Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро ја критикуваше европската неактивност во својот говор на Светскиот економски форум во Давос, велејќи дека континентот изгледа изгубено и останува заробен во бесконечно повторување на неуспехот да се одбрани или решително да ја поддржи Украина. „Сите се сеќаваме на одличниот американски филм ‘Денот на мрмотот‘, но никој не би сакал да живее така. А, сепак, токму така живееме сега“, кажа ...
Обоистката од Оркестарот на Националната опера и балет (НОБ) Татијана Петрушевска е суспендирана од работа од генералниот директор Оливер Арсовски, има забрана за влез во матичната куќа додека трае дисциплинската постапка против неа и платата ѝ е намалена на 50 отсто, соопшти Синдикатот на културата на Македонија. Оттаму велат дека Петрушевска е суспендирана спротивно на сите законски процедури, без правна основа и со грубо кршење на ...
Доналд Трамп му испрати порака на Владимир Путин дека војната во Украина мора да запре откако денеска се сретна со Володимир Зеленски на маргините на Светскиот економски форум во Давос. По средбата која траеше еден час, Трамп кажа дека имал многу добар разговор со Зеленски, без да изнесе детали. Тој вчера изјави дека крајот на војната е „разумно блиску“ и ги испрати специјалниот пратеник Стив Виткоф и својот зет Џаред Кушнер на разговори со ...
Советот на Општина Куманово не ја стави на дневен ред точката по која требаше да се расправа за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Куманово кои работеле во американските бази во Ирак и Авганистан, а се однесуваат на ретроактивното оданочување. Иницијативите за оваа точка биле поднесени од засегнатите граѓани, како и од советниците на „Ред за Куманово“, но беше одбиена со образложение дека Советот нема надлежност да одлучува по ова ...
„Грешници“ на Рајан Куглер ќе биде најголемиот фаворит на 98. Оскари откако доби рекордни 16 номинации од 24-те категории, следен од „Една битка по друга“ со 13. Церемонијата на доделувањето е на 14 март, а ќе ја води комичарот Конан О‘Брајен. Покрај нив, за најдобар филм се номинирани и „Формула 1“, „Франкенштајн“, „Хамнет“, „Марти величествениот“, „Сентиментална вредност“, „Тајниот агент“, „Бугонија“ и „Train Dreams“. Тимоти Шаламе („Марти ...
Предметот за перење пари од страна на поранешни функционери од ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски застарува дури во 2035 година и поради тоа обвинителката Ленче Ристоска вели дека нема да се откаже од гонење на сторениот криминал, иако трпи навреди и притисоци од власта секој ден. Додека чека Советот на јавни обвинители да се состане по пријавата против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој ја навреди јавно во интервју, таа поднела ...
Колку публика имал македонскиот филм во кино ќе влијае на тоа дали некој треба да добие пари за следен филм или не, односно, дека треба да се земе во предвид колку претходните филмови на продуцентот и режисерот се прикажувани во Македонија, рече директорот на Агенцијата за филм Сашко Мицевски на пресконферецијата по повод светската премиера на дебито „17“ на Косара Митиќ на Берлинале. „Убаво е сè, успех на еден-два фестивали, меѓутоа има едно ...
Почина 79-годишната жена од Битола која пред шест дена беше претепана од 28-годишниот внук Т. Р. во заедничкиот дом на улицата Лавчанска корија во Битола. Таа беше погребана денеска на Светонеделските гробишта во Битола. Таа им подлегна на тешките телесни повреди што ѝ предивикале крвавења и нагмечувања на мозокот, скршеници на ребрата и исчашувања на коски. Повредената во бессознание била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде што ...
Четири услуги од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) се достапни на националниот портал за услуги uslugi.gov.mk , најавија денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски и директорот на ФЗО, Сашо Клековски. Три од нив се наменети за физички, а една за правни лица. За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, потврда за осигурено ...
Пред старата полициска станица во Теарце денеска на комеморативен собир беше одбележана 25-годишнината од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски. На денешен ден во 2001, терористичка група на т. н. ОНА со ракетен фрлач ја нападна полициската станица. Од експлозијата на проектилот загина полицаецот Момир Стојановски, а беа повредени уште тројца полицајци. Одбележувајќи ја годишнината, Одборот на бранители, претставници од Министерството ...
