Десет милијарди евра во капитални инфраструктурни проекти и инвестиции во наредните 10 години најавува Владата, и тоа во нови автопати, експресни патишта, пруги и обнова на постојните здравствени и енергетски капацитети. Во текот на втората половина од годината очекуваме истовремено да се градат шест автопатски делници во државата – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со медиумите. На автопатот Кичево – Охрид (57 километри), ...

Во свечена атмосфера, во рамките на 15-от Меѓународен франкофонски фестивал „Солеј“ во Созопол, отворена беше изложбата „Животот е убав“ на еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници, академскиот сликар Сергеј Андреевски. Изложбата ја отвори директорот на Македонскиот Културно-информативен центар во Софија и дипломатски советник, проф. д-р Зоран Пејковски, кој во своето обраќање истакна дека станува збор за автор чие ...

Попладнево во западните и југозападните делови имаше локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во околината на Охридско – Преспанскиот, Дебарско – Кичевскиот и Полошкиот регион, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што посочуваат, попладнево продолжува нестабилноста во западните и југозападните делови, а до крајот на денот има услови за појава на нестабилност и во југоисточните делови ...

НУ Народен Театар Битола учествуваше на официјалната прес-конференција во рамките на Меѓународниот фестивал Бабел Фаст во Трговиште, Романија. На прес-конференцијата, покрај директорот на НУ Народен Театар Битола, Васко Мавровски, присуствуваа и директорот на Театарот „Тони Буландра“ од Трговиште и директор на Бабел Фаст фестивалот Мек Ранин, како и уметничкиот директор на фестивалот Бабел Фаст, Ливиу Келоју. Во своето обраќање, директорот на ...

Во рамките на завршната вечер на Македонската вечер, одржана како дел од програмата на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“ во Созопол, публиката имаше можност да доживее вистинска музичка и културна свеченост преку настапот на реномираната македонска група „Баклава“. Настанот претставуваше уште една значајна можност за промоција на македонската култура, традиција и уметност пред меѓународна публика, која со големо внимание и интерес ...

Владата останува на ставот дека клиничката болница во Скопје треба да се гради во близина на базенот кај арената „Борис Трајковски“ и оти тоа е најдобро решение. – Дефинитивно, остануваме на ставот дека Клиничката болница во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“. Тоа е земјиште, кое е во приватна сопственост. Преговараме со приватниот сопственик и сакаме тука да го направиме сето тоа да може со подземен тунел да ...

Одговарајќи на новинарско прашање за најавената реконструкција на Владата и дали има некаква поврзаност на денешниот брифинг со најавите на премиерот Христијан Мицкоски за нејзина реконструкција, министерот рече дека одлуката е во надлежност на премиерот. Тоа е негова одлука; премиерот на Владата назначува и разрешува. Наша задача е да ја завршиме работата онака како што треба, да ја реализираме програмата, особено владината програма. А во ...

На 17 јуни со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“, дело поставено во два чина, инспирирано од безвременскиот роман на Г. Флобер. Балетот ја прикажува внатрешната борба на жената меѓу копнежот по страст и слобода, и стегите на општествените норми – тема која останува актуелна и денес. Диригент е гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, додека кореографијата ја ...

Новиот претседател на Советот за македонски јазик ќе биде познат утре за кога е закажана следната седница на Владата. Ова денеска го изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков на брифинг со новинарите, на кој присуствуваше и директорката на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик – Менче Андреева. Љутков не ги коментира причините за оставката на претходната претседателка на Советот, но нагласи дека кадровското решение ќе биде ...

По успешните фестивалски настани во Прилеп и Струмица, Виолинфест 2026 ќе биде заокружен со свечен концерт во Скопје на 12 јуни во Камерната сала на Македонска филхармонија во Скопје. На финалната фестивалска вечер ќе настапат 13 млади виолинисти од државата, како и гости од Србија, Косово и В. Британија, кои пред публиката ќе ги претстават своите музички достигнувања преку дела од познати композитори и богата концертна програма. Сите ...

Министерството за култура и туризам во 2026 година ќе располага со буџет од 12 милијарди и 540 милиони денари, а дополнителни 285 милиони денари ќе бидат обезбедени од приходите од игрите на среќа за поддршка на културата и туризмот – информира денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков. Љутков на брифингот со новинарите истакна дека со новите законски решенија се обезбедува траен финансиски механизам за развој на филмската ...

