Владимир Путин кажа дека Русија е спремна да ја снабдува Европа со нафта и гас под одредени услови, откако војната на Блиски Исток речиси ги запре испораките низ Ормускиот Проток. Тој кажа дека Москва е подготвена повторно да работи со европските корисници, кои во најголем дел престанаа да увезуваат руски енергенси откако почна војната во Украина. Притоа побара долгорочна соработка и да нема политички притисоци врз Русија. Глобалните цени на ...

Пет ирански фудбалски репрезентативки добија хуманитарна виза во Австралија, соопшти владата, откако се појавија грижи за нивната безбедност по одбивањето да ја пеат химната пред нивниот прв меч на Азиското првенство. Министерот за имиграција Тони Берк кажа дека австралиската полиција ги префрлила жените на безбедна локација и додаде дека и другите членки на тимот се добредојдени да останат во земјата. „Тие сакаат да бидат јасни дека не се ...

Рак на дебелото црево или колоректален карцином (КРК) сè повеќе ги погодува помладите лица, а сега стана водечка причина за смрт од рак кај помладата популација во светот, вели Институтот за јавно здравје во извештај за одбележувањето на март, месец на колоректален карцином. „Лекарите велат дека нешто фундаментално различно се случува со колоректалниот карцином кај помладите лица. Додека вкупниот број на смртни случаи од канцер се намалува, ...

Иранската револуционерна гарда порача дека нема да дозволи еден литар нафта да замине од Блиски Исток сѐ додека продолжуваат американско-израелските напади, што го натера Доналд Трамп да се закани дека уште посилно ќе го удри Иран. Ова следува откако глобалните цени на нафтата вчера стигнаа до речиси 120 долари за барел, по што малку паднаа денеска. Трамп вчера кажа дека ќе ѝ нанесе серизони штети на иранската војска и предвиде дека војната ...

Хрватската влада донесе одлука за замрзнување на цените на горивата за да се заштити животниот стандард на граѓаните, додека американско-израелската војна против Иран придонесе глобалната цена на нафтата да надмине 100 долари за барел за првпат од 2022. Според новите регулирани цени, бензинот во следните 14 дена ќе биде поскап за четири центи по литар, а дизелот за седум центи. „Еуросупер ќе чини едно и пол евра за литар, а без владини мерки ...

Доналд Трамп првпат јавно го коментираше изборот на Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач на Иран, опишувајќи го тоа како голема грешка. „Мислам дека направија голема грешка. Не сум среќен со тоа. Не знам дали Хамнеи ќе потрае, но мислам дека згрешија со него“, изјави Трамп. Тој претходно кажа дека САД мора да учествуваат во изборот на новиот врховен водач, а за Моџтаба Хамнеи кажа дека е неприфатлив за него. Според израелскиот министер за ...

Доналд Трамп ѝ порача на Австралија дека чини ужасна грешка што им дозволува на иранските фудбалски репрезентативки да се вратат дома откако се појавија грижи за нивната безбедност по одбивањето да ја пеат химната на нивниот прв меч од Азиското првенство. Американскиот претседател го повика премиерот Ентони Албаниз да им даде азил. Првиот меч на Иранките на првенството во Австралија се совпадна со почетокот на американско-израелските напади ...

По вторпат се санира северната тераса на објектот на Македонскиот народен театар (МНТ), кажа денеска техничкиот раководител Гунтер Кубе. Директорот на МНТ, Никола Кимовски, денеска одржа прес-конференција, на која ги соопшти делегираниот буџет од над 230.000 евра од Министерството за култура и туризам и планираните проекти. Северната тераса со години прокиснува и под неа има кофа, на десната страна од фоајето. Објектот во центарот на Скопје, ...

Потресни сведоштва можеа да се чујат денес на граѓанскиот собир пред Општина Битола организиран од жители на населбата Бир каде за еден месец улични кучиња унаказија две малолетни деца. На 6 март улично куче, кангал мелез, искаса 4-годишно девојче на кое ѝ откина и дел од носето, го повреди и на градите и раката, а на 6 февруари глутница кучиња тешко повредија 2-годишно дете кое заврши во скопскиот Клинички центар. И двете деца беа нападнати ...

Трајче Димишковски сведочи дека агенцијата „Рубикон секјурити солушнс” ја обезбедувала импровизираната дискотека „Пулс”, чие обезбедување дозволило да се преполни објектот на 18 март 2025 година без мерка, пуштило толку многу малолетници и деца, дозволило употреба на пиротехника која немала дозвола од полицијата, не направило кордони за време на несреќата и не организирало евакуација, работело без униформи и ознаки… Денеска се мереше секоја ...

Противвоздушната одбрана на НАТО соборила ирански балистички проектил што влегол во воздушниот простор на Турција, објави турското министерство за одбрана. Ова е втор ваков инцидент од почетокот на американско-израелската војна против Иран, кој се одмазди со напади врз десетина држави. Турското министерство за одбрана соопшти дека остатоците од соборената иранска ракета паднале на полиња во покраината Газијантеп во јужна Турција. Немало штети ...

