Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Со марш од зградата на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) до Собранието, Сојузот на стопански комори и Владата, работниците денеска протестираа барајќи поголемиплати и зголемување на минималната плата на 600 евра. Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилот пред Собранието кажа дека ќе бараат да се намалат платите на избраните функционери. „Ќе собереме 10.000 потписи и ќе станеме овластен предлагач на ...
Петмина се уапсени во куќи во Брвеница каде е најдена дрога, оружје и поголема количина пари, во акцијата на Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово. „На 28.01.2026 во 06.40 часот, полициски службеници од СВР Тетово, Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје, ги лишија од слобода И. Ј. (43), С. З. (36), Д. П. (69), Д. П. (65) и С. З. (42), сите од село Брвеница. Извршени се претреси во с. Брвеница, во ...
Доналд Трамп го повика Иран да седне на преговарачка маса и да склучи договор за нуклеарно оружје или следниот американски напад би можел да биде многу полош. „Се надевам дека Иран брзо ќе дојде на преговарачка маса и ќе преговара за правичен договор, без нуклеарно оружје. Времето истекува и е од суштинско значење“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл. Трамп, кој ги повлече САД од мултинационалниот нуклеарен договор со Иран од ...
Биографиите на нашата обвинителката во Еуроправда Ленче Ристоска, на судијата за организиран криминал и корупција Ненад Савески (поранешен обвинител), потоа на обвинителката Лидија Раичевиќ која го води предметот со спортските ваучери, на експретседателот на Кривичниот суд Скопје Владимир Панчевски и на в.д. Државната обвинителка Анита Тополова-Исајловска, Собранието денеска ги испрати до Владата. Постапката за избор на нов државен јавен ...
Легендарниот американски композитор и пијанист Филип Глас ја откажа светската премиера на својата симфонија за Абрахам Линколн во Центарот „Кенеди“, во знак на протест против Доналд Трамп. Глас соопшти дека ја повлекува симфонијата „Линколн“ , бидејќи вредностите на Центарот „Кенеди“ под водство на Трамп се „во директен судир“ со пораката на симфонијата. Симфонијата требаше да се изведе на 12 и 13 јуни. Од 19 декември, на фасадата на зградата ...
Русија платила исклучителна цена за минимални добивки во војната во Украина, вели нов извештај на Центарот за стратешки и меѓународни студии (ЦСИС) од Вашингтон. Според него, руските сили претрпеле речиси 1,2 милиони жртви од почетокот на инвазијата пред речиси четири години, што е рамно на бројот на жители на Брисел. ЦСИС појасни дека оваа бројка вклучува убиени, ранети и исчезнати, при што само бројот на загинати изнесува 325.000. Кремљ го ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) во контролата на работењето на Општина Охрид за 2024 година, открил во дел од населените места се изведени градби и градежни активности на објекти за индивидуално домување и хотелски комплекс за кои не е платен надоместок за уредување на градежно земјиште и не биле издадени одобренија за градење. Во 2024 градоначалник на Охрид, градот заштитен со УНЕСКО, беше Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, кој во ноември 2025 ...
Поранешниот министер за евроинтеграции во владата на СДСМ и ДУИ Бојан Маричиќ е нов претседател на Државната изборна комисија (ДИК). Маричиќ доаѓа на местото на Борис Кондарко, кој исто беше предлог на СДСМ. Собранието денес со 83 гласа „за“ ги избра членовите на новиот состав на Државната изборна комисија. За потпретседател е избран Абдуш Демири, а за членови на Комисијата се избрани Александар Даштевски, Ангелчо Ристов, Светлана ...
Поранешниот француски сенатор Жоел Герио е прогласен за виновен за дрогирање на колешка од парламентот со цел сексуално да ја нападне во својот стан во Париз. Шеесет и осумгодишниот Герио е осуден на четири години затвор, од кои 18 месеци ќе помине зад решетки. Тој поднесе жалба на пресудата, што значи дека нема веднаш да ја отслужи казната и ќе се соочи со ново судење подоцна. Случајот што ја потресе француската јавност се случи во ноември ...
Лидерите на три политички партии во Холандија договорија формирање ретка малцинска влада, три месеци по одржувањето на предвремените парламентарни избори. Победникот на овие избори, центристичката проевропска партија Д66, се здружи со конзервативните Христијански демократи и со десничарската партија ВВД во коалиција која ќе има само 66 пратеници во долниот дом на парламентот, кој има 150 места. Таа нема да има мнозинство и во горниот дом, кој ...
