Снимена е мечка како трча низ улицата Македонска фаланга кај Градскиот парк во Битола и објавена на социјалните мрежи. Снимките презивикаа вознемиреност кај битолчани зашто паркот е доста фреквентно место, често посетено и од родители со мали деца и пензионери, а на истата улица каде беше снимено животното се наоѓаат и Средното медицинско училиште и Техничкиот факултет, а во непосредна близина и средношколскиот дом „Мирка Гинова“. Мечката ...

Омаж на легендарниот актер Дарко Дамевски (1932-1983) ќе се одржи на 28 мај во киното „Мис Стон“ во Прилеп. Повод е 55-годишнината откако Дамевски ја доби наградата Златна Арена за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971. Снимен по сценариото на Ташко Георгиевски според неговиот истоимен роман, „Црно семе“ беше деби на Ценевски и првиот македонски игран ...

Врховниот водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, издаде наредба дека збогатениот ураниум, кој е блиску до степен потребен за нуклеарно оружје, не треба да се испраќа во странство, изјавија два високи ирански извори, со што се зацврстува ставот на Техеран за едно од главните барања на САД во мировните преговори. Наредбата на Хамнеи би можела дополнително да го исфрустрира Доналд Трамп и да ги закомплицира разговорите за прекин на ...

Најмногу тужби во јавното здравство има во установите кај што е најниска продуктивноста, рече денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски. Заклучно со декември 2025 има над 1.800 вработени кои водат судски спорови против сопствените здравствени установи. „Претпоставувам дека бројката е поголема бидејќи ова е засновано на анкета на Фондот, што значи дека меѓу 10 и 20 отсто од вработените водат судски спорови. ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднела кривична пријава против градоначалникот на Општина Врапчиште Исен Шабани, зашто без да дочека избор на најповолна понуда на распишан тендер, ги дал предвидените 192.000 евра на фирма на која што тој сметал дека треба да добие за да асфалтира пат. Пријавата од Финансова полиција е поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на ...

Газда на градежна фирма од Кичево и од Скопје, на градежен инженер кој му работел на градилиштата не му ги исплаќа парите за прекувремена работа, за работата во празници, а ни додатокот за минат труд. Инженерот Игор Димовски, кој го пријави својот случај и на платформата „Пријави корупција“ на САКАМДАКАЖАМ.МК, вели дека газдата не дозволувал ни користење годишен одмор и боледување, а фирмата работела без поединечна евиденција за вработените. ...

Во скопското село Копаница во општина Сарај е најдено тело на 37-годишна жена со прострелна рана во главата од пиштолот на нејзиниот сопруг, што бил крај неа. Дали е самоубиство или не, допрва ќе истражува Скопското обвинителство, кое сепак побарало притвор од сопругот на починатата, затоа што пиштолот бил негов. Го поседувал без дозвола. „Јавен обвинител Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на СВР Скопје извршија увид на лице место ...

На преминот на Широк Сокак кај хотелот „Епинал“ конечно ќе се стават пешачки семафори кои треба да го олеснат сообраќајот и преминувањето на пешаците преку оваа сообраќајница. Од Општина Битола соопштија дека започна поставувањето. Станува збор за крстосница меѓу улицате Димитар Илиевски- Мурато и Широк Сокак, која е дел од пешачката зона. Досега не беше поставен семафор, а возилата чекаат да поминат пешаците кои се шетаат низ Широк Сокак и ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц смета дека Европската Унија треба да усвои нова динамика на приемот на нови членки зашто процесот на пристапување трае предолго. Тој испрати писмо до шефот на Европскиот совет, Антонио Коста, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и до Никос Христодулидес, претседателот на Кипар, кој моментално е претседавач на ЕУ, во кое исто така предложи Украина да добие статус на придружна членка, ...

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, објави дека нивната пратеничка група целосно се повлекува од комисиската расправа за задолжувањето на земјата и најави кривична пријава и интерпелација за претседателот на Собранието, Африм Гаши, поради кршење на Деловникот. Филипче тврди дека Владата на Христијан Мицкоски ја води државата кон должничко ропство. Како последен пример го посочи обидот за земање заем од 300 милиони евра од домашните ...

Израелскиот парламент одобри закон за сопственото распуштање, што е првиот чекор кон следните национални избори, за кои анкетите велат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе ги изгуби. Датумот на изборите засега не е утврден, но треба да се одржат најдоцна до 27 октомври. За распуштањето се гласаше сега откако ултраортодоксна еврејска фракција објави овој месец дека веќе не се смета за партнер на Нетанјаху и ќе бара предвремени избори. Лидерите ...