Тој нагласи дека во тек се повеќе законски и стратешки процеси, меѓу кои нов закон за култура, национална стратегија за развој на културата 2026 – 2030 и стратегија за развој на туризмот 2027 – 2030, кои, како што рече, треба да бидат завршени до крајот на годинава. Во делот на капиталните инвестиции, министерот посочи дека за изградба, реконструкција и санација на културни објекти се предвидени 407 милиони денари, од кои до јуни се ...

Во областа на креативните индустрии, Министерството спроведува национално истражување и мапирање на секторот во соработка со Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ, а поддржани се 37 проекти во вкупна вредност од 16 милиони денари. Љутков информира и дека државата по подолг период, повторно реализирала откуп на уметнички дела, при што се набавени 37 дела од истакнати македонски автори во вредност од над шест милиони ...

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, на денешната трета седница на интерпартиската парламентарна група за следење на Националната развојна стратегија (ИППГ) истакна дека потребно е да се разгледа можноста за иницирање измени на Законот за Националната развојна стратегија, како што рече, за да се постигне уште поголема конзистентност, ефикасност, отчетност и транспарентност. – Имено, при подготовата на извештајот забележавме потреба ...

Македонија повторно има причина за гордост. Најдобриот македонски бодибилдер, Ивица Јанев – Ице, уште еднаш го крена македонското знаме на највисокото место и испиша нова златна страница во историјата на македонскиот бодибилдинг. На престижниот Мр Олимпиа Аматер Шпанија, најголемата и најзначајна аматерска бодибилдинг сцена во светот, Јанев е првиот Македонец кој стана шампион на Олимпиа Аматер и да го освои првото место во категоријата ...

ВМРО-ДПМНЕ води речиси тројно пред СДСМ на трите анкети кои партијата за свои потреби ги направила во мај. Според резултатите од анкетите, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 25,2 проценти од вкупната популација или 42 проценти од определените, за СДСМ 8,6 од вкупната популација или 14,4 проценти од определените граѓани. Од анкетираните, 8 проценти од вкупната бројка се изјасниле дека ќе гласаат за ДУИ, односно за оваа партија би гласале 13 проценти од ...

Преку велосипедизам кој поврза три града и две држави, детска смеа и музика, мали бизниси, креативни работилници, улични изведувачи и акробати, Струга овој викенд беше домаќин на завршната активност од програмата за Денот на Европа 2026. Настанот ја заокружи серијата настани што во текот на мај и почетокот на јуни се одржаа во повеќе градови низ земјата, под мотото „Наша Европа.” и Посилни заедно“, со порака до граѓаните да ја почувствуваат ...

В среда ќе се одржи презентацијата на АРБУ (ARBU) – платформа за академско рангирање на универзитетите во Балканскиот регион, како и на претставувањето на извештаите за состојбата на високото образование и научно-истражувачката дејност. АРБУ е иницијатива која обезбедува релевантни и споредливи податоци за универзитетите во регионот, наменета и за академската заедница и за студентите, со цел поголема транспарентност и поттикнување на научната ...

Младинскиот форум на Западен Балкан, се одржа од 04 – 07-ми јуни 2026 година, успешно заврши во Будва по четиридневни дискусии, размена на идеи и заедничка работа на младите од регионот за препораки што ќе им бидат презентирани на носителите на одлуки и на Самитот на лидери во рамките на Берлинскиот процес. Форумот собра повеќе од 100 млади луѓе од регионот, како и претставници на влади, регионални и меѓународни организации, граѓанскиот ...

“Твоја држава, твоја шанса“ Најидиотско лого што до сега сум го видел и слушнал, дури и од најнесериозна, ако сакате маргинална политичка структура, толку безначајна што поминува незабележано и веднаш се заборава. А, токму тука лежи незгаснатата жед за власт, моќ и разорување на сé а само да се дојде до нив. Државата, односно она што таа како моќ ѝ го дава во овој случај, на узурпаторите, повторно да се дофатат до механизмите што нив ќе ...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамки на редовната консултација по член IV за 2026 година оцени дека економијата на земјата покажува отпорност и стабилност и покрај предизвиците од глобалното економско окружување, при што економскиот раст е забрзан, јавниот долг е стабилизиран, а финансискиот сектор останува силен и ликвиден, соопшти Министерството за финансии. Во Извештајот на ММФ, објавен денеска, се наведува дека економскиот раст во ...

Вчеравечер во 22:20 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во паркот „Жена борец“ во Скопје имало починато лице. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото и било констатирано дека починатото лице е Х.Р.Г.(79) од Индија. Извршен е разговор со Т.М.Л.(43) од Индија, кој изјавил дека додека двајцата се движеле, одеднаш Х.Р.Г. паднал, по што тој повикал Итна медицинска помош. Извршен е увид, а по насоки на јавен ...

Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда за З.Ј., сопственик на возилото со кое беше предизвикана кобната сообраќајна несреќа на булеварот „Партизански одреди“. За оваа несреќа веќе е осуден неговиот син, пренесува 4news.mk. Против З.Ј. се водеше постапка за кривично дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“. По анализа на доказите, судот оцени дека дејствијата за кои тој се товареше не ги содржат законските обележја ...

Иран ги прекинува нападите врз Израел откако даде „болен одговор“ за израелските напади врз Либан, соопшти денеска иранската војска на националното радио, пренесе ДПА. Одлуката следи откако во текот на ноќта и утрово Израел и Иран изведоа повеќекратни напади што претставуваше најсериозната ескалација откако во април стапи на сила прекинот на огнот во војната меѓу САД и Израел против Иран. Иран синоќа лансираше ракети кон Израел, како одговор ...

Вчера во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена 44-годишната С.С. од Скопје. Според пријавеното, на 06.06.2026 на ул.„Жан Жорес“ во Скопје околу 21:00 часот, управувајќи велосипед, паднала во одводна шахта, при што се здобила со повредите. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. Вчера во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплекс клиники ...

Во рамките на одбележувањето на јубилејот 80 години Драмски театар – Скопје, на 10 јуни 2026 година (среда) со почеток во 19,00 часот во Драмски театар ќе биде одржана промоција на книгата „Да живее Долна Дупка“ на легендата на македонската театарска и филмска уметност Коле Ангеловски. Книгата е своевидна збирка на четири комедии: „Да живее Долна дупка“, „Аферата ’Рекет’“, „Аферата ’Ладен шприцер’“ и „Птица со главата меѓу нозе“, кои Коле ...

Македонскиот ИКТ сектор продолжува да биде еден од најсилните двигатели на економскиот раст во државата, достигнувајќи вкупни приходи од 1,77 милијарди евра во 2025 година и извоз од 676 милиони евра, покажуваат податоците презентирани на првиот македонско-грчки „Digital Bridge & Business ICT Forum“, организиран од МАСИТ и грчката асоцијација SETPE. Анализата на состојбите во македонската ИКТ индустрија беше презентирана од Дамјан ...

Владата прави потрошувачко портфолио, кое што треба го услогласи со дистрибутерот ЕВН Хоум и со државниот производител ЕСМ и оваа или следната недела ќе имаат заеднички работен состанок, а со што би се обезбедила просечна цена на струјата од 5 до 10 отсто поевтина од сегашната, најави денеска од Виница премиерот Христијан Мицкоски кој одговараше на новинарски прашања за проектите за искористување на обновливи извори на енергија и како можат ...

На денешната седница на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за користење на енергија од обновливи извори и за изменување и дополнување на законот за возила, во прво читање. Воведно образложение по првиот предлог закон, даде претставникот на Владата, заменик министерот Мирослав Лабудовиќ. Предлог законот за користење на енергија од обновливи извори, воспоставува современа и сеопфатна рамка за ...

Се намалува присуството на американските воени авиони во Бугарија, откако четири танкер-авиони на американските воздухопловни сили го напуштија аеродромот „Васил Левски“ во Софија. Американските авиони летаа од Бугарија според договор што дозволува до 15 американски воени авиони да бидат стационирани на аеродромот „Васил Левски“. Контингентот се состоел првенствено од танкер-авиони и транспортни авиони, а не од борбени авиони. Според ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97