата во Белата куќа заврши без резултати, спротивно на претходната најава на американскиот претседател Доналд Трамп. Состанокот за војната меѓу САД и Иран во Белата куќа заврши без одлука од Трамп, кој заминал по два часа. Тој претходно на својата платформа Трут соушл најави „конечна одлука“ во врска со преговорите со Иран. Зошто, ...

Федерален судија пресуди дека името на претседателот Доналд Трамп е нелегално додадено на Центарот „Кенеди“ во Вашингтон и ја блокираше администрацијата да го затвори културниот и уметничкиот објект за големи реновирања – најновата правна пречка за напорите на Трамп да остави свој личен белег на пејзажот на главниот град на земјата. Окружниот судија на САД, Кристофер Купер, во Вашингтон, пресуди дека гласањето на Одборот на Центарот „Кенеди“ ...

21-годишен Австриец е осуден на 15 години затвор за планирање џихадистички напад на концертот на Тејлор Свифт во Виена за време на турнејата „Ерас“ на американската пејачка во август 2024 година. Мажот од македонско потекло, именуван само како Беран А. во согласност со австриските закони за приватност, беше прогласен за виновен и за низа други кривични дела поврзани со тероризам. Тој беше уапсен по дојава од ЦИА непосредно пред првиот од ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека алијансата е „подготвена да ја брани секоја педа“ од својата територија откако руски дрон удри во станбена зграда во Романија, земја-членка, за време на ноќниот напад врз соседна Украина. „Неодговорното однесување на Русија е опасност за сите нас“, напиша Руте на социјалните мрежи по телефонскиот разговор со романскиот претседател, Никушор Дан. „Потврдив дека НАТО е подготвена да ја брани ...

Осум ученици беа спасени неповредени откако со часови висеа на врвот на ролеркостер кој заглави во Тексас. На фотографиите од инцидентот се гледа ролеркостер заглавен на врвот на огромен речиси вертикален пад на ролеркостерот „Ајрон шарк“ со поглед на Мексиканскиот Залив на пристанишниот док „Плежур пиер“ во Галвестон. Осумте млади луѓе – сите ученици од две училишта во блискиот град Хјустон – поминаа речиси четири часа заглавени во кабината, ...

Најголемиот малопродажен трговски комплекс во регионот „Мега шопинг парк“ во Гевгелија, денеска официјално почна со работа, привлекувајќи над 10.000 посетители во првите 24 часа. Со површина од над 20.000 метри квадратни и повеќе од 50 светски и домашни брендови, овој комплекс претставува најголемиот ритејл-парк на Балканот од овој тип. Трговскиот комплекс отвори генералниот директор Сотирис Јанакудакис, а присуствуваше и прмиерот Христијан ...

„Нема ни милиметар да се отстапиме идентитетски, нашите позиции се јасни, некултурно би било да го промениме ставот преку ноќ, рече премиерот Христијан Мицкоскиво Гевгелија на прашањето што очекува од средбата со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта кој на 2 јуни доаѓа во Скопје, пред на 5 јуни да копретседава со самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват, Црна Гора. Мицкоски кажа дека Македонија и граѓаните на оваа држава премногу дале ...

Девојка со пречки во развојот која што завршила средно специјализирано училиште, била одбиена да аплицира за мерката Практикантство, финансирана од државата. Таа поднела претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), која откако го истражила случајот, утврдила директна дискриминација во работата и работните односи, врз основ на припадност на маргинализирана група, образование и попреченост сторена од Министерството ...

„Да не ја вртам на политика работата, но за жал, главни ѕвезди во нашето живеење станаа политичарите и само оние актери кои им служат во оставрувањето на политичките и партиските интереси се спомнуваат одвреме-навреме, рече актерот и продуцент Симеон Мони Дамевски на oмажот на неговиот татко, легендарниот актер Дарко Дамевски (1932-1983), што синоќа се одржа во киното „Мис Стон“ во неговиот роден град Прилеп. Поводот беше 55-годишнината ...

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски добил унгарско државјанство во 2022 година, и тоа му обезбедува силна заштита од можна екстрадиција во Македонија. Повикувајќи се на извор во унгарската влада, истражувачкиот портал ВиСквер (VSquare), објави дека Груевски, кој живее во Будимпешта од 2018 каде избега за да не оди в затвор откако стана правосилна пресудата, добил целосно унгарско државјанство во 2022, врз основа на „државен интерес ...

„Кралот на ѓубрето“ на Георги М. Унковски доби 30 милиони денари (485.000 евра) од Агенцијата за филм на Конкурсот за финансирање на проекти во прв рок за 2026. Ова е музички филм на авторот Унковски, кој дебитираше со наградуваниот „Диџеј Ахмед“, и е во продукција на „Синема Футура“ и копродукција со Бугарија, Чешка и Хрватска. Поддршка добија и „Никој не го сака Садик“ на Ибрахим Деари со 19 милиони денари (307.000 евра) и „Татко“ на Јани ...

Девојка со пречки во развојот која што завршила средно специјализирано училиште, била одбиена да аплицира за мерката Практикантство, финансирана од државата. Таа поднела претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), која откако го истражила случајот, утврдила директна дискриминација во работата и работните односи, врз основ на припадност на маргинализирана група, образование и попреченост сторена од Министерството ...

Руски дрон удри во високoкатна станбена зграда во романскиот град Галаци, во близина на границата со Украина, соопштија властите. Ударот предизвика пожар на 10-тиот кат, а две лица се полесно повредени и им беше укажана медицинска помош на местото на настанот, соопшти романското Министерство за внатрешни работи во објава на Фејсбук. Романија е членка и на Европската Унија и на НАТО. Министерството за одбрана во Букурешт соопшти дека Русија ...

