Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денес ќе го има првиот настап на годинашниов УС опен. Таа во квалификациите ќе игра против Маи Хонтама од Јапонија. Хонтама има 26 години, таа е рангирана на 171. место на ВТА ранг-листата. Ривалката на Ѓорческа најдобриот ранг го имала, кога била на 105. место (5 август 2024 година). Мечот се игра како втор според денешната програма на теренот број 16, а почетокот на првиот меч е во 17 часот. ...

Владата продолжува да бара решенија за проблемот со ограничувањето на престојот на македонските професионални возачи во Шенген-зоната преку склучување билатерални договори со земјите членки, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој посочи дека државата веќе има постигнато договори со дел од земјите, а во следниот период ќе продолжат разговорите со други држави со цел да се обезбеди поголема покриеност на рутите ...

Меѓународниот филмски фестивал во Ниш ќе се одржи од 25 до 30 август, а еден од гостите ќе биде актерот Жан-Клод Ван Дам, соопшти Канцеларијата на градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ. „Најстариот фестивал посветен на актерите и глумата отвора ново, возбудливо поглавје во својата долга историја овој август“, се вели во соопштението. На фестивалот, организиран од Град Ниш и Културниот центар на Ниш, ќе бидат прикажани 26 филмови, од кои ...

Министерството за образование и наука информира дека од 26 до 31 август трае рокот за аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2026/2027 година. На повикот треба да се пријават сите студенти – како бруцоши, така и студенти од повисоките години, за да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк од 1 октомври 2026 година. Повикот со условите и начинот на аплицирање е објавен на следниот ...

Светскиот ден на евтини летови се слави на 23 август, но според извештајот, тоа не е конкретен датум кога цените на авионските билети одеднаш паѓаат. Тоа е периодот помеѓу крајот на август и почетокот на септември, кога побарувачката се забавува по летната сезона и авиокомпаниите ги намалуваат цените за да ги пополнат местата, според New York Post. Јувраџ Дата од Fareportal, матичната компанија на CheapOair, рече дека патниците не треба да ...

Судењето за случајот „Државна Лотарија“ само што почна се одложи. Одложувањето е на барање на адвокатите на обвинетите кои побараа повеќе време да ги разгледаат доказите како и самиот обвинителен акт. Со ова се сложи судијката Дијана Шуплиновска Јовески како и обвинителот Даниел Коцев кој најави 231 материјален доказ. Следното рочиште е закажано за седми септември. Бидејќи ова е притворски предмет рочиштата ќе се одржуваат поинтензивно ...

Кога станува збор за среќен живот во Европа, многу луѓе веднаш би помислиле на Париз, Рим или некои од познатите медитерански градови. Сепак, резултатите од едно големо истражување покажуваат дека титулата најсреќен европски град ѝ припаѓа на Севиља. Анкетата на списанието „Time Out“ е спроведена меѓу повеќе од 18.500 луѓе ширум светот, а целта била да се открие како жителите го доживуваат животот во своите градови и колку задоволство им носи ...

Ефективниот тренинг за сила може да изгледа многу поедноставно и да се одвива во вашата дневна соба. Тешки тежини, огромни машини, можеби дури и шипка со импресивен спектар на тежини. Тоа е сликата што им паѓа на ум на многу луѓе кога ќе помислат на тренинг за сила. И секако, теретана. На крајот на краиштата, ако сакате да изградите мускули, ви требаат многу, многу тежини, нели? Излегува дека ништо од тоа не е потребно. Ефективниот тренинг за ...

Солунската обиколница во понеделник, 24 август, ќе биде делумно затворена за сообраќај во периодот од 23:00 часот до 05:00 часот утрото наредниот ден, објавува групата Грција инфо на Фејсбук. Затворањето на овој патен правец директно ги засега возачите што патуваат од правецот на Македонија и граничниот премин Евзони кон Халкидики. За време на изведувањето на градежните активности, сообраќајот во спротивниот правец (од Халкидики кон Евзони) ...

Судењето за случајот “Државна Лотарија” само што почна се одложи. Одложувањето е на барање на адвокатите на обвинетите кои побараа повеќе време да ги разгледаат доказите како и самиот обвинителен акт. Со ова се сложи судијката Дијана Шуплиновска Јовески како и обвинителот Даниел Коцев кој најави 231 материјален доказ. Следното рочиште е закажано за седми септември. Бидејќи ова е притворски предмет рочиштата ќе се одржуваат поинтензивно ...