Доналд Трамп го претстави својот Одбор за мир, кој првично требаше да се фокусира на Газа, но тој кажа дека би можел да има поширока улога и да решава конфликти низ светот. „Откако Одборот целосно ќе се формира, ќе можеме да правиме што сакаме. И ќе го правиме тоа во согласност со Обединетите нации“, рече американскиот претседател. Трамп, кој ќе претседава со Одборот, покани десетици светски лидери да се приклучат. Освен САД, ниедна друга ...
Судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд Скопје во прелиминарните изјави пред судија на претходна постапка за притворот, кажал дека фатените непријавени 350.000 евра во дупка во ѕид во куќата во Неготино, му се од земјоделие. На новинарски прашања на денешниот брифинг во Обвинителството за организиран криминал и корупција, беше кажано дека Ристов рекол оти стотиците илјади евра му се од садење и продавање грозје. „Ќе видиме, може ќе покаже ...
Албанскиот премиер Еди Рама ја нагости Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател, во Валона откако владата минатата година одобри луксузен проект што ќе го гради компанија на нејзиниот сопруг Џаред Кушнер. Комитетот за стратешки инвестиции, што го води Рама, го прифати предлогот на „Атлантик инкјубејшн партнерс“ за изградба на луксузен ресорт од 45 хектари на малиот ненаселен остров Сазан, кој некогаш бил воен пункт. Вредноста на ...
Владимир Путин кажа дека сопствеништвото врз Гренланд не е грижа на Русија и дека САД и Данска меѓусебе треба да го решат овој спор. Русија со голема радост гледаше како обидите на Доналд Трамп да го преземе Гренланд го продлабочуваат јазот помеѓу Европа и САД, иако неговите потези би можеле да имаат последици и за Русија, која веќе има силно присуство на Арктикот. Вчера во Давос, Трамп малку се повлече, па се откажа од заканата со нови ...
Доналд Трамп денеска ќе се сретне со Володимир Зеленски на Светскиот економски форум во Давос, додека американските претставници Стив Виктоф и Џеред Кушнер ќе бидат кај Владимир Путин во Москва за да разговараат за можен мировен план за Украина. Трамп вели дека завршувањето на војната е „разумно блиску“, повикувајќи ги двете страни да склучат договор. „Мора да ја запреме оваа војна. Верувам дека сега се во фаза кога можат да се здружат и да ...
Доналд Трамп објави дека САД разгледуваат можен договор за Гренланд откако вчера разговараше со шефот на НАТО, Марк Руте, на Светскиот економски форум во Давос и потоа се откажа од заканите за воведување нови царини за осум европски сојузници. Тој понуди малку детали за разговорите, што двајцата ги опишаа како продуктивни, но дипломатски извори изјавија за Си-Би-Ес дека со договорот не се исполнува барањето на Трамп за американска контрола ...
Доналд Трамп објави дека нема да воведе нови царини за осум европски сојузници, што требаше да стапи во сила на 1 февруари. Оваа мерка се однесуваше на Велика Британија, Франција, Германија, Холандија, Данска, Шведска, Норвешка и Финска, кои отворено се спротивставија на неговите амбиции за преземање на Гренланд. „По многу продуктивен состанок со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, тие ја формираа рамката за иден договор во однос на ...
Европските крајнодесничарски и популистички партии се дистанцираат од Доналд Трамп поради воениот упад во Венецуела и неговиот обид за преземање на Гренланд. Администрацијата на Трамп им даде јавна поддршка на крајнодесничарските европски партии, со кои дели сличен став за прашања како имиграција и климатски промени, помагајќи во легитимирањето на движењата кои долго време се соочуваа со стигма дома, а сега се во подем. Во новата Стратегија ...
Европскиот парламент донесе одлука да се замрзне спроведувањето на трговскиот договор помеѓу Европска Унија и САД поради барањето на Доналд Трамп за преземање на Гренланд и неговите закани со нови царини. Договорот беше постигнат во Шкотска минатиот јули. „Немаше алтернатива освен да се суспендира одобрувањето на трговскиот договор помеѓу ЕУ и САД поради континуираните и ескалирачки закани на САД во врска со Гренланд. Со загрозувањето на ...
Доналд Трамп побара веднаш да почнат преговори за американско преземање на Гренланд, обраќајќи им се на присутните на Светскиот економски форум во Давос. Тој пристигна во Швајцарија со неколкучасовно доцнење откако на неговиот авион се појавил мал електричен проблем, поради што морал да се врати назад. „Имам огромна почит кон народите на Гренланд и Данска. Гренланд е огромна, речиси ненаселена и неразвиена земја која седи незаштитена. Таму ...
