Полни кошници свежи јајца, секој петок во Штип, носи 73 годишната Гроздена Петрова од радовишкото село Ораовица и ги продава на пазарџиите во градот. Сами со својот домакин, одгледуваат 500 кокошки во селото, во место наследено од својот свекор. Пуштени, природно на паша, а дополнително ги хранат со јачмен, пченица и пченка. За М-Нет телевизија, таа вели дека моменталната цена е 12 денари за зрно, пари со кои ги покриваат трошоците и тргаат ...

За месец ипол се очекува да пристигнат првите домашни домати од Лесковица на тезгите на пазарите. Тетка Маре оттаму вели дека расадот е веќе посаден на отворено во нивните ниви, кој се очекува да биде роден исто како минатите години. Таа тврди дека во нивната почва се е природно, чисто и органско, што бара пред се мотика в рака, добро наводнување и грижа која е неопходна дури процвета доматот. Освен домат, дополнително вели посадилеи пипер, ...

За првпат Виница, денеска ќе биде дел од „Маршот за ангелите“, кој е посветен на 63 те загинати животи и стотици повредени во трагедијата што се случи во кочанската дискотетка Пулс и ја потресе јавноста. Како што информираат од здружението на граѓани 16 мар 2025 година, собирот е предвиден од 16 часот и 45 инути на градскиот плоштад Ангел Винички, со што се повикуваат сите граѓани и поддржувачи, да се приклучат на маршот, кој е превиден за ...

Колку суеверието е застапено денес? Постарите штипјани пред камерите на М-Нет Тв изјавија дека не веруваат во суеверие, туку се водат според разум и вистина. Тие сметаат дека човек не треба да се води со такви нешта, бидејќи се сомнителни и непотврдени. Дел од нив дури и со иронија ги отфрлаат суеверијата. Мнозинството потврдија дека не веруваат во нешта кои според нив немаат реална основа. Анкетираните граѓани нагласија дека верувањата и ...

Со појавата на вирусна болест што ги напаѓа домашните и дивите свињи, „Африканска свинска чума“, променет е животот на многу селани кои ги одгледувале истите. Невенка Милева од с. Уларци ни раскажа за времето кога одгледувала прасенца, кога се чувале, се растеле и со гордост се носеле на пазар. Сега вели дека се е променето, дека болеста кај свињите им го променила животот и им ја одзеле навиката што со децении ја имале. Во нејзините зборови ...

Старо-новиот предлог-закон за игри на среќа во Македонија сè повеќе личи на веќе виденото албанско сценарио, кое, поради корист на поединци, отвори широка врата за нелегалното обложување, реагираат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија. Кога владата на Еди Рама во Албанија во 2018 година помпезно најави целосна забрана на спортските обложувалници и казината, официјалниот наратив беше „крај на лудилото“ и „заштита на ...

Денеска попладне и Виница ќе се придружи на „Маршот на ангелите“ кој е посветен на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во пожарот во дивата дискотека загинаа 63 претежно млади, а повредени беа над 200 лица. Како што информираа од здружението на граѓани „16 март 2025“, собирот е предвиден од 16 часот и 45 минути на плоштадот „Ангел Винички“, со што, се повикуваат сите граѓани и поддржувачи, да се приклучат на ...

Опозициската Левица реагира дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го предлага истиот закон за игри на среќа со ограничување од 500 метри од образовни и верски објекти, кое, како што наведуваат, претходно било критикувано од сегашните владејачки структури како недоволно. Во соопштението на Левица, се посочува дека во 2023 година тогашниот опозициски функционер Изет Меџити изјавувал дека растојанието од 500 метри е „смешно“ и најавувал ...

Од опозициската СДСМ реагираат дека, и покрај претходни изјави на Христијан Мицкоски, Тимчо Муцунски и Гордана Сиљановска-Давкова во кои, како што наведуваат, биле истакнати позитивни оценки за Преспанскиот договор, НАТО членството и заштитата на идентитетските прашања, останува отворено прашањето за реализацијата на реформската агенда. Во соопштението на СДСМ, се наведува дека повеќе од две години не е направен значаен напредок во ...

Таму каде што Зоран Заев застана со антидржавната политика, сега продолжува Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Со прифаќањето и потпишувањето на капитулантските договори, Заев почна да го брише терминот „македонски“, додека Филипче чувар на заевата фотелја во СДС, спремен е да ја впише непостоечката и навредлива за нас Македонците придавка, „северномакедонски“. СДС и Филипче, не само што немаат проблем што дел од соседите не нарекуваат со ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно време со ...

