Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Искрени честитки до сите вас кои денес и официјално станувате академски образувани граѓани. Вие сте гордост на вашите семејства, на вашите професори и на државата. Од вас очекуваме активно учество во општествениот живот и придонес кон развојот на Македонија. Веруваме во вашето знаење, но и во вашата енергија, креативност и желба за успех. Токму тие квалитети се двигател на промените и напредокот. Ова го истакна министерката за образование и ...
Јуни е нејзин месец, па Miyatta и овој јуни се претставува со нов сингл. „Ти биди СВОЈ“ е музичко парче од мојата душа кое мотивациски е продолжение на „Верувам во себе.“ – вели таа. Вокалите, музика, текст и дел од аранжманот беа секако нејзино дело. Виолината ја отсвире Гоце Вангеловски. На пијаното е Бојан Димитровски. Гитари отсвиреа Кире Мирчовски и Јаков Ѓорговски, а бас гитарата и тапаните се на Иво Митковски. За да зазвучи кантри, ...
Патничко возило „поло“ со скопски регистарски ознаки се запалило попладнево на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, настанот бил пријавен во 17:56 часот во СВР Скопје, при што било наведено дека возилото, сопственост на С.М. (61) од Скопје, се запалило додека било во движење. Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Од МВР дополнуваат ...
На 12 јуни (петок) во 12 часот, во просториите на Францусиот институт во Скопје Македонија и Франција ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на културата и туризмот. Овој документ, кој ќе биде потпишан од страна на Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција, и Министерот за култура и туризам на Република Македонија, г. Зоран Љутков, е од особено значење во насока на придонесот кон унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји ...
Советниците во Советот на Град Скопје, на денешната 14-та седница, по предлог на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ќе дискутираат по дваесетина точки од предложениот дневен ред, меѓу кои и за предлог-изменувањето и дополнувањето на буџетот на Град Скопје за 2026 година. Со овој ребаланс се предвидуваат финансиски средства за реализација на многубројни проекти од областа на урбаното планирање, локалниот економски развој, комуналните работи, ...
Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов денеска информираше дека во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се одржала јавна расправа за Предлог-законот за парнична постапка, кој го оцени како еден од најважните и најобемните закони за функционирањето на правосудниот систем. Како што пишува Пренџов на Фејсбук, за разлика од претходни практики кога законите се носеле без поширока јавна дебата, овојпат процесот е ...
Три лица се повредени во инцидент во училиште во Манчестер, при што полицијата уапси една ученичка, јавуваат британските медиуми. Според „Манчестер ивнинг њуз“ (Manchester Evening News), повредените се здобиле со рани кои одговараат на убоди од нож. На снимките од местото на настанот се гледа голем број припадници на итните служби пред училиштето „Ко-оп Академи Блекли“ (Co-op Academy Blackley), додека родителите известуваат дека училиштето ...
Министерството за здравство, со поддршка од Светската здравствена организација, Канцеларијата на СЗО во Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина, започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата. Иницијативата ја одразува заложбата на Владата за подобрување на здравствените услуги и постигнување ...
Преку усвоениот Ребаланс на Буџетот, на денешната седница на Советот на Град Скопје биле обезбедени 50 милиони денари за изградба на нова противпожарна станица за потребите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Новата станица, како што информираат од прес-службата на Град Скопје, ќе биде лоцирана во Општина Аеродром, во близина на Центарот за јавно здравје, и претставува значајна инвестиција во безбедноста на граѓаните и ...
Оваа сабота 13.6.2026г., со почеток во 13:30 часот, на Школка во Градскиот парк ќе се одржи концертот „Звуците на Македонија“, во изведба на студентите по Оркестар на народни инструменти и традиционално пеење, од Факултетот за музичка уметност – Скопје. Преку богата програма исполнета со македонски народни песни и инструментални изведби, младите уметници ќе го претстават богатството на македонската музичка традиција и културно наследство. ...