Најдинамични промени има кај популацијата на водни птици на Охридското Езеро, покажува зимскиот цензус на трите природни езера во земјава спроведен од Македонското еколошко друштво (МЕД). Според објавените податоци, на Охридското Езеро од една во друга година понекогаш се случуваат промени од повеќе од 15 илјади единки. Во последните шест години, најмалку водни птици имало во 2024, само 11.140, а во 2025 имало 26.704 или над 15.000 повеќе. ...
Дивоградбите во Општина Карпош ќе ги урива Град Скопје односно ЈП „Улици и патишта“. Од Општина Карпош пратена е иницијатива до Град Скопје за воспоставување меѓуопштинска соработка заради поекономично и поефикасно вршење на надлежностите на Општина Карпош, кои се однесуваат на спроведување на актите на градежната инспекција за отстранување на бесправно изградените објекти. Ова барање е ставено како точка на дневен ред на седницата на Советот ...
Италијанската влада се обиде да се одбрани од критиките откако Агенцијата за имиграција и гранична контрола на САД (ИЦЕ) потврди дека нејзините агенти ќе помогнат во обезбедувањето на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина следниот месец. Опозициските партии реагираа со бес откако се дозна дека агенцијата, чии агенти убија двајца американски државјани во Минеаполис во последните недели, ќе биде вклучена во безбедносните операции на ...
Володимир Зеленски ја обвини Русија за тероризам откако со дронови беше погоден патнички воз во североисточниот регион Харкив, при што загинаа најмалку пет луѓе. Тој додаде дека уште четири лица се водат како исчезнати откако бил нападнат воз во кој имало речиси 300 луѓе. Локалните власти кажаа дека избувнал пожар откако биле погодени локомотивата и еден патнички вагон. Возот бил директно погоден со еден дрон, а уште два дрона експлодирале ...
Млад мотоциклист е прогласен за виновен и парично казнет во Основниот суд во Велес, откако неовластено влегол и фотографирал воен објект на врвот Солунска Глава, на надморска височина од 2.540 метри. Основниот суд Велес му изрече парична казна во износ од 300 евра, во денарска противвредност. Според пресудата, на 12 јуни минатата година, обвинетиот со крос-мотор се искачил на врвот, каде што се наоѓа воен објект во сопственост на Армијата ...
На својата последна седница во 2025 година, Советот на Општина Тетово донесе одлука за воведување бесплатен автобуски градски превоз за учениците од основните и средните училишта во Тетово. На нив ќе им се доделат бесплатни картички, кои од денеска ќе можат да ги подигнат во просториите на јавното претпријатие „Тетово транспорт“. „Картичките можат да се земат во просториите на претпријатието лоцирани на улицата Илинденска бр. 335, поточно во ...
Само за една недела, нивото на реката Брегалница во Штип е двојно зголемено. На последната мерна станица во штипската населба Ново Село денеска е измерено ниво од 1, 80 метри, со тенденција на понатамошно зголемување. Поради утринските врнежи од дожд, се очекува водостојот до крајот на денот да достигне речиси 2 метри. Брегалница, која извира во Пехчево и тече низ Берово, Калиманци и Штип, пред да се влее во Вардар, има вкупна должина од 225 ...
Неисчистеното речно корито од шамак и трски, но и надојдените води од реката Тркајна повторно предизвикаа поплави во Чифлик Маалото во Муртино, а под вода беа и дел од површините под пластеници во непосредна близина на реката. Во Муртино жителите ги вклучија пумпите за да се испразнат дворните места од вода. На одредени позиции мораше да се прекопа и улицата за да се испразнат дворовите. „Малку недостасуваше водата да влезе и дома. Пред две ...
На паркингот на улицата Љубен Иванов, кој се наоѓа веднаш до кругот на Клиничката болница во Штип каде биле паркирани повеќе возила, утринава околу 9:20 минути целосно се срушил потпорен ѕид сосе железната ограда и ги смачкал возилата. Патниците од неколку возила само што излегле и заминале на закажаните термини. Оштетени се автомобили на вработени во Болницата и на жителите од улицата, но и автомобили на пациeнти од Велес и некои други ...
Десетици граѓани попладнево дојдоа пред дирекцијата на Управата за јавни приходи (УЈП) во Тетово да го изразат својот револт поради издадените решенија на институцијата за плаќање данок на приход заработен во странска земја. „Да се стопираат сите овие решенија што ни се издадени. Бидејќи сите ние имаме работено по шест, седум месеци, осум месеци. Според член 5 од Законот за нерезидентост, сите ние имаме докази дека сме плаќале данок таму. ...