На 6 јуни почнува полагањето на екстерните испити од матурата за повеќе од 14.500 ученици кои завршуваат средно образование во учебната 2025/2026 година. Ќе се почне во 9 часот со полагање на изборниот екстерен предмет. Согласно измените на Законот за средното образование, годинава матурантите ќе полагаат три типа матурски испит: државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. Од вкупно пријавени 14.587 ученици за полагање ...

Уште не се поминати административните процедури во Владата за Предлог-законот за заштита од пушење да стигне во Собрание, кажа денеска министерот за здравство Азир Алиу. Првично беше најавено дека законот ќе почне да се применува од 1 март, но беше одложен поради реакции и забелешки од угостителите и тутунската индустрија. Алиу неколкупати досега најави дека ќе биде ставен на владина седница. „Предлог-законот ги помина буквално сите филтри и ...

Kога и да побара детето храна на училиште, нездравата опција е секогаш тука, а здравата честопати ја нема, покажа новата Национална проценка на нутритивните средини во училиштата во Македонија. Според наодите, нездравите опции на храна и пијалаци се широко достапни и се промовираат во и околу училиштата, додека здравите опции се ограничени, обликувајќи ги навиките во исхраната кај децата и отежнувајќи им го изборот на здрава храна. ...

САД и Иран постигнаа договор за продолжување на прекинот на огнот и укинување на ограничувањата за превоз низ Ормускиот Tеснец, иако американскиот претседател Доналд Трамп сè уште не го одобрил, а иранските државни медиуми соопштија дека договорот сè уште не е финализиран. Не е јасно колку време ќе му треба на претседателот за да донесе одлука. Според американскиот портал Аксиос, условите на договорот главно биле усогласени до 26 мај, но ...

Русија и Авганистан потпишаа договор за воена соработка, една година откако Кремљ ги отстрани талибанците од листата на терористички групи. Иако деталите остануваат нејасни, авганистанскиот министер за одбрана Мохамед Јакуб рече дека договорот означува проширување на билатералните односи помеѓу двете земји. „Интеракцијата со Русија е важна за нас. Авганистан и Русија имаат долгогодишни и историски односи и сакаме да продолжиме во оваа ...

Европската Унија изрече казна од 200 милиони евра за кинескиот онлајн трговец „Тему“ за продажба на нелегални производи, како што се опасни играчки за бебиња и неисправни полначи. Европската комисија соопшти дека компанијата не успеала внимателно да ги идентификува, анализира и процени системските ризици од производите и штетата што тие би можеле да им ја предизвикаат на потрошувачите. „Тему“ е под истрага од октомври 2024 за тоа дали ги ...

Функционери од американското министерство за финансии вршат притисок за креирање нова банкнота од 250 долари со ликот на Доналд Трамп, во рамките на одбележувањето на 250 години независност на САД. Весникот „Вашингтон пост“ ја доби скицата на предложената банкнота, во чиј центар се наоѓа портрет на претседателот Доналд Трамп, заедно со зборовите „250 Америка“. Сличен дизајн сподели и конгресменот на Републиканската партија од Кентаки, Енди ...

Во 2025 имало најмногу болнички лекувања во две подрачја: очните болести и болестите на мускулно-скелетниот систем, а имаме пад на хоспитализација од 3% за циркулаторни и кардиоваскуларни болести, рече денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски, презентирајќи извештај за болничкото лекување во 2925 година со споредба со претходните две години. Во 2025 во 62 здравствени установи во Македонија се остварени ...

Од 1 октомври студентите ќе бидат сместени во реконструираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје, а до септември најдоцна се очекува да почне реконструкција и реновирање на сите други студентски домови во Македонија, најави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. „Условите ќе бидат модерни, по високи европски стандарди за сместување, но и за енергетска ефикасност. Сигурна сум дека ...

Судијката Билјана Коцевска од Одделот за гонење организиран криминал го отвори судскиот процес против апелациониот судија Ѓоко Ристов, кому истражителите му најдоа 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом во Неготино. Во воведниот говор обвинителката Искра Хаџи Василева рече дека Ристов свесно презел дејствија спротивно на одговорноста на која го повикува судската тога. Додека бил апелационен судија, тој дал погрешни податоци за имотната ...

„Скопско“ започна со нова наградна игра пред стартот на летната сезона. Со секое купено „скопско“ или „скопско смут“ во стаклена амбалажа се добива шанса да се освои една од многубројните награди за опуштање, забава и авантура. Главната награда е џип за кампување со монтажен шатор, подготвен за нови патувања, викенд бегства и незаборавни летни авантури. „Скопско“ доделува и други награди создадени за добра атмосфера и вистинско уживање, како ...

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека е посветен на етничкото чистење на Газа преку миграција на Палестинците во голем обем, како дел од долгорочните планови на Израел за територијата. Кац рече дека владата ќе спроведе план за голем број Палестинци да ја напуштат Газа во вистинско време и на вистински начин. Ова би било прекршување на планот за прекин на огнот на Доналд Трамп, кој Израел го потпиша минатата година. Во втората ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
3.44
36%
1018
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
3.13
54%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
0.94
42%
1017
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
3.33
47%
1018
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.67
38%
1016
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 26ᴼ
1.79
45%
1017
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.47
57%
1015
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
5.79
43%
1017
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
39%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
44%
1016
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
52%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
7.92
75%
1015
Currency

61.6317

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68