Американските тенисери Френсес Тиафо и Брендон Накашима ќе играат во полуфиналето на АТП Мастерсот 1000 во Синсинати, САД. Ова е епилогот по нивните четвртфинални мечеви против Италијанецот Лоренцо Мусети, односно Тејлор Фриц од САД. Резултати: Накашима – Фриц 7:6 (11:9), 4:6, 6:3 Тиафо – Мусети 7:6 (7:2), 7:5. Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Коболи (Италија) – Филс (Франција). Американските тенисери Френсес Тиафо и Брендон Накашима ...

Соединетите Американски Држави и Канада не успеаја да постигнат трговски договор, со кој би се укинале царините од 50 проценти што Вашингтон ги воведува за некои канадски производи. Одлучив да ги прекинам преговорите. Она што го постигнавме не е доволно за да ги исполниме нашите цели во интерес на канадскиот народ. Промените во последен момент на условите предложени од САД беа неправедни, неповолни за нас и го доведоа во прашање ...

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул пристигна во посета на Киев, јави ДПА. Шефот на германската дипломатија пристигна со специјален воз на централната станица во главниот град и во првата изјава по доаѓањето ја осуди ескалацијата на руските напади со беспилотни летала и ракети. Вадефул ја обвини Москва за „неселективни убиства на цивили“ и намерно уништување на енергетската инфраструктура. Вадефул рече дека Русија се ...

Десетина европски земји пријавиле локално пренесени случаи на вирусот Западен Нил од почетокот на годината, што е повеќе од отколку во истиот период минатата година, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). Случаи се пријавени во Германија, Франција, Австрија, Шпанија, Грција, Италија, Холандија, Македонија, Романија, Србија и други земји. Според податоците на ЕЦДЦ, најмногу случаи се регистрирани во Италија, 311, ...

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) попладнево во Битола ќе ја одбележи 25-годишнината од нејзиното формирање. На настанот пред Офицерскиот дом во Битола ќе се обратат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на ЕБР Стојанче Николов. Во рамки на одбележувањето ќе биде изведена тактичко-показна вежба, во која припадниците на Единицата ќе ги презентираат своите вештини, како и изложба на опрема која ја користи Единицата за ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура е во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен Целзиусов. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер ...

Со настап на Иван Христов на кавал и Петар Чухов на гитара синоќа беше отворено 38. издание на фестивалот „Поетска ноќ во Велестово“. На отворањето беше претставен поетски портрет на македонскиот поет Јовица Ивановски по што следеше интернационалното поетско читање „Имаго“ на кое настапија поети од Ирска, Хрватска, Бугарија, Романија, Црна Гора и Србија. За крај на фестивалската вечер беше отворена изложбата „Флора“ на академската сликарка ...

Во Спарта Ивент Центар во Велес вчерева ќе се одржи хуманитарниот концерт „Together for a Better Tomorrow – Заедно за подобро утре“, посветен на поддршка на лицата со церебрална парализа. Публиката ќе има можност да ужива во настапот на „Starboy & Friends“, а истовремено да стане дел од настан што ги обединува музиката, хуманоста и заедништвото. Целта на концертот е да се подигне јавната свест за секојдневните предизвици со кои се ...

Хезболах соопшти дека ќе продолжи со својот отпор против Израел и покрај новите санкции што САД ги воведоа врз либанското движење. Министерството за финансии на САД го смени статусот на Хезболах во американското законодавство и ја означи организацијата дека „дејствува во служба на иранскиот режим“. Во 1997 година Вашингтон го прогласи Хезболах за „странска терористичка организација“, а во 2001 година – „меѓународна терористичка организација“. ...

