Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Улицата Мирослав Крлежа кај зградата на Министерството за култура три месеци е раскопана. Општина Центар почна со реконструкција на улицата на 10 февруари, но нема абер за завршување на градежните работи. Жители на околните згради кои се јавија во нашата редакција велат дека на улицата се работи со многу бавна динамика, а тие секој ден се гушат во прашина. „Улица од 200 метри уште не е готова, замислете булевар да се правеше. Три месеци се ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет ги критикуваше европските земји поради миграцијата, обвинувајќи ги дека дозволиле инвазија на нивните крајбрежја. Тој одржа говор во Франција по повод 82 години од Десантот на Нормандија, еден од пресвртните настани во Втората светска војна. „Денес, за жал, други европски плажи се нападнати од други опасни идеологии. Плажите во Франција, Италија, Грција, во Бугарија. Бродови и мажи доаѓаат. Кога ...
Општина Тетово ѝ донираше на Исламската верска заедница (ИВЗ) 1.444.484 денари (над 23.000 евра), износ што го дала како данок на промет откако откупи дел од комплексот „Арабати Баба Теќе“ во Тетово. „Имајќи го предвид фактот дека износот за откуп на делови од комплексот ‘Арабати‘ од компанијата ‘Тетекс‘ е висок, што резултираше со плаќање на значителни даночни износи кон вашата институција, Муфтиството на ИВЗ Тетово бара од вас да овозможите ...
Граѓаните на Косово денеска гласаат на третите парламентарни избори за 18 месеци, додека расте фрустрацијата поради континуираниот политички ќор-сокак во малата балканска земја, која се стреми да се приближи кон Европската Унија и НАТО. Предвремените избори беа закажани откако главните политички партии не успеаја да се договорат кој треба да ја замени сега веќе бившата претседателка Вјоса Османи. По речиси една година без влада, ...
Одлични рецензии објавија бугарските медиуми за премиерата на реномираниот македонски режисер Слободан Унковски, кој неодамна ја постави „Скржавецот“ од Молиер во Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија. Унковски за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека изборот на „Скржавецот“ („Скаперникот“ на бугарски) е резултат на желбата на Народниот театар за враќање кон значајните дела на класичниот репертоар и на неговите идеи за нивна нова интерпретација. Темата ...
Фламингото стана неочекувана маскота на засилените протести во Албанија против предложеното луксузно одморалиште, што треба да го гради фирмата на зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер, кое би навлегло и во подрачје за размножување на овие птици. На главниот булевар во Тирана, илјадници луѓе оваа недела протестираа, носејќи албански знамиња, транспаренти и големи картонски исечоци во форма на фламинго. „Каде ќе живеат сега?“, „Албанија не е на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека здравствената состојба на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, бара мирување. Ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање зошто Лукровски уште не доаѓа на работа, иако комисиското боледување му беше до 30 мај. „Јас како што знам, Сотир Лукровски е градоначалник на Карпош. Здравствената состојба е таква каква што е и бара мирување, се надевам дека сè ќе биде во ред и ќе се врати ...
Советот на Општина Тетово донесе одлука за субвенционирање на сите деца кои ќе се запишат во прво одделение во основните училишта во Тетово во учебната 2026/27. Одлуката беше едногласно усвоена на последната седница на Советот на Општината. За оваа намена ќе бидат издвоени околу шест милиони денари (97.000 евра) од општинската каса. „Новите основци ќе добијат ваучер од 100 евра во денарска противвредност. Субвенцијата важи за учениците кои ќе ...
Руските власти велат дека Украина извршила „невиден напад“ врз и околу Санкт Петербург, каде што денеска завршува годишниот економски форум. Повеќе од 140 дронови биле соборени над регионот Ленинград, изјави гувернерот Александар Дрозденко, додека градоначалникот на Санкт Петербург, Александар Беглов, ги повика жителите да останат во затворен простор за првпат од почетокот на војната. Володимир Зеленски рече дека украинските сили ја погодиле ...
