Во период кога концертните сали низ Македонија се исполнети со емоции, аплаузи и публика што заедно со неа ги пее најголемите хитови, Бојана Скендеровски не запира. По концертите во повеќе градови низ земјата, а непосредно по емотивната вечер во Тетово, Бојана носи нова музичка приказна, песната со наслов „Оди си“. Станува збор за композиција што уште на прво слушање носи ритам, став и енергија, но и препознатливата емоција што Бојана ја носи ...

Спонзорот на фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово, компанијата „Еколог“ објави соопштение во кое остро реагира на одлуката на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да го казни тетовскиот клуб со вкупно 105.000 евра и исклучување од учеството во Купот на Македонија за сезоната 2026/2027. Во соопштението се бара од ФФМ таквата казна итно да биде преиспитана и корегирана. Спонзорот на Шкендија наведува дека клубот отсекогаш бил пример за ...

Комесарот за транспорт на Европската Унија, Апостолос Цацикостас, изјави денес дека засега нема знаци за недостиг на авионско гориво во Европа во наредните месеци, и покрај отежнатиот транспорт на нафта преку Ормуската Теснина. Тој рече дека моментално нема проблеми со снабдувањето со млазно гориво во Европа и дека не се очекува недостиг во блиска иднина. Според него, најзагрозени се регионалните аеродроми, а главната загриженост произлегува ...

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП Групацијата, продолжуваат да бележат рекордни нивоа на двоцифрен пораст на бројот на патници. Во првите пет месеци од 2026 година, во периодот јануари – мај, двата македонски аеродроми опслужија 31,2% повеќе патници отколку во истиот период во 2025 година, или вкупно 1,6 милиони патници (1.580.932), ...

Градежните активности за обнова на Универзалната сала во Скопје се во тек, се работи на челичната конструкција и на санирање на минималните штети од пожарот, по што ќе следува поставувањето на инсталациите и на фасадата. Ова го потврди министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во гостувањето на 4ТВ, уверувајќи ја јавноста дека објектот ќе биде максимално стабилен. „Новата челична конструкција е апсолутно безбедна, објави 4news.mk Таа е ...

Во рамките на Омажот по повод 95 години од раѓањето на Анте Поповски, кој од 3-6 јуни се одржува во Кинотеката на Македонија вечерва ќе бидат прикажани филмовите „Време, води“ на Бранко Гапо. Филмот ја раскажува животната приказна на Петар Ќушко и неговите соселани од селото Сушево судбински е поврзана со недостигот на вода неопходна за живот. Со благослов на попот, селаните од Сушево го свртуваат течението на реката и ја крадат водата на ...

На свеченото отворање на 15-от јубилеен Меѓународен франкофонски фестивал „Солеј“, кој традиционално се одржува во Созопол, Република Бугарија, Организациониот одбор на фестивалот му ја додели Големата награда за особени заслуги и придонес на директорот на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, проф. д-р Зоран Пејковски. Ова високо признание претставува значаен настан не само за добитникот на наградата, туку и за македонската ...

На 6 јуни 2026 година, во организација на Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, ќе се одржи солистички концерт на македонската пијанистка Горјана Стојановска. Концертот ќе биде изведен во Ерменската католичка катедрала „Сурп Левон“ во Кадиќој, со почеток во 19:30 часот. Пред истанбулската публика Стојановска ќе се претстави со програма составена од дела на Морис Равел, Јоханес Брамс, Петар Илич Чајковски и Фредерик Шопен, ...

Германија и Франција се подготвени да лансираат нова иницијатива насочена кон забрзување на процесот за пристапување во Европската Унија за земјите од Западен Балкан и за Молдавија, нудејќи им придобивки од подлабока интеграција уште пред полноправно членство. Предлогот, претставен во заеднички документ за позиција во кој ДПА имала увид, повикува земјите кандидатки да добијат награди за исполнувањето на пристапните критериуми, вклучувајќи и ...