Македонскиот репрезентативец и член на БК Балканец од Штип, Зоран Шоров, продолжува да сонува европски медал по одличните настапи на Европското првенство во Самоков, Бугарија. Младиот штипјанец, Шоров најпрво славеше против претставникот на Шведска, покажувајќи сигурност и квалитет на душекот, а потоа беше поразен од борачот од Турција. Сепак, откако турскиот натпреварувач обезбеди место во финалето, македонскиот репрезентативец доби нова ...

Со години, Комисијата за односи меѓу заедниците беше ставена на маргините, оценуваат од „Вреди“. „Беше де факто ослабена од политиките на ДУИ. Нејзината улога беше ослабена. Ја изгуби реалната тежина во процесите на одлучување, иако произлегува од Охридскиот рамковен договор. Од денес, тоа се менува. На чело на Комисијата е избран пратеникот на „Вреди“, Аднан Азизи. Тој ќе предводи нова фаза. Фаза на целосна функционалност и јасна ...

Утрешниот натпревар од претпоследното коло во Втората фудбалска лига меѓу Осогово и Брегалница ќе донесе вистинска фудбалска атмосфера во Кочани, откако штипските навивачи најавија масовно гостување и силна поддршка за „сините“. Од клубот информираа дека за сите симпатизери и љубители на Брегалница е организиран превоз за гостувањето, а организацијата е во рацете на верните навивачки групи „Фаланга“ и „Ултра Банда“. Поаѓањето е закажано за ...

Вардар е новиот шампион на Македонија! „Црвено-црните“ денеска во Струга ТЛ триумфираа минимално со 0-1, и така дојде до 12-та титула од независна Македонија. На најтрофејниот македонски клуб му требаше само еден бод за и дефинитивно да го потврди шампионскиот пехар, ама избраниците на Гоце Седлоски си заминуваат со три. Уште во петтата минута Вардар дојде до посакуваното водство. Нафрлена топка кон Цветковиќ, Рочи имаше недоразбирање со ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и амбасадорката на Словачката Република Ивета Хрицова на заедничка средба ги разгледаа можностите за идна соработка особено во областа на реализацијата на европските реформи во работата на Јавното обвинителство. Меѓу клучните активности во претстојниот период, преку контакти со словачкото обвинителство, ќе биде иницирана размена на искуства во повеќе области, студиски посети, ...

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со италијанскиот амбасадор во земјава Паоло Палминтери. Соработката на Јавното обвинителство со Република Италија е екстензивна, а Италија како еден од најсилните поддржувачи на Македонија во ЕУ е силно заинтересирана за областа владеење на правото. Италијанскиот амбасадор пред државниот обвинител ги презентираше досегашните активности во таа насока, ...

За првпат по многу години, државата го става интересот на граѓаните пред интересот на коцкарската индустрија. Владата презема конкретни чекори за воспоставување ред, одговорност и вистинска заштита за семејствата, младите и иднината на нашето општество, велат од „Вреди“. Според нив, новиот закон за игрите на среќа не е само мерка против казината. Овој е закон, како што додаваат, во заштита на албанското семејство и на секој граѓанин кој со ...

Три дена без капка вода, оставени станари од зграда на улицата Христијан Карпош во Штип, откако пукнала цевка во маркетот кој се наоѓа веднаш под нив. Револтирани и гневни, велат дека становите и влезот од зградата се шират со непријатна миризба, а вода полнат во туби и шишиња, небаре живеат во минатиот век. Стравуваат од инфекции и бактерии, бидејќи, како што велат, проблемот не се решава. Велат дека со часеви го бараат газдата на маркетот, ...

220 денари за килограм цреши – луксуз на пазарот во Штип. Пазарџиите велат скапо, но поевтино од ланската година, кога беа и по 300 денари. Иако за нив цената остнаува висока, сепак желбата да вкусат цреши уште пред Задушница остана посилна од скапотијата. Наместо цело кило, велат купуваат по половина или уште помалку, колку да се конкаат засега, додаваат тие. Тетка Маре од Лесковица, од пазарот вели дека за неколку часа, денеска продала 180 ...

Низ црквите и манастирите денеска масовно се одбележува летен Свети Атанас – празник посветен на Свети Атанасиј Велики, во народот познат и како Атанасовден. Голем број верници уште од раните утрински часови ги посетија храмовите, каде запалија свеќа за здравје, мир и благосостојба, упатувајќи молитви кон светецот за заштита од болести и несреќи. Свети Атанасиј Велики бил еден од најзначајните христијански светители и архиепископ на ...

