Денеска (06.06.2026) во 13:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Т.(81) од Куманово, поради основи на сомнение дека на улицата “Народна револуција” во Куманово запалил стрниште и сува трева. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот против С.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава. Денеска (06.06.2026) во 13:00 ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче организирал конференција на која зборувал за нивниот таканаречен, антикорупциски Закон, но дали на присутните им кажал дека во редовите на највисокиот партиски орган има лице осудено на затворска казна, Филип Андонов, и дека во притвор им е Стефан Богоев, некогашен младински претставник на партијата, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Венко Филипче. Претседателот на СДС, Венко ...

Земјите од НАТО разгледуваат нова воена финансиска помош од 70 милијарди евра за Украина, изјавија за Политико четири неименувани дипломатски извори, наведувајќи дека одлуката треба да биде објавена следниот месец за време на самитот на НАТО во Анкара. Изворите велат дека предлогот што го иницираше Германија минатиот месец вклучува нов механизам за зголемување на транспарентноста околу финансирањето на Украина, потсетувајќи дека некои земји ...

Пејачката Дуа Липа и британскиот актер Калум Тарнер официјално го започнаа раскошното свадбено славје во Палермо, кое според наводите ќе ги чини речиси два милиони долари. Двојката организираше коктел за добредојде во историската палата Palazzo Valguarnera Gangi, каде што угостија бројни познати личности. Невестата заблеска во бел фустан со реси и отворен грб, додека младоженецот се одлучи за елегантен беж костум. Младенците наводно платиле ...

На 05.06.2026 во 16:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Р.М.(49) од Велес, затоа што во здравствена установа во Велес го нарушил јавниот ред и мир со непристојно однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По преземени мерки било констатирано дека Р.М. бил под дејство на алкохол, односно измерени му биле 1,59 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска ...

Триесет и двегодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил електричен тротинет управуван од малолетник во Тетово. Според информациите од СВР Тетово, на 5 јуни околу 10:00 часот било пријавено дека на улицата „Илинденска“ електричен тротинет, управуван од 16-годишен малолетник од тетовското село Лисец, удрил во И.Ѓ. (32) од село Непроштено. По несреќата, повредената била пренесена во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска ...

Речиси 500 случаи на инфекција со вирусот ебола досега се потврдени во Централна Африка, додека расте загриженоста за потенцијалните размери на епидемијата на хеморагична треска, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Во дневниот извештај, СЗО евидентираше 452 потврдени случаи, вклучувајќи 82 смртни случаи во Демократска Република Конго, каде што епидемијата беше прогласена пред три недели. Во соседна Уганда се пријавени 19 ...

Седумдесет и осумгодишна жена е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила на 5 јуни во Скопје. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во 19:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Атанас Митрев“ патничко возило „Опел Вектра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.В. (24) од Скопје, удрило во пешакот С.О. (78) од Скопје. Во несреќата жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар го ограничи приливот на работници од надвор од Европската Унија со владин декрет објавен денеска во Државниот весник. Маѓар ја презеде функцијата на 9 мај откако неговата центристичка партија убедливо победина парламентарните избори во април. Унгарија вработува околу 90.000 работници од надвор од ЕУ, што претставува околу 2 проценти од работната сила. Повеќето од нив работат во производството на батерии и ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските дронови синоќа погодиле складиште за нафта во рускиот регион Краснодар и воена база во близина на Санкт Петербург. Тој на платформата Икс објави дека акцијата е дел од украинскиот одговор на руските напади. Русија мора да ја заврши војната и да ги запре нападите врз човечки животи. Секоја неправда извршена против Украина ќе добие фер одговор, истакна Зеленски. ...

Акцискиот план за малцинства е готов, усогласен со експерт од Европската комисија, како ниту една држава што го има направено и неофицијално е усогласен со дваесет и шест земји-членки, освен со една, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Институтот за јавно здравје во Скопје. Прашан до каде е Владата со Акцискиот план за малцинства и што конкретно има како барање таа една земја, Мицкоски ...