Министрите за надворешни работи на Иран и на Оман, Абас Арагчи и Бадр Албусаиди, во телефонски разговор разговарале за создавање поволни услови за продолжување на дијалогот и преговарачкиот процес, како и за прашања што влијаат на превозот во Ормутскиот Теснец Двете страни ја нагласија важноста од продолжување на консултациите за постигнување практични договори што придонесуваат за обезбедување слобода на пловидба, како и безбедност и ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го почна процесот на префрлање на 725 милиони долари во ОН, објавија американски медиуми кои имале увид во известувањето од Конгресот. Експертите за финансии и помош проценија дека исплатата би била чекор кон решавање на долгот на САД кон ОН, кој изнесува неколку милијарди долари. Парите, споменати во писмото на Стејт департментот до Конгресот од 4 август, треба да бидат исплатени ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека ќе продолжи да ги урива сопствените рекорди по бројот на телевизиски појавувања и тврди дека негова работа е да го прави тоа бидејќи е претседател на државата. Тоа го правев за време на сите мои мандати – како премиер, како прв потпретседател и како претседател на Републиката. И ќе продолжам да го правам тоа. Оној момент кога ќе поднесам оставка, нема да бидам на телевизија…и тоа ќе биде ...

Летото, високите температури и желбата за брзо освежување секоја година соборуваат нови рекорди во производството, трговијата и потрошувачката на сладолед. Новите податоци на Евростат и на македонскиот Државен завод за статистика откриваат интересна анализа: додека Европа произведува милијарди литри, Македонија бележи впечатлив надворешнотрговски суфицит и извезува значително повеќе сладолед отколку што троши нејзиното население. Бројките на ...

Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАЦ) на Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата со која му се дозволува на рускиот нафтен гигант Лукоил да продолжи со преговорите за продажба на својот меѓународен имот до 19 септември. Претходната лиценца требаше да истече на 22 август. Меѓународните средства на Лукоил вклучуваат рафинерии во Бугарија, Романија и Холандија, како и околу 2.500 бензински пумпи во 19 земји. Пред ...

Фудбалерите на Брегалница ја постигнаа втората победа во првенството откако на домашен терен го совлада Башкими со 3:0. Брегалница поведе со голот на Иван Глигоров во 22.минута, а воедно тоа беше резултат и на полувремето. На 2:0 зголеми Давид Калпачки во 56.минута, а конечните 3:0 ги постави повторно Глигоров што беше втор гол на натпреварот во 73.минута. На првиот дуел од 4.коло Скопје и Тиквеш одиграа 1:1. Утре се игра дуелот Шкендија ...

Извршниот директор на Фолксваген, Оливер Блуме, соопшти дека ситуацијата во најголемиот европски производител на автомобили е критична и тензична, по најавите дека се неопходни мерки за намалување на трошоците и редуцирање на работната сила, пренесува ДПА. Ситуацијата е повеќе од критична“, изјави Блуме во интервју објавено на интранет страницата на компанијата. Според Блуме, неопходни се итни мерки, иако оперативниот приход на компанијата од ...

Колку доби Црвена звезда со Алберто Ријер? По само седум дена и огромниот шок предизвикан од испаѓањето од квалификациите за Лигата на шампионите. На прв поглед многу! Но, како што самиот Шпанец рече на вчерашната конференција, има многу фантастични играчи и материјал за уште поголеми цели. Нема еуфорија кај него, и покрај големата и убедлива победа од 3-0 над солидниот тим од Викторија Плзењ, што ѝ отвори врата кон групната фаза од Лигата на ...

До крајот на 2026 година остануваат уште неколку месеци, а според астролошките толкувања, пред нас е период кој би можел да донесе значајни промени и нови можности. Ако треба да се издвои еден датум што се смета за особено поволен до крајот на годината, тогаш вниманието паѓа на 31 август. Причината е редок и моќен астролошки аспект – тригон меѓу Јупитер и Сатурн, комбинација која во астрологијата се поврзува со оптимизам, ширење, успех, ...

Додека сончевите фарми во кинеските пустини веќе станаа симбол на енергетската преобразба, роботите сега се впуштаат во нова мисија – да го претворат песокот во шума. Кина има нова, „футуристичка“ битка против пустините на северот од земјата, помошната од флота самоуправувачки роботи со погон на сончева енергија. Ширењето на песокливите површини сè повеќе им се закануваат на обработливото земјиште и на околните заедници, па се бараат решенија ...

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата полициските службеници уапсиле 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“, од кои осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, информираат од Министерството за внатрешни работи. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, при што еден од нив предизвикал сообраќајна незгода, додека еден возач управувал ...

Македонската Армија минува низ интензивен период на модернизација, се одделуваат огромни средства, државата максимално дава колку што е во рамки на можностите да се модернизира Армијата, која опфаќа набавка на современа воена опрема, системски реформи и нов Колективен договор, подобрување на условите за работа и повисок стандард за сите нејзини припадници. Ова во гостување на ТВ Канал 5 го истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски, ...

Градскиот мешан хор „Балтепе“ од Тетово ја освои главната награда (Гран при) на меѓународниот хорски фестивал „Свети Стефан“, кој се одржа од 15 до 19 август во црногорскиот град Будва. Хорот, со кој раководи истакнатата хорска диригентка Јасмина Ѓорѓеска-Каро, постои неполна година, а ова му е второ признание, по освоената прва награда на меѓународниот фестивал „Астибо“ во Штип годинава. Во Будва, во конкуренција со седум други хорови, ...

Триесет години концерти на Фолтин се години исполнети со музики, сцени, патувања, средби и публика. Но, пред сè, триесет години споделена енергија, онаа што се случува меѓу сцената и луѓето и продолжува да живее долго откако ќе заврши концертот. Во годината на својот јубилеј, Фолтин отвора уште едно ново поглавје од таа приказна: ФОЛТИН ГАРДЕРОБЕР, авторска колекција создадена во соработка со визуелниот уметник Зоран Кардула. Првата колекција ...

До 18:00 часот на територијата на државава регистрирани се вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, 1 е под контрола, а 5 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како што посочуваат од ЦУК, активни се пожарите во село Чаниште, крак кон село Крушевица, кон село Лопатица, кон село Дуње и крак кон Црна Река во Општина Прилеп каде гори ниска вегетација; во село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер во ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на свеченото отворање на 20. Медитерански игри, коишто се одржуваат во Таранто, Италијанската Република. Таа денеска ќе го посети Медитеранското (олимписко) село каде ќе оствари средба со македонските спортисти, а попладнево ќе присуствува на приемот којшто го приредува претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, во чест на шефовите на делегациите. Од независноста ...

Состојбата со епидемијата во Гостивар е ставена под контрола, откако Центарот за јавно здравје Тетово донел одлука за нејзино прекинување, информираше министерот за здравство Сашо Клековски. Според епидемиолошките податоци, во моментов нема нови случаи на гастроентеритис или ентероколитис, односно стомачни тегоби, кои се поврзуваат со водата за пиење во Гостивар. Клековски појасни и дека во гостиварската болница немало хоспитализирани ...

Од 26 август во скопското кино Синеплекс ќе игра документарецот на Милчо Манчевски, „Добри луѓе“. Документарецот е снимен со преживеаните млади луѓе од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, како и со родители на загинатите, еден месец по пожарот на 16 март во кој загинаа 63 лица. На иницијатива на Манчевски и во соработка со Синеплекс, целиот приход од билетите ќе биде дониран преку „Сапорт Кочани“ за помош на жртвите и преживеаните од ...

Времето утре, сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 35 до 41 степен. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен ...

Спортот е повеќе од натпревар за резултат, тој е школа за формирање на цврст карактер преку преземање одговорност и вежбање истрајност, им порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри, при денешната посета на Медитеранското (олимписко) село во Таранто, Италија. Посакувајќи им успех на сите натпревари, информираат од Кабинетот Сиљановска-Давкова, претседателката им рече да ...

Јавното комунално претпријатие „Бошава“ – Демир Капија попладнево соопшти дека по добиената последна лабораториска анализа, е потврдено дека водата од градскиот водовод во Демир Капија е здравствено исправна и безбедна за пиење. По добиените резултати, забраната за пиење на водата, изречена од надлежниот инспектор при Агенцијата за храна и ветеринарство, е укината. Со тоа, граѓаните повторно можат слободно да ја користат водата за пиењe – ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Бакар

12.58