Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Фатениот претседател на суд со мито Алјеса Алији од Гостивар е претходно најамнестираниот судија од страна на Судскиот совет, за крупни грешки што ги потврди и Државниот завод за ревизија, а за кои никогаш не одговараше. Обвинителството за организиран криминал и корупција ги фати него и судски службеник од Основниот суд Гостивар во земање мито од 8.000 евра. Од вчера тие се под истрага за кривично дело Примање награда за противзаконито ...
Доналд Трамп го предупреди Тајван да не прогласува формална независност, откако во изминатите два дена имаше неколку средби со кинескиот претседател Шји Џинпинг. „Не барам некој да стане независен“, изјави американскиот претседател за „Фокс њуз“ по неговиот дводневен самит во Пекинг. Тајванскиот претседател Лаи Чинг-те претходно изјави дека Тајван не треба да прогласи формална независност бидејќи веќе се смета себеси за суверена нација. САД ...
1 Откако премиерот Христијан Мицкоски ни кажа дека му се јавил на Државниот јавен обвинител Ненад Савески за да го праша за запирањето на едногодишната истрага за наводни незаконски јавни набавки на мазут за ТЕЦ Неготино, Савески кажа дека никого не може да спречи да го побара на телефон. Рече дека со Мицкоски првпат се слушаат и дека не разговарале за детали за конкретен предмет. А за што разговарале? Претседателката Гордана ...
Началникот на белградската полиција Веселин Милиќ е уапсен денеска во врска со исчезнувањето на Александар Нешовиќ-Баја од еден ресторан во Белград на 12 мај. Телото на Нешовиќ е пронајдено денеска покрај автопатот кај Шимановци. Српските медиуми објавија дека Нешовиќ бил убиен од огнено оружје од Саша Вуковиќ во еден ресторан во населбата Сењак, каде што убиениот седел во друштвото на Милиќ. Според „Данас“, Милиќ го повикал Вуковиќ во ...
За 12 часа се распродадени картите за настапот на диџејот Дејвид Гета на арената „Тодор Проески“ за прославата на 35 години независност на Македонија што ќе се одржи на 8 септември. Продадени се 50.000 влезници. „Повеќе од 250.000 луѓе, голем дел од нив во ист момент, се приклучија на avalonbooking.mk, што предизвика потешкотии при логирањето и купувањето влезници кај дел од корисниците, земајќи предвид дека побарувачката евидентно го надмина ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека во наредниот период ќе има акција и казни за оние кои возат мотори со огромна брзина низ улиците. Тој рече дека вистинските моторџии кога возат низ град ги почитуваат сообраќајните правила и мерките кои ќе бидат преземени нема да се однесуваат за нив. „Најавувам дека за тие кои глумат дека се моторџии, односно возат мотор без кацига, со далеку поголема брзина, возат на црвено светло, го ...
„Јас сум вработен во Универзална сала од 2019 и логично е човек од внатре да биде в. д. директор“, вели водителот Мирослав Кацаров, кој од вчера е поставен на оваа функција од скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Кацаров вели дека претходно бил вработен во програмскиот сектор за сценска дејност и организирање настани. Јавната установа (ЈУ) Универзална сала Скопје, според Кацаров, сега има повеќе од 20 вработени, а канцелариите се во ...
Петмина Италијанци загинаа во несреќа при нуркање на Малдиви, соопшти Министерството за надворешни работи на Италија. „Се верува дека нуркачите загинале додека се обидувале да истражуваат пештери на длабочина од 50 метри“, соопшти Министерството. Четворица биле дел од тим на Универзитетот во Џенова, вклучувајќи ја професорката по екологија Моника Монтефалконе (51). Нејзината ќерка, студентка на овој универзитет, исто така загина. Војската на ...
Володимир Зеленски положи црвени рози кај урнатините на станбената зграда во Киев, која беше погодена во вчерашниот масивен руски воздушен напад, при што загинаа најмалку 24 луѓе, вклучувајќи три деца. „Нашите спасувачи работеа без прекин повеќе од еден ден. Русите практично срамнија со земја цел дел од зградата со нивниот проектил“, рече Зеленски. Русија лансираше повеќе од 1.500 дронови и десетици проектили кон Украина во изминатите два ...
