Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Доналд Трамп му рекол на норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе дека повеќе не се чувствува обврзан да се фокусира исклучиво на мирот откако лани не му беше доделена Нобеловата награда за мир. Тој му пратил писмо на Сторе среде засилените барања за преземање на Гренланд, велејќи дека го променил пристапот кон меѓународните прашања. „Драг Јонас, бидејќи вашата земја одлучи да не ми ја додели Нобеловата награда за мир за запирање на повеќе од осум ...
Ќе се поставува споменик на првиот градоначалник на Скопје, Јосиф Михајловиќ-Јурукоски. Тој бил на функцијата со мали прекини од 1929 до 1941 година и се смета за „татко на модерното Скопје“. Во буџетот за култура на Град Скопје за 2026 година предвидени се еден милион денари за изработка на спомен-обележје на Михајловиќ-Јурукоски. „Сметавме дека оваа личност, татко на модерното Скопје, заслужува едно такво обележје во главниот град. Во ...
Доналд Трамп изјави дека Данска не сторила ништо за да ја отстрани руската закана од Гренланд, додавајќи дека сега е време за тоа. Тој ги засили своите закани за преземање на Гренланд во последно време, при што најави воведување царини за осум европски сојузници кои отворено се противат на тоа. „НАТО ѝ кажуваше на Данска 20 години дека мора да ја отстрани руската закана од Гренланд. За жал, Данска не беше во можност да направи ништо во врска ...
Најмалку 39 луѓе загинаа, а десетици се повредени во судир на возови во јужна Шпанија и властите предупредија дека бројот на жртви на најтешката железничка несреќа во земјата во последните десетина години би можел да расте. Вагоните од возот кој патуваше за Мадрид излетаа од шини и преминаа на соседната пруга, при што се судрија со друг воз во Адамус во близина на Кордоба. Во двата воза имало вкупно 400 патници и членови на екипажот. Според ...
Обвинителството и МВР му фатија 350.000 евра на судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд во Скопје кои биле соѕидани во ѕидот на куќата на неговите повозрасни родители во Неготино. Но, ѕидовите и натаму се прекопуваат, се бараат уште пари на Ристов, за кого со години граѓани, но и негови колеги зборуваат дека зема мито од странки за да ги ослободува од притвор или казни, да им дава олеснителни околности, да чува предмети и друго. ...
Нема нови автобуси на улиците во Скопје, па и понатаму се вози по редуциран возен ред и нема редовно возила. Град Скопје годинава не планира да купи нови автобуси бидејќи, како што неколкупати кажа градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, возила ќе набави Владата. Но, тендерот на Министерството за транспорт и врски уште не е распишан, па во првата половина од годинава нови автобуси нема да има. Министерството за транспорт и врски во јуни распиша ...
Со воведувањето на системот за електронско фактурирање, Македонија започнува ново поглавје во дигитализацијата на економијата. Е-фактурата не е само замена на хартиената фактура со дигитална, туку целосна системска реформа која ќе донесе намалување на административниот товар, подобрување на внатрешните контроли, побрза и посигурна деловна комуникација и реална слика за побарувањата помеѓу субјектите во реално време. „Даталаб М“ веќе има ...
Моќна снежна бура го погоди полуостровот Камчатка на Далечниот Исток на Русија, затрупувајќи улици и домови со огромни купишта снег. Локалните жители ја опишуваат ситуацијата како „снежна апокалипса“. (Фото: Икс) Обилни снежни врнежи не се невообичаени на Камчатка, но големиот интензитет на бурата го парализираше тамошниот главен град Петропавловск Камчатски, каде што загинаа најмалку две лица, објавија руските медиуми. Наносите достигнале ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги нападна своите сонародници поради нивната склоност да земаат боледување, прашувајќи зошто еден вработен зема скоро три недели отсуство од работа поради болест или повреда секоја година. Мерц рече дека треба да се преиспита политиката со која им се дозволува на лекарите да издаваат боледувања по телефонски консултации. Мерката беше воведена во 2021 и на неа се спротивставија конзервативците на Мерц и ...
Драстично е намален бројот на сообраќајни прекршоци што дневно ги регистрираат камерите на „Безбеден град“, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски. Ако во првите денови кога камерите почнаа да снимаат биле регистрирани и по 100.000 прекршоци дневно, сега таа бројка е намалена на 2.000-3.000. „Проектот ‘Безбеден град“ ги постигнува своите хумани цели. Бројките за јануари се уште поохрабрувачки во споредба со декември. Тоа значи дека имаме ...
