Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини за земјите кои не се согласуваат со неговите амбиции за анексија на Гренланд. Тој не кажа кои земји би можеле да бидат погодени со оваа мерка, ниту како би го реализирал ова. Бројни земји отворено кажаа дека се противат на неговите амбиции за преземање на Гренланд, за што постои скептицизам и во САД. Додека тој зборуваше на состанок во Белата куќа, двопартиска конгресна делегација беше на Гренланд ...
Од 20 јануари ќе се тестираат камерите од проектот „Безбеден град“. Додека се тестираат камерите крстосниците каде ќе се работи ќе бидат блокирани и возилата ќе се пренасочуваат по други улици. „Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 8 до 20:00 часот. За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката. Во првата недела од ...
Министерството за здравство ги повикува лекарите кои работат или специјализираат во странство да соработуваат со македонското здравство. На веб страницата на Министерството е објавен модул „Лекари од дијаспората“ на кој лекарите може да изразат интерес за соработка со нашиот здравствен систем. „Во рамки на нашите заложби за дигитализација во здравството, овој електронски модул претставува директен канал за стручна соработка со дијаспората, со ...
„Кога пушташе музика во диско ‘Турист’, на Драган Б. Костиќ сите му велеа да го пушти сентишот за танго пред 21.30, за не ни избега девојката со која сакаме да играме. Многу од девојките не ги пуштаа до доцна, па го молевме Драган да го темпира времето за сентиш за да можеме да се додворуваме“, рече музичарот Петар Георгиевски-Камиказа на комеморацијата за легендарниот радио и ТВ водител и диџеј која се одржа денеска во Младинскиот културен ...
Воведувањето на задолжителен воен рок за министерот за одбрана, Владо Мисајловски, е добар потег, но за тоа треба да се исполнат повеќе услови кои Македонија засега ги нема. Доколу армијата реши дека тоа е потребно, тој би застанал зад таквото барање, рече Мисајловски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес. „Јас лично го охрабрувам тој потег, воведување задолжително служење ...
Данска доби неочекувана поддршка од Русија откако Кремљ кажа дека го смета Гренланд за данска територија, додавајќи дека ситуацијата околу островот е исклучителна од гледна точка на меѓународното право. „Неприфатливо е тврдењето на западот дека Русија и Кина му се закануваат на Гренланд. Оваа криза ги покажува двојните стандарди на западните сили, кои тврдат дека имаат морална супериорност“, соопшти Кремљ. Откако се врати во Белата куќа, ...
Дрворед од 220 украсни садници е засаден по целата должина на булеварот Октомвриска револуција во Куманово. Активноста е дел од проектот „Урбано раззеленување за поздраво дишење“, кој се реализира преку прекугранична соработка меѓу општините Куманово и Ќустендил и Центарот за развој на Североисточниот плански регион. Засадени се шест видови висококвалитетни украсни садници, меѓу кои јапонска цреша, индиски јоргован и див костен. Станува збор ...
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека наредните денови за македонските граѓани ќе има добри вести од нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави. Тој ова го кажа одговарајќи на новинарско прашање за суспендирањето на иселеничките визи од САД за 75 држави меѓу кои и Македонија. „МНР веќе даде свој коментар за ова, станува збор за имигрантските визи, не за визите за студирање или туристички посети. Но, јас мислам во деновите кои ...
Поранешниот конгресмен Били Лонг се извини откако се пошегувал дека Исланд ќе биде 52. американска сојузна држава, а тој нејзин гувернер. Ова уследи откако Доналд Трамп неодамна го номинираше Лонг за нов амбасадор во Исланд. Трамп за Канада велеше дека сака да ја направи 51. сојузна држава, а сега има амбиции да го преземе Гренланд, поради што шегата на Лонг не била прифатена добро во Исланд. „Немаше ништо сериозно во тоа. Бев со некои луѓе ...
Десничарски лидери од целиот свет се здружија да му дадат поддршка на Виктор Орбан за претстојните парламентарни избори во Унгарија. Тие ќе се одржат на 12 април и предизборните анкети покажуваат дека главната опозициска партија Тиса има солидна предност во однос на Фидес на Орбан. „На Европа ѝ треба Виктор Орбан“, вели лидерката на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија, Алис Вајдел, во промотивното видео, објавено од ...
