Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Руската 19-годишна тенисерка Мира Андреева се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако попладнево во доминантен стил ја совлада Украинката Марта Костјук со 6-1, 6-3 во првото полуфинале на грен слем турнирот во Париз. Иако се очекуваше неизвесен дуел меѓу осмата носителка Андреева и 15-та носителка Костјук, руската тенисерка многу лесно обезбеди пласман во финалето, за само еден час и 15 минути. Во финалето, Андреева ќе игра против ...
На 03.06.2026 во 23:04 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која што учествувале повеќе лица. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле Е.Ј.(35) и М.Ј.(37), по што се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Во врска со настанот, полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(53), М.С.(27), Џ.Џ.(28), А.К.(44), ...
Државната комисија за спречување на корупцијата соопшти дека денеска на колегиум, постапувајќи согласно своите надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје. Како што се посочува во соопштението на ДКСК, предметот е отворен поради ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон планираат на Самитот ЕУ – Западен Балкан и Молдавија да презентираат нова иницијатива со која ќе се забрза интеграцијата на земјите кандидатки од Западен Балкан во ЕУ. Во заеднички документ (position paper), владата на Берлин и на Париз се залагаат за први чекори во интеграцијата и пред полноправно членство, со цел да се забрза процесот на интеграција. Според ...
Утре 05.06.2026 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на Самитот Европска Унија- Западен Балкан кој ќе се одржи во Тиват, Република Црна Гора. Самитот ќе се одржи во хотелот „Regent Porto Montenegro”, каде што лидерите ќе разговараат за актуелни прашања поврзани со европската интеграција на земјите од регионот и соработката со Европската Унија. По завршувањето на Самитот, на ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против У.А.(26), Е.Џ.(25) и М.Г.(21), сите од с.Црник, општина Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 06.05.2026 на место викано „Турски гробишта“, пријавените со земјоделска машина-трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во Шумско подрачно стопанство „Равна река“, кои ги затекнале ...
Дигитализацијата, вештачката интелигенција и паметните енергетски системи ќе имаат клучна улога во создавањето сигурен, одржлив и конкурентен енергетски сектор, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на настанот „Дигитализација и иновации за сигурна и одржлива енергетска транзиција“, организиран од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во соработка со Машинскиот факултет – ...
Непријатно е да се слуша СДС и нивните првенци како се препелкаат зборувајќи за економија, инфлација, скапотија. Делува како да не сакаат Македонија да се движи на подобро, економијата да се стабилизира и постепено да заживува, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Излегуваат на прес-конференција каде јавно признаат дека им смета растот на БДП од 3,1%, кој впрочем е раст од 3 или над 3% седми квартал по ред, односно од заминувањето на СДС во длабока ...
Министерството за внатрешни работи информира дека се поднесени две кривични пријави за случаи на семејно насилство што се случиле во Берово и во општина Ранковце. Првиот случај е од 4 март 2026 година. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против 44 годишната Б.Д. од Берово поради основано сомнение за сторено кривично дело загрозување на сигурноста. Според информациите, таа во семејниот дом во ...
Во таа пресметка не се зема предвид вредноста на недвижниот имот во кој живее лицето, туку само имотот во кој може да се инвестира. Така, Луксембург се најде пред Германија, каде што растот изнесуваше 11,1 проценти. Франција беше далеку под тоа ниво, со раст од 2,7 проценти. Европа вкупно забележа раст од 6,5 проценти, по падот претходната година. Капџемини наведува дека растот на богатството во текот на изминатата година најмногу бил поврзан ...
Бројот на натурализации во Германија се искачи на нов рекорден максимум, со 332.500 лица кои добиле германско државјанство во 2025 година. Во споредба со претходната година, тоа претставува зголемување од 14 проценти, според Федералниот завод за статистика. Најголемата група, со 20 проценти, се Сиријци. Сепак, речиси 20.000 помалку Сиријци се натурализираа отколку во 2024 година. На второ место се Турците, со 10 проценти од сите ...