Граѓани кои денеска сакаа да се качат на врвот на Водно им се налутија на вработените од жичницата, кои решија да направат пауза, иако на таблата пишува дека пауза на секои половина час се прави само во работните денови. На Средно Водно околу 11:30 часот имаше малку луѓе и жичницата работеше без прекин. Вработените тогаш ја затворија оградата за влез, велејќи дека за нив и недела е работен ден и дека имаат право да направат пауза кога има ...
Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Како што кажа директорот на Клиниката, Фадил Цана, лицето било донесено во тешка состојба и било со коморбидитети. Ова е втор починат од грип годинава. „Пациентот беше донесен со развиена масивна пневмонија и акутен респираторен дистрес синдром. Не бил вакциниран за сезонски грип, иако бил во групата на пациенти што ...
Тројца чешки скијачи загинаа во лавина во централна Австрија, со што бројот на починати во австриските Алпи вчера порасна на осум. Лавините низ Алпите одземаат животи од минатата недела по обилните снежни врнежи. Последните жртви се тројца чешки скијачи, кои загинаа во покраината Штаерска откако целосно биле затрупани, објави полицијата. „Итните служби успеаја да ги лоцираат жртвите. И покрај брзата реакција, тие се пронајдени мртви“, соопшти ...
(Од Берлин за САКАМДАКАЖАМ.МК: Марина КОСТОВА) „Сентиментална вредност“ на норвешкиот автор Јоаким Триер е најдобар европски филм и освои вкупно 6 европски оскари на 38. доделување на Европските филмски награди во Берлин. Триер доби и за најдобар режисер и за сценарист со Ескил Вогт, Ренате Ренсве за најдобра актерка, Стелан Скарсгард за најдобар актер и полската композиторка Ханија Раби за најдобра музика. Шпанскиот „Сират“ на Оливер Лаше, ...
Во изминатите 12 месеци, еден од четири ученици (25%) изјавил дека се коцкал за пари. Коцкањето со физичко присуство е почесто (21%) отколку онлајн коцкањето (15%), иако и двете се значајно застапени. Проблематичното коцкање се зголемило од 4,5% во 2019 на 7,6% во 2024 кај оние кои се коцкаат (9,3% од момчињата и 4,1% од девојчињата во 2024), велат заклучоците на истражувањето на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Извештајот на ИЈЗ насловен ...
Мегаракетата на НАСА е преместена на лансирната рампа во Кејп Канаверал во Флорида, додека започнуваат последните подготовки за првата мисија со човечки екипаж кон Месечината по повеќе од 50 години. Системот за лансирање висок 98 метри беше носен вертикално од зградата за склопување возила, а патувањето од шест и пол километри до рампата траеше дури 12 часа. Сега кога е на позиција, ќе се одржат последните тестови и проверки и генерална ...
Лидерите на Европската Унија предупредија на „опасна надолна спирала“ поради најавите на Доналд Трамп дека ќе воведе нови царини за осум европски сојузници поради нивното отворено противење на американско преземање на Гренланд. Амбасадорите од 27-те членки на ЕУ ќе одржат итен состанок денеска за да разговараат за нивниот одговор на заканата од царини. „Царините би ги поткопале трансатлантските односи и би ризикувале опасна надолна спирала. ...
Илјадници луѓе денеска протестираа во Данска и Гренланд против плановите на Доналд Трамп за преземање на полуавтономната данска територија. Протести се одржаа во Копенхаген, Орхус, Оденсе, Олборг и други дански градови, како и во Нук, главниот град Гренланд и беа организирани од дански и гренландски невладини организации. Тие се совпаднаа со посетата на двопартиска делегација на американскиот Конгрес, чиј лидер сенаторот Крис Кунс кажа дека ...
Доналд Трамп објави нови царини за низа европски земји кои извезуваат во САД, што ќе почне да се применува на 1 февруари. Тој кажа дека мерката ќе остане во сила сѐ додека не се постигне договор за целосно преземање на Гренланд од страна на САД. „Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска ќе подлежат на царина од 10% за сите добра што ги извезуваат во САД. На 1 јуни, царината ќе биде зголемена на ...
Европската комисија разгледува начини за брз прием на Украина во Европска Унија како дел од мировен договор со Русија, при што таа не би добила полноправно членство веднаш, туку би го стекнала низ процес на транзиција, изјавија европски функционери. Идејата, која е во рана фаза, е замислена како гест за Украинците кои бараат членство во ЕУ како дел од повоената безбедносна гаранција од Европа и интеграција со западот. Членството на Украина во ...