Горан Игновски, продавач на опрема за концерти, повеќе за озвучување и осветлување, а помалку за сценски ефекти, прскалки и пиротехника, на денешното судско рочиште за тешката трагедија во кочанското диско „Пулс” кажа дека на групата „ДНК“ пред две и пол години ѝ продал осум топли прскалки, но неговите биле со „дострел” во висина од два метра, а овие што ја запалија дискотеката со само една врата по негово видување биле до три метри барут и ...

Во текот на оваа недела се планирани два лета за евакуација на македонски државјани од Обединетите Арапски Емирати, кажа министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Со синоќешниот лет од Дубаи беа евакуирани 151 лице, меѓу кои имаше и странски државјани. „Во Обединетите Арапски Емирати се идентификувани околу 430 наши граѓани. Со последниот лет успешно беа евакуирани 151 патник, меѓу кои и странски државјани. Сакам да напоменам дека при ...

Околу 230.000 евра (14.473.400 денари) делегиран буџет доби Македонскиот народен театар (МНТ) за 2026 од Министерството за култура и туризам, соопшти денеска на прес-конференција директорот Никола Кимовски. Буџетот е зголемен за 56 проценти во однос на минатата година. Во МНТ веќе се одвиваат пробите за претставата „Страв и надеж“ од Франц Ксавер Крец, во режија на белградската режисерка Татјана Мандиќ-Ригонат. Во претставата играат ...

Изминативе два-три месеци над 10 битолчани биле измамени со повици за лажни сообраќајни несреќи, а измамниците им извлекле над 60.000 евра и други вредни предмети. Оштетените граѓани биле контактирани преку телефонски броеви од Романија, а парите завршувале кај лица во Бугарија. Бројот на вакви настани особено се зголемил од почетокот на февруари, од кога се евидентирани веќе шест слични случаи. „Во сите предмети начинот на извршување е ...

Општина Битола и по барање за слободен пристап до информации од јавен карактер не откри колкав износ исплатила за Комисијата за проценки на штети од земјотресот во Битола, кој се случи во 2022. Нашето барање колку пари од општинскиот буџет биле исплатени на Комисијата, на колку членови, кој беше највисокиот, а кој најнискиот износ, Општината го отфрли како штетно за личните податоци на членовите, иако никаде не побаравме да се открие нивниот ...

Моџтаба Хамнеи вчера стана третиот врховен водач на Иран од Исламската револуција во 1979, наследувајќи го својот татко Али Хамнеи, кој беше на власт од 1989. Али Хамнеи беше убиен на 28 февруари, на првиот ден од американско-израелските напади врз Иран, кој ја призна неговата смрт следниот ден. Покрај татко му, во овој напад загинаа и мајката, сестрата, сопругата и синот на Моџтаба Хамнеи, за кого Израел после неколку дена потврди дека ...

Бахреин е третата заливска држава која прогласи состојба на виша сила за испораките на енергенси, откако Иран ја нападна единствената нафтена рафинерија во оваа земја. Најмалку 32 луѓе се ранети во денешниот напад со дронови врз Бахреин, а густ чад се издигнува од правецот на рафинеријата на државната енергетска компанија „Бапко“. „Прогласуваме виша сила за операциите на нашата група, кои беа погодени од тековниот регионален конфликт на ...

Триесетгодишна жена е уапсена во врска со пукање кон домот на поп-ѕвездата Ријана во Беверли Хилс. Полицијата на Лос Анџелес соопшти дека пукањето се случило вчера во 13:15 часот по локално време и дека напаѓачот е приведен. Властите потврдија дека мета на нападот бил домот на Ријана, а на местото на настанот се пронајдени чаури од автоматско оружје. Во инцидентот нема повредени, иако Ријана била дома во тој момент. „Осомничената застанала ...

Глобалните цени на нафтата пораснаа над 100 долари за барел за првпат од 2022 година, додека засилувањето на војната против Иран ги зголемува стравувањата за продолжено нарушување на транспортот низ Ормускиот Проток, клучната маршрута за извоз на нафта и гас од Блиски Исток. Иран вчера го именуваше Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач, што значи дека власта останува во рацете на тврдокорната струја, а Израел и САЛ лансираа нови напади ...

Иранското Собрание на експерти го именуваше Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач на земјата, кој со тоа ќе го наследи својот татко Али Хамнеи, кој беше убиен на првиот ден од американско-израелските напади. Педесет и шестгодишниот Хамнеи, свештеник од среден ранг со блиски врски со моќната Револуционерна гарда, долго време важеше за потенцијален наследник на неговиот татко. Иако владејачката идеологија на Иран се спротивставува на принципот на ...

