Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Вчера во 14:00 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во домот на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден повреден со нож Д.Б.(46) од Скопје, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и според првичните сознанија и неговата изјава, тој сам се повредил при пад во кујната додека работел. Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас изјави дека сè уште не може да каже кој ќе биде исходот од германско-францускиот нон пејпер, кој денеска беше презентиран на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват. Разговорите во Тиват сè уште течат и сè уште не можам да кажам кој е конечниот исход од нон пејперот на Макрон. Мислам дека ова е обид да се отстрани администрацијата за да се забрза процесот и да се олесни со тоа што постапно ќе се воведуваат сите ...
Граничниот премин Маркова Нога е стратешки проект за овој регион, но ќе додадам – стратешки проект и за Балканот затоа што сите заедно констатиравме дека Преспа е една од најубавите микролокации на Балканот и во Европа – истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за време на денешниот увид во градежните работи на македонско-грчкиот граничен премин Маркова Нога – Лемос. Според министерот Тошковски, проектот за Маркова Нога е ...
Земјите членки на Европската Унија дадоа зелено светло за официјално отворање на првото поглавје од пристапните преговори со Украина и со Молдавија, соопшти украинската премиерка Јулија Свириденко. Свириденко преку порака на социјалната мрежа Икс ја поздрави оваа одлука, оценувајќи ја како одлична вест со која двете земји значително се приближуваат до полноправно членство во Унијата. Од Кипар, кој во моментов претседава со ЕУ, исто така ...
Финансиската полиција и Обвинителството за организиран криминал отворија истрага поради сомнежи за злоупотреби при јавна набавка за одржување хигиена на гранични премини и царински терминали, а еден од осомничените и сега притворени е поранешниот директор на Царина, личност на неделата: Стефан Богоев Накратко, Обвинителството соопшти дека се истражуваат сомнежи за местење тендер, противзаконито влијание и примање награда/поткуп поврзан со ...
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против професор од средно училиште во Кичево, кој физички нападнал малолетна ученичка. Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека ученичката се здобила со телесни повреди. ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68) од кичевското село Другово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201 од Кривичниот законик. Тој, при извршување работни ...
Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта неделава од Македонија испрати јасна порака дека Македонија има опиплив напредок во делот на исполнување на Реформската Агенда, а дополнително тоа се потврди и со добивањето на 65,7 милиони евра од Планот за раст, што е за 50% повеќе од фронтранерите Црна Гора и Албанија, на прес-конференција изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија за првпат е избрана за членка на ...
Заменик-министерот за енергетика, рударство и минерални суровини, Мирослав Лабудовиќ, учествуваше на енергетскиот форум на Енергетската заедница во Атина, каде што беше дел од панел-дискусиите посветени на интеграцијата на пазарите на електрична енергија и продлабочувањето на енергетската соработка со Европската Унија. Во своето обраќање Лабудовиќ го презентира напредокот што Македонија го постигнува во усогласувањето на националното ...
Митото од 2.000 евра за Богац било прво од неколкуте исплати кои требал да ги добие за местениот тендер во Царина вреден 18 милиони денари. Од нашите информации добиени од свиркачи, Стефан Богоев митото го договарал во директна комуникација со Александар Спирковски – Џемо, преку вибер конверзација – истакна на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Џемо кој ја застапувал фирмата која го добила тендерот вреден 18 милиони ...
Специјалисти од Институтот за Океаногеологија од Санкт Петербург тргнаа на експедиција на истражувачкиот брод „Павел Гордиенко“. Тие ќе спроведат гасно-хидро-геохемиски истражувања на морското дно во ексклузивната економска зона на Cеверна Кореја, објави севернокорејскиот „НК њуз“. Целта на експедицијата е да се направи проценка на резервите на нафта и гас во Јапонското Море, на морското дно покрај брегот на Cеверна Кореја. Русија и Cеверна ...