Битолчани излегоа на меморијален собир во чест на последната жртва на фемицид, 31-годишната битолчанка, која на 14 мај беше убиена со нож на спиење од поранешниот партнер. Собирот во организација на неформална група граѓани од ромската етничка заедница имаше за цел да ги охрабри жените да го пријавуваат семејното насилство. Граѓаните тргнаа од Општина Битола до плоштадот Магнолија, каде што говорниците се обратија пред присустните. „Порачавме ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека неговиот оптимизам по самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват се темели на тоа што само тој од лидерите од Западен Балкан имал билатерални состаноци со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Фридрих Шолц. Тој рече дека Планот за раст за земјите од Западен Балкан ќе ѝ донесе напредок на Македонија и тој не е поврзан со процесот на проширување бидејќи и едното и другото паралелно ...
Дваесет години живееме во постојан стрес, нарушен мир и целосна институционална игнорантност поради работењето на кафе-барот „Интермецо“, велат жителите на скопската населба Капиштец. Тие велат дека кафулето е извор на бучава, хаос и небезбедност во оваа резиденцијална населба. „Неколку дена во неделата, особено во вечерните часови, музиката од локалот ги надминува сите нормални и законски дозволени граници. Така беше и синоќа. Наместо мир и ...
Оваа награда не е крај, дава уште поттик и делото не завршува со награда, сѐ додека има сцена, публика, деца и приказни, театарот ќе продолжи да живее, рекоа доајените на македонскиот театар Атила Клинче и Љубомир Чадиковски, едни од лауреатите на наградата за животно дело на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Клинче и Чадиковски беа долгогодишни директори на Турскиот театар во Скопје и на Театарот за деца ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е задоволен од средбите со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц, на кои меѓу другото се разговарало и за уставните измени. Мицкоски во изјава за медиумите на Самитот Европската Унија- Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, рече дека земјите членки имаат разбирање за нашите ставови. „Ние со канцеларот Мерц се знаеме и од рамките на Европската народна партија, но еве ова ...
Повеќе од 14.500 матуранти се пријавени за полагање на матурата и денеска ќе го имаат првиот екстерен испит, кој е изборен за кандидатите. Задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик и литература ќе го полагаат на 11, односно на 12 јуни. Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година првпат се полагаат три типа матурски испит според видот на образование – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка ...
Аква паркот што е дел од СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и ова лето нема да работи. Како што вели директорот на спортскиот центар Даниел Апостоловски, потребна е целосна санација на објектот и реквизитите, но оваа година нема пари за таква инвестиција. „Аква паркот го наследив во очајна состојба. Потребни се милион евра да се реконструира, а оваа година сме насочени кои реновирање на базенот. За жал, и ова лето паркот ќе биде затворен“, вели ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не гледа никаква смисла во средбата со Володимир Зеленски, откако украинскиот лидер побара директни разговори за ставање крај на војната помеѓу двете земји. Во отворено писмо до Путин, Зеленски повика на прекин на огнот и кажа дека би било погрешно да се чека војната повторно да се најде во фокусот на САД. Путин го одби барањето за средба, повторувајќи го својот став дека мировните преговори ...
Американските сили погодиле ирански крајбрежни радари откако собориле четири ирански дрона лансирани кон Ормускиот Теснец. Централната команда на американската војска објави дека дроновите претставувале опасност за регионалниот морски сообраќај, по што биле нападнати и ирански места за надзор во Горук и на островот Кешм. Иран возвратил со лансирање проектили кон американски воени бази во Кувајт и Бахреин, но според САД, шест од нив биле ...
1 Вака-така, ЕУ ќе реши да ја прими Црна Гора како 28 членка. Што е добра вест за нас. Ќе имаме уште една пријателка во ЕУ која, се надевам, нема да ни наоѓа никаква мана за да мора пак да го менуваме Уставот. За разлика од Црна Гора, ние на ЕУ ќе ѝ пристапуваме постепено и претпазливо. Оти, ако им влеземе нагло, можеме да направиме потрес на нивниот заеднички пазар поради брзото темпо на развој. Петти сме во Европа. И тоа, „ова не го вели ...
Град Скопје вели дека бил исправен автобусот со кој се превезуваа средношколци од скопската гимназија „Орце Николов“, а за кој од Министерството за внатрешни работи вчера рекоа дека при технички преглед било утврдена техничка неисправност на кочниците. САКАМДАКАЖАМ.МК испрати прашања до Град Скопје, во чија надлежност е управувањето со средните училишта во главниот град, за тоа што се презема по инцидентот со расипаниот автобус, дали ...