Денеска во Собранието се одржа јавна расправа за утврдување на предлог-листа од пријавените кандидати по Одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. На јавниот оглас беа пријавени вкупно 11 кандидати, од кои осум ги исполнија условите утврдени со огласот. Кандидати кои го поминаа првичниот процес на селекција беа: Миле Стојановски, Јасна Оровчанец-Арангеловиќ, Исмаил Синани, ...
Граѓаните од 1 август ќе се соочат со нов бран поскапувања на банкарските услуги. Зголемувањето на провизиите веќе го најавија две од најголемите банки во земјава. Според анализите на „Слободен печат“, банките веќе имаат јавно достапни податоци за значително зголемување на дел од провизиите и надоместоците. На удар се најчесто користените услуги – плаќање сметки на шалтер, одржување платежни и девизни сметки, користење дигитално банкарство, ...
Со тага ја примивме веста за смртта на Хазарос Сурмејан (1943–2026), македонски балетски уметник и кореограф, кој остави значаен белег во македонската и светската балетска уметност, соопштија од неговата матична куќа- Македонската опера и балет. Хазарос Сурмејан (1943, Скопје – 2026, Торонто) изгради извонредна балетска кариера која траеше повеќе од пет децении. Своето образование и творечки пат ги започна во Македонија, а првиот ...
Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, го откажа учеството на самитот ЕУ-Западен Балкан, кој ќе се одржи утре во Тиват, потврдено ѝ е на РТЦГ. Причините за откажувањето сè уште не се познати. Самитот ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи во петок, 5 јуни, а домаќин ќе биде претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Лидерите на Европската Унија и земјите од Западен Балкан ќе учествуваат на ...
На 5 јуни 2026 г. /петок/ од 18.30 ч. во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложбата „ДЕТСКИ ЦРТЕЖ“ од Ателје Артика. Ќе бидат изложени 150 цртежи на ученици кои посеетуваат настава во ателјето. Изложбата е поддржана од Министерство за култура и труизам. Ателје Артика, основано во 2021 година, претставува простор посветен на креативноста, уметничкото истражување и развојот на ликовниот израз. Во ателјето се ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) идната недела ќе ги објави фирмите кои правеле манипулации со декларирањето на млечните производи, а од понеделник треба да бидат готови и резултатите од анализите на месните преработки. Како што изјави денеска директорот на АХВ, Оливер Миланов, кај млечните производи со лажни декларации – кашкавали, сирења, павлака, јогурт, млеко,…, безбедноста не е нарушена, туку е нарушен квалитетот и потрошувачите ...
Во прекрасна и вдахновена атмосфера се одржа Омажот посветен на 95-годишнината од раѓањето на Анте Поповски во Кинотека на Македонија. Настанот го отвори Софија Гогова Врчаковска, која со својата препознатлива и емотивна изведба ги потсети присутните на длабокоумните зборови на Анте Поповски содржани во неговите есеи и секако на неговите неповторливи стихови особено од маестралното дело „Света песна“. Филмологот д-р Атанас Чуповски со пиетет ...
Бугарија и Грција станаа силна оска на стабилност и гарант на европската перспектива на целиот регион на Југоисточна Европа, изјави бугарскиот премиер Румен Радев по средбата со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кој е во посета на Софија на покана на премиерот на Бугарија. Пред изјавата за медиумите, двајцата имаа „приватен“ разговор во зградата на Советот на министри, по што имаа проширен состанок со учество на двете делегации, јави БТА. ...
Вчера во СВР Скопје, М.К.(49) од Скопје пријави дека на 27.05.2026 околу 13:40 часот на нејзиното работно место во здравствена установа на подрачјето на Центар, во канцеларијата влегла нејзината колешка Н.С., која воедно била и нејзина претпоставена и агресивно се однесувала и ѝ упатила закани. Според пријавеното, Н.С. во тој момент упатила закани и навреди и кон вработената А.А., која што била истуркана од канцеларијата од страна на Н.С, по ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против У.А.(26), Е.Џ.(25) и М.Г.(21), сите од с.Црник, општина Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 06.05.2026 на место викано „Турски гробишта“, пријавените со земјоделска машина-трактор се обиделе да прегазат двајца вработени во Шумско подрачно стопанство „Равна река“, кои ги затекнале ...