Во Македонија има значителен пад од 30% на бројот на новороденчиња за изминативе 10 години, кажа денеска проф. д-р Елена Џикова, членка на Управниот одбор на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО. Асоцијацијата ја одбележува 5. по ред Недела на женско здравје. Д-р Џикова кажа дека според најновите демографски податоци од 2025, во Македонија се родени 15.500 новороденчиња. Тоа значи, вели, дека нашата држава бележи ...
Американските федерални власти покренаа обвиненија против двајца македонски државјани, Горан Спиридонов и Кристина Јанева, кои се товарат за организирање на масовна измама со лажни парични инструменти брендирани како „Трамп бакс“ (Trump Bucks). Според соопштението на Обвинителството за Јужниот округ на Њујорк и Федералното истражно биро (ФБИ), двајцата обвинети во моментов се наоѓаат во бегство во Македонија. Истрагата открива дека Спиридонов ...
Од 16 мај до 20 септември, забрането е пушење на цигари, вклучувајќи и електронски цигари, не само на крајбрежјето на Римини, Италија, туку на целата плажа, дури и под чадорите за сонце. Општинската администрација одлучи да ги заостри мерките против пушење, првично воведени во 2019, со проширувањето на забраната на целата плажа. Единствени исклучоци се специјално означените места што ги обезбедуваат концесионерите. Прекршителите се соочуваат ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ја напушти Кина, промовирајќи деловни договори кои не им донесоа многу радост на пазарите, додека Пекинг го предупреди Вашингтон околу Тајван и рече дека војната со Иран никогаш не требала да почне. Самитот беше исполнет со свечености, од големи приеми до раскошни банкети и приватни обиколки, додека Трамп постојано го фалеше својот домаќин Шји Џинпинг. „Ова беше неверојатна посета. Мислам дека многу ...
Судот за воени злосторства во Хаг го одби барањето за предвремено пуштање на слобода на тешко болниот Ратко Младиќ, 84-годишниот генерал на босанските Срби, осуден за геноцид и злосторства против човештвото. Младиќ служи доживотна казна затвор во притворската единица во Хаг. Тој поднел барање за предвремено пуштање врз основа на хуманитарни причини, зашто се наоѓа во напредна фаза на болест. Судот го одби барањето, иако потврди дека Младиќ се ...
Жителите на скопската населба Капиштец организирани во групата „За пристоен Капиштец“, собираат потписи против новите, поскапи цени за паркирање. Тие ќе ја достават петицијата до градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, Советот на Општина Центар и до директорот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ), Душко Коцевски. „На 15 април 2026, ЈП ‘Паркинзи на Општина Центар‘ донесе нов ценовник и нов правилник за користење на јавните ...
Основното јавно обвинителство од Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишниот битолчанец, за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело Убиство при вршење семејно насилство, квалификувано според член 123, став 2, точка 2 од Кривичниот законик. Од Обвинителството соопштија дека тој вчера наутро на спиење ја лишил од живот неговата поранешна вонбрачна партнерка, со која имал четири заеднички ...
Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, се сретна со својот кубански колега во министерството за внатрешни работи во Хавана, откако САД ја обновија понудата од 100 милиони долари за да се ублажат последиците од нафтената блокада. Куба соопшти дека средбата била обид да се подобри дијалогот, при што на Ретклиф му било кажано дека Хавана не претставува закана за американската национална безбедност. „САД се подготвени сериозно да се ангажираат во ...
Доналд Трамп изјави дека го губи трпението со Иран откако разговараше за војната со кинескиот претседател Шји Џинпинг во Пекинг. Белата куќа соопшти дека Трамп и Шји се согласиле дека Ормускиот Теснец треба да биде отворен, откако Иран го затвори за најголемиот број бродови по почетокот на американско-израелските напади на 28 февруари, што доведе до досега невидено глобално нарушување во снабдувањето со енергенси. Кина е најголемиот купувач ...
Кинескиот претседател Шји Џинпинг го предупредил Доналд Трамп дека лошото справување со нивните несогласувања околу Тајван може да ги доведе односите помеѓу Кина и САД на многу опасно место. Шји ги дал забелешките за Тајван на состанокот зад затворени врати, кој траеше повеќе од два часа, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. Вашингтон не го спомна Тајван во известувањето за разговорите во Пекинг. Американскиот министер за ...
Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од Битола, кое континуирано работи на превенција на насилство, најостро го осуди новиот случај на фемицид во Битола, во кој беше убиена 31-годишна жена како последица на семејно насилство. Од „Сумнал“ велат дека овој трагичен настан претставува уште едно сериозно предупредување дека насилството врз жените не смее да се третира како изолиран проблем, туку како длабок општествен и ...