Екипата „Скејтбордингот не е за девојчиња“, вториот филм на Дина Дума добила многу прашања и пофалби, по синоќешната светска премиера на Фестивалот Трајбека во Њујорк, соопшти продукцијата. Филмот е во Меѓународната конкуренција за награди и ќе има три проекции на фестивалот. Македонската премиера се најавува за септември. „Американската премиера на филмот во рамките на фестивалот основан од Роберт де Ниро, се одвиваше пред преполна сала и со ...
Поморски дрон експлодираше во романското црноморско пристаниште Констанца во близина на нафтен терминал, без да предизвика жртви, при што Украина ја обвини Русија дека манипулирала со едно од нејзините пловила пред да отплови во романските води. Украинската морнарица соопшти дека изгубила контрола врз еден од нејзините дронови додека бил на мисија во Црното Море како резултат на руско електронско мешање и се насочил кон брегот. „Ја ...
Секторот за внатрешни работи Охрид, преку ОВР Кичево, поднесе кривична пријава против З. С. (68) од кичевското село Другово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Насилство врз дете, казниво по член 201 од Кривичниот законик. Според информациите од полицијата, пријавениот, додека извршувал работни задачи како професор во средно училиште во Кичево, во училница физички нападнал малолетна ученичка која посетувала настава во ...
Обвинителот сè уште нема донесено одлука дали ќе биде обвинет поранешниот прв вицепремиер Артан Груби осомничен за проневера од 8,2 милиони евра во Државна лотарија, кој 14 месеци по бегството во Косово се врати во земјава и поседе во притвор само неколку саати во затворот во Шутка. Кажа дека не се чувствувал безбеден во Шутка, па обвинителот, оперативци од Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и од Министерството за внатрешни работи ...
Украина соопшти дека погодила пет брода што превезувале нелегален товар во Азовското Море и во крајбрежните води на териториите окупирани од Русија. Командантот на украинските беспилотни летала Роберт Бровди рече дека бродовите биле вклучени во крадење на украинско жито и во превезување на воен товар и гориво. Нападите се случија пред рускиот претседател Владимир Путин да зборува на голем економски настан во Санкт Петербург. Бровди кажа дека ...
Активностите од грчката страна за изградба на граничниот премин Маркова Нога-Лемос во Преспа се планира да се завршат до февруари 2028. Сепак, ќе видиме како ќе напредува тоа, ова е Балкан, рече евроамбасадорот Михаилс Рокас при денешната посета на македонската страна на границата. Рокас, заедно со високи државни функционери и претставници на Програма за развој на Обединетите нации (УНДП), ја посетија Преспа по повод Светскиот ден на ...
Единственото нешто што треба да го направи Северна Македонија е да ги впише Бугарите во Уставот, за да почне преговори со ЕУ, изјави бугарскиот премиер Румен Радев пред почетокот на самитот ЕУ- Западен Балкан кој се одржува во црногорскиот град Тиват. „Подготвени сме да помогнеме на секоја земја што аплицира за членство, особено на нашите браќа од Северна Македонија. Чекаме тие конечно да ја исполнат преговарачката рамка. Имаме консензус од ...
„Битола не е тема на конзерваторски проект. Ние не сме археолошки локалитет, туку град. Треба да правиме проекти за ревитализација на градот, а на за конзервација“, реагираше архитектката Билјана Најдовска на јавниот форум за уредување на плоштадот Гоце Делчев, откако стручни лица кажаа дека за тоа ќе биде потребно одобрение од Управата за културно наследство. Законот за старо градско јадро, донесен во 2015, со заштита опфати голем дел од ...
Нема недостаток на колкови, имаме недостаток на операциони сали и таму се листите за чекање, рече денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски, презентирајќи го извештајот „Артропластика на колк и колено во Македонија 2023-2025“. Листите на чекање се најголеми на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во рамки на скопскиот ...
Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц ќе бидат меѓу лидерите на ЕУ кои ќе учествуваат на денешниот самит во Тиват, додека 27-те членки се обидуваат да најдат консензус за тоа колку далеку и колку брзо треба да оди процесот на приклучување на нови членки во блокот. Малата Црна Гора е домаќин на годишниот самит ЕУ-Западен Балкан, додека Брисел ги забрзува напорите за унапредување на членството за земјите кои ...