Македонскиот народен театар (МНТ) на 5 јуни оствари исклучително успешно гостување во Казалиште „Марин Држиќ“ во Дубровник, Република Хрватска, изведувајќи ја повеќекратно наградуваната претстава „12“, работена според култното дело „12 Angry Men“ од Реџиналд Роуз, во адаптација и режија на Синиша Евтимов. Ансамблот на МНТ, заедно со директорот Никола Кимовски, беше пречекан со особена срдечност и искрено гостопримство од страна на домаќинот – ...

Во рамките на фестивалот „Војдан Чернодрински“, на 7 јуни (недела), во 18 часот ќе се одржи промоција на двете книги со драми во издание на „Арс Ламина“, на еден од најзначајните македонски драмски автори – Дејан Дуковски. На настанот, кој ќе се одржи во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, покрај Дуковски ќе се обратат и уредничката на книгите Оливера Ќорвезироска и Ана Стојаноска (директорка на фестивалот „Војдан Чернодрински“), која ...

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, порача дека Владата ќе продолжи внимателно и без притисоци да го гради патот кон Европската Унија, коментирајќи ја и неодамнешната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев за почитувањето на човековите права. Според Мицкоски, доколку сите се повикуваат на темелните европски вредности, тие мора да важат подеднакво за сите држави и граѓани. „Имаме план и стратегија и нема да работиме под ...

Во Институтот за јавно здравје денеска беше отворено психолошко советувалиште за деца и адолесценти, прво од ваков вид во државата, кое ќе обезбедува стручна поддршка за деца, тинејџери, родители и наставници преку системот „Мој термин“, соопшти директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска. Како што истакна Андоновска, отворањето на советувалиштето е дел од пошироките активности за унапредување на здравствените услуги и ...

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, изрази уверување дека европската интеграција на земјата би можела да добие нова динамика, повикувајќи се на неодамнешните разговори со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц. Тој нагласи дека Владата останува доследна на ставот оти нема да прифати уставни измени без јасни и конкретни гаранции од Европската Унија за заштита на македонскиот идентитет, без оглед на ...

Во Кочани попладнево ќе се одржи 45-тиот Марш на ангелите. Почетокот на маршот е закажан за 18 часот и 5 минути часот во Паркот на револуцијата, од каде учесниците ќе се движат кон трговскиот центар, УЈП, МВР, Основниот суд и ќе завршат кај спортската сала „Кочански ангели“. Организаторите информираат дека маршот ќе се одвива мирно и достоинствено, во чест на 63-те ангели, за повредените и за семејствата кои секојдневно се соочуваат со ...

Во салоните на македонската Амбасада во Париз се одржа свечен настан посветен на два значајни јубилеи на архитектот за ентериер и дизајнер со македонско потекло Марјан Максимилијан Денков – 20 години живот и творење во француската престолнина и 14 години од основањето на брендот Rue Monsieur Paris Interiors. Настанот беше поддржан од Министерството за култура и туризам и организиран под високото покровителство на амбасадорот во Франција, ...

Претерувањето со јадење на слатки е непожелно за секого, без оглед на здравствените или проблемите со тежината, но, тоа не значи дека треба целосно да ги исфрлите од вашата исхрана. Според нутриционистката и ендокринолог Албина Комисарова, ако мудро ги вклучите десертите во вашата исхрана, тие ќе ви дадат енергија без да ве оптоваруваат. Претерувањето со јадење на слатки е непожелно за секого, без оглед на здравствените или проблемите со ...

Порталот Грчко катче, основан од три Србинки омажени и преселени во Грција, споделува кои се нивните препораки за семејствата со деца кои ќе летуваат на Халкидики. Тука предвид се земени различните услови за едноставен ден на плажа со деца, вклучувајќи места за изнајмување чадори и лежалки, плажи со плитка вода, како и близина на кафулиња и ресторани. Плажа Ковиу, Ситонија View this post on Instagram A post shared by Nikana.gr🔹Letovanje u ...