Стрип-издавачот „Бункер“, во рамките на фестивалот за стрипови „Стрип Трип“ на 6 јуни, во 14 часот во МКЦ,, ќе го промовира своето ново издание од едицијата „Апслоутни почетници“, „Беше еднаш на Истокот“ од Бобан Пешов. Бобан Пешов е истакнат стрип автор кој постигна голем успех на италијанскиот пазар. Роден е во Македонија во 1988 година, а во 1996 се преселува во Италија каде што го завршува основното, средното и високото образование. ...

На ова предавање лусијана ачугар ќе зборува за своето кореографско творештво и истражување, но и за тоа како овие процеси неизбежно ја довеле до начин на работа, размислување, бидување и одучување што таа го нарекува The Pleasure Practice. Ќе го претстави развојот на својот метод, истражувајќи како колективното соматско исцелување и прифаќањето на нашите „сенки“ можат да доведат до поослободена, поинстинктивна состојба на бидување. ачугар ќе ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се ...

На одредени гранични премини, во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, постои можност привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот, односно регистрацијата да се врши без земање биометриски податоци, отстапка што важи до 8 јули годинава, со можност да се продолжи до 6 септември, произлегува од одговорите на пратенички прашања доставени од заменик-министерот за ...

Во Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ), во салонот „Империјал“, денес, со почеток во 19 часот ќе се одржи промоцијата на книгата „Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ од универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, во издание на „Панили“. Наместо класична промоција со формални обраќања, книгата ќе биде претставена преку разговор меѓу авторката и Елена Ѓорѓиовска, која под менторство на Мојсова-Чепишевска ...

Шеесетото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, ќе започне вечерва во 19 часот со изложба 60 години „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Станува збор за хибридна изложба на артефакти од долгогодишната традиција на фестивалот. Во неа ќе се следи приказната за фестивалот визуализирана со конкретни сведоштва за луѓето и настаните што ги обележале овие години фестивалски живот. Изложбата е поддржана од „Витаминка“ ...

Денеска на сцената на Загрепскиот танцов центар, ќе биде изведена танцовата претстава АЈДЕ!, во кореографија на реномираните македонски уметници Игор Киров и Бојан Мицев, на Motion Network продукција, како дел од годишната програма на македонскиот КИЦ во Загреб. АЈДЕ! ја носи публиката низ богатата музичка и културна традиција на ромската заедница, преку современ танцов израз кој обработува теми на љубовта, слободата, припадноста и ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Вељко Кајтази, претставник на 12 национални малцинства во Хрватскиот сабор и делегација на Сојузот на Ромите од Хрватска „Кали Сара“, предводена од претседателката Сузана Крчмар. Во фокусот на средбата беше положбата на Ромите, потребата од унапредување на нивните права и можностите за споделување добри практики. Сиљановска-Давкова посочи дека Ромите се важен дел од македонското ...

Досегашниот вицепремиер за добро владеење, Арбен Фетаи, се повлекува од својата функција за да ја преземе новата дипломатска должност како специјален претставник на Владата во Брисел. Оваа вест ја потврди Изет Меџити, копретседател на коалицијата ВЛЕН. Оставка и нова функција Според информациите од Меџити, Фетаи веќе официјално поднел оставка од местото вицепремиер, објави 4news.mk. Неговото именување за специјален претставник доаѓа по период ...

„Гледам дека СДСМ работи на консолидација. Партијата доживеаја историски пораз во 2024 година, се случи епски пораз на Локалните избори, кој јас не го очекував. Останува на следните парламентарни избори каков ќе биде исходот“ рече поранешниот премиер и екс лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски. Тој во гостување на Канал 5 телевизија рече дека „После голем пораз на Локални избори, обично се оди на предвремени парламентарни избори“. „Трендот беше ...

Денес на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците успешно ги поминавме во прво читање два исклучително важни закони – Законот за високите раководители во јавната администрација и Законот за соодветна и правична застапеност, вели Љупчо Пренџов. -Дополнително, Комисијата донесе одлука за организирање јавна расправа по Предлог-законот за соодветна и правична застапеност, со што овозможуваме широк и инклузивен процес ...