Билатералните прашања не смее да стојат на патот на интеграцијата во Европската Унија. Претрпевте и билатерални проблеми и блокади и многупати кон вас беа направени навистина многу неправди. Хрватска со сигурност ќе го даде својот придонес за поддршка на интеграцијата на Македонија“, истакна денеска претседателката на Комисијата за европски прашања на Хрватскиот Сабор Јелена Милош. По обраќањето на 23. конференција на парламентарните комисии ...
Со официјално претставување на историско катче кое содржи медицинска апаратура што се користела меѓу двете светски војни денеска Лекарската комора одбележува 34 години постоење. Медицинската опрема е донација од семејството Србјак, кое е потомок на Ѓорѓи Дудев кој како доктор работел во Прилеп и е еден од првите организатори на здравствениот систем во Македонија. Колегата оставил за себе апаратура која ние со гордост ја прикажавме денес. Ако ...
Видеозаписи од кои се нотираат времето на пристигнување на полициските службеници пред дискотеката „Пулс“ и активацијата на пиротехниката, беа изведени денеска во материјалните докази од Обвинителството во рамките на судскиот процес во Основниот кривичен суд Скопје против 13 полициски службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во Кочани, во кој на 16 март 2025 година ...
Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, во рамките на Годишното собрание на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), коешто се одржува во Рига, оствари работна средба со директорот на ЕБОР за Југоисточна Европа, Гжегож Желињски. На средбата присуствуваше и Фатих Туркменоглу, постојан претставник на ЕБОР во нашата земја. Како што информираат од Народна банка, во текот на разговорите била истакната досегашната соработка меѓу Народната ...
Премиерот Христијан Мицкоски, пред почетоткот на работниот дел на самитот Европска Унија – Западен Балкан во Тиват, изјави дека на средбата со германскиот канцелар Фридрих Мерц разговарале и за нон пејперот на Германија и Франција во кој се предлага постепена интеграција на Западен Балкан во ЕУ пред полноправното членство. Имавме билатерална средба со канцеларот Мерц, разговаравме и на таа тема. Имаме ние свој инпут во сето тоа и свое ...
Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со францускиот претседател Емануел Макрон, на која, како што информираше, се разговарало за состојбите во регионот, прашања значајни за иднината на граѓаните и европските перспективи. Мицкоски средбата ја оцени како пријателска и срдечна, нагласувајќи дека Франција е една од највлијателните држави во Европа, поради што е важно да се водат отворени и директни разговори со јасно изразени очекувања. ...
Споменикот на Михаил Булгаков во Киев е е урнат. Локалните власти одлучија да го демонтираат споменикот на славниот писател. Официјално, ова се објаснува со „преиспитување на пристапот кон историското и културното наследство“. Локален новинар во едно од видеата од утивањето на споменикот го нарекува тоа „историски настан“. Михаил Булгаков е роден на 15 мај 1891 година во Киев и е еден од најпознатите и најзначајните писатели и драматурзи на ...
Премиерот Христијан Мицкоски, кој учествува на самитот Европска Унија – Западен Балкан во Тиват, денеска имаше средби со францускиот претседател Еманула Макрон и со германскиот канцелар Фридрих Мерц. Пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон. Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција е една од највлијателните ...
Предлогот на Франција и Германија е искрен и реален, којшто забележително нуди една опција на што повеќе интегрирање, но исто така забележливо е дека нуди членство кое не би било полноправно, барем не во овој момент, изјави денеска Антонијо Милошоски потпретседателот на Собранието и претседавач со 23. Конференција на КОСАП – Конференција на парламентарните комисии за европска интеграција/прашања на земјите учеснички во процесот на ...
Во скопската Зоолошка градина се родија две мали бели волкчиња. Кај нашите бели волци пристигна подмладок, две мали волкчиња кои веќе ја освојуваат љубопитноста на целиот тим. Сè уште се нежни и најсигурни покрај својата мајка, која внимателно ги чува и се грижи за нив. Нашите мали волкчиња најчесто се кријат во дупки и засолништа токму како што тоа природно го прават и во дивината, каде што првите денови ги поминуваат скриени и заштитени. ...
