На целиот државен врвз преку видеопорака вечерва им се извини Рафет Мемишовски од Битола, еден од Ромите кои протестираа против тоа што полицијата им ги одзеде возилата откако ги затекна како возат без возачка дозвла. Тој се сними самиот дома во отсуство на медиуми и видеото го објави на социјалните мрежи. Тоа е истото лице кое најави дека ќе има убиства ако им ги земат возилата, а извинувањето следи ден по барањето на премиерот Христијан ...

Синот на норвешката крунска принцеза денеска негираше на судот дека некогаш ја дрогирал наводната жртва на едно од силувањата за кои е обвинет, на неговиот втор ден од сведочењето на судењето кое ја шокираше Норвешка. 29-годишниот Мариус Борг Хојби, кој се приклучи на кралското семејство кога неговата мајка Мете-Марит се омажи за принцот престолонаследник Хакон во 2001, е обвинет по 38 точки од обвинението. Тој се соочува со повеќе години ...

Лицето на ангел на реставрирана црковна фреска во Рим, кое предизвика гнев поради сличноста со италијанската премиерка Џорџа Мелони, е грубо избришано од уметникот кој го насликал. Црковни и владини претставници започнаа истрага откако слики од ангел во базиликата „Сан Лоренцо“ покажаа дека неговото реставрирано лице наликува на десничарската лидерка Мелони. Уметникот Бруно Валентинети првично го негираше ова, но вчера призна дека навистина ...

„До продавница не можам да одам леб да си купам. Многу тешко функционираме без асистенција, видот го изгубив на 23 години и сум сто проценти слепа“, се пожали Сашка Дојчиновска на денешниот протест на слепите лица и нивните лични асистенти во Битола. Веќе два месеца државата не им ги продолжила договорите на дело на личните асистенти кои им помагаат на лицата со попреченост во Битола. Со тоа, асистентите се оставени без пари за егзистенција, ...

Годинава ќе се вози по новиот мост „Михајло Апостолски“ со кој се поврзуваат Општините Аеродром и Гази Баба, рече скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Овој мост беше изграден во мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов. Кога во 2021 стапи на функција, градоначалничката Данела Арсовска, таа го нарече „мост за ловење на риба“ и рече дека тој не може да се стави во функција бидејќи имало нерасчистени имотно-правни односи во делот што ...

Володимир Зеленски објави дека 55.000 украински војници загинале од почетокот на војната со Русија пред речиси четири години. Во интервју со телевизијата „Франс 2“ Зеленски кажа дека голем број луѓе се водат како исчезнати. Иако Москва и Киев редовно ги објавуваат проценките на бројот на убиени на другата страна, тие досега ретко ги признаваа сопствените жртви. Би-Би-Си досега ги потврдил имињата на речиси 160.000 војници кои загинале борејќи ...

Големиот судски процес за пожарот во Кочани, продолжи со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, кое според редоследот на обвинетите во обвинението, стартува со докажување вина на сопственикот на дискотеката „Пулс” во однос на супстандардните услови во неа кои доведоа до катастрофата, но и за пропустите на членовите на обезбедувањето на агенцијата „Рубикон“, кои не ја насочиле толпата луѓе кон единствената врата низ која можело ...

Преживеаното девојче Сара Велинова, која се онесвестила за време на пожарот во кочанската дискотека „Пулс”, и за среќа потоа се разбудила надвор на паркингот, речиси задушена, кажа дека плафонот на диското баш над бината и баш над огнените прскалки, бил спуштен. Како и претходните сведоци, и таа направи разлика од пред реновирањето, кога плафонот бил повисок. Претходно и други сведоци го кажаа тоа, што за дел од адвокатите беше сомнително, ...

Порталот Operacii.zdravstvo.gov.mk е модулот за електронска евиденција за елективни хируршки интервенции во јавните здравствени установи, со кој ќе се следат листите на чекање, а секој пациент ќе биде третиран по принципот „прв дојден, прв услужен“, најавија денеска министерот за здравство Азир Алиу и Жаклина Чагоровска од Управата за електронско здравство „Мој термин“. На новинарско прашање дали тоа значи дека веќе нема да се фаќаат врски за ...

Во периодот од 26 јануари до 1 февруари, пријавено е едно починато лице асоцирано со грип, соопшти Институтот за јавно здравје во неделниот извештај. Станува збор за 62-годишен маж од Тетово кој бил хоспитализиран на Инфективното одделение на Клиничката болница во Тетово. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Лабораториски е потврдена Инфлуенза А. Во текот на сезоната ...