Калинката, симбол на здравјето уште од античко време, повторно е во центарот на вниманието поради своите неверојатни антивирусни и антибактериски својства. Што вели науката: Соединение што го „блокира“ вирусот? Истражување спроведено во Иран се фокусираше на пуникалагинот, моќно соединение кое се наоѓа во јадливиот дел и корените на калинките. Лабораториските тестови покажаа фасцинантни резултати: Вирусно мешање: Пуникалагинот се меша во ...

Панел-дискусија со важна тема „Каде исчезнаа кината?“ ќе се одржи денес во 13 часот во Културниот центар „Лабораториум“ во Скопје, во рамките на фестивалот „МакеДокс“. Идејата е да се понудат идеи, искуства и конкретни насоки за тоа како Скопје може да создаде подобри услови за прикажување филмови, развој на публика и долгорочен развој на кинокултурата. Непосреден повод за дискусијата е „Европската престолнина на културата 2028 Скопје“, која ...

Во охридската населба Лагадин се одржа протест на кој локалните жители, еколошки активисти и љубители на Охридското Езеро уште еднаш го кренаа својот глас против урбанистичкото самоволие и непочитувањето на законите. Нивниот револт овој пат беше насочен кон две прашања кои го уништуваат крајбрежјето: изградбата на спорниот хотел на самиот брег и сè позачестената појава на глисери и други пловни објекти кои опасно се доближуваат до плажите. Со ...

Некогашниот вицеремиер Артан Груби денеска во својство на обвинет за случајот “Лотарија”. Груби во Кривичниот суд дојде кога фоторепортерите и новинарите веќе беа влезени внатре. Видливо ослабен, не комуницираше со никого освен со своите бранители. Тој и уште шестмина се обвинети за делото „Злоупотреба на службена положба“ за која е предвидена казна затвор од една до пет години. Првообвинетиот Перпарим Бајарами е во бегство па него го ...

ретседателот на УЕФА, Александар Чеферин, изјави дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, треба да се сети дека е Европеец, нарекувајќи го планот на неговиот колега од ФИФА за продажба на удел во Светското првенство „полош од Суперлигата“. – Верувам дека овој план е уште полош од планот за Суперлигата. Многу важни клубови сакаа да создадат своја лига, што е погрешно и би го уништило фудбалот. Но, во овој случај, фудбалот буквално би бил ...

Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот. „Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги ...

По продолжениот викенд за Илинден, граѓаните наскоро ги очекуваат нови неработни денови и можност за уште неколку дена одмор. Следниот неработен ден е 28 август, петок, кога православните верници го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. Бидејќи празникот паѓа во петок, граѓаните ќе имаат продолжен викенд од три дена. Потоа следува 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Празникот ...

Командантот на поранешната УЧК, Насим Харадинај, изјави дека верува оти ситуацијата во Косово, Албанија и Македонија ќе ескалира ако Специјализираниот совет во Хаг ги осуди водачите на УЧК на 16 септември, објавува Харадинај рече дека видел некои предупредувања дека некои луѓе на Косово би можеле да ја слават пресудата за вина. „Но, велам, ако се донесе таква одлука, сè ќе изгори. Мислам дека ситуацијата ќе ескалира многу лошо и ова место ќе ...

Фудбалерот на Трабзонспор, Мохамед Салах, го постигна својот деби гол за турскиот клуб. Триесет и четиригодишниот Египќанец постигна гол во првото полувреме од денешниот натпревар против Башакшехир во второто коло од турската Супер лига. Ова беше трет натпревар на Салах за тимот. Напаѓачот потпиша двегодишен договор со Трабзонспор пред почетокот на сезоната 2026/27. Фудбалерот на Трабзонспор, Мохамед Салах, го постигна својот деби гол за ...

Документарниот филм „Добри луѓе“ на режисерот Милчо Манчевски, посветен на кочанската трагедија и на луѓето погодени од пожарот во дискотеката „Пулс“, повторно ќе биде прикажан во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Од установата информираат дека поради големиот интерес, а откако за првата проекција на 22 август приоритет им бил даден на повредените лица и на семејствата на загинатите, капацитетот на салата бил пополнет за кратко ...

