Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека правдата во Македонија уште еднаш е ставена во служба на СДС и ДУИ. „Не за џабе за време на седумгодишниот период на власт, правосудниот систем го наполнија со нивни кадри и послушници кои во даден момент, како овој, наместо по слово на законот тие да носат одлуки во корист на поединци од СДС и ДУИ“. Според нив, скандалозна е последната одлука на ЈО ГОКК, под раководство на соседот на Али Ахмети од Зајас, Ислам ...
„Левица укажува дека ограничувањето на казината на само 500 метри од училиштата е минимален и “шминкерски” чекор, кој не го решава суштинскиот проблем со експанзијата на индустријата за коцкање во Македонија. Според јавно објавени податоци, само во текот на 2025 година во казината, автомат клубовите и обложувалниците во Македонија биле уплатени околу 2,83 милијарди евра. Овие бројки се доказ дека коцкарската индустрија прерасна во еден од ...
„ВЛЕН уште од првиот ден вети дека промените ќе се почувствуваат во секојдневниот живот, кај вработените, нивните семејства и во квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Општина Тетово, во соработка со Синдикатот на вработените, потпиша договор за зголемување на платите во општинската администрација, со што основната плата ќе се зголеми за 7 проценти. Овој раст на платите ќе продолжи и во наредните три години“, велат од ВЛЕН. „Оваа ...
„И по повеќе од три месеци инсистирање договорите помеѓу ЈСП и „Маратон“ не ми се доставени. Не барам приватни преписки, воени тајни или шифри од трезор. Буквално зборуваме за договори кои се стотици милиони денари пропуштен јавен приход за претпријатието“, истакна советничката од Левица, Дарја Мустафаоглу, на последната седница на Советот на Град Скопје. Мустафаоглу истакна дека со тоа што „повеќе од три месеци не и се доставуваат договорите ...
Министерството за здравство ги демантира информациите кои се појавија во дел од медиумите за „колапс на Клиниката за хематологија“. „Во врска со објавите со наслов „Пациенти алармираат за колапс на Клиниката за хематологија“, најостро ги демантираме изнесените наводи како целосно невистинити и неосновани. Според информациите од стручниот колегиум на Клиниката нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту пак е утврден застој во ...
„Христијан Мицкоски денеска изјави дека ВМРО е „промакедонска партија“. Промакедонска? Значи, не се македонска? Не може да бидат македонска партија кога половина од нив имаат бугарски пасоши“, велат од СДСМ. Според оваа партија, пола Влада, министри, пратеници, директори, градоначалници, семејството на Мицкоски, семејството на Латас – уредникот на Орбановите медиуми, како што велат, сите се со црвени пасоши на ЕУ. „Затоа и имате проблем со ...
По детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во населбата Козле е волк, а не куче или мешанец, потврдија од ЗОО Скопје. „Во текот на денот, во ЗОО Скопје дојдоа и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагале веќе два месеци, кои на лице место се уверија дека не станува збор за нивното куче, туку за вистински волк, што и самите го ...
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност и Одделението за сајбер безбедност при Одделот за информатика и телекомуникации во рамки на Министерството за внатрешни работи информира дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за ...
Во сабота, на 16 мај, Виница за првпат ќе биде дел од „Маршот на ангелите“, настан посветен на 63-те згаснати животи во трагедијата што ја потресе јавноста и остави длабоки рани кај стотици семејства и преживеани. Организаторите упатија јавен повик до граѓаните да се приклучат на 43-от „Марш на ангелите“, кој ќе започне од плоштадот „Ангел Винички“. Собирот е закажан за 16:45 часот, а маршот ќе започне во 17:05 часот. Во повикот се нагласува ...
Државниот јавен обвинител Ненад Савески вчера првпат телефонски разговарал со премиерот Христијан Мицкоски. Според информацијата од обвинителството, во разговорот не станало збор за детали од конкретни предмети, вклучително и за одлуката за запирање на истрагата за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино. „Јавниот обвинител на РСМ не може да спречи некого да му се јави телефонски. Вчера за првпат воопшто телефонски му се јави Претседателот на ...
Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година дека во текот на утрешниот ден ќе бидат достапни на нивните сметки. Доцнењето, како што појаснуваат настанало поради дополнителни усогласувања и проверки во постапката на пресметка и координација со надлежните институции, со цел исплатата да биде реализирана во согласнот со важечките законски и финансиски прописи. ...
Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем, вели министерот за правда, Игор Филков во неговата реакција за запирање на истрагата за мазутот. „Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница. Како министер за правда, сметам дека ...
Премиерот Христијан Мицкоски очекува случајот за набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“ во кој се осомничени поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, сопствениците на компанијата „РКМ“, Ерџан Сулкоски и Ратко Капушевски, Асмир Јахоски од „Пуцко Петрол“ и уште деветмина, да биде вратен на повторно разгледување. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) соопшти дека ја сопира постапката оти по една ...
Премиерот Христијан Мицкоски во денешната изјава истакни дека „како по правило“ речиси до секоја кладилница или казино се отвораат и канцеларии за брзи кредити, создавајќи опасен круг на долгови и зависност. Според анализите на Владата, токму наталожените долгови и финансискиот притисок се една од причините поради кои дел од граѓаните се решаваат да ја напуштат државата. „Градовите почнаа да ни наликуваат со оние реклами, со оние билборди ...
Македонскиот шампион Пелистер го направи првиот голем чекор кон новата сезона, откако официјално го назначи легендарниот хрватски стручњак Лино Червар за нов шеф на стручниот штаб. Битолскиот клуб и трофејниот тренер се договорија за двегодишна соработка, а со тоа започнува ново поглавје во амбициозниот проект на „зелено-белите“, кои сакаат да продолжат со доминацијата на домашната сцена и да направат нов исчекор во европскиот ракомет. Червар ...
Продолжуваат активностите за реконструкција на останатите улици во штипската населба Леваци. Во месеците пред нас активно ќе се работи на улиците „Христијан Карпош“, „Рудо“, „Боро Милевски“ и „Коле Неделковски“, со што целосно ќе се заокружи инфраструктурното уредување на населбата. Проектот опфаќа комплетна реконструкција на водоводната и канализационата мрежа, изградба на нови тротоарски површини и поставување на два нови асфалтни слоја. ...
Случајот со наставникот по математика кој допирал малолетни девојчиња во приватен центар во Штип, создаде вознемиреност и сериозни реакции во јавноста. Министерката за образование и наука Весна Јаневска, прашана за случајот, кажа дека приватните едукативни центри не се под надлежност на министерството и дека во моментов нема механизми за контрола на нивната работа. Таа најави законски измени со кои приватните центри ќе бидат ставени во ...
На денешната Прес-конференција по повод одржувањето на Државниот натпревар за вокални интерпретатори во Штип, Виктор Карапаџов истакна дека Здружението на музички педагози на Република Македонија оваа година организира државни натпревари за млади музички таленти, во кои учествуваат ученички хорови, оркестри, солисти и бендови. Натпреварите се одржуваат во повеќе градови, а оваа недела на програмата е натпреварот за вокални интерпретатори, ...
Младите во Штип се повеќе се жалат дека градот нема доволно нови места за излегување и забава. Велат дека постојано се оди на истите места, во истите кафулиња и дека со текот на времето се станува монотоно и досадно. Според нив, потребни се повеќе содржини, места за дружење, спорт и рекреација. Дел од младите велат дека единствено остануваат прошетките и возењето велосипед, затоа што „нема каде да се оди“. „Може да излезам некаде на по ...
Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ е најголемиот бугарофилски колектив во историјата на Македонија, обвини денеска портпаролката и членка на ИО на СДСМ, Богданка Кузеска. Според неа, власта нема одговори за неисполнетите ветувања пред граѓаните. „Вистинските предавници на македонските национални интереси се во Владата на Мицкоски. Половина од оваа тендер-коалиција има бугарски пасоши. Министри, пратеници, директори, функционери – сите со црвени ...
