Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Граѓанските организации, најостро го осудуваат новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот сопруг со нож. Според информациите на МВР, сторителот ја нападнал жената со која не живееле заедно, а таа починала на лице место од здобиените повреди, велат од Мрежата за заштита од дискриминација. Ова, потенцираат од таму, не е изолиран случај. „Ова е уште еден аларм дека Македонија станува сè поопасно ...
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, соопшти дека денеска се одржа седница на Локалниот совет за превенција во проширен состав, посветена на состојбите со безбедноста во училиштата, превенцијата од меѓуврсничко насилство и унапредувањето на сигурноста во воспитно-образовниот процес. Седницата била свикана по неодамнешниот инцидент во основното училиште во населба Ченто, при што Локалниот совет за превенција најостро и ...
Спортската манифестација „Пролетни денови на училишниот спорт“ годинава го има своето трето издание, а истата оваа година е збогатена со низа нови спортски активности. Велосипедизмот е нова спортска активност која е воведена за овогодишеното издание на оваа спортска манифестација која ја организира Сојузот на училишен спорт на Штип во соработка со општина Штип. Веќе утре, учениците ќе возат велосипеди заедно со професорите на патеката покрај ...
Брегалница в сабота ќе гостува во Кочани кај Осогово, каде со триумф на „сините“ ќе може да започне славјето за шампионската титула на 23 мај, кога Брегалница против Победа на домашен терен ќе ја затвори сезоната. Натпреварот од Кочани меѓу Осогово и Брегалница ќе можете да го следите во живо на М Нет телевизија, сабота од 16:30 часот. На првото соочување во Штип „жетварите“ со 0:1 беа подобри од „сините“, но сега околностите се поинакви, а ...
Време е оваа организирана група на Христијан Мицкоски и ВМРО да им се извини на граѓаните за годините лаги и токсични поделби во општеството. Време е да престанат со театарот и да ја продолжат политиката на европска иднина. Доколку не сакаат, а не сакаат поради нивните бизниси, нека си заминат, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Тој јавно го повика Мицкоски да им се извини на граѓаните. „Јавно го повикувам Христијан Мицкоски, носителот на ...
Покрај хартиените свидетелства, на крајот од тековната учебна година, учениците од прво до трето одделение за првпат ќе добијат и дигитални свидетелства. „Оваа учебна година започнуваме со етапно воведување на дигиталните свидетелства. Тие ќе имаат идентична важност како и хартиените кои постепено ќе се заменуваат, што ќе значи олеснување на административната работа на училиштата, намалување на трошоците за печатење и онлајн достапност на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на денешната прес-конференција во Владата порача дека членството во Европската Унија останува стратешка цел на државата и еден од клучните столбови на македонската надворешна политика, нагласувајќи дека европската интеграција бара сериозност, одговорност и национален консензус околу најважните државни прашања. „Но исто така, мора да бидеме искрени и кон себе и кон ...
Германската влада го отвори патот за изградба на нови електрани на гас во обид да ја пополни празнината во снабдувањето со обновлива електрична енергија, испраќајќи закон за изградба на електрани на гас до Бундестагот. Целта е електраните на гас да го заменат постепеното напуштање на јагленот како гориво, планирано за 2038 година, и да служат како резерва во иднина за време на периоди на ниско производство на електрична енергија од сончеви ...
Во рамки на Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024–2027, организиран од European Policy Institute – Skopje (EPI) и Министерството за европски прашања, се дискутираше за досегашниот напредок во спроведувањето на Реформската агенда, како и за конкретните ефекти што овие реформи ги носат за граѓаните и институциите во Северна Македонија. Состанокот беше реализиран во рамки на регионалниот проект ...
Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Скопје, и во ...
Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, што Владата го усвои на последната седница, претставува обид за затворање на легалните приредувачи на игри на среќа и отворање на нелегалното обложување по примерот на Албанија, сметаат од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ). Со уривањето на легалната индустрија, од Асоцијацијата предупредуваат дека Владата свесно ја отвора вратата за црниот пазар. „Затворањето на ...
