Сообраќајна несреќа се случи денеска по наплатната рампа Малгара, на крстосницата Евзони, во правец кон Солун. Според првите информации, автомобил се судрил со камион, под околности кои засега не се разјаснети. 70-годишна жена го загуби животот во сообраќајна несреќа, а маж е пренесен во болница со полесни повреди. Во врска со околностите на несреќата, според досегашните информации, се чини дека автомобилот се судрил со камионот од задната ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против Р.Ј.(80) од гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години’’, соопшти денеска МВР. Според краткото инфо, на 31.05.2026 во валандовско село, пријавениот извршил полови дејствија врз 14-годишник од валандовско. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе ...

Црната сатирична комедија „Бардо Тодор“, вечерва со почеток во 20 часот ќе биде изведена во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во скопската населба Кисела Вода. Претставата е во режија на Сашо Миленковски, а текстот е на Сашо Кокаланов. Проектот е реализиран со поддршка на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“. Во актерската екипа настапуваат младите актери Надица Дојкоска, Наум Ѓорѓиески и Димитар ...

На 11 јуни со почеток во 20ч, во културно-едукативниот центар Лабораториум ќе биде отворена изложбата на фотографии на младата авторка Јана Наскова, која е резултат на едномесечната резиденција реализирана во рамки на иницијативата „Градски ѕид за Нови Лица на македонската културна сцена“. Изложбата претставува прв јавен настан од оваа иницијатива, преку која Лабораториум ги поддржува и афирмира новите генерации уметници и креативци од ...

Државниот архив на Република Македонија од денеска ја одбележува Архивската недела под мотото „Отворени за светот: Архивите како активна сила за правдата, меморијата и иднината“, во пресрет на 9 јуни – Меѓународниот ден на архивите. Овој ден се одбележува во чест на основањето на Меѓународниот совет на архивите (ICA) во 1948 година, под покровителство на УНЕСКО, а годинешната тема ја нагласува улогата на архивите како значаен општествен ...

Дистрибутерската куќа MCF MKD известува дека анимираните херои Фин, кои публиката ги памети како палави и забавни ликови, се враќаат на големото платно со уште поемотивно продолжение, кое ќе пристигне во домашните кина почнувајќи од 11 јуни 2026. По успешниот прв дел од анимираниот наслов што се појави во кината пред четири години, новата синхронизација на „Авантурите на Финик 2“ носи уште подинамична приказна исполнета со многу повеќе хумор, ...

Двајца трајтористи загинаа во две одделни несреќи во Македонија. Прво вчера наутро во Полициската станица Виница, лекар од Итна медицинска помош пријави дека кај нив со повреди здобиени при несреќа со трактор бил донесен В.А.(71) од с.Драгобраште, виничко, кој им подлегнал на повредите и покрај укажаната лекарска помош и извршена реанимација. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани ...

Повеќе од 300 мигранти, кои минатото лето се упатиле кон Велика Британија, биле киднапирани, мачени и им се заканувале со присилно земање органи – дознава Би-би-си. Минатото лето групи мигранти од ирачки Курдистан летале за Либија, каде што биле однесени во комплекс, а подоцна затворени по наводен спор во врска со плаќањето помеѓу либанската милиција и ирачкиот шверцер Ноа Арон. Според информациите, милицијата барала 5.000 долари за секој ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска оцени дека во изминатите две години се направени значајни чекори во унапредувањето на образовниот систем, посочувајќи дека едносменската настава останува еден од најважните проекти на Владата. Одговарајќи на прашање за резултатите од учебната година што завршува утре, Јаневска истакна дека биле надминати повеќе предизвици во образованието, почнувајќи од измените во законската регулатива, ...

Едно лице загина, а друго е полесно повредено во тешката сообраќајна несреќа што се случила денеска по границата на Македонија – Грција, на патот кон Солун. Како што јавува грчки „Прототема“, несреќата се случила после наплатната рампа Малгара, кога под нејасни околности автомобил се судрил со камион. Во несреќата загина 70-годишна жена, а маж со полесни повреди е пренесен во болница. Сообраќајот во моментот се одвива отежнато, а ...