Македонските филмови „Ветена земја“, „Утре изутрина“ и „Неми филмови“ се наградени на Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон – SEE FF 2026. Американското жири под претседателство на Партисија Корбет, познат филмски и литературен критичар, наградата за најдобар игран филм му ја доделила на „Утре изутрина“ од Македонија, кој исто така ја добила наградата за најдобро сценарио (Јани Бојаџи). За најдобра актерка е прогласена ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денес поставија камен темелник за изградба на нов објект со 8 училници во склоп на основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром, кој ќе биде заокружен најдоцна за една година. Станува збор за инвестиција во вредност од 30,6 милиони денари, обезбедени преку повик ...
60-годишен тетовец пријавил дека вчера бил физички нападнат од неговиот син во угостителски објект во Тетово. Од МВР информираат дека синоќа во 21:50 часот во СВР Тетово, 60-годишен жител на Тетово пријавил дека околу 16:30 часот во угостителски објект на улица „Илинденска“ бил физички нападнат од неговиот син Е.М.(34). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, посочија од таму. 60-годишен тетовец пријавил дека вчера бил физички ...
Проф. д-р Веселинка Лаброска е нова претседателка на Советот за македонски јазик, соопшти Министерството за култура и туризам. Таа доаѓа на местото на Симона Груевска-Маџоска која поднесе неотповиклива оставка на 12 мај годинава. Од министерството информираат дека Владата на денешната седница го усвоила Предлогот и ја именувала д-р Веселинка Лаброска, дописен член на МАНУ и редовен професор на Институтот за македонски јазик „Крсте Петков ...
Во рамките на одбележувањето на 80-годишнината утре, на 10 јуни со почеток во 19:00 часот во Драмскиот театар ќе биде одржана промоција на книгата „Да живее долна дупка“ на легендата на македонската театарска и филмска уметност, Коле Ангеловски. Книгата е своевидна збирка на четири комедии: „Да живее долна дупка“, „Аферата ’Рекет’“, „Аферата ’Ладен шприцер’“ и „Птица со главата меѓу нозе“, кои Коле Ангеловски ги напиша во последните десетина ...
Собраниската Комисија за здравство денеска го усвои предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, во прво читање, и го проследи во натамошна процедура. Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски појасни дека законот произлегува од потребата да се обезбеди посеопфатна и поефикасна заштита на здравјето, особено на децата и младите. Тука е, додаде, и обврската за усогласување со европското законодавство. ...
На Универзитетската клиника за дерматологија во изминатите седум месеци беа третирани 66 пациенти со над 400 лузни кои настадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“. На 16 март 2025 година во кочанската дискотека се случи пожар во која животот го загубија 63 млади лица, а над 200 беа повредени. Во лекувањето се вклучени повеќе лекари и специјализарни, а целиот процес на планирање и реализирање е координиран од проф. д-р Катарина Дамевска, ...
Истовремена изградба на шест автопатски делници во државата во текот на втората половина од годината – најавува Владата. Кон крајот на овој месец или во почетокот на следниот се очекува да почнат работи на терен за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, а во септември или октомври и градежните работи за автопатот Кичево – Букојчани. На терен се заокружуваат работите за целосно ставање во функција на автопатот Кичево – Охрид, а се работи и ...
Вчера во 11:25 часот во СВР Охрид e пријавено дека при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св. Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за З.П.(44) од Кавадарци. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот, велат од МВР. Вчера во ...
Вчера во ОВР Струга е извршен службен разговор со В.С.(40) од струшко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал неговиот малолетен син, соопштија од МВР. Околу полноќ вечерва, пак, во ОВР Струга, В.С. пријавил дека неговата сопруга Н.С.(41) ги оставала нивните малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека одела на работа. По овластување на јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното возило ...