Скандалозното затворање на обвинителската постапка за предметот наречен „Мазут’’ вреден 167 милиони евра, е доказ за големото влијание кое Али Ахмети, Венко Филипче и Зоран Заев го имаат врз обвинителството и судството, или во случајов врз шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, оценува Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Пред само една година, обвинителството кое го води Ислам Абази, побара притвор за 4 лица осомничени во овој случај, затоа ...
Филипче е поголем негатор на Македонија, дури и од бугарските власти, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Пиунот на Радев, Венко Филипче, чекори по патот на Заев и е спремен за власт да потпише нови капитулации за Македонија и за македонскиот народ. За Филипче и СДС, нема никаков проблем да бидеме окарактеризирани како „северномакедонци’’. Да потсетиме дека оваа неточна и навредлива придавка, доаѓа ...
Скандалозното затворање на обвинителската постапка за предметот наречен „Мазут’’ вреден 167 милиони евра, е доказ за големото влијание кое Али Ахмети, Венко Филипче и Зоран Заев го имаат врз обвинителството и судството, или во случајов врз шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, оценува Дафина Стојаноска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Пред само една година, обвинителството кое го води Ислам Абази, побара притвор за 4 лица осомничени во овој случај, затоа ...
СДСМ бара оставка од јавниот обвинител Ненад Савевски по, како што велат од партијата, скандалот со телефонските нарачки од премиерот, Христијан Мицкоски. „Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага. Мицкоски нарачува, а Савевски испорачува. Слушнавме како Мицкоски дели задачи од собраниска говорница, со неговите чувства, слушнавме како елиминира независни обвинители од постапка на телевизија, сега и по ...
Странската комисија која анализираше 13 случаи во врска со скандалот со непотребни операции на срце во државните и приватните болници во Македонија, утврди дека кај деветмина постојат сомнителни наоди, додека кај четири пациенти констатира дека обезбедениот третман во целина бил медицински соодветен. „Од анализираните 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени операции или непотребно упатени за операција, странската комисија кај ...
Денес во просториите на Општина Кисела Вода се одржа официјална средба помеѓу градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска и амбасадорката на Романија во Македонија, Адела Моника Аксинте. За време на посетата, градоначалничката ја запозна амбасадорката со тековните проекти и стратешките цели на локалната самоуправа, насочени кон модернизација и подобрување на услугите за граѓаните. Двете страни разговараа за потенцијалот за идна соработка, со ...
Филипче е поголем негатор на Македонија, дури и од бугарските власти, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. „Пиунот на Радев, Венко Филипче, чекори по патот на Заев и е спремен за власт да потпише нови капитулации за Македонија и за македонскиот народ. За Филипче и СДС, нема никаков проблем да бидеме окарактеризирани како „северномакедонци’’. Да потсетиме дека оваа неточна и навредлива придавка, доаѓа ...
Со добро планирање, успеавме до сега да реализираме 75 % од средствата за капитални проекти од буџетот на Министерството за транспорт, што е одличен реузлтат. Доколку има простор, подготвени сме да потрошиме и дополнителсни средства ако буџетот тоа го дозволува, истакна вицепремиерот и министерот за транспорт, Александар Николоски. „Многу сум задоволен од реализацијата на буџетот во Министерството за транспорт. Во делот на капиталните расходи ...
И оваа година, ЈП Комунална хигиена-Скопје зема активно учество во масовната акција за чистење „Генералка викенд“, што се одржа на 8 мај. Акцијата започна на Кејот на реката Вардар, опфаќајќи ги двете страни на речното корито, при што стотици учесници во акцијата собираа најразлични видови на непрописно одложен отпад од брегот и пешачките патеки. Воедно, акцијата се одвиваше и во сите скопски општини каде што учесниците во посебно одредени ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место во населбата Баир каде една жена беше лишена од живот. Издадена е наредба за обдукција за починатата, а од лице место се подигнати траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење, велат од ЈОРМ. Осомничениот за извршување на кривичното дело е лишен од слобода, а за натамошниот тек на постапката против него обвинителството ќе ја информира ...