Претстојното Светско фудбалско првенство требаше да донесе туристички бум во САД, но тоа досега не се остварува. Извештај на Здружението на американските хотелиери (АХЛА) покажа дека резервациите се под очекувањата во сите градови-домаќини. АХЛА, која претставува повеќе од 32.000 хотели, вели дека тоа не е во согласност со објавата на ФИФА дека се продадени повеќе од пет милиони билети, што создава ризик дека очекуваниот економски пораст ...

Новите сообраќајни решенија, кои создадоа повеќе неред отколку ред во сообраќајот во центарот на Велес, беа тема на седница на Советот на Општина Велес. Целиот овој проект чинеше 750 илјади евра финансирани од ЕУ. Проектот доживеа повеќе промени, а главната цел беше Велес да добие пешачка зона во центарот на градот, како единствен поголем град во Македонија кој нема ваква зона. Со овој проект, улицата Архиепископ Михаил која води од центар ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц предложил на Украина да ѝ се даде активна улога во структурите на Европската Унија како привремен чекор кон полноправно членство, што, како што кажа, би помогнало да се олесни постигнувањето договор за завршување на војната со Русија. Во писмо до лидерите на ЕУ, Мерц предлага на Украина да ѝ се додели нов статус на придружна членка, што би им овозможило на украинските функционери да учествуваат на самити на ...

Доналд Трамп кажа дека ќе разговара со претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, за можна продажба на оружје, што ќе биде прекршување на долгогодишен дипломатски протокол. Лидерите на САД и Тајван последен пат разговараа директно во 1979 година, кога Вашингтон ги прекина формалните односи со Тајпеј и ја призна кинеската влада. Кина тврди дека Тајван е нејзина територија и не ја исклучи можноста за негово земање со сила. Лаи, кој стана претседател ...

САД го обвинија поранешниот кубански претседател Раул Кастро за убиство, што е голема ескалација на кампањата за притисок на Вашингтон врз комунистичката влада на островот. Кастро (94) последен пат се појавил во јавност порано овој месец и нема докази дека оттогаш ја напуштил Куба или дека владата би дозволила да биде екстрадиран. Обвинението се темели врз случај на соборувањето на два цивилни авиона на 24 февруари 1996, кога загинаа тројца ...

Доналд Трамп предупреди дека Иран има два или три дена да постигне договор за прекин на војната или ќе се соочи со обновени воени напади. Тој порача дека преговорите се во завршна фаза, но Техеран има ограничен прозорец за постигнување договор, а неуспехот да се стори тоа може да резултира со нови напади. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи кажа дека Иран е подготвен да се соочи со секоја воена агресија. „Со научените лекции и ...

Кина и Русија ги осудија плановите на Доналд Трамп за ракетниот одбранбен штит „Златна купола“ и „неодговорната“ нуклеарна политика на Вашингтон на самитот во Пекинг, една недела откако Шји Џинпинг го нагости американскиот претседател. Заедничката изјава издадена по самитот нагласи дека иако кинескиот лидер бара стабилни и конструктивни односи со Трамп, тој фундаментално се разликува од него по клучните прашања, каде што ставот на Кина е ...

Европската комисија става на располагање 65,7 милиони евра за Македонија во рамки на Инструментот за реформи и раст и ова претставува највисок износ во регионот, во споредба со одобрените 49 милиони евра за Албанија и 44,2 милиони евра за Црна Гора, објави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски преку социјалните мрежи. Тој вели дека ова е потврда за посветеноста на Владата кон реформите и исполнувањето на ...

Основниот суд во Штип го осуди охриѓанецот П. С. (38) на пет и пол години затвор за стореното кривично дело измама. Според претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, продолженото кривично дело е сторено кон осум граѓани од Штип и Виница во јануари 2026 така што телефонски се јавувал на постари лица и им кажувал лажни факти, доведувајќи ги во заблуда. Тој им кажувал дека нивната ќерка има скршеница на нога и дека се потребни пари за итна ...

Со презентација на опремата и возниот парк, тетовските пожарникари го одбележаа Денот на пожарникарите. На платото од Градскиот плоштад во Тетово беше изложена опремата за справување со пожари, спасување при поплави и сообраќајни несреќи, противпожарни камиони како и специјалните скали за справување со пожари во висококатници. Тетовските пожарникари велат дека сега, за разлика од пред неколку години, нивната противпожарна единица е далеку ...