На 12.05.2026 година во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б. (50) од село Соколарци, општина Чешиново–Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, при што паднал од висина. Поради сериозноста на повредите, В.Б. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за ...
Кафе во град и ручек во ресторан – сè поголем луксуз за граѓаните. Велат дека цените во кафеаните и рестораните постојано растат, па сè почесто бројат колку ќе потрошат пред да седнат на маса. Дел од анкетираните признаваат дека денес излегуваат многу поретко од порано. Според Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во април се зголемени за 0,6 проценти во однос на претходниот месец. Но, граѓаните велат дека ...
Поради најавените лоши временски услови, Street Food Festival Vol.2 се поместува за во јуни, односно од 19 до 21 јуни. Организаторите велат дека наместо дождливо време, сакаат посетителите да уживаат во вистинска фестивалска атмосфера со многу музика, вкусна храна и добра енергија. Одлуката е донесена со цел фестивалот да помине во најдобро можно издание и со поголема посетеност. Програмата останува иста, како што беше најавена и за сега, со ...
Најмалку 500 метри подалеку од училиштата ќе мора да бидат казината, автомат клубовите и објектите со електронски игри на среќа, предвидува новиот Предлог-закон за игрите на среќа. Владата најавува засилена борба против агресивното рекламирање и нелегалното коцкање. Се забрануваат реклами што игрите на среќа ги претставуваат како пат до брзи пари, успех и подобар живот. Паралелно, институциите веќе затвориле 358 нелегални онлајн платформи што ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, заедно со претседателот на Владата и претставници на релевантните институции, одржаа онлајн состанок со високи претставници на Европската комисија во врска со спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст за Западен Балкан. На состанокот учествуваше генералниот директор за проширување и источно соседство во Европската комисија, Копман, како и други ...
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека подолг период вршел други полови дејствија врз три девојчиња кои не наполните 15 години, со што се исполнети елементи на кривичното дело од член 188 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Последователно, од септември 2023 година до 11.05.2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата на ...
Регионалните и селските патишта низ Македонија сѐ почесто се претвораат во индустриски коридори за тешки и претоварени камиони, особено во близина на каменоломи и рудници. По патиштата кои некогаш биле проектирани за локален сообраќај и земјоделска механизација, денес секојдневно се движат камиони и шлепери натоварени над дозволената маса, велат од Левица. „Такви примери, а за кои алармираше и Левица, се регионалниот пат меѓу селата Пагаруша ...
Операционите сали на Градската општа болница „8 Септември“ се обновени со 12 милиони евра од ТАВ, но ќе бидат ствени во функција за околу два месеци кога се очекува да се обезбедат сите дозволи за работа, а здравсвените работници да поминат обуки за работа со новата опрема. Денес низ обновените сали свечено се прошетаа премиерот, министрите за здравство и транспорт заедно со преставници од ТАВ. Директорот на ТАВ Македонија, Неџат Курт кажа ...
Со инвестиција од 12 милиони евра, целосно се реконструираше и се надгради болницата „8-ми Септември” во Скопје. Инвестицијата се реализираше во соработка меѓу Владата и ТАВ. Со реализација на овој проект се направи целосна реконструкција и опремување на оперативниот блок, потоа реконструкција на одделот за интензивна нега, административниот дел, реконструкција на одделот патологија и клиничка лабораторија и комплетна реконструкција на ...
Најдоброто што можеме да го направиме за нашите деца и за нашата иднина е постојано да ги зголемуваме средствата за научно-истражувачка дејност, да ја регулираме сферата со јасни правила и стандарди со новиот Закон за научно-истражувачка дејност, а со новата Национална програма за научно-истражувачка дејност да ја уредиме распределбата на средствата и да ги поврземе институциите, истражувачите и индустријата, рече министерката за образование ...