Парламентарната делегација, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, а составена од потпретседателите Јован Митрески и Весна Бендевска, координаторите на пратеничките групи Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски, пратеникот Миле Лефков и генералниот секретар Марина Димовска, одржаа работни сесии во Берн од 12 до 14 мај во рамките на програмата „Планински дискусии за парламентарната ...
„Повеќе од 30 дена јавноста поставува едно едноставно прашање: Дали Владата ги испрати документите за екстрадиција на Никола Груевски? Ниту Христијан Мицкоски, ниту министерот за правда Игор Филков немаат храброст да дадат јасен одговор. Тишина. Молчење. Криење од јавноста“, истакнуваат од СДСМ. Како што велат од таму, се однесуваат како ова да не е нивна работа, како да не знаат што се случува, како да немаат никаква одговорност. „Зошто ...
Со свечена централна манифестација што се одржа во Домот на култура „Илинден“, Општина Илинден го заокружи тридневното културно збиднување „Денови на културата 2026“, кое и оваа година обедини бројни љубители на литературата, уметноста и културното творештво. На завршната вечер, пред многубројната публика, се обрати покровителот на манифестацијата, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека локалната ...
Активисти на Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“ информираат дека жители на Пештани деновиве им приложиле фотографии од хотелот „Десарет“ и состојбата во која се наоѓа истиот. „Деновиве жители на Пештани ни ги приложија фотографиите во прилог „со цел да постигнеме правно решавање на случајот и постапување по издадено решение без да се штитат поединци.“ Се работи за објектот на хотелот „Десарет“, стои во информацијата од Активисти на ...
Општина Аеродром од 18 мај (понеделник) започнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, која ќе трае до средината на јули. Акцијата претставува продолжение на успешната есенска акција, велат од Општината. Во соработка со ЈП за Комунални дејности на општина Аеродром на повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните ќе можат бесплатно да го оставаат својот стар и ...
Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, учествуваше на 29-тиот Евроазиски економски самит организиран од Фондацијата Мармара, кој се одржа од 11 до 13 мај 2026 година во Истанбул, Република Турција. Претседателот Иванов се обрати на сесијата „Глобален дијалог на лидери“, на тема „Европската Унија во светлина на променливите глобални и економски вредности: Поствоен свет со војни, терор, конфликти и присилни ...
Политиката на СДС кон државните интереси е иста со таа на Бугарија, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС и официјална Софија не се разликуваат во барањата, Венко Филипче исто како и новата бугарска Влада бара итно спроведување на уставните измени и тоа без никакви гаранции дека тие ќе бидат последните. Дека СДС има исти позиции со Бугарија потврдува и самиот Филипче, пиунот на новиот бугарски премиер Румен Радев, со секојдневните негови настапи и ...
„’Со гадење’ вака внукот на Гоце Делчев, Христо Христов, во интервју за бугарски медиуми дадено пред два дена, одговара на прашањето ‘Ако Гоце Делчев денес го видеше Балканот, како мислите дека би ја оценил ситуацијата меѓу народите за чие ослободување и обединување се бореше?’ Гоце Делчев би се гадел од ВМРО-ОКГ и Мицкоски“, велат од СДСМ. „Тој се бореше за единство и слобода, а не за поделби и конфликти. Гоце Делчев се бореше за правда, а ...
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека правдата во Македонија уште еднаш е ставена во служба на СДС и ДУИ. „Не за џабе за време на седумгодишниот период на власт, правосудниот систем го наполнија со нивни кадри и послушници кои во даден момент, како овој, наместо по слово на законот тие да носат одлуки во корист на поединци од СДС и ДУИ“. Според нив, скандалозна е последната одлука на ЈО ГОКК, под раководство на соседот на Али Ахмети од Зајас, Ислам ...