Претседателот Јовери Мусевени е прогласен за победник на изборите во Уганда, продолжувајќи го своето четиридецениско владеење за уште пет години. Изборната комисија објави дека тој освоил 72% гласови, а неговиот главен противкандидат Боби Вајн 25%. Поранешниот поп-пејач обвини за местење на изборите и ги повика своите поддржувачи на ненасилни протести. Тој кажа дека ноќеска избегнал апсење од безбедносните сили и сега се крие. Изборите беа ...
Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, го обвини Доналд Трамп за протестите во земјата, откако групите за човекови права соопштија дека илјадници луѓе загинаа во насилното задушување од страна на безбедносните сили. Протестите почнаа на 28 декември поради растечките економски проблеми и прераснаа во широки демонстрации, на кои се бараше крај на верското владеење во Иран. Повикувајќи ги Иранците да продолжат да протестираат, Трамп ...
Повреден е еден ренџер од Националниот парк „Шар Планина“ при кавга помеѓу вработени и лица од еден оператор кој со ратраци превезува скијачи до разни делови на планината. Еден од операторите вчера се обидел со неколку ратраци да превезе скијачи, но вработените од Националниот парк го попречиле, бидејќи, како што велат, операторот немал склучено договор со Националниот парк за вршење на оваа дејност. Во еден момент за малку бил избегнат ...
Функционери од Белата куќа разговарале со тврдокорниот министер за внатрешни работи на Венецуела, Диосдадо Кабељо, со месеци пред американскиот упад во земјата, кога беше заробен претседателот Николас Мадуро и во меѓувреме ја продолжиле комуникацијата, изјавија четири добро упатени извори за „Ројтерс“. Тие го предупредиле 62-годишниот Кабељо да не ги користи безбедносните сили и милитантните поддржувачи на власта за напади врз опозицијата. ...
Предлог-законот за заштита од пушење нема да биде удар за угостителите, смета министерот за здравство Азир Алиу. Тој вели дека искуствата од европските земји кои веќе воведоа вакви законски решенија, како Ирска и Велика Британија, покажуваат дека овие мерки не претставуваат удар по угостителството и неговите приходи, туку транзиција кон поуреден, поквалитетен и попредвидлив амбиент во угостителските објекти. „Ваквите мерки овозможуваат ...
Град Скопје годинава како мерка за заштита на животната средина ќе доделува субвенции за инвертери, велосипеди и за чистење оџаци. Во програмата за заштита на животната средина предвидени се субвенции од 20.000 денари за промена на начинот на греење, односно за набавка на инвертер клими. Во буџетот за 2026 година за оваа мерка се предвидени четири милиони денари, што значи дека субвенции ќе има за 200 домаќинства. За купување велосипед се ...
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори истрага против 20 лица кои се сомничат дека го оштетиле државниот буџет за вкупно 297.733.844 денари. Во обемна акција спроведена на 16 локации низ државата, истражителите со асистенција на МВР заплениле фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати на правни лица. Истрагата открива дека криминалната група била формирана во текот на 2023 година од ...
Земањето парацетамол за време на бременост е безбедно и нема докази дека го зголемува ризикот од аутизам, АДХД и развојни проблеми кај децата, покажа ново големо истражување. Експертите велат дека бремените жени можат да им веруваат на наодите, кои се спротивставуваат на контроверзните тврдења на американскиот претседател Доналд Трамп дека парацетамолот не е добар и дека бремените жени не треба да го земаат. Неговите ставови тогаш беа ...
Белата куќа ги објави членовите на Одборот за мир за Газа, кој ќе ја надгледува работата на палестинската технократска влада, што е дел од втората фаза од мировниот план на Доналд Трамп. Меѓу основачките членови на Одборот се бившиот британски премиер Тони Блер, државниот секретар на САД, Марко Рубио, американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џеред Кушнер. Бугарскиот политичар Николај Младенов, поранешен специјален ...
Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царини за земјите кои не се согласуваат со неговите амбиции за анексија на Гренланд. Тој не кажа кои земји би можеле да бидат погодени со оваа мерка, ниту како би го реализирал ова. Бројни земји отворено кажаа дека се противат на неговите амбиции за преземање на Гренланд, за што постои скептицизам и во САД. Додека тој зборуваше на состанок во Белата куќа, двопартиска конгресна делегација беше на Гренланд ...