Распоредување европски трупи на Гренланд нема да ги промени плановите на Доналд Трамп за преземање на островот, кажа Белата куќа. „Не мислам дека европските трупи влијаат врз процесот на донесување одлуки на претседателот или врз неговата цел за преземање на Гренланд“, изјави портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит. Данскиот министер за одбрана Трелс Лунд Поулсен вчера го објави почетокот на операцијата „Арктичка издржливост“, чија цел е ...
Венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо му го даде својот Нобелов медал на Доналд Трамп на нивната средба во Белата куќа, велејќи дека тоа е признание за неговата посветеност кон слободата на Венецуела. „Мислам дека ова е историски ден за Венецуелците“, кажа Мачадо, која се сретна со Трамп помалку од две недели откако американските сили го заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Трамп напиша на социјалните мрежи дека ...
Обвинителството за организиран криминал и корупција попладнево кажа дека во тек е акција со МВР во која се врши претрес на повеќе места во Македонија, се собираат докази, се запленуваат предмети и се апсат лица за финансиски криминал од поголеми размери, но најавеното соопштение изостана, зашто претресите уште траат. „По наредба на надлежен обвинител, се врши претрес на повеќе локации низ државата и се обезбедуваат лица осомничени за ...
Американската војска зазеде уште еден танкер поврзан со Венецуела, во пресрет на средбата на Доналд Трамп со венецуелската опозиционерка и нобеловка Марија Корина Мачадо. Ова е шеста таква акција од средината на декември и официјални лица кажа дека се случила во Карибите. Јужната команда на американската војска соопшти дека танкерот „Вероника“, кој пловел под знамето на Гвајана, бил заземен без инцидент. Министерката за внатрешна безбедност ...
За време на василичарските одбележувања во селото Мокриево, Општина Ново Село, деновиве се собраа повеќе посетители отколку што селото има жители. Во рамки на традиционалните „Странчинарски игри“, кои мештаните ги организираат секоја година, учествуваа десетина маскирани групи со околу 200 василичари, а манифестацијата ја следеа неколку стотини посетители од различни делови на Македонија и од странство. Карневалот се одржа во планинското село ...
На вчерашната лидерска средба на претставниците од парламентарните партии која се одржа во Скопје, освен донесените заклучоци, кај јавноста уште поголем интерес предизвикаа возилата со кои пристигнаа најголемиот дел од учесниците. Меѓу нив најмногу се истакнуваше големото црно БМВ серија 7 со кое пристигна Билал Касами, лидерот на Движењето БЕСА. Касами првпат го гледаме да го користи ова возило кое, според ценовникот на увозникот чини ...
Општина Могила и годинава во буџетот предвиде пари за финансиска помош за новороденчиња и новосклучени бракови. Градоначалникот Драганчо Саботковски соопшти дека Општината континуирано продолжува да инвестира во иднината и семејството давајќи 10.000 денари за првородено дете, 15.000 денари за второродено и 30.000 денари за трето дете. Исто така, Општината ќе ги поддржи и новосклучените бракови со по 20.000 денари. „Ова не е само финансиска ...
Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска и вонредната професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ денеска во Собранието дадоа свечена изјава за нови членки на Судскиот совет пред претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши. Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, им честиташе на новите колешки и рече дека тие претставуваат додадена вредност за Советот. Според него, со нивното доаѓање институцијата ќе може да застане на здрави нозе и ...
Од 5 до 11 јануари во земјава се пријавени 2.3221 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, 34,6% повеќе во споредба со претходната недела, кога имало 1.725, кажа денеска д-р Драган Кочински, раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со втората недела од минатата сезона (1.053) е зголемен за 2,2 пати, а во ...
Војници од Франција, Германија, Шведска и Норвешка почнаа да пристигнуваат на Гренланд за да помогнат во зајакнувањето на безбедноста на островот, откако разговорите помеѓу САД, Данска и Гренланд го нагласија „фундаменталното несогласување“ помеѓу владата на Трамп и европските сојузници. „Првите француски воени елементи се на пат, други ќе следат“, изјави претседателот Емануел Макрон. Данскиот министер за одбрана Трелс Лунд Поулсен изјави ...