Кремљ соопшти дека Русија ќе продолжи да има одговорен пристап кон стратешката нуклеарна стабилност, и покрај истекот на последниот договор за контрола на нуклеарното оружје помеѓу Москва и Вашингтон. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека договорот „Нов старт“, кој поставува ограничувања за бројот на ракети, лансери и стратешки боеви глави на двете страни, ќе истече до крајот на денот. „Кога денот ќе заврши, тој договорот ќе ...

Лабуристичките пратеници предупредија дека деновите на Кир Стармер како премиер се одбројани поради неговата одлука да го назначи Питер Манделсон за амбасадор во САД и покрај неговото пријателство со сексуалниот престапник и педофил Џефри Епстин. Владата на Стармер се наоѓа под огромен притисок поради справувањето со скандалот со Манделсон. Владата беше на работ на пораз во Долниот дом сè до амандманот на средината од дебатата, со кој се ...

Во Основниот суд Кавадарци лани се изречени две затворски казни за кривичното дело Силување на дете кое не наполнило 15 години. Во двата случаи обвинетите биле блиски лица на децата-жртви и на возраст над 70 години. Според образложението во пресудите, во првата казна 72-годишен жител од Демир Капија доби 14 години затвор откако го признал делото, па е прогласен за виновен. Тој летото 2024 во неколку наврати силувал 12-годишно девојче со лесна ...

„Вашингтон пост“, кој е во сопственост на милијардерот Џеф Безос, започна со масовни отпуштања, со кои драстично ќе се намали големината на славниот весник и ќе бидат погодени сите оддели. Според портпаролот на весникот, кратењата ќе погодат една третина од сите вработени, додавајќи дека редакцијата ќе остане без стотици луѓе. Извршниот уредник Мет Мареј ги известил вработените за одлуката, која следува само неколку дена откако весникот ...

САД и Иран договорија средба во Оман утре, иако спорат околу инсистирањето на Вашингтон во разговорите да биде вклучен и арсеналот проектили на Иран. Техеран бара да се разговара само за неговата нуклеарна програма. Деликатните дипломатски напори следуваат во услови на зголемени тензии, бидејќи САД акумулираат сили на Блиски Исток, а регионалните земји се обидуваат да избегнат воена конфронтација, за која многумина стравуваат дека би можела ...

Педесет и деветгодишниот Рајан Раут е осуден на доживотен затвор за обид за убиство на Доналд Трамп на голф терен во Флорида помалку од два месеца пред претседателските избори во 2024. Во септември, Раут беше прогласен за виновен за пет кривични дела по судењето на кое сам се бранеше. Откако поротата го прогласи за виновен, Раут се обиде да се прободе во вратот со пенкало, пред да биде брзо изведен од судницата. Тој беше уапсен откако агент ...

Бугарските обвинители покренаа истрага откако стотици жени биле тајно снимани за време на интимни козметички процедури во салони за убавина, по што снимките биле објавувани на порнографски сајтови. Жените биле снимани со тајни камери кога често биле целосно голи. Некои снимки датираат од 2023 и во меѓувреме се појавиле на десетици порнографски сајтови и канали на Телеграм. Повеќе од 100 жалби биле доставени во полицијата во Бургас, според ...

Најбезбедна патека по која би се движела гондолата на Пелистер би била од подпелистерското село Цапари преку Широка до врвот Антена (2.602 мнв), предложија странските експерти вклучени во изработката на физибилити-студијата. Експертите од Словенија, Франција и Андора, Франц Фурлани, Винсент Тасар, Филипе Бертхет-Рамбод и Марк Пастор, денеска во Битола ги презентираа потенцијалните концепти за гондолата. „Постојат три потенцијални траси од ...

Последниот договор за контрола на нуклераното оружје помеѓу САД и Русија истекува утре, зголемувајќи ги стравувањата од нова трка во вооружување. Договорот „Нов старт“, потпишан во 2010, е еден од неколкуте кои требаше да спречат катастрофална нуклеарна војна. Договорот го ограничи бројот на распоредени стратешки нуклеарни боеви глави за секоја страна на 1.550 и воспостави одредена транспарентност, вклучувајќи пренос на податоци, известувања ...

Ние на нашата држава ѝ требаме само кога има избори, тогаш нè посетуваат , каде се сега да дојдат, прашаа Ромите од Битола кои денес продолжија со протести пред Полицијата, барајќи да се направат измени во Законот за безбедност во сообраќајот. Тие протестираат веќе втор ден, откако полиција им одзеде возила кога ги затекна дека возат без возачки дозволи. Ромите бараат да им се вратат колите и државата да најде начин да возат без да полагаат ...

Во 2025 година се направени околу 14.000 хируршки интервенции за бенигни и малигни тумори, рече денеска Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски на прес-конференцијата за Светскиот ден за борба против ракот. Тој рече дека во 2025 фокусот бил ставен на засилување на раното откривање преку набавка на опрема и зголемување на бројот на прегледи. „Комплетни интервенции, прегледи за дојка, вклучувајќи мамографија, ...