Босанските навивачи се хит во Северна Америка каде за два дена почнува Светското првенство во фудбал 2026 година. Тие ги преплавуваат улиците со сино-жолта боја во секој град каде што игра нивната репрезентација и ги собираат симпатиите на светската фудбалска јавност. Во една од последните атракции, тие на последниот подготвителен меч против Панама, пред стадионот во Сент Луис, Мисури си поставија џиновско ѓезве полно со кафе. Босанските ...

Студенти од Факултетот за безбедност реагираат дека месецов не добиле пари за субвенциониран студентски оброк, иако исполнуваат услови. Mинистерката за образование и наука, Весна Јаневска потврди дека има проблем и дека се работи на наоѓање на решение. Таа кажа дека овој месец, овие студенти, не ги добиле парите за субвенциониран студентски оброк. Факултетите се должни секој месец да достават до министерството список на студенти кои треба да ...

Фросина не загина поради една секунда невнимание. Нејзината смрт е резултат на еден долг синџир на неодговорност, толеранција и неказнивост што очигледно продолжува, реагира Росица Кулакова по веста за ослободителната пресуда за Зоран Јованов, таткото на Васил, возачот кој ја прегази и усмрти нејзината сестра, Фросина Кулакова. Имам неколку прашања на кои никој уште не ми дал разумен одговор. Ако таткото не знаел дека Васо ја вози колата, ...

Студенти од Факултетот за безбедност реагираат дека месецов не добиле пари за субвенциониран студентски оброк иако исполнуваат услови. КУРИР побара одговор од министерката за образование и наука, Весна Јаневска каде е проблемот и дали се работи на наоѓање на решение. Таа потврди дека овој месец, овие студенти, не ги добиле парите за субвенциониран студентски оброк, -Факултетите се должни секој месец да достават до министерството список на ...

Будно ја следиме состојбата и се разбира дека разгледуваме мерки коишто ќе бидат во корист на граѓаните, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање дали ќе бидат донесе нови економски таргет мерки, имајќи ја предвид стапката на инфлација. Мицкоски појасни дека просечната инфлација е под 4,5 во првите четири месеци и како што рече „е една од најниските, ако не и најниска во регионот“. Од нашата анализа, конкретно за ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека како Влада работат темелно и посветено на остварување на целите што ги инаат зацртано во насока на развој на државата и на процесот на нејзина евроинтеграција. Имаат, вели, план и стратегија на чие остварување работат без да ветуваат чуда, туку да гои постават работите на здрава основа. Ние работиме темелно, посветено, чесно и напорно. Резултатите полека доаѓаат. Тоа што е наша стратегија за ...

Вчера во 20:25 часот, Ѓ.С. (49) од Тетово пријавил дека околу 19:00 часот кај горниот влез на паркот кај Спортскиот центар, додека неговиот син и неговите малолетни пријатели собирале црници, им се приближиле три непознати малолетни лица кои почнале да им зборуваат на албански јазик. Во еден момент, едно од непознатите лица извадило од џеб нож. Се презема мерки за идентификување на сторителите и расчистување на случајот, велат од СВР Тетово. ...

Владата во моментов е фокусирана на завршување на процедурите за доизградба на Клиничката болница во Штип, изградба на Факултетот за медицински науки и Студентскиот дом во Штип, како и за болниците во Кичево и Тетово. Додека течат постапките за овие проекти, Владата веќе размислува и за изградба на нов модерен Клинички центар во Скопје, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој одговараше на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на церемонијата за примопредавање на возила и специјализирана опрема за Министерството за внатрешни работи, обезбедени во рамки на регионалниот ИПА проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“. Во рамки на донацијата беа предадени 30 алатки за проверка на документи, два детектори за срцебиење, за ...

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Самостојниот синдикат на контролорите на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената пресуда на Основниот граѓански суд Скопје со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година – соопшти денеска правниот застапник на М-НАВ АД Скопје, адвокатот Горан Николоски. Според него, со правосилната пресуда судовите ги прифатиле трите клучни аргументи на М-НАВ дека најавениот штрајк ...