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето и Денот на згрижувачките семејства, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими дечиња и претставници на згрижувачките семејства од СОС Детско село, како и дел од раководството на организацијата. Оддавајќи им почит за благородната дејност и хуманоста, претседателката ги оквалификува згрижувачите како големи мајки и татковци, како големи родители. Со Вас домот не е само куќа – истакна таа и ...

На СДС му смета сè што е во корист на државата. Не сакаат Македонија да напредува и да успее, затоа и му пречи и дипломатскиот успех на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, кој во Скопје го потврди и претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Минатата недела од Македонија, Кошта испрати јасна порака дека државата има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската агенда, а ...

Албанскиот премиер Еди Рама со одговор во свој стил кога на Самитот за Западен Балкан во Црна Гора новинарите му го поставија прашањето кога Албанија би можела да стане членка на Европската унија. Има три работи што не можеш да ги предвидиш: Бог, сексот и Европската унија, изјави албанскиот премиер. 🤣 Albanian PM Edi Rama on when Albania will join the EU: “There are three things you can't predict: God, sex and the EU.” Probably the most ...

Велешанката Марија Новкова јавно им се заблагодари на двајца полициски службеници од СВР Велес кои, како што наведува, несебично ѝ помогнале при гаснење пожар во нејзиниот автомобил. Сакам да изразам јавна благодарност до двајца полициски службеници од СВР Велес, кои несебично ми помогнаа при гаснење на пожар во мојот автомобил. Благодарение на нивната брза реакција, смиреност и професионализам спречија поголема штета. Денес во нив видов ...

Кинескиот хороскоп за јуни 2026 година носи период на забрзани случувања, потреба од приспособување и фокус на практични одлуки. Кај повеќето знаци се нагласени темите поврзани со работата, финансиите и меѓучовечките односи, а успехот најмногу ќе зависи од трпеливоста и способноста за навремена реакција Стаорец – 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020 Биди внимателен со парите и избегнувај избрзани одлуки. На работа може да има ...

Жена со тешки повреди и во некотактибилна состојба е пренесена на скопските клиники за понатамошно лекување откако малолетник ја прегазил со електричен тротинет на улица во Тетово. Како што информираа од СВР Тетово, вчера околу 10:00 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово, спроти Основниот суд, се случила сообраќајна несреќа во која електричен тротинет управувано од 16- годишен малолетник од село Лисец, удрил во ...

Камион се запали на регионалниот пат Струмица – Валандово, поради што сообраќајот се одвиваше отежнато. Како што информираат струмичките пожарникари, вчера во 14.20 часот, на регионалниот пат Струмица-Валандово, ТППЕ Струмица со две противпожарни возила и пет пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запалена приколка од камион. Пожарот е целосно изгаснат за кратко време после пристигнувањето на лице место, соопштија од ТППЕ Струмица. ...

Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко изјави дека руската противвоздушна одбрана синоќа пресретнала 86 дронови над Санкт Петербург. Поради нападите меѓународниот аеродром Пулково во Санкт Петербург привремено ги откажа летовите. Во среда, на отворањето на форумот во Санкт Петербург, украински дронови погодија нафтена рафинерија и воен објект. Руското Министерство за одбрана соопшти дека синоќа пресретнати се вкупно 376 ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Како што соопштуваат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР), минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 18 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. Во Скопје времето ќе биде ...

Претседателот на Франција, британскиот премиер и германскиот канцелар в недела во Лондон ќе се сретнат со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти денеска Елисејската палата. На средбата ќе се разговара за поддршката на Украина и за засилување на притисокот врз руските воени напори, како и за постигнување на праведен и траен мир во Украина и на европскиот континент, особено во рамките на Коалицијата на волјата. Емануел Макрон, ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Злато

135639.33

Цинк

0.00