Скопје беше домаќин на Годишната конференција на EACHA (European Automated Clearing Houses Association), единствената европска асоцијација на клириншки куќи и оператори на платни системи, која годинава се одржа во организација на КИБС АД Скопје. Настанот привлече речиси 200 учесници од 30 европски земји, меѓу кои претставници на тамошните клириншки куќи, меѓународни институции од платежниот сектор, глобални ИТ и консултантски компании, како и ...

Руското министерство за одбрана објави видео кое прикажува војници како тренираат распоредување на нуклеарни боеви глави за време на големата воена вежба во Русија. Не е познато каде е снимено видеото. Снимката прикажува руски нуклеарни сили како се движат низ густа шумска област со камуфлирани возила, полнат ракетни системи „Искандер-М“ со нуклеарни боеви глави и потоа ја креваат лансирната цевка во положба за пукање. Министерството за ...

Поддржувам протести, но мене лично ми пречи што протестантите коишто практично се правници, коишто се борат за право, го прекршуваат законот, да речеме Законот за знамињата, Законот за државната химна, Уставот и така натаму, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски за протестите на студентите Албанци. Тие досега преку два протеста бараат итно овозможување на правото за полагање на правосудниот испит и на нивниот мајчин јазик. „Навредите нема ...

Следната недела имаме заеднички состанок со вицепремиерот Арбен Фетаи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Вицепремиерот за добро владеење Фетаи веќе втор месец не се појавува на работа. Опозицијата, Владата и Собранието не успеаја да го донесат ниту на седницата за пратенички прашања на 18 мај, иако претходно му беше најавено дека ќе му бидат поставени прашања и дека е задолжително да присуствува. Според објавите на неговата ...

Преспа, подрачје со исклучително висока природна вредност, кое ги опфаќа националните паркови Пелистер и Галичица, заштитени области и Преспанското Езеро, нема доволно стручни кадри од областа на биологија, екологија и шумарски и земјоделски науки. Локалните капацитети не се доволни за да се одговори на потребите на терен за заштита на животната средина, велат од Македонското есколошко друштво (МЕД). „Трендовите се загрижувачки на национално ...

На жителите на Вилнус им беше кажано да се засолнат, а претседателот и премиерката на Литванија беа однесени на безбедни локации поради тревога за активност на дронови во близина на границата со Белорусија. Во вонредно соопштение од војската им беше советувано на луѓето во регионот Вилнус веднаш да се упатат во засолниште или на безбедно место. Тревогата, која траеше околу еден час, доведе до затворање на воздушниот простор над аеродромот во ...

Русија и Кина постигнаа општо разбирање за гасоводот „Моќта на Сибир 2“, голем проект кој, доколку биде завршен, би транспортирал до 50 милијарди кубни метри гас годишно до Кина. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека останува некои нијанси да се средат, но разбирање веќе постои. „Консензусот ги вклучува трасата на гасоводот и методот на изградба“, кажа Песков. Овој гасовод би се протегал од руските гасни полиња во Јамал до Кина ...

Обвинителката за гонење организиран криминал Катерина Коларевиќ три месеци чека Министерството за внатрешни работи (МВР) да ѝ одговори, да испрати резултати по нејзината наредба за анализа на податоци земени од компјутери од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по дојава за оддавање службена и државна тајна и шпионажа од вработен од Кабинетот. Истовремено, МВР не му одговара на Обвинителството ни за содржината на ...

Универзалната сала, зградата на Централната пошта, Калето, Аквадуктот се локациите кои се најавуваат како главни пунктови каде ќе се одржуваат настаните во рамки на Скопје – Европска престолнина на културата 2028. Во септември 2023 Скопје ја доби титулата за Град на културата во Европа за 2028, европска иницијатива за културна соработка. Скопје ќе ја дели титулата со градовите Ческе Будјејовице во Чешка и Бурж во Франција. Oфицијалната ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
2.79
41%
1017
weather icon

Белград

25ᴼ / 24ᴼ
4.02
56%
1019
weather icon

Загреб

28ᴼ / 28ᴼ
1.88
41%
1016
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
3.85
53%
1018
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
6.43
52%
1016
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
46%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.02
50%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
4.46
55%
1017
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.34
47%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.02
43%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
3.13
52%
1015
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
6.63
99%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.5429

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Цинк

0.00

Калај

53.60

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59