Двајца пешаци, маж и жена, попладнево биле удрени од автомобил на озлогласениот див премин преку булеварот кај Бит-пазар во Скопје, јави „Алсат“. Телевизијата објави и снимка направена непосредно по несреќата, во која двајцата пешаци се повредени и биле итно пренесени во болница. Откако Град Скопје најави дека ќе го затвори опасниот премин преку булеварот, на кој и порано имаше прегазени пешаци и жртви, група граѓани се собраа на протест и не ...

Првпат од осамостојувањето сме избрани во едно од водечките тела на Обединетите нации (ОН). Огромен успех за државата и македонската дипломатија. Избрани сме со 174 гласа, објави премиерот Христијан Мицкоски во врска со изборот на Македонија за членка во на Економскиот и социјалниот совет на ОН – ЕКОСОК, за периодот 2027–2029 година. -Во Обединетите нации во Њујорк, нашата држава беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на ОН ...

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во Дневникот на Алсат телевизија, каде истакна дека Собранието не треба да ја ограничува дебатата околу Законот за правична застапеност. Тој порача дека потребно е нешто ново, а не истата алатка од претходно, нешто кое што како што вели тој, ќе биде модерно и ќе го рефлектира она кон што Македонија се стреми, да биде европска држава, а истовремено ќе го исполнува уставното начело на ...

Како што соопшти ДЗС, на средбите бил ставен акцент на зајакнување на координацијата во системот за заштита и спасување, со цел поефикасно дејствување при гаснење шумски пожари и при други итни ситуации. Се разговарало и за унапредување на улогата и капацитетите на доброволните противпожарни друштва, како и за нивно поактивно вклучување во активностите за справување со пожари во текот на летниот период. Дополнително, биле разгледани ...

Пратениците во словенечкиот парламент денеска ја изгласаа новата, 16-та Влада на Словенија и Јанез Јанша за нов премиер. „За“ гласаа 49 пратеници од десничарската Словенечка демократска партија, како и коалициските партнери од Нова Словенија, Словенечка народна партија, Фокус, Демократи, како и пратеници од Движењето Ресница, кое ќе ја поддржи малцинската владата . Словенечка народна партија во новата влада има седум министри, Демократите ...

Република Македонија денеска беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за мандатниот период 2027–2029 година. На гласањето што се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кандидатурата на Република Македонија доби поддршка од 174 држави членки. Станува збор за историски успех на македонската дипломатија, бидејќи за првпат од независноста државата ќе биде членка на едно од главните тела ...

Украинското обвинителство и претседателот Володимир Зеленски денеска соопштија дека од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година убиени се 707 деца, а повредени се 2.548. -Секоја смрт, е дете чија иднина е украдена, објави Зеленски на Телеграм и ја повика Русија да „сноси одговорност за овие злосторства“. Обвинителството, исто така, на Телеграм наведе дека се поведени повеќе од 6.000 кривични постапки за злосторства против деца. ...

На македонските тутунопроизводители до средината од месецов во целост ќе им бидат исплатени ланските субвенции, уверуваат од Сојузот на тутунски здруженија. Пролонгирањето на оваа исплата се случило заради барањето решение за оние 90-тина кооперанти кои зедоа субвенции за пријавени, а необработени површини, и кои требаше тие средства да и’ ги вратат на државата. Стануваше збор за сума од околу 360.000 – 400.000 евра, а за кои сега од Сојузот ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) идната недела ќе ги објави фирмите кои правеле манипулации со декларирањето на млечните производи, а од понеделник треба да бидат готови и резултатите од анализите на месните преработки. Како што изјави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов, кај млечните производи со лажни декларации – кашкавали, сирења, павлака, јогурт, млеко,…, безбедноста не е нарушена, туку е нарушен квалитетот и потрошувачите ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Вељко Кајтази, претставник на 12 национални малцинства во Хрватскиот сабор и делегација на Сојузот на Ромите од Хрватска „Кали Сара“, предводена од претседателката Сузана Крчмар. Во фокусот на средбата беше положбата на Ромите, потребата од унапредување на нивните права и можностите за споделување добри практики. Сиљановска-Давкова посочи дека Ромите се важен дел од македонското ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Злато

135639.33