Во периодот од јуни 2024 до јуни 2026 година беа потпишани договори во вредност од 25,3 милиони евра за реконструкција на локални патишта во општините, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски на заедничката прес-конференција со градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и директорката на Светска банка за Македонија и Косово, Карол Межеван, пред почетокот на Работилницата посветена на изработка на Планови за ...
Управата за хидрометеоролошки работи најавува променливо облачно и топло време. Во попладневните часови се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Заради поголема енергија во атмосферата ќе има услови за појава на краткотрајно невреме, велат од УХМР. Утринските и дневните температури ќе бидат високи. Дневните ќе достигнат до 35 степени во четврток. Управата за хидрометеоролошки работи најавува променливо облачно ...
По изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека граѓаните, доколку имаат проблеми со долгите чекања на границите, би можеле летниот одмор да го поминат во Македонија, повторно се отвори прашањето што навистина нуди земјава како летна туристичка дестинација. Вчера се одржа првата јавна расправа посветена на изработката на Националната стратегија за развој на туризмот на Република Македонија за периодот 2027–2032 година, каде беше истакнато ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го оцени изборот на Македонија за членка на Економскиот и социјален совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) како значаен дипломатски успех и потврда за довербата што меѓународната заедница ја има во државата. Овој успех е резултат на повеќеслојна, принципиелна и активна надворешна политика што се води со доследност, решителност и визија. Особено ме радува што нашите долгогодишни дипломатски напори и ...
Европската комисија е повикана да подготви предлози за олеснување на постепената интеграција на земјите кандидати во Европската Унија, вклучително и привилегиран пристап до единствениот европски пазар врз основа на нивниот напредок во пристапните преговори и поцврсти врски со европските институции во секојдневниот процес на одлучување, се наведува во француско-германскиот нон-пејпер презентиран на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, објави ...
Американската администрација ги обвини европските држави дека се одговорни за тоа што сè уште не е избран нов висок меѓународен претставник за Босна и Херцеговина, истовремено предупредувајќи дека поради тоа ќе ги преиспита својата улога и ангажманот во земјата. Управниот одбор на Советот за спроведување на мирот во БиХ (ПИК), на дводневната седница што заврши вчера во Сараево, не успеа да избере личност што ќе го наследи Кристијан Шмит на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во отворено писмо до Владимир Путин предложи директна средба меѓу двајцата лидери, со цел да се отвори пат кон прекин на војната во Украина. Во писмото, објавено на 4 јуни, Зеленски наведува дека Украина предлага завршување на војната преку директен ангажман меѓу Киев и Москва. Тој предлага средбата да се одржи во неутрална земја, меѓу можните домаќини ги наведува Швајцарија, Турција и земјите од ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција истакна дека општините во земјава во изминатиот период добиваат силна поддршка од Владата и од Светската банка за реализација на капитални и инфраструктурни проекти, нагласувајќи дека меѓу најзначајните инвестиции е набавката на нова механизација за комунална хигиена. Тој посочи дека станува збор за една од најголемите инвестиции во оваа област во последните години, од ...
Денеска ќе зборуваме за проектот локални патишта, во кој што за две години, во периодот од јуни 2024 година до јуни 2026 година се склучени договори во вредност од 25,3 милиони евра за реконструкција на локални патишта во општините. Рехабилитирани се 96 улици со 72 општини, во вкупна должина од 72 километри, а во фаза на реконструкција се уште 31 километар патишта, што значи некоаде околу 103 километри патишта се рехабилитирани, изградени ...
Илина Соколовска, успеа да ги освои потребните бодови и ја носи Македонија на Светско првенство во ритмичка гимнастика, кое ќе се одржи во август во Франкфурт, Германија. Таа пред неколку дена настапи на Евроспкото првенство во ритмичка гимнастика во Варна, Бугарија, натпревар, кој е клучен за квалификации за Светско. Илина Соколовска живее со семејството во Германија, веќе одамна е дел од Бундес лигата, но посебно среќна ја прават ...