Ми претставува особена чест и задоволство што денеска пред вас, луѓето што го градат туризмот со своите раце, знаење и искуство, ја отворам првата јавна расправа за Стратегијата за развој на туризмот 2027 – 2032 со Акциски план 2027 – 2029 година, рече денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на јавната расправа за Нацрт-текстот на Националната стратегија за развој на туризмот за периодот 2027–2032 година. Вие сте главните ...
Неколку лица загинаа при пад на мал авион што денеска се урна во близина на аеродромот Медулин во Истра, Хрватска. Според информациите на хрватските медиуми, истарската полиција добила пријава за несреќата во 11:25 часот, по што на местото веднаш биле испратени сите служби за итни интервенции – полиција, брза помош и пожарникари. Хрватскиот портал Dnevnik.hr објави дека во несреќата има загинати лица, додека RTL пренесува дека животот го ...
Утре на 5 јуни во Прилеп со претставата „Мачкина глава“ на Драмски театар Скопје свечено се отвора 60. МТФ „Војдан Чернодрински“. Претставата ќе биде изведена во Центар за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп во 20 часот. Јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ годинава под мотото „Храбриот нов театар“, ќе отвори дијалог за кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот, повикувајќи на театар што има став, што провоцира, ...
Комитетот за односи меѓу заедниците, денеска, со 11 гласа „за“ и двајца „против“, изгласа предлог-законот за соодветна и правична застапеност да се носи со мал Бадентер, односно со мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците што припаѓаат на немнозинските заедници. Пратениците од Европскиот фронт и Албанската лига сметаа дека законот треба да се носи со т.н. голем Бадентер (потребно мнозинство од вкупниот ...
Европската комисија соопшти дека ги продолжува прекршочните постапки против Бугарија и Полска, а покренува постапка и против Португалија поради нецелосно транспонирање на европските правила за правна помош, јави БТА. Во соопштението се наведува дека трите држави не ги примениле правилно одредбите на ЕУ што се однесуваат на правната помош за осомничени и обвинети лица во кривични постапки. Европското законодавство обезбедува заштита на ...
Министерот за одбрана Владо Мисјаловски ѝ поскаја добредојде и честитки за поставувањето на потполковничката Дениз МкМахон за ново одбранбено аташе на Обединетото Кралство во Македонија. На денешната средба со амбасадорот Метју Лосон, на која присуствуваше и нерезидентното одбранбено аташен полковникот Џонатан Вилијамсон, како што соопшти Мисајловски, се разговарало за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно унапредување. На ...
Влезот во Хрватска стана значително потежок од 1 јуни поради целосното спроведување на новите европски правила на земјата за патници од земји од регионот што не се членки на ЕУ. Овие правила најмногу ги засегаат превозниците и компаниите, но за патниците од Македонија важни се строгите царински ограничувања за храна, цигари, алкохол и вредност на личниот багаж. Патниците не треба да поднесуваат скратена декларација за личниот багаж, но мора ...
Вештачки колкови чекаат над 650 пациенти, во три главни јавни здравствени установи има значителен пораст на бројот на интервенциите, а пристапот до операции за замена на колк и колено значително се подобрува, изјави денеска на брифингот со новинарите, генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој подвлече дека има значителен пораст на операциите на колк и колено. Вкупно 4.044 интервенции имало во 2025 година. ...
Советот на Европската Унија соопшти дека го одобрил почетокот на преговорите со Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија за проширување на зоната „Роаминг како дома“. Промената ќе им овозможи на корисниците од шесте држави од Западен Балкан да остваруваат телефонски повици, да испраќаат текстуални пораки и да користат мобилни податоци додека престојуваат во ЕУ, без дополнителни трошоци. Истото ќе важи и за ...