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на Стефан Богоев и донесе решение за укинување на мерката притвор, прифаќајќи ја понудената финансиска гаранција. Осомничениот во понатамошниот тек на постапката ќе се брани од слобода, но под строго определени услови. Според официјалното соопштение од Судот, прифатената гаранција се состои од готови средства во износ од 55.000 евра во денарска противвредност. Овој износ се ...
Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ во Охрид, каде се реализираат формални програми и програми за доквалификација и преквалификација во областа на угостителството и туризмот и се образуваат идни готвачи, келнери, туристички работници и други профили од секторот, доби современа опрема за унапредување на практичната настава. Со овој проект се создаваат подобри услови за учење и посовремена средина за учениците и ...
СВР Битола информира дека во битолската полиција било пријавено дека во населба „Кланица“ во Битола, кај место викано „Дрвено мовче“ во реката Драгор, било пронајдено безживотно тело. Од Секторот за односи со јавност посочија дека по извршено препознавање констатирано е дека се работи за 66 годишник од Битола, за кој на 2 јуни во СВР Битола негов роднина пријавил дека се оддалечил од домот. Лекар од Итната медицинска помош Битола констатирал ...
Поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, е осуден на една година затвор за изградбата на општинската зграда, пресуди Апелација. Апелациониот суд Скопје, делумно ја потврди пресудата против С.Ј. и Т.Ѓ поврзана со изградба на општинската зграда во Карпош. Второ степениот суд, постапувајќи по жалба на обвинетите и на надлежниот Јавен обвинител донел пресуда со КОКЖ бр. 110/25 според која, пресудата против обвинетиот С.Ј. – ...
Во петок (12 јуни) во Истанбул ќе се одржи бизнис форум посветен на јакнење на економските врски и промоција на инвестициските потенцијали на Република Македонија пред турската деловна заедница. Форумот има за цел да ги поврзе институциите и бизнис секторот од двете земји преку директни контакти и разговори насочени кон отворање нови можности за соработка и заеднички инвестиции. На настанот е најавено учество на Претседателот на Владата на ...
Истовремена изградба на шест автопатски делници во државата во текот на втората половина од годината – најавува Владата. Кон крајот на овој месец или во почетокот на следниот се очекува да почнат работи на терен за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, а во септември или октомври и градежните работи за автопатот Кичево – Букојчани. На терен се заокружуваат работите за целосно ставање во функција на автопатот Кичево – Охрид, а се работи и ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека во моментов се реализираат активности на четири различни локации низ градот, при што се работи на изградба, уредување и обнова на инфраструктурата. Тој истакна дека станува збор за конкретни проекти кои носат видливи резултати на терен и придонесуваат за решавање на долгогодишни проблеми со кои се соочувале граѓаните. „Скопје добива нов лик, затоа што скопјани заслужуваат ...
Вчера околу 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Орман, покрај реката Лепенец, бил пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање. Полициски службеници извршија увид, а по насоки на јавен обвинител телото, кај кое е пронајдена картичка од автобус на име Ј.М.(70) од Скопје-женско лице, е предадено во судска медицина за обдукција, соопшти МВР. Вчера околу 18:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Орман, покрај реката Лепенец, ...
Оваа сабота 13.6.2026г., со почеток во 13:30 часот, на Школка во Градскиот парк ќе се одржи концертот „Звуците на Македонија“, во изведба на студентите по Оркестар на народни инструменти и традиционално пеење, од Факултетот за музичка уметност – Скопје. Преку богата програма исполнета со македонски народни песни и инструментални изведби, младите уметници ќе го претстават богатството на македонската музичка традиција и културно наследство. ...
Амбасадорот на Израел во Обединетите нации денеска побара да се укине меѓународната нарењба за апсење на премиерот Бенјамин Нетанјаху откако главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) ден претходно беше суспендиран. Суспензијата на Карим Кан „докажува дека оваа институција е скапана до срж“, напиша денеска амбасадорот на Израел во ОН, Дени Данон, на платформата на Икс. „Сега е време да се откажат апсурдните обвиненија против ...