Иран навести дека го избрал Моџтаба Хамнеи, синот на убиениот ајатолах Али Хамнеи, за нов врховен водач. „Името на Хамнеи ќе продолжи“, изјави ајатолах Хосеинали Ешкевари, член на Собранието на експерти, тело надлежно за избор на врховниот водач. „Гласањето заврши, наскоро ќе биде објавено“, додаде тој, без да изнесе други детали. Секретарот на советот Хосеини Бушехри ќе го објави наследникот на Али Хамнеи, кој беше убиен на првиот ден од ...

Американскиот министер за енергетика Крис Рајт изјави дека порастот на цените на енергенсите би можел да трае неколку недели, а не неколку месеци, поради американско-израелската војна против Иран, која ги зафати и другите заливски земји. Конфликтот на Блиски Исток предизвика намалување на превозот низ Ормускиот Проток и забавување на производството на нафта и гас во некои блискоисточни држави, што може да доведе до широки економски ...

Три месеци се чистеше брегот на езерото Младост кај Велес и со тоа заврши првата од трите активности за ревитализација на езерото. Се најавува дека деновиве, откако ќе се врати механизацијата на АД „Водостопанство“, ќе продолжи отстранувањето на земјата и трската кои беа собрани на брегот. „За трската која ја исековме имавме дозвола од Министерството за животна средина и мораше да се отстрани оти во водата околу неа се изумрените пласти кои ...

Доналд Трамп не ја исклучи можноста за испраќање американски трупи во Иран за да се заземат неговите залихи на збогатен ураниум, што се користи како гориво за реактори, но и за нуклеарно оружје. „Сѐ е во игра, сѐ“, кажа Трамп, кој во изминатите денови велеше дека не се размислува за копнена инвазија. Тој исто така повтори дека новиот врховен водач на Иран ќе мора да добие одобрение од САД, без разлика кој ќе биде избран за наследник на ...

Среде војната со Иран, Доналд Трамп за момент го сврте вниманието кон западната хемисфера, свикувајќи самит на латиноамериканските лидери во Мајами, на кој беше востановена нова коалиција против наркокартели. „Како што формиравме коалиција која го искорени ИСИС, сега ни треба коалиција која ќе ги искорени наркокартелите. Мора да признаеме дека епицентарот на картелското насилство е Мексико, каде што картелите поттикнуваат и оркестрираат голем ...

Како да славиме кога се бориме за опстанок и секојдневно умираат жени, рекоа учесничките на денешниот протестен марш во Скопје во чест на Меѓународниот ден на жената, 8 Март. Под мотото „Нема да нѐснема“, голем број граѓани маршираа низ скопските улици со транспаренти „Нема слобода без слободни жени“, „Многу мајки трпат сѐ бидејќи немаат каде“, „Не чекајте крв, постапете веднаш“, истакнувајќи дека „институционалното потфрлање и избегнување ...

Околу двесте ученици ќе се примат во првата учебна година, односно 25 класа, во новото државно средно училиште Полициска академија, за кое јавниот повик за учебната 2026/27 се очекува околу 1 јули, објави државната агенција МИА. Со него ќе се возобнови средното полициско образование по пауза од 26 години, односно од завршувањето на последната генерација (1996-2000) пред укинувањето на тогашниот Центар за образование на кадри од областа на ...

Небото над Техеран се зацрни од густ чад откако израелските сили бомбардираа нафтени постројки во градот ноќеска. Жителите пријавија дека мирисот на горење се чувствува во воздухот, а многумина кажаа дека било темно дури и кога сонцето изгреало и врнел дожд. Некои жители рекле дека капки дожд натопени со нафта од црни облаци паѓале врз градот неколку часа по нападите. Иранските власти ги повикаа граѓаните да останат во затворен простор за да ...

Министерот за здравство Азир Алиу најави дека се работи на реформи во работата на клиниките и во програмите за специјализации, со оглед на тоа дека во македонското јавно здравство недостасуваат специјалисти од повеќе области. „Разговарам со директорите на сите клиники. Ние дефинитивно кубуриме со кадар. Веќе интензивно работиме преку професори кои се во Словенија, кои нè споија и со Италија, за да може да се зголеми бројот на ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
76%
1014
weather icon

Белград

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
60%
1014
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
76%
1016
weather icon

Софија

11ᴼ / 7ᴼ
5.66
54%
1014
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
6.36
59%
1013
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
1.79
78%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
4.02
53%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
52%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
72%
1013
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
6.69
72%
1014
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
64%
1015
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
67%
1013
Currency

61.6317

Currency

52.3013

Currency

70.8135

Currency

37.5034

Currency

38.324

Currency

67.1857

Currency

7.67135

Currency

0.69779

Currency

0.32957

Currency

0.52505

Currency

1.16583

Currency

0.56173

Бакар

12.14

Паладиум

49215.93

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Злато

166450.52

Цинк

3.44

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.53

Платина

66712.80

Рутениум

55395.74

Калај

49.88

Родиум

324722.54