Три дена без капка вода, оставени станари од зграда на улицата Христијан Карпош во Штип, откако пукнала цевка во маркетот кој се наоѓа веднаш под нив. Револтирани и гневни, велат дека становите и влезот од зградата се шират со непријатна миризба, а вода полнат во туби и шишиња, небаре живеат во минатиот век. Стравуваат од инфекции и бактерии, бидејќи, како што велат, проблемот не се решава. Велат дека со часеви го бараат газдата на маркетот, ...

Се уште се решава проблемот со пукнатата цевка во маркетот под зградата на улицата Христијан Карпош во Штип. Станарите велат дека дефектот бил многу поголем отколку што првично се мислело, но според нив, најголем дел од работата веќе е завршена. Очекуваат во текот на денот повторно да добијат вода и да се среди состојбата. Дел од станарите велат дека има револт кај соседите, бидејќи не се симнале долу да видат што точно се случува и немаат ...