Сѐ поголем број матуранти од Битола заминуваат да студираат во Словенија, рекоа учесниците на панел-дискусијата „Положбата на вработените во високото образование во Македонија“, што во организација на Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ (УКЛО) се одржа во Битола. Според неофицијални бројки, околу 800 битолчани студираат на словенечките факултети, а 600 на битолските, иако Битола четири и пол децении е ...
Европската Унија и Индија објавија дека постигнаа значаен трговски договор по речиси две децении разговори, додека двете страни сакаат да ги продлабочат врските во услови на тензии со САД. „Ја склучивме мајката на сите договори“, објави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со индискиот премиер Нарендра Моди во Њу Делхи. Моди го нарече договорот историски. Тој ќе овозможи слободна трговија помеѓу блокот од ...
Агентите на американската Агенција за имиграција и гранична контрола (ИЦЕ) ќе имаат безбедносна улога за време на претстојните Зимски олимписки игри во Милано и Кортина, изјавија извори од американската амбасада во Рим. Тие додаваат дека федералните агенти на ИЦЕ ќе помагаат во обезбедувањето на американските диппломати и нема да водат никакви операции за спроведување на имиграциските закони. За време на претходните олимпијади повеќе ...
Седуммина навивачи на грчкиот фудбалски клуб ПАОК загинаа во сообраќајна несреќа во Романија додека патувале на натпревар во Франција, потврди грчката амбасада во Букурешт. Комбето со десет луѓе тргнало од Грција, а крајната дестинација бил Лион, каде што солунскиот клуб ќе игра меч од Лига Европа в четврток. Тројцата повредени се во свесна состојба и се превезени во Универзитетската болница во Темишвар, околу 100 километри западно од местото ...
Со блокадите сакаме да покажеме што ќе се случи после 10 април и како ќе биде прекинат синџирот на снабдување, не само во Западен Балкан туку и во Европа, рече претседателката на транспортната асоцијација „Макам-транс“ Билјана Муратовска на почетокот на протестите на граничните премини. Покрај во Македонија, се протестира и во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, а денеска кон блокадите ќе се придружат и превозниците од Турција. ...
Најголемата казна за прекршок снимен со камерите на „Безбеден град“ е 500 евра, казната е за учество во сообраќај со нерегистрирано возило или со истечена возачка дозвола. Ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена тогаш казната е 100 евра. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) ги објавија казните за прекршоците одсистемот со камери „Безбеден град“ кој стартува од 1 февруари, откако на 23 јануари Собранието со 81 глас „за“ ги ...
Овој протест е за твојата плата, затоа што истата не стигнува од први до први, рече претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија Слободан Трендафилот, најавувајќи го протестот на 28 јануари. Од Синдикатот бараат минималната плата да биде 600 евра и зголемување на работничките плати за најмалку 6.000 денари. „Ова е денот кога зборуваат работниците. Овој протест не е за ‘ако имаш време’ па ќе дојдеш, не е ниту за ’чекај сега, кај ...
Итно се повлекува од македонскиот пазар млекото за доенчиња „аптамил AR 2“, ENG 24×400 грама, серија 2027.01.02, кај кој е утврдено присуство на цереулид (cereulide), соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Агенцијата апелира потрошувачите што го имаат купено овој производ со наведениот лот и рок на употреба да не го користат или да го вратат на местото од кај што го купиле. Симптомите на труење со токсинот цереулид, се појавуваат ...
Земјата дојде поблиску до уништување од кога било, додека Русија, Кина, САД и други држави стануваат сè поагресивни, понепријателски настроени и понационалистички, соопшти групата Билтен на атомските научници (БАС) и го помести својот „Часовник на судниот ден“ на 85 секунди до полноќ. БАС ги наведе ризиците од нуклеарна војна, климатските промени, потенцијалната злоупотреба на биотехнологијата и зголемената употреба на вештачка интелигенција ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кажа дека Европа е неспособна да се брани себеси без американска воена поддршка и за тоа би морала да ги удвои трошоците за одбрана за повеќе од половина. „Ако некој мисли дека Европска Унија или Европа во целина може да се брани себеси без помош од САД, нека продолжи да сонува. Не може. Европа и САД се потребни едни на други“, рече Руте во Европскиот парламент. Тензиите помеѓу сојузниците од НАТО ...