Фудбалерот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, ја објави реакцијата на поранешниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ на неговата драстична промена на имиџот. Норвежанецот целосно ја скрати својата долга коса. – Што направи? Што по ѓаволите направи? О, Боже мој, што по ѓаволите е ова. Дали изгуби облог со некого? Блокирај ме и избриши го мојот број. Жена ми вели дека си луд. Дали сега ќе бидеш побрз или не? – рече Ибрахимовиќ во видеото, ...

Копретседателката на Алтернатива за Германија (АФД) Алис Вајдел изјави дека нејзината партија, доколку влезе во федералната влада, ќе бара излегување на Германија од еврозоната и Шенген, затворање на националните граници и многу построга миграциска политика. Вајдел го изјави ова во интервју за германската телевизија ЗДФ. „Германија беше многу подобра пред воведувањето на еврото“, рече Вајдел, тврдејќи дека заедничката европска валута ја ...

По продолжениот викенд за Илинден, граѓаните наскоро ги очекуваат нови неработни денови и можност за уште неколку дена одмор. Следниот неработен ден е 28 август, петок, кога православните верници го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. Бидејќи празникот паѓа во петок, граѓаните ќе имаат продолжен викенд од три дена. Потоа следува 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Празникот ...

Специјален настан посветен на Илинденка Петрушева (1944-2025), една од нашите најзначајни македонски филмолози и филмски критичарки, се одржа на 22 август, во Сули ан, со наслов „Така пишуваше Илинка“. Во нејзин спомен се одржа разговор со некои од нејзините најблиски соработници и наследници на нејзиното дело: Влатко Галевски, филмски критичар и модератор на разговорот; Саша Дукоски, доктор на правни науки, редовен професор и киноаматер; ...

Во рамки на 17. издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, денеска во „Лабораториум“ ќе се одржи кафе-дружба со „Некстас“ на тема „Филм или диктат?“. Настанот ќе започне во 13 часот, а од фестивалот се поканети наставници од основните и средните училишта кои се заинтересирани за можностите за користење документарни филмови во наставата. Од 13 до 14:10 часот ќе биде прикажан филмот „Замокот“, по што од 14:10 до 15 часот ...

Документарниот филм „Добри луѓе“ на режисерот Милчо Манчевски, посветен на кочанската трагедија и на луѓето погодени од пожарот во дискотеката „Пулс“, повторно ќе биде прикажан во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани. Од установата информираат дека поради големиот интерес, а откако за првата проекција на 22 август приоритет им бил даден на повредените лица и на семејствата на загинатите, капацитетот на салата бил пополнет за кратко ...

ренерот на Аталанта, Маурицио Сари, не е задоволен од изданието на неговиот тим на синоќешниот натпревар со Сасуоло и покрај победата со 2:1. – Победата е секогаш важна. Бевме фокусирани во првите 30 минути и не им дозволивме ништо на противниците, но потоа, како што одминуваше натпреварот, почнавме да се мачиме во одбраната. Треба да работиме првенствено со новите играчи, а ги вклучувам и оние што доцнеа поради Светското првенство. Тоа е ...

Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди, покажуваат најновите лабораториски анализи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во периодот од 17 до 21 август, Секторот за санитарна контрола зел вкупно 206 примероци за физичко-хемиска и исто толку примероци за микробиолошка анализа. Примероците биле земени од 47 мерни места на територијата на градот Скопје. Според добиените резултати од испитувањата, сите ...

Во древниот Охрид, градот на светлината, духовноста и словото, во престолнината на сесловенската и македонската писменост и култура, се одржува 59. Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Охрид, со своето непроценливо историско, духовно и културно наследство, со векови претставува едно од најзначајните места на македонската и словенската писменост и култура. Токму од ...

УХМР денеска објави метеоаларм за високи температури на територија на целата држава. Мерните станици покажаа дека најсвежо утро има на Попова Шапка каде се измерени 18 степени во осум часот, по што следи Берово со 19 степени. УХМР утрово измери највисока температура во Гевгелија и Велес, од 26 степени. Следат Кавадарци со 25 степени, Струмица и Зајчев Рид со 24. Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло, со сончеви периоди. Во ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
78%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
66%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
1.03
56%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
89%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
73%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
61%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.1
65%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
86%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Бакар

12.58