Судија на претходна постапка при Основниот суд во Штип определи мерка притвор од 30 дена за штипскиот математичар А. Ш. (65), кој се сомничи за кривичното дело полова злоупотреба на малолетници, затоа што за време на обука во образовен центар во Штип допирал ученички, посетителки на школата. Случајот во полиција го пријавиле родителите на ученичките и блиски до нивните семејства, од кои некои биле вработени во правосудните органи. Професорот ...
Шестгодишно дете од пелагониското село Добрушево, Општина Могила, се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа која се случила додека управувало електричен тротинет, соопштија од СВР Битола. Несреќата настанала помеѓу тротинетот и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Х. Т. (30) од истото село. Двајцата се стекнале со телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Битола. Полициски службеници од СВР Битола го ...
Полицијата вчера поднела кривична пријава до Кумановското обвинителство против двајца лекари – мртвопроверители, кои тврделе дека жртвите на серискиот убиец, 25-годишниот овчар Т.Б. од село Малотино – Старо Нагоричане, починале од природна, а не од насилна смрт со убиство. Кај полицајците кои доаѓале на увид кај починатите жени не е најдена одговорност, бидејќи тие им верувале на лекарите кои тврделе оти нема сомненија за насилна смрт. ...
Покрај хартиените свидетелства, на крајот од тековната учебна година, учениците од прво до трето одделение за првпат ќе добијат и дигитални свидетелства, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Дигитализацијата е поддржана од „Македонски телеком“. „Оваа учебна година започнуваме со етапно воведување на дигиталните свидетелства. Тие ќе имаат идентична важност како и хартиените, кои постепено ќе се заменуваат, што ќе значи ...
На последната еко-генералка, што се спроведе минатиот викенд, штипските комунални служби и јавните комунални претпријатија констатираа дека за да се исчисти сиот отпад што неконтролирано се фрлал со години во околината на манастирот „Св. Недела“ (Мирјанина црква), потребни ќе бидат секојдневни чистења во наредните неколу месеци. „Од овој простор, со повеќе камиони во неколку наврати, во главната штипска депонија ‘Трештена скала‘ беа однесени ...
Денеска 31-годишна жена е убиена од нејзиниот 33-годишен сопруг во Битола. Убиецот е лишен од слобода. Убиството се случило на улицата Петта во битолската населба Баир. Од СВР Битола потврдија дека се работи за семејно насилство. „Денеска полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А. Р. (33) од Битола. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А. В. (31) од Битола, со која не живееле заедно, ...
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски упати апел од опозицијата за постигнување консензус во Собранието околу реформската агенда, конкретно за Изборниот законик и правосудните реформи, за да може земјата да ги користи средствата од европските фондови. Тој вели дека во наредниот период се очекува историски највисока исплата на средства за државата во рамките на европскиот План за раст, но за тоа е потребно да се донесат законски ...
Во куќата на нејзиниот татко, најверојатно на спиење, била убиена 31-годишната битолчанка Ајнет Вејсел, откако утрово околу 6:40 часот сопругот со кој живееле одделно, влегол во куќата и ја избодел со нож. Убиството се случи на улица Петта во битолската населба Баир. Сопружниците поради несогласувања живееле одвоено, а имаат четири деца. По убиството 33- годишнот А.Р. е лишен од слобода, а во координација со јавен обвинител, против него ќе ...
Кај 9 пациенти не се оправдани кардиохируршките и кардиолошките интервенции во јавните и приватните здравствени установи по кое било ниво, утврди меѓународната независна комисија откако лани кардиологот д-р Сашко Кадев обвини за непотребни операции во приватното здравство. Министерот за здравство Азир Алиу денеска потести дека лани беше формирана интерна комисија од девет врвни домашни медицински експерти, доктори во областа, како и правници ...
Поскапувањето на авионските билети во Европа е неизбежно поради високата цена на горивото за авиони, според шефот на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт, Били Волш. Иако некои авиокомпании неодамна ги намалија своите европски цени поради недостиг на побарувачка, Волш рече дека нема начин авиокомпаниите да ги апсорбираат дополнителните трошоци со текот на времето. „Дури и ако Ормускиот Теснец биде повторно отворен утре, влијанието ...