Агенцијата на Европска Унија за наркотици денеска во Брисел претстави извештај во кој се наведува дека секоја недела во ЕУ се открива претходно непозната дрога, а вкупниот број на следени дроги сега надминува 1.050, вклучувајќи ги и силните синтетички опијати. Агенцијата предупредува дека постои ризик снабдувањето со дрога да се прошири преку продажбата на електронски цигари. Според податоци на ЕУ, во 2019 година регистрирани се најмалку ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Како што информираат од Основното јавно обвинителство Скопје, синоќа околу полноќ во семејниот дом во ...

Вчера во 18:40 часот, полициски службеници од ПС Гостивар извршиле разговор во педијатриското одделение во Медицинскиот центар Гостивар, каде поради труење со лекови било донесено 5-годишно малолетно дете од село Чегране. Како што соопшти денеска СВР Тетово, мајката на детето, Н.А. (25), појаснила дека настанот се случил околу 17:00 часот додека таа била на работа, а детето било под надзор на неговите баба и дедо во нивната куќа, поради ...

Пријателска средба со амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, на која разговаравме за досегашната меѓусебна соработка, можностите за нејзино понатамошно унапредување, како и за реализација на нови проекти од заеднички интерес. Продолжуваме да градиме силни партнерски односи и да создаваме нови можности за соработка во иднина, објави на Фејсбук, министерот за одбрана, Владо Мисајловски. . Пријателска средба со амбасадорот на Австрија, Мартин ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, известува LAMM. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е просечен. На граничните премини, од страната на РМВ, нема долги задржувања за влез и излез од земјата. LAMM препорачува прилагодување на брзината на движење, почитување на утврдените сообраќајни знаци и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ долини, речни долини и ...

Протестите што се одржуваат во Албанија, против изградбата на луксузен ресорт во Зврнец, кај Валона, предизвикаа загриженост во туристичкиот сектор. Според претседателот на Туристичкиот сојуз, Рахман Касај, странски туристи веќе ги откажале резервациите или се повнимателни во изборот на Албанија како дестинација за нивните летни одмори. Неизвесноста создадена од последните случувања, исто така, влијаеле на бројот на продадени туристички ...

Ќе ја изградиме Албанската библиотека. Ја започнуваме постапката за трансформација на просторот над плоштадот ‘Скендербег’ во современа библиотека, отворена за учениците, студентите и сите граѓани. Таа ќе биде дом на знаењето и културата во срцето на Чаир“, изјави Меџити на прес-конференцијата по повод затворањето на Саемот на албанската книга во Скопје, каде градоначалникот Меџити ја претстави иницијативата за формирање на Албанска ...

Владата е пред одлука државава самостојно да го реализира хидроенергетскиот проект Чебрен и Галиште, за којшто инвестицијата би изнесувала до 1,5 милијарда евра заедно со каматите. – Сериозно размислуваме и сме пред носење стратешка одлука државата самостојно да го реализира, без приватен партнер. Конечната одлука ќе зависи и од состаноците што се одржуваат во рамките на ЕСМ, рече премиерот Христијан Мицкоски, на брифинг со медиуми. ...

Владата е пред одлука државава самостојно да го реализира хидроенергетскиот проект Чебрен и Галиште, за којшто инвестицијата би изнесувала до 1,5 милијарда евра заедно со каматите. Сериозно размислуваме и сме пред носење стратешка одлука државата самостојно да го реализира, без приватен партнер. Конечната одлука ќе зависи и од состаноците што се одржуваат во рамките на ЕСМ – рече премиерот Христијан Мицкоски, на брифинг со медиуми. ...

Експертите за невербална комуникација велат дека допирите можат да бидат силен показател за емоционална поврзаност, приврзаност и искрен интерес. Затоа многу жени обрнуваат внимание токму на овие суптилни сигнали кога се обидуваат да откријат што навистина чувствува мажот покрај нив. Нежните допири откриваат блискост Доколку често нежно ве допира по лицето, ви ја поминува раката низ косата или лесно ве допира по грбот додека поминувате покрај ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Калај

53.60

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Родиум

257205.97

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Иридиум

253540.09