Скапи или реални цените за овој период од годината на пазарот во Штип. Првите летни овошки ретко можеа да се најдат за помалку од 200 денари за килограм. Граѓаните велат дека цените се високи, но додаваат дека овошје мора да се јаде. Поради поскапувањата, наместо по цел килограм, најчесто купуваа по помали количини. И покрај високите цени, тезгите беа посетени уште од раните утрински часови. Продавачите велат, цените на зеленчукот и овој ...

Анкица Манасиевска – нов в. д. директор на ОУ „Никола Карев“ Со решeние за именување од 15 мај 2026 година, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов ја именува Анкица Манасиевска за вршител на должноста директор на ООУ „Никола Карев“ – Кочани. Манасиевска, која е долгогодишен одделенски наставник во ОУ „Никола Карев“, ќе ги врши работите до именување нов директор, не подолго од шест месеци од денот на именувањето. На предавањето на ...

Наредната недела ќе се разгледуваат понудите од компаниите што треба да ја финансираат доизградбата на новата Клиничка болница во Штип, како и изградбата на новиот објект на Факултетот за медицински науки и студентски домот, кои ќе бидат лоцирани во непосредна близина на овој капитален здравствен проект што штипјани го очекуваат повеќе од една деценија -Што се однесува до проектите поврзани со здравството знаете дека тие се дел од стратешкото ...

Матурантите од СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ од Штип денес ја организираа својата дневна забава и уште еднаш покажаа дека знаат како да уживаат во последните средношколски денови. Со многу смеа, музика и емоции, тие ги одбележаа спомените создадени во изминатите четири години поминати заедно со своите соученици. Велат дека дружбите, заедничките моменти и часовите никогаш нема да ги заборават, а дел од нив признаваат дека веќе им ...

По повод Меѓународниот ден на музеите, на 18 мај во 13 часот во Уметничката галерија Безистен во Штип ќе биде отворена изложба со фотографии од познатиот златен наод од с. Тремник. Посетителите ќе имаат можност да видат 30 фотографии од вредната златна остава од 4–3 век п.н.е., откриена на локалитетот „Орманков гроб“. Изложбата е реализирана во соработка со Музеј на град Неготино и носи дел од античкото богатство поблиску до јавноста. По ...

Сите оние кои што глумат моторџии ќе бидат изгорени од казни“, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, најавувајќи засилени контроли против несовесните возачи на мотори. Тој истакна дека МВР во наредниот период ќе биде особено фокусирано на моторџиите кои возат без кацига, со голема брзина, минуваат на црвено и ги дигаат моторите на едно тркало. Според Тошковски, прекршителите ќе останат и без моторите и без можноста да „глумат ...

По повод Меѓународниот ден на семејството, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го посети СОС Детско село, каде што оствари средба и дружење со децата, згрижувачките семејства и тимот на организацијата. За време на посетата беа донирани подароци, но, како што истакна, најголем впечаток оставиле животните приказни, талентот и истрајноста на младите луѓе кои растат во СОС Детско село. „Овие деца се вистински херои. Меѓу нив има ...

Концертот на Дејвид Гета кој ќе се одржи на Градски стадион во Скопје на 8 септември по повод 35 години независност на Македонија е распоредаден за помалку од 12 часа, соопшти Авалон. „Ве информираме дека официјално е распродаден целиот капацитет на Арена „Тодор Проески“! Продадени се 50.000 влезници во помалку од 12 часа! Повеќе од 250.000 луѓе! Голем дел од нив во ист момент, се приклучија на avalonbooking.mk, што предизвика потешкотии при ...

Управата за јавни приходи продолжува со засилени теренски контроли за фискализација, при што во првите четири месеци од 2026 година кај над 40% од контролираните субјекти се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (ЗРГП), од кои 30% се неправилности кои директно значат неиздавање фискални сметки, издавање непропишани сметки и непоседување фискална каса. Во овој период, Управата за јавни приходи (УЈП) ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.85
43%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
13.02
95%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.88
89%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
57%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.31
53%
1009
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
55%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.24
67%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.07
61%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.8
59%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
46%
1009
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
46%
1010
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
1.31
60%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Паладиум

40767.15

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.54

Платина

55170.68

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Калај

53.60

Иридиум

253540.09