Соединетите Американски Држави привремено ги ставија на пауза постапките за издавање иселенички визи, но тоа не влијае врз другите категории за студенти, стопанственици и туристи, изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. По средбата со раководството на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Муцунски одговараше на новинарски прашања за одлуката на Стејт департментот ...
Македонија се задолжи за една милијарда евра преку издавање на десеттата по ред еврообврзница. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека постигнатите каматни услови се меѓу најповолните во регионот и пошироко, што според неа ја потврдува позицијата на државата како стабилен и кредибилен издавач на меѓународните финансиски пазари. Како што кажа министерката, задолжувањето е реализирано преку две транши од по 500 милиони ...
Доналд Трамп кажа дека Украина, а не Русија кочи можен мировен договор, наспроти европските сојузници на Киев, кои сметаат дека Владимир Путин не е многу заинтересиран за завршување на војната. Тој вели дека Путин е спремен да стави крај на речиси четиригодишната војна, но Володимир Зеленски бил повоздржан. „Мислам дека Путин е спремен да склучи договор. Мислам дека Украина е помалку спремна“, рече Трамп, додавајќи дека Зеленски е виновен што ...
Болен астронаут се врати на Земјата со тројца свои колеги, прекинувајќи ја мисијата на Меѓународната вселенска станица еден месец порано од предвиденото, што беше првата медицинска евакуација на НАСА досега. Нивната капсула падна во Тихиот Океан близу Сан Диего 11 часа откако ја напушти станицата. „Убаво е повторно да се биде дома“, изјави заповедничката на капсулата Зина Кардмен. На Меѓународната вселенска станица сега се останати само еден ...
За новогодишно украсување во 2025 година Општините потрошиле 785 илјади евра, покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Тендерски постапки за украсување во пресрет на новата 2026 година спровеле 36 Општини, а 31 од овие 36 Општини доставиле податоци за склучените договори за украсување до Бирото за јавни набавки. „Тендерите за новогодишно украсување се спроведувани главно без конкуренција. Просечниот број понуди по ...
Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф го означи почетокот на втората фаза од мировниот план за Газа, кој предвидува формирање технократска палестинска влада. Во рамките на првата фаза, која почна во октомври, Израел и Хамас договорија примирје, размена на заложници и затвореници, делумно повлекување на израелската војска и достава на помош во Газа. Виткоф кажа дека во следната фаза ќе се одвиваат обнова и целосна демилитаризација на ...
Доналд Трамп изјави дека Иран нема планови да егзекутира демонстранти, но и натаму не ја исклучува можноста за американска воена акција против земјата поради насилното задушување на антивладините протести. Тој исто така кажа дека добил информации дека убивањата запреле, откако од почетокот на протестите на 28 декември загинале околу 2.600 луѓе. „Многу важни извори од другата страна ме известија за развојот на настаните и се надевам дека тоа е ...
Данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен изјави дека американско преземање на Гренланд е апсолутно непотребно, но призна дека не знае дали ќе се договорат со САД за островот. Тој и неговата гренландска колешка Вивијан Моцфелд се сретнаа со американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс и државниот секретар Марко Рубио во Вашингтон, а Доналд Трамп претходно ги повтори своите амбиции за преземање на Гренланд, сметајќи дека тоа е од ...
Администрацијата на Доналд Трамп ја суспендира обработката на имигрантските визи за апликанти од 75 земји, потврди портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот. Одлуката ја опфаќа и Македонија, според листата на предложени земји, што во целост ја објави „Фокс њуз“. Пигот не даде детали за планот, што прв го објави „Фокс њуз“, кој се повика на меморандум од Стејт департментот. Од европските земји, покрај Македонија, на листата се наоѓаат и ...
Данска објави дека нејзината војска ќе го зголеми своето присуство на и околу Гренланд, додека се засилуваат заканите од Доналд Трамп дека ќе го преземе островот, за што не исклучи и употреба на сила. „Ова вклучува распоредување на војници, бродови и летала. Тоа ќе биде направено во тесна соработка со нашите сојузници, бидејќи геополитичките тензии се проширија на Арктикот“, соопштија данските вооружени сили. Данска додаде дека во засиленото ...