На територијата на скопската Општина Центар има 60 казина и кладилници, покажува истражувањето коe теренски го спроведе граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“. Како што велат од иницијативатa, во Центар има повеќе казина и кладилници отколку детски и спортски игралишта. Мапа на казината и кладилниците изработена од Шанса за Центар. „Центар е казино-општина. Ги мапиравме казината, автомат-клубовите и кладилниците покрај кои поминувавме. Ги ...

Владата наместо 80 ќе набави 100 нови електрични автобуси за Град Скопје, рече денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски одговарајќи на советничко прашање во Советот. Тој рече дека оваа година ќе стигнат најголем дел од автобусите, но не може да каже дали ќе стигнат сите. „Автобуси требаше да имаме во март, но тендерот пропадна. Јас не се плашам да се извинам ако згрешам со проценките. Сега, наместо 80 ќе бидат набавени 100. Најголем дел од нив ...

Преку продажната мрежа на „Лидл“ лани биле извезени македонски производи во вредност од 15,5 милиони евра, соопшти компанијата, која додава дека претставува голем раст, во споредба со пет милиони евра извоз во 2024 и 570.000 евра во 2023 година. Најголем интерес на странските пазари имало за трпезното грозје, од кое биле реализирани приходи од 3,3 милиони евра, со најголем пласман во Полска. Извозот на јагнешко месо во Бугарија донесе прилив ...

Дел од скопскиот Градскиот парк денеска е блокиран од коли зашто во Советот на Град Скопје се одржува седница, па дел од советниците и директори на јавните претпријатија и установи се паркираат во пешачката зона на паркот. Во овој дел од паркот е забрането паркирање, но градската власт не го почитува законот и ова се случува секогаш кога се одржуваат седници на Советот. Пред бараките на Град Скопје како и пред Зоолошка градина има зонско ...

Јавното обвинителство на Македонија оформи предмет по допрен глас за утврдување на идентитетот и испитување на кривична одговорност кај повеќе лица кои преку коментари на социјалната мрежа Фејсбук упатија сериозни закани кон новинарот и уредник во Канал 5 Телевизија Александар Видиновски, за непрописно паркираните дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје. Обвинителството ги има сите коментари под видеото за непрописното ...

Јавното обвинителство на Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за починатиот сексуален престапник Џефри Епстин кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од државава наводно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во САД. Ќе се испитува дали таа процедура е усогласена со законските и етичките стандарди за ...

Емануел Макрон изјави дека е подготвен да го обнови дијалогот со Владимир Путин, за што веќе имало контакти на техничко ниво. „Овој процес се одвива транспарентно и во консултации со Володимир Зеленски“, кажа францускиот претседател. Откако Русија ја почна целосната инвазија врз Украина пред речиси четири години, најголемиот дел од европските лидери ги прекинаа контактите со Путин. Сепак, постепеното приближување на САД и Русија по враќањето ...

Судијата од Апелација Скопје Ѓоко Ристов, како известител за предметот за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе три години го чувал случајот во фиока по жалба. Малку требаше токму поради тоа да застари. Димитрие Кадиев, сопругот на Маја, кој 10 години ја чекаше правдата, разочарано вели дека на судијата Ристов, кој е под истрага и во куќен притвор откако Обвинителството и МВР му најдоа соѕидани во ѕид 350.000 евра со непознато и ...

Пензиите од месец јануари се намалени за 10 денари. Од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) објаснуваат дека намалувањето е бидејќи за 10 денари е зголемена ставката за посмртнина, од 140 на 150 денари. Со зголемувањето на задршката, сега за 5.000 денари е зголемен износот на посмртнината што ја добиваат семејствата на починатите корисници на пензија, од досегашните 35.000 на 40.000 денари. На корисник на пензијата, со негова ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
58%
1024
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
36%
1025
weather icon

Загреб

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
45%
1025
weather icon

Софија

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
58%
1024
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
3.39
48%
1024
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
0.51
56%
1024
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
4.12
52%
1023
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
24%
1022
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
36%
1023
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
46%
1025
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
2.24
40%
1026
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1024
Currency

61.6317

Currency

53.0924

Currency

70.9022

Currency

37.2414

Currency

38.8546

Currency

68.0063

Currency

7.69735

Currency

0.67482

Currency

0.33707

Currency

0.52497

Currency

1.20575

Currency

0.57843

Бакар

11.80

Иридиум

221848.72

Калај

51.64

Платина

69606.37

Цинк

3.28

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.35

Родиум

368126.05

Паладиум

52823.68

Сребро

2704.52

Кобалт

66.14

Злато

166049.28