По неколкудневни конфликти, кога малку недостасуваше да дојде и до посериозен инцидент, Националниот парк (НП) „Шар Планина“ и економските оператори кои со ратраци носат скијачи во повисоките предели на Шар Планина, склучија договор со кој се регулира нивната работа на просторот на паркот. „Економскиот оператор по спроведен конструктивен дијалог и институционална координација, изрази целосна подготвеност за почитување на Планот за управување ...
Филмот „17“ не се занимава со барање одговори, не се занимава со обвинување, со морализирање, догматизирање, туку се занимава со тој одговор, односно тие луѓе, институции и тишини кои дозволиле такво нешто да се случи, девојка којашто отишла на апсолвентска екскурзија, се породила, го ставила бебето во корпа за отпадоци и се вратила назад на патувањето како ништо да не се случило, рече режисерката Косара Митиќ на денешната прес-конференција. ...
Изминатиов период поскапеа билетите за културните настани од програмите во неколку државни институции, како Драмскиот театар во Скопје, Филхармонијата и Националната опера и балет (НОБ). Овие институции се целосно финансирани од државниот буџет, од кој се исплаќаат програмите, вработувањата и материјално-техничкото одржување на објектите. Поскапувањето предизвика реакции дека овие државни институции со вакви цени им оневозможуваат на сите ...
Вработен во Основниот суд во Гостивар бил уапсен под сомнение дека побарал 100 евра поткуп. Тој за тие пари требал да поништи судска казна од 200 евра и шестмесечна забрана за управување возило која ја добило лице од Гостивар. Судскиот службеник е лишен од слобода поради сомнение дека сторил кривично дело Примање поткуп. „На 20.01.2026 во 20.10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А. Ј. (49) од ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кажаа дека нема да се сретнат со Доналд Трамп за време на Светскиот економски форум во Давос, а оттаму си заминал и францускиот претседател Емануел Макрон. Трамп со тричасовно доцнење пристигна во Швајцарија откако по првичното полетување се појавил електричен проблем на неговиот авион „Ер форс уан“, па мораше да се врати назад и повторно да ...
Дивиот растителен свет во Преспа е контаминиран со 19 различни пестициди, најмногу има во околината на Претор и Ресен, соопшти Македонското еколошко друштво (МЕД). Од сите анализирани пестициди, со најголема концентрација се издвојуваат aцетамиприд, mириметанил и pираклостробин, во чии упатства пишува дека се користат и за третман на овошни насади. Податоците се од истражувањето во рамки на Програмата за поддршка на млади еколози „Д-р Љупчо ...
Еден милиони евра е тендерот кој Град Скопје го склучи со приватна фирма за чистење на снегот од улиците низ градот. Договорот за ангажирање на специјални возила за зимско одржување на сообраќајници е склучен на 29 октомври лани со фирмата „Нексос инженеринг“ од Скопје. На тендерот имало две понуди, а договорот е склучен за период од 24 месеци. Граѓани се жалат дека утрово улиците во Скопје не биле исчистени навремено, односно не се ...
Жителите на Киев собираат снег за вода дома, спијат со ракавици, капути и капи, се греат на гасни шпорети и поставуваат шатори внатре за да ја преживеат најстудената и најтемна зима во речиси четиригодишната војна. „Кога нема електрична енергија, нема ни греење, тоа значи дека станот замрзнува“, рече Антон Рибиков, татко на две мали деца. Тој рече дека еден од неговите синови неодамна добил пневмонија откако температурите во станот паднале на ...
Здружението на судии инсистира на спроведување темелна, прецизна и транспарентна истрага за случајот со притворениот судија од Апелациониот суд во Скопје. Тие велат дека надлежните органи мора да ги утврдат сите релевантни факти и околности, вклучително и можноста во случајот да биле инволвирани и други лица. Од Здружението велат дека истражувањето на овој случај не смее да биде селективно и мора да се спроведе со целосна почит кон законските ...
Управниот одбор на АД ЕСМ донесе одлука за времено именување координатори во двата клучни енергетски капацитети во државата. За координатори со целосни овластувања за раководење со комбинатите се именувани Иван Куковски во РЕК „Битола“ и Владимир Пејоски во РЕК „Осломеј“. Од ЕСМ соопштија дека ваквите мерки се преземени „во насока на динамизирање на инвестициските планови и интензивирање